Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења во прв пост)

28 јануари 2017
2.073
4.763
Ресен
Разбирам дека продавачите треба да продадат, само неможам да разберам зошто кога си решен да купиш нешто по твое убедување сака да ти наметне нешто друго. Ок е ако незнаеш и го прашаш за мислење и препорака и тогаш да те убедува во ред, но кога си веќе со одредена цел нешто да купиш и сака упорно да те предомисли, извини тоа е дрскост. Сега некој ќе ми рече да па тоа е маркетинг тоа е дозволено, да, но прашање е дали е морално. Ако воопшто постои морал во денешно време
Ако за морал си се разочарал од продавач на клима... Спреми се за многу пострашни работи.
 

klima fan

lurker
14 јуни 2021
637
359
Дечки бев во салон, разгледував инвертер околу 500 евра, и бев решен да земам нешто од типот на Aeri 3.5, но ми рекоја во салон Vox биле подобри за цената. Немам многу слушнато за брендов, и не знам точен модел да пишам, дали некој има идеа какви се овие инвертери?

Vivax AERI+ одличен модел

 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.583
19.291
Друштво, дајте предлог на каква варијанта да идам на клима/клими само за ладење, греењето е решено со централно.
Битно во изборот е да се смарт климите да имаат контрола од Google Home.

Кај местото за клима веќе имаат пуштено инсталација и истата е за максимум 3.5KW клима, неможе повеќе.
Потребно ми е летно време цел стан да можам различна температура да ја наместам.

Моја идеа е доколку постои 3.5KW сплит систем помеѓу дневна и соба 1, а во соба 2 единечна со тоа што надворешната единица да стои на балкон.
Дали идеава држи вода, имајќи ја во предвид поставеноста на собите? Целата квадратура е околу 75m2.


Погледнете го атачментот 144347
Ти сакаш мултисплит ама јас никако не би те советувал да ставаш мулти затоа што немаме салам мајстори кои би ја извеле инсталацијата да личи на нешто.
Ако ставиш мулти-сплит цевките секако треба да врват Дневна до Соба 1 (ако сакаш да не дупиш на фасада или низ фасада од соба број 1)

Не може Дневна да има сопствена клима а Соба број 1 и 2 да имаат посебни? На пример надворешните да бидат поставени една над друга за Соба бр.1 и 2
Потоа со апликација ќе си подесиш која и како да дува.

Цевките кои ти се веќе наместени задолжително да ги проверите од градежен материјал и нечистотии.
Со пластична сајла која служи за спроведување на ел. инсталации да се провне и да се види проодноста (да не има нагмечување) а потоа ако постои можност со брејк клинер или само со компресор (или и двете) да се исчистат.
Немој да мислиш дека некој се секирал тие цевки да останат клинички чисти
 

Misteriozen

read-only
20 февруари 2010
49
34
Ако за морал си се разочарал од продавач на клима... Спреми се за многу пострашни работи.
Фала Богу, јас лично со продавач за клима не сум имал досега некое лошо искуство, освен со монтерот кој додека се договорив да дојде да ми ја монтира помина долго време. Искрено не ни очекувам за да се разочарам
 

pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.721
3.393
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Разбирам дека продавачите треба да продадат, само неможам да разберам зошто кога си решен да купиш нешто по твое убедување сака да ти наметне нешто друго.
Offtopic: Работам во индустрија каде што продавачите кои ќе го продадат нашиот производ од нас добиваат бонус % на продажбата, на еден начин ги поттикнуваме да го форсираат нашиот производ наместо другите, и за секоја продажба тие добиваат бонус од нас. Ако истото го прават и таму нормално е да форсираат некој бренд наместо некој што е докажан.

За појасно ќе дадам пример:
Јас сум основач на Хајсенс, ги снабудвам нептун, сетек, и други со брендот Хајсенс. Покрај тоа што Нептун ќе добие повластена понуда за мојот производ, исто така вработените кои ќе го продадат мојот производ ќе добијат 2000ден бонус на секој продаден уред над одредена сума.

Вие како вработени кој производ во случајов би го нуделе? :)
 

Pulse

user
26 октомври 2014
1.552
1.665
127.0.0.1
Ти сакаш мултисплит ама јас никако не би те советувал да ставаш мулти затоа што немаме салам мајстори кои би ја извеле инсталацијата да личи на нешто.
Ако ставиш мулти-сплит цевките секако треба да врват Дневна до Соба 1 (ако сакаш да не дупиш на фасада или низ фасада од соба број 1)

Не може Дневна да има сопствена клима а Соба број 1 и 2 да имаат посебни? На пример надворешните да бидат поставени една над друга за Соба бр.1 и 2
Потоа со апликација ќе си подесиш која и како да дува.

Цевките кои ти се веќе наместени задолжително да ги проверите од градежен материјал и нечистотии.
Со пластична сајла која служи за спроведување на ел. инсталации да се провне и да се види проодноста (да не има нагмечување) а потоа ако постои можност со брејк клинер или само со компресор (или и двете) да се исчистат.
Немој да мислиш дека некој се секирал тие цевки да останат клинички чисти
Проблем е тоа што несмеам да ја бушам фасадата, надвор кај Дневната си има инсталација и кафез, кај соба 1 нема каде да стои надвор, а кај соба 2 има балкон, може на ногари.

Да, мислев на мулти-сплит.
 

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.288
2.715
Проблем е тоа што несмеам да ја бушам фасадата, надвор кај Дневната си има инсталација и кафез, кај соба 1 нема каде да стои надвор, а кај соба 2 има балкон, може на ногари.

Да, мислев на мулти-сплит.

вивакс има мултисплит системи, само некако многу солени цениве им беа за надворешната единица. Башка мислам внатрешните единици посебно се купуваат.

 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.583
19.291
Проблем е тоа што несмеам да ја бушам фасадата, надвор кај Дневната си има инсталација и кафез, кај соба 1 нема каде да стои надвор, а кај соба 2 има балкон, може на ногари.

Да, мислев на мулти-сплит.
Во секој случај ќе има 4 цевки во соба број 2 и со мулти-сплит и без него (посебни)

Јас ти предлагам, Дневна да има посебна а соба број 1 и два да имаат исто така посебни кои би биле монтирани на балкон (пошто не можеш да дупиш на фасада)
Соба бр.1 и 2 внатрешните единици грб со грб или како ти налага просторот.

Или пак, според мене уште подобро, Соба 1 и 2 мултисплит со парапетни единици наместени една зад друга а надворешната на балкон.
Вака барем малку ќе го избегнеш „подморница“ моментот со цевки во една од собите.
 
18 август 2019
1.229
1.204
Препорачајте ми некоја добра изолир лента. Да ги завиткам цевките.

Аман и од овие продавачи, кои само гледаат да земат пари за боклук. Сребрена лента, квалитет. Издржа безмалку цело лето.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.583
19.291
Препорачајте ми некоја добра изолир лента. Да ги завиткам цевките.

Аман и од овие продавачи, кои само гледаат да земат пари за боклук. Сребрена лента, квалитет. Издржа безмалку цело лето.
Има една широка бела слична или иста како изолир. Не ми текнува на брендот. Ширина, отприлика, колку три изолири

По правило се става една не леплива, како импрегниртана. Само на краевите каде ја завршуваш ставаш самолеплива (изолир)

Или едноставно земи обичен бел изолир и збркај работа.
 

maci

poweruser
2 април 2008
3.390
977
ако ви треба продажба и монтажа за клими,топлотни пумпи,пишете во пп
ќе се потрудам да помогнам
 

Justinian

read-only
19 октомври 2016
13
5
Дај пишете 2.5 или 3.5 што да земам, околу 33к нека биде и барем да е колку толку тивка пошо едната ми е за в спална а другата да биде парапетна 3.5, и од каде да земам, ај дајте неколку примери
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.583
19.291
Дај пишете 2.5 или 3.5 што да земам, околу 33к нека биде и барем да е колку толку тивка пошо едната ми е за в спална а другата да биде парапетна 3.5, и од каде да земам, ај дајте неколку примери
Дај ти пиши квадратура за да добиеш смислен одговор
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.583
19.291
To e sve vo red ama mi pisis vivax a ne mi kazvis koj model 10 gi ima... eve pisi parapetna koj model i od kade
Небитно кокмодел и од каде. За тие пари сеедно ти е.
Таа задача "од каде" нема друг да ти ја одработи.

Буџетот ти е премал за тоа што го сакаш
 

klima fan

lurker
14 јуни 2021
637
359

sickjcoe28

hello world
26 декември 2018
120
92
Здраво момци,
Аkо може малку стручен совет? Нова кука 1 Спрат. На приземје е деловен простор кој се користи. Од јужна страна лепенка со куќа која е невселена (не живеат овде).
Фасада немам уште ставено (планирано на пролет, северна страна е зидена дупло со стаклена волна измегу). Спратот е целосно опремен со подна инсталација/керамички почки, која планирам да ја приклучам на топлотна пумпа следната година. (Околу 8,000 евра кој не сум во можност да ги потрошам моментално пошто го спремам спратот за вселување). Па ја разгледувам можноста да се вселам Јануари со евентуално исналирање на Клима за оваа зима. Реално можам да ја поминам зимава само во едната соба aко е потребно (Дневната, без да ги греам другите две спали премногу).
Дали да земам 1х 7.5 KW HISENSE и да користам евенетуало еден панелен радиатор ако е потребно за да ја поминам зимата. Буџет 60,000 до 90,000 преферирам да е една единица / поефтина пошто од следната година нема да биде потребна. Планот за климата и позицијата е илустирана со црвено со цртежот (да дува кон ходникот кога ке е отворено). Повелете со сугестии.
plan kuka.png
 

Viktork11

read-only
17 ноември 2020
48
38

Атачменти

  • IMG_8231.jpeg
    IMG_8231.jpeg
    654,7 KB · Прегледи: 21
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно