TylerMkD
poweruser
- 7 ноември 2014
- 4.793
- 10.110
Не биди смешен. Дај јави се и прашај ако сега се пријавиш кога да очекуваш да ти пристигне.
Да. Во Македонија(и во повеќе од 2/3 од светот- Кина, Индија, Русија и т.н.) се играат кракувани игри на PC, a такви игри за PS5 сеуште нема.
Најомилен лик на форумов си ми ти за натегање.
Да и е непристрасен, па така може да каже искуство и со едно и со друго во 1:1 однос.
Неколку? Сигурен сум дека во нашата продавница комуницираме со многу повеќе луѓе на тема купување на ПЦ/конзола за играње одошто ти.
јас мислев дека се познавам, ама ете изгледа стварно сум у заблуда и еве ти ме одблудуваш. Ти благодарам.
Молам? Дај посочи ми пример кој што е валиден??
Хахаха, ок. Дека зборуваше од лично име, па и спомна цена од 40К, значи за у странство си зборел.
![]()
Ова го кажуваш како „дагејмер“ или како „негејмер“?????
WOW. Јас не би сакал да те коментирам тебе, коментирам некои од твоите ставови/мислења каде ќе се најдеме во дискусија, ама и тоа нема поента ако дискусијава се сведува на лични квалификации. Патем, моите ставови се од лични искуства, за разлика од твоите. Пошто нели немаш ниту модерна хај-енд графичка картичка ни ПС5, а најверојатно не ни си играл на хај-енд ЦП и ПС5 (СО 120Hz g-sync/freesync телевизор) за да имаш претстава за темата на која дискутраш.
Важи. Ете ти што за разлика од мене, немаш ни PS5 ниту хај-енд гејминг ПЦ, ама затоа имаш допирни аспекти со гејмингот, за разлика од мене кој цело време имам бар еден хај-енд гејминг компјутер и PS5 и на кои играм и сум играл. Свака част!
Важи.
Ух ух ух, нешто многу се напна, само на повеќе од пола од работиве доволно е да те прочитаат и да сфатат за каков PC MASTER RACE rant станува збор. Штета, не се погодивме временски, да бевме пред 10 години на кајгана форумов ќе си реплициравме до бесвест сега. За жал, знам дека што и да пишам нема да ме сфатиш и залудно ќе го трошам моево време во објаснувања/реплики.
Ајде само на кратко, бар јас да си ја резимирам поентата:
Дали јас имам во моментов PS5 или хај-енд гејминг PC не е воопшто релевантно за поентата која ја правам - а тоа е дека гејмингот не зависи од научно-фантастичен хардвер по ЕКСТРА ВИСОКИ цени и бројките кои ги пумпаат производителите што продаваат хардвер.
Бидејќи се заинтересира, само ќе ти кажам дека една од последните игри кои ги уживав беше Super Mario Odyssey на бизнис патување во Латвија, што ја играв на 7 инчен LCD екран со еден од полошите гејмпади и 30FPS. До ден денес ќе ми остане како незаборавно искуство бидејќи сама по себе играта е маестрална, а не хардверот на кој играв.
Впрочем, дури и кај самите конзоли постојано победува онаа „инфериорната“, дали било тоа PS2 vs Xbox, Wii vs Xbox360 vs PS3 или Xbox One vs PS4. Тоа зборува дека самите игри се важни и дека искуството на гејмер/гејминг не е врзано ХАРДКОР со опремата како што мислиш дека е.
Другиве аспекти ти се исто многу погрешни, ама залудно е да дискутираме гојдо, едноставно според мене немаш ни Г од гејминг за да разбереш и не планирам да го трошам повеќе времево на реплики.
Мислењето е автоматски споено:
Според ова јас би се уфрлил и би рекол дека перфектна алтернатива за прескапите компјутери и конзоли се мобилните уреди и Android сет топ боксовите
Погледнете го атачментот 103895
Ајде еве ти кажи ми - кој е проблемот на милионите деца кои играат PUBG mobile? Они мислат дека уживаат, ама зашто играта не ја вози RTX3080 и 240Hz монитор уствари се во заблуда?