Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Полиција на пат? Наместо непрегледни Viber групи, користете Waze

kirev

senior
31 мај 2010
9.045
7.721
Тоа

само кога морам такси, повеќе од времето пешачам, здрав живот. Меѓуградски релации ретко.
skopska.mk сега има и апликација, а и автобускиот превоз е и поеколошки од такси на пр. Туку што има врска ова со Вибер групите и Waze? Или да се најдеме у муабет?
 
Bosko71

hello world
18 август 2022
103
94
skopska.mk сега има и апликација, а и автобускиот превоз е и поеколошки од такси на пр. Туку што има врска ова со Вибер групите и Waze? Или да се најдеме у муабет?
Исто како и голем дел од постовите, никаква врска, форум е, слобода на изразување, со тоа што никој не навредувам. Не знам што се замараш.
 
boro1

user
13 август 2009
1.820
1.637
Причината поради која се ограничува брзината на пат (пр. 30kmh) не е затоа што секој треба да вози 30.
Ограничувањето е затоа што некои луѓе треба да возат 30. Има членови на општеството кои се малку бавни и глупави, и тие не возат добро - затоа мора да се направи општо правило за сите.

Не може да се направи правило, океј - способните можат да возат 50, глупавите 30. Претешко е да се спроведе ова.
Затоа мора да се погледне целата група, а целата група мора да се движи толку брзо колку што се движи најбавниот член.
Кој е наглупавиот член на општеството што ќе добие возачка? Дали ќе направи сообраќајка на 80 - да. На 50 - да. На 30? - најверојатно не. И затоа сите мора да возат 30 поради еден идиот.

/s
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.555
19.231
Ни јас не блиндирам никому освен ако не станува збор за вистинска опасност, не за кретенот кој прекршува закони заради малото куренце што го тера да се осеќа доминантно во сообраќајот и да завие нечија мајка во црно.
Јас пак им блендирам кога нема полиција. Ако видам дека вози ретардирано брзо, нормално.
Во ретровизор гледам како држи кочница сељакот како животот да му зависи од тоа, се даму **ам.

Во јуни еден лудак ми уби роднина. Мајка на две деца (8 и 10)
120 во населено место со сељачкото бемве. Избега! Супер е што е во затвор сега.

Кога има полиција не блендирам. Ако некој има против, јас имам мотив.

Нека повели на дискусија овдека.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.154
16.247

Тоо маестро. И јас им аблендирам кога нема полиција а се понашаат ко кретени и ги пцујам, онака сочно. Изразувам жалење за мајката на двете деца. Навистина недостасува смртна казна во државава.
 
dekomote

Скептик
11 ноември 2014
2.846
6.401
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 9950x + Arctic Liquid Freezer ||| 360
Motherboard
X870 Aorus Elite WIFI7
Storage
Samsung NVME 980 Pro, Synology DS 920+
PSU
NZXT C850 ATX3.1
RAM
2x16GB G-Skill 6000 CL32
Video card
EVGA RTX 3080Ti FTW3 Ultra
Case
Fractal Design North XL
Mouse
Razer Basilisk v3 Pro, Logitech Master MX 3
Keyboard
Keychron Q1 Max
Audio
Presonus Eris 3.5, Mackie CR8S
Monitor
Dell S2721DGF 165Hz HDR
OS
Fedora
Тоо маестро. И јас им аблендирам кога нема полиција а се понашаат ко кретени и ги пцујам, онака сочно. Изразувам жалење за мајката на двете деца. Навистина недостасува смртна казна во државава.
+1
 
Ali G

hello world
28 мај 2023
218
298
Јас пак им блендирам кога нема полиција. Ако видам дека вози ретардирано брзо, нормално.
Во ретровизор гледам како држи кочница сељакот како животот да му зависи од тоа, се даму **ам.

Во јуни еден лудак ми уби роднина. Мајка на две деца (8 и 10)
120 во населено место со сељачкото бемве. Избега! Супер е што е во затвор сега.

Кога има полиција не блендирам. Ако некој има против, јас имам мотив.

Нека повели на дискусија овдека.
Никој не прави муабет за блиндирање на некој што вози 120 во населено место, во град ни јас не блиндирам. Правиме муабет за таканаречени автопати за кои плаќаш патарина а се ограничени на 100км. Епа извини ама јас ќе продолжам да блиндирам на такви патишта и да користам waze.
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.290
5.269
Скопје
hackitfree.github.io

Пак има зошто е „само„ 100кмч дозволено на тие таканаречени автопати. Тетово -Гостивар е 80кмч само дозволено - патот е лом - на одредени места е така оштетен и испукан што лесно можеш да изгубиш контрола ако возиш 100ка по него. А и не се ретки случаи да некој излета таму.
А за возење 10кмч над дозволеното - никој нема да те сопре. Тие што возат 40-50кмч над ги сопираат..
 
Сопираат итоа како, мене ме казна радар за вожња 17 км над дозволеното. Ти викаат фатен си на радар тоа е, мора да те казнеме.
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.290
5.269
Скопје
hackitfree.github.io
Сопираат итоа како, мене ме казна радар за вожња 17 км над дозволеното. Ти викаат фатен си на радар тоа е, мора да те казнеме.
Добро - норма ако исполнувале тој ден па сопирале кого стигнат. Мене ми се случува често да возам во група 4-5 коли - ограничување е 80 - ние 90кмч возиме - радар изваден - никого не сопираат - мерат чекаат лудаци . За тоа зборам..
 
cogscape

hello world
28 јуни 2016
57
104
cogscape's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 2700X
Motherboard
Asus ROG Strix B450-F GAMING
Storage
SAMSUNG 500GB SSD 970 EVO Plus NVMe
PSU
Corsair HX1000
RAM
Kingston HyperX Predator 4x16GB 3200MHz DDR4 CL18
Video card
EVGA 3090 FTW3 Ultra
Case
Lian Li
Mouse
Logitech MX Master 3S
Keyboard
CoolerMaster MK730
Monitor
Dell P2421DC + Dell P2423D
OS
Windows/MacOS
Радари нема:

1. Пред ниту едно училиште/детска градинка.
2. Пред ниту една улица каде што има многу народ.
3. Пред повеќето улици каде што веќе се вози споро.

Ама затоа има радари:

1. Единствениот дел на цел автопат Куманово-Табановце каде што брзината паѓа од 140 на 100 без никаква причина за после 300 метра пак да дојде 140.
2. Каде што има заборавени знаци за градежни активности, а градежни активности нема.
3. На излез од автопат кај хиподром на 100 метра пред знакот 90 каде што уште е 50 а местото е целосен профил на автопат.
4. Тунелот пред катланово каде што е ограничено 80, знак изгледа останат од Југославија адаптиран за стојадин.

И јас го имав истото мислење како тебе, дур не се преселив во Холандија да видам дека булевари со 3x3 ленти во Холандија се ограничени на 70 и сите возиме 80/90 на нив без никаков проблем и без ниту еден радар. А улици пред школо/градинка се ограничени на 20, врие од радари, сите возат 15 бидејќи на 21 јадеш казна.

Во Скопје баш на вакви отворени празни булевари мерат (бул. Србија/Словенија/АСНОМ), а дефинитивно нема да ги видиш таму каде што треба да мерат. Бидејќи нивна цел е да ја пунат државната каса со казни, а тоа дека помагаат за безбедноста во сообраќајот, тоа им а втор приоритет.
Е токму последниов дел е она просто размислување кое убива луѓе. Има смисла критиката за тоа дека не се казнува онаму каде што највеќе треба и дека државата работи за сопствен интерес а не во интерес на граѓаните, но да ти објаснам дека "празни булевари" не постојат!

Израснувајќи во Аеродром, до сега имам видено најмалку две фатални и најмалку 5 сообрајќи (на кои што се сеќавам) само на тој "празен" Булевар Србија. Тука многу дивјаци со истото размислување возат како мрднати, и затоа (за среќа) често има радар. Нели смеѕќтате дека треба да се казнуваат овие шофери? И оние што убиваат деца на Партизанска?

Не би ги знаел специфичните околности на тие сообрајќи сега, но доколку сите возеле до 50 км/ч (а не 80 км/ч што е честа појава) денес многу повеќе луѓе би оделе во кино со своите блиски наместо во Бутел.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.045
7.721
Well, плус целта е да се намалат
Пак има зошто е „само„ 100кмч дозволено на тие таканаречени автопати. Тетово -Гостивар е 80кмч само дозволено - патот е лом - на одредени места е така оштетен и испукан што лесно можеш да изгубиш контрола ако возиш 100ка по него. А и не се ретки случаи да некој излета таму.
А за возење 10кмч над дозволеното - никој нема да те сопре. Тие што возат 40-50кмч над ги сопираат..
Регионален пат, не е автопат. Што не ги спречува да ставаат патарини како печурки. Или она друмот од пред сто години накај Велес... Користење на стариот пат е планирано како привремено решение и еве колку е привремено.

GreenRoot

user
1 октомври 2011
1.039
1.008
Охрид
mvpring.com
GreenRoot's setup  
Processor & Cooler
i5 4200U
Storage
Samsung Evo 850 240gb
RAM
8GB
Video card
AMD 8670m
Monitor
15,4''
OS
Windows 7 Home Premium
Надвор од населено место возам плус 20 од знаци. До сега сум немал проблем со полиција, но сум имал со дупки на патот. Вообичаено сум еден од побавните автомобили.

Во град строго до лимит.
Апликации не сум користел и нема да користам бидеќи не ми се потребни.

Но има доста лудаци што возат над 100 на населено место, а таму радарски контроли нема. А многу лесно може да се реши со камери, само се нема желба, т.е. како после ќе имаме потреба од партиски вработувања.

Sent from my LM-V450 using Tapatalk
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.045
7.721
Патем, формулацијата во Законот за безбедност на сообраќајот мислам дека е - според условите на патот но никако повеќе од знаците... И луѓе на коловоз се услови на патот, нели
 
18 август 2019
1.219
1.193
Додека возите постојано гледате во телефонот. Прекршок и загрозување на безбедноста.
Откако ја поминувате контролата пишувате порака. Прекршок и загрозување на безбедноста.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.627
3.183
Пак има зошто е „само„ 100кмч дозволено на тие таканаречени автопати. Тетово -Гостивар е 80кмч само дозволено - патот е лом - на одредени места е така оштетен и испукан што лесно можеш да изгубиш контрола ако возиш 100ка по него. А и не се ретки случаи да некој излета таму.
А за возење 10кмч над дозволеното - никој нема да те сопре. Тие што возат 40-50кмч над ги сопираат..
Плаќам за да возам по автопат. Штом не исполнува услови да е автопат, нема зошто да се наплаќа.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.060
5.993
Додека возите постојано гледате во телефонот. Прекршок и загрозување на безбедноста.
Откако ја поминувате контролата пишувате порака. Прекршок и загрозување на безбедноста.
Загрозување на безбедноста е да буљаш во брзиномер постојано, наместо да возиш согласно условите на патот.
 
18 август 2019
1.219
1.193
Загрозување на безбедноста е да буљаш во брзиномер постојано, наместо да возиш согласно условите на патот.
Не е исто повремено да погледнуваш на брзиномерот и да пишуваш на мобилен. Во првиот случај е дел од секунда, во вториот една рака е зафатена и поглед кон телефонот за секоја буква.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.060
5.993
Не е исто повремено да погледнуваш на брзиномерот и да пишуваш на мобилен. Во првиот случај е дел од секунда, во вториот една рака е зафатена и поглед кон телефонот за секоја буква.
Не ги споредив тие две, ама буљањето во брзиномер е страшно опасно - а се рачуна за „нормално“. А воопшто не е нормално. Секој осеќа колку треба да вози во моментот. А еден многу умен човек има речено - кога ќе почнеш да го стискаш воланот, значи дека возиш пребрзо. Страшно колку добар совет. Таков лимитер има вградено нашето тело - да ако го слушаш, идеално ќе возиш. Зошто? Затоа што на истиот пат може да си лабав на 160кмч, може да врне и да почнеш да стискаш на 110кмч, може да има снег и да стискаш на 80кмч, а може и да е заледено и да врне снег и на 60кмч да ти е страв. А знакот е еден, и секогаш е погрешен. Исто како и застанат саат што е точен два пати во денот, така и знакот за дозволена брзина е точен за 2 дена во годината.
 
Не можам во целост да се согласам со ова. Знакот е поставен со одредена цел. Можеби после него асфалтот е нерамен, можеби има лоша кривина, можеби наклонот е кон надворешната страна... Не ќе имаш време да го стегаш воланот.

Колку и да ти изгледа дека знакот е лошо избран за тој дел од патот, треба да го почитуваш. Инаку воопшто и не треба да има ограничувања на брзината. Во тој случај полицијата не ќе има што да работи, па не ќе има ниту потреба од вакви групи.
 
Далеку од тоа дека не треба да има знак. Туку дека знакот треба да соодветствува со неговото значење, а тоа е: "максимална дозволена брзина на движење". Повеќето знаци се 20-30 кмч под ова значење на автопатите (80-100кмч) и тунелите со 50-60кмч.

Ова го установивме во старт. 20-30 кмч плус на автопатите и 20-30кмч минус во уличињата како ленинова/орце итн. Толку.

Не 200 нанавтопат, туку 130. Не 200 во тунел туку 80, не 200 на магистрален пат туку 110 итн, итн.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.555
19.231
Епа извини ама јас ќе продолжам да блиндирам на такви патишта и да користам waze.
Да користиш. Крвта ти врие. Со среќа, со добро.
и да пишуваш на мобилен
За ова треба минимум 300 евра казна и еден месец возачка. Минимум!
Ако има Android Auto/CarPlay а сељакот лежерно разговара, при тоа навален, да биде испратен во Гулаг.

Во Прилеп на пешачки изгазија жена (почина на место). Шоферот не бил брз ама разговарал на мобилен. Не треба којзнае колку голема брзина за ова.

При несреќа да им се вештачи мобилниот.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.060
5.993
Блутут работи беспрекорно и подобро од епл карплеј и андрпид ауто. Тотално симлес е поврзувањето и понатаму автоматски си се парира колата и телефонот. Нема ни еден клик. Автоматски си е. Буквално 0 кликови е блутут врска.

Јас имам епл карплеј и андројд ауто, ама не ги користам. Блутутот работи многу полесно.
 
stefan_mkd

lurker
18 март 2015
843
669
Причината поради која се ограничува брзината на пат (пр. 30kmh) не е затоа што секој треба да вози 30.
Ограничувањето е затоа што некои луѓе треба да возат 30. Има членови на општеството кои се малку бавни и глупави, и тие не возат добро - затоа мора да се направи општо правило за сите.

Не може да се направи правило, океј - способните можат да возат 50, глупавите 30. Претешко е да се спроведе ова.
Затоа мора да се погледне целата група, а целата група мора да се движи толку брзо колку што се движи најбавниот член.
Кој е наглупавиот член на општеството што ќе добие возачка? Дали ќе направи сообраќајка на 80 - да. На 50 - да. На 30? - најверојатно не. И затоа сите мора да возат 30 поради еден идиот.

/s

Не.

30 км/ч бидејќи шансите да преживееш удар се 90%, наспроти <50%.
30 км/ч бидејќи коли има пакирано на сеој можен ќош и не знаеш кога ке излета топка, дете или маалска џукела.
30 км/ч поради намалена сообраќајна бука

Нема тука ништо со возачките способности.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно