Ron26
poweruser
- 4 мај 2019
- 2.288
- 2.715
За да не гасни, триото компресор, надворешен вентилатор, внатрешен вентилатор треба да бидат „инвертери“
Сакам да кажам дека, генерално, надворешниот вентилатор кај кинезите работи со три фиксни брзини па тука и да сакаш да ставиш логика нема да функционира затоа што оваа нема да може да контролира фино како да речеме јапонските.
Ене имаш пример погоре со Daikin, потоа Mitsubishi LN35 од @zlatko_ti412 , Mitsubishi FH35 од mdeni, јас со FH50 итн.
Златко со графикони и со Home Assistant, јас исто така не можеме да им докажеме на овие никако. Ти вели „вие сте препотентни“, „вие потценувате секој што има кинеска клима“, „снобови“ итн.
Згора на се треба да се знае климата колку е способна да спушти на снага при топло време. Не може сама против себе да оди ако има COP 9 на +7 и не може да спушти под 600W (значи 5,4 kW).
Конкретно во овој случај постојано треба да има наплив на ладен воздух кој ќе ја држи на зададената температура (внатрешната нема да постигнува над зададеното)
Многу варијабли има тука. Наведеното + собата + надворешна температура + логика..
и сега ти мене ќе ме убедуваш дека мојата гаси само пошто е кинеска, иако јас ниту еднаш не сум забележал да се изгаси? Вие живеете у некоја друга реалност по муабетиве каде што вие си ги генерирате фактите според еуровент и слично, не за чудо ве банирале од кајгана.
