Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

DDoS напад

Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
Да не навредам некоја личност, ама да беше женско до сега ќе ја викнеа другарките, ќе излезеше на пијачка, ќе легнеше некој и ќе и поминеше нервозата. Ова е од некој дечко со тешка неебица, да не одиме до крајности ама можно е и да мастурбира на секое мислење од D кога ќе извади слика со срушен рекорд. Сепак мое мислење :rolleyes:.

Додуше, и него го разбирам до некаде.

Прочитај ги првите постови и како се пристапи кон проблемот првично, потценувачки и цинично.
Јас не знам за компанија/организација која нудела интервјуа на лица кои им вршат DDoS-и...
 
D

Администратор
31 март 2007
4.092
4.302
www.aqtos.com

IT.mk е медиум за технологија, понудата за интервју на лицето кое што недела дена во тоа време (сега веќе месец ипол) го досираше сајтот ќе откриеше и на нас и на вас читателите зошто и како некој го прави сето тоа. Тоа го имаме правено и во минатото, и не сметаме дека е погрешен чекор.

Кога некој ќе се реши да направи DDoS врз некого без конкретна причина или со цел изнуда на пари (како во случајов) - не знам како другачие да се гледа освен со потценување и цинизам и пропратни ствари.
 
Последна промена:

coNNectMKD

user
13 март 2017
1.309
1.546
Skopje
Додуше, и него го разбирам до некаде.

Прочитај ги првите постови и како се пристапи кон проблемот првично, потценувачки и цинично.
Јас не знам за компанија/организација која нудела интервјуа на лица кои им вршат DDoS-и...

Ок е се тоа ама до кога би идел, до бескрај ли? Се збореше дека е „дете“ на летен распуст.

Ова сигурно се платени пакети од нет, па ако е дете, до кога би имало кеш? Доста време ги има нападиве.

Ако е локалец како што зборат, ондак стварно нема што да прави во животот. Да има некаква цел да прави којзнае што, да прибира податоци, да украде информации, да „хакнува“ бази бла бла бла бла... таквите ги разбирам искрено, пари праат од тоа. Научиле занат и јбг, тоа е. Ама вака ко дебил некој да плаќаш на нет пакети за напади...
 
Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
IT.mk е медиум за технологија, понудата за интервју на лицето кое што недела дена во тоа време (сега веќе месец ипол) го досираше сајтот ќе откриеше и на нас и на вас читателите зошто и како некој го прави сето тоа. Тоа го имаме правено и во минатото, и не сметаме дека е погрешен чекор.

Кога некој ќе се реши да направи DDoS врз некого без конкретна причина или со цел изнуда на пари (како во случајов) - не знам како другачие да се гледа освен со потценување и цинизам и пропратни ствари.

Се е тоа ОК, ама некако многу влеговте јавно (демек дека сте од ИТ сферата) и се направија статии на сајтот, теми на форумов, се умешаа пријави до институции (дури и јавно го нагласивте тоа) и тн.
Не сум само јас со впечатоков, претходно некој на темава го напиша истово. Исто така напишав дека ако тој што го иницирал ова,, знае што прави - нема никогаш да најдете кој е.

Пробувајќи да извлечете нешто од ситуацијата (awareness, да ја свртите јавно работата кон проблемов или што и да е) - направивте контра-ефект.
Убеден сум дека многу порано ќе завршеше сето ова ако интерно пробавте да го средите проблемот или во консултации со членови од форумов, само не на јавни теми. Требаше да се бутне се под чергиче (колку напади по ден, пријавите до институции, што правите вие да го решите проблемот) и така да се справува со проблемот, овака со внимание само направивте обратно.
Вие како намерно да постирате кој ден се бутнал рекордот на обиди. Глупости. И уопште не е случајно што се зголемија нападите во обем, некој очигледно тука ве чита и сака да си ја проба „инфраструктурата“.

Работам во областа и никогаш јавно нема да излезе со колку и во кој обем се нападите со кои ние се соочуваме, а овие вашите се мачја кашлица, реално, не зборам на празно.
Не се луди фирмите и компаниите по светов што ептен, ЕПТЕН ретко се објавува вака како што правите вие.
 
Последна промена:

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.186
18.830
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS

Не се сложувам.
 
D

Администратор
31 март 2007
4.092
4.302
www.aqtos.com
Се е тоа ОК, ама некако многу влеговте јавно (демек дека сте од ИТ сферата) и се направија статии на сајтот, теми на форумов, се умешаа пријави до институции (дури и јавно го нагласивте тоа) и тн.
Не сум само јас со впечатоков, претходно некој на темава го напиша истово. Исто така напишав дека ако тој што го иницирал ова,, знае што прави - нема никогаш да најдете кој е.
Точно, ако знае што прави нема да го најдеме кој е. Но што ако не знае? :)

Пробувајќи да извлечете нешто од ситуацијата (awareness, да ја свртите јавно работата кон проблемов или што и да е) - направивте контра-ефект.

Кај тебе контра-ефект, кај други едукација, кај некои занимација, дури и неколкумина со исти проблеми пристапија за консултации и координации. Малце е поширока сликата, има од се по нешто.

Убеден сум дека многу порано ќе завршеше сето ова ако интерно пробавте да го средите проблемот или во консултации со членови од форумов, само не на јавни теми. Требаше да се бутне се под чергиче (колку напади по ден, пријавите до институции, што правите вие да го решите проблемот) и така да се справува со проблемот, овака со внимание само направивте обратно.
Или т.н. "ќути си, трај си, трпи си".
Let's agree to disagree.

Вие како намерно да постирате кој ден се бутнал рекордот на обиди. Глупости. И уопште не е случајно што се зголемија нападите во обем, некој очигледно тука ве чита и сака да си ја проба „инфраструктурата“.

Јасно ни е дека добива мотивација напаѓачот - и дека го чита сето ова. Тоа го пишавме уште на почеток на темата - кога многумина велеа дека се глупираме дека не чита а излезе дека си чита редовно. :) Keep in mind дека паралелно и локални сајтови истовремено што не објавуваат ништо за ова месец ипол се DDoS-ирани исто.

Работам во областа и никогаш јавно нема да излезе со колку и во кој обем се нападите со кои ние се соочуваме, а овие вашите се мачја кашлица, реално, не зборам на празно.

Еве на пример јавно искачање дека инфраструктурата и клиентите им ги напаѓаат од некој што менаџира пола нет и тоа не го бута под чергиче:

Има куп други. Ако бутате под чергиче сајбер напади во компанијата кај што работиш, ревидирајте си ги политиките - има одредени напади кои не смеете да не ги пријавите и јавно објавите.

Не се луди фирмите и компаниите по светов што ептен, ЕПТЕН ретко се објавува вака како што правите вие.

Не е баш ретко, прогуглај. Има квартални извештаи.
 
Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
Aj сега врати се на статиите и прочитај дека сите до една кажуваат ОТПОСЛЕ т.е after the fact, не додека трае нападот. Или ако ептен е засегната голема компанија со голема афектираност на јавност - кажуваат во тек.
Никаде не пишав дека никој не пријавува до соодветни институции додека има DDoS и не дава дневен апдејт што и како, ама пишав дека никој не го пишува тоа вака јавно како вие.

И сосема е нормално да се објави отпосле и да се направи еден вид јавен awareness. Баш затоа пишав дека не се прави вака како што правите вие, а не Гугл или Мајкрософт. Дали ти си видел теми на нивните форуми, отворени од нивни вработени додека се справуваат со напад?
Не знам дали воопшто сфати што сакав да ти посочам, вие се однесувате како некако да пробувате да се изрекламирате со сето ова. Сами си дигате фама.
Буквално ти сам си ја пингаш темава - „Денес нов рекорд“.
И? Која е целта? Демек ние да се чудиме на форумов wow stvarno jako bate e ova sto im go pravi DDoS-ov.

Не мора да ревидираме никакви политики во местото каде работам, си се процесира, процесуира и комуницира како треба и со кого треба.
 
Последна промена:

Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.322
5.319
Скопје
hackitfree.github.io

Фер ли е да се известат членовите кои имаат проблем со пристап на форумот ?
Само се транспарентни - така и треба - баш ни е гајле како други се справуваат. Башка и добар муабет падна - совети и шеги а богами и маици :)
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.135
Aj сега врати се на статиите и прочитај дека сите до една кажуваат ОТПОСЛЕ т.е after the fact, не додека трае нападот. Или ако ептен е засегната голема компанија со голема афектираност на јавност - кажуваат во тек.
Никаде не пишав дека никој не пријавува до соодветни институции додека има DDoS и не дава дневен апдејт што и како, ама пишав дека никој не го пишува тоа вака јавно како вие.

И сосема е нормално да се објави отпосле и да се направи еден вид јавен awareness. Баш затоа пишав дека не се прави вака како што правите вие, а не Гугл или Мајкрософт. Дали ти си видел теми на нивните форуми, отворени од нивни вработени додека се справуваат со напад?
Не знам дали воопшто сфати што сакав да ти посочам, вие се однесувате како некако да пробувате да се изрекламирате со сето ова. Сами си дигате фама.
Буквално ти сам си ја пингаш темава - „Денес нов рекорд“.
И? Која е целта? Демек ние да се чудиме на форумов wow stvarno jako bate e ova sto im go pravi DDoS-ov.

Не мора да ревидираме никакви политики во местото каде работам, си се процесира, процесуира и комуницира како треба и со кого треба.
Целата твоја премиса се заснова дека DDoS прави личност на која и е важна слава или темава на форумов.
Не ми прави стресови да морам да застанувам од страна на D, ревидирај си ја позицијата.
 
Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
Целата твоја премиса се заснова дека DDoS прави личност на која и е важна слава или темава на форумов.
Не ми прави стресови да морам да застанувам од страна на D, ревидирај си ја позицијата.

Па таа е единствената премиса, некој очигледно се заебава од инает и од курч.
Посебно затоа што е очигледно дека нападите се зголемија во волумен откако почнаа на темава сами да си поставуваат "Рекорд на денот" статистики.

Некој си го храни егото затоа што DDoS не служи некој да ти го компромитира сајтот во смисла на привилегии и начин за пристап до инфраструктурата позади it.mk и форумов.
Едноставно гледаат да те спречат да си достапен. И тој некој апла си ужива во тоа.

Сигурно админите на Фемина, Кајгана или КарКлуб не се занимаваат со "конкуренцијата".
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.135
Па таа е единствената премиса, некој очигледно се заебава од инает и од курч.
Може последен хакерски филм што си го гледал е Hackers од 1995-та, не знам како ова е единствената премиса.
 
Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
Може последен хакерски филм што си го гледал е Hackers од 1995-та, не знам како ова е единствената премиса.

Важи :)

Ако за DDoS на it.mk треба да си „хакер со изгледани 100 хакерски филмови“ - толку ти е знаењето на темава и тебе.
Во денешно време DDoS е dark web услуга како што се и обичните продавачи на лајкови и следачи на Инста и ФБ.
Посебно па во случајов, не зборам за специјални случаи со огромен волумен на сообраќај, како со големите корпорации или државни институции низ светов.

П.С Ќе чекам да објасниш кои се другите премиси што некој пробува да се поебава со сајтот и форумов.
 
Последна промена:

pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.725
3.395
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Да скокнам клизачи со едно мислење. Може админите на ит.мк прават „penetration test" на инфраструктурата па го б'цкаат напаѓачот да нападне што повеќе.

Јас како би постапил:
  • Ако ме удира по паричник не бил му дал ни 1 секунд внимание на форумов.
  • Ако сакам да тестирам, да добијам на бренд, слава, да направам академија за анти DDoS тогаш би го оставил да прави што сака.

Би се согласил со @Goran995 со тоа „под чергиче“, повеќето јавни институции се обидуваат да ги скријат ваквите дејствија врз нивни страни/сервиси (а во меѓувреме да си се средат) за да не дојдат до некој љубопитен кој би рекол „еј види мајката па овие се ранливи, ќе им удрам и јас ддос“.

Компании како Мајкрософт, Гугл, Мета и други имаат свој прес центар, и мал пад на такви сервиси е доста забележителен и најчесто истите мора да дадат известување за причините прво на своите акционери, па потоа на јавноста. ИТ.мк е приватен форум и е сосема различен од гореспоменатите компании, и нема потреба на некого да дава отчет.

Ајде вака, мој совет е да се затвори темава на одреден период (дај боже засекогаш) и онака веќе јас кој патем се вклучувам по 15-20мин на ден не приметувам пад на форумов, гледам супер се справувате што е за пофалба.
 
architect

poweruser
27 ноември 2008
2.733
4.328
Скопје
architect's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 9800X3D / NZXT Kraken Elite 280 RGB (White)
Motherboard
Gigabyte X870E AORUS Elite WiFi 7 1.2 (White)
Storage
SSD 2 x Samsung M.2 990 PRO 1TB
PSU
Gigabyte PSU AORUS Elite P850W PG5 ATX 3.1 850W 80+ Platinum
RAM
Kingston 32GB 5600MHz DDR5 CL40 DIMM
Video card
Gigabyte nVidia GeForce RTX 5070 EAGLE 12GB 192BIT (White)
Case
NZXT H7 Flow RGB (2024) Case (White)
Mouse
Logitech G Pro X Superlight 2 (White) / Logitech G502 RGB / Deskpad World of Warcraft Shadowlands
Keyboard
EPOMAKER x AULA F75 / ROG STRIX SCOPE NX TKL Moonlight white
Audio
Logitech Z625 2.1 THX Speaker / Logitech G335 (White)
Monitor
LG 27GL850-B
OS
Windows 11 x64
Поврзано со темава, може ќе помогне со инфо околу откривање на мрежите и сервисите кои се користат за ddos нападите :
 
Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.186
18.830
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.097
14.210
Мојот став е дека независно од темава и давањето на значење, нападите ќе траат толку колку што предвидел напаѓачот уште пред да отпочне.

Ова не е некој што рандом си игра. До сега ќе се откажеше. Станува збор за организиран пристап со дедицирани ресурси и со познавање на областа. Со направена пресметка.

И овој форум не е единствена цел на напад. Па така сигурно личноста или групата не седат да ја читаат темава цели денови. Земаат пари од напади и продолжуваат со постоечките.

Не се разбирам од сите технички можности. Но очигледно има две опции.

Првата е да се игра на издржливост.

Втората, онака лаички, е да се инвестира во помоќна инфраструктура која ќе може да издржува напади без корисниците да забележат. По некоја логика големи светски сајтови не се даун често иако сигурно се цел на напади.

Но ова зависи колку може да се инвестира. Приходите од вакви сајтови во МК не може да бидат огромни. Па така и не знам дали баш е опција.

И за крај сепак форумов се врати во нормала што значи дека веќе успешно се справува.
 
Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
Мојот став е дека независно од темава и давањето на значење, нападите ќе траат толку колку што предвидел напаѓачот уште пред да отпочне.

Ова не е некој што рандом си игра. До сега ќе се откажеше. Станува збор за организиран пристап со дедицирани ресурси и со познавање на областа. Со направена пресметка.

И овој форум не е единствена цел на напад. Па така сигурно личноста или групата не седат да ја читаат темава цели денови. Земаат пари од напади и продолжуваат со постоечките.

Не знам како некој би земал пари од напад на it.mk

Не знам никој кој зема пари од DDoS, а да не го плаќа конкуренцијата, некој ривал или чисто заради уцена.
Нема начин на некаква друга заработка со downtime на нечиј сајт.
  • DDoS се врши за нечија цел, финансиска придобивка и изнуда (ривали, конкуренти, непријатели на сопственикот на нападнатиот сајт или чисто заради уцена (плати толку и толку за да престанеме))
  • DDoS се врши заради курч, нечија пропаганда, нечиј инат, нечие тестирање на сопствената botnet инфраструктура, внимание на јавноста и себепромоција на одредени darkweb групи.
Огромен дел од сите напади се во второво. И не, нема заработка од истите во втората група.

Комотно може да се процени нападите врз it.mk во која група е. Пробаа со изнуда, сега веќе е инат.
Грешка ти се математиките и логиката нешто.
Освен ако не се собрале од Фемина, Кајгана и сличните и платиле некој.
 
Последна промена:

kolesk

lurker
6 февруари 2016
781
1.212
Веќе една недела, страната на министерството за образование, iknow системот и upisi страната не се во функција заради ддос напади. Се шпекулира дека зад нападите стои студент Финки, кој не може да положи некој предмет.

Изгледа зачестија нападиве секаде. Сe ЧИТА форумов увелико.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно