Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Совет за бела техника-очајни домаќинки

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Затоа Беко види, има 5 години гаранција и обично ги фалат. А се ефтини.

Miele нема везе со ништо друго за да се споредува ниту споменува. Ама ако некој се мисли за Miele или друго, ИЧ ДА НЕ СЕ МИСЛИ! Камо порано да сум зел...
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Епа имам една беко де. А следно сум на ум и фаворитов да ја зеам пошо е идентична со бековциве. Ама ќе видиме може ќе се премислам.

Друго зборев само отварав дискусија - колку другите мислат дека веќе има реална разлика меѓу сиве брендови коа сите се инвертер сите се А+++ и сите се со 5 години гаранција (10 на мотор)?

Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
 
Software

lurker
15 август 2007
591
357
Здраво дечки ќе ми треба предлог за комбиниран фрижидер?
 
Што сакаш да има разлика? Намалуваат количина на вода, по малку вода се грее ете ти А+++. Ти што мислиш дека се дешава?

Јас ја отворив самсунгот и си подесив повисоко ниво на вода за да не е а+++ мислејќи дека ќе е подобра. Работеше некое време и со таков сетинг, ама исто ги абеше алиштата.

А+++ ништо не значи затоа што мајмуните имаат лесна фора тоа да го постигнат на фејк начин со намалено количество на вода.

Од друга страна некои не лажираат. Како што споменавме. Не се замарај со тоа ми е муабетот, ние имаме скоро бесплатна вода и скоро бесплатна струја во однос на тоа колку троши машина за перење, така да...
 
Па тоа де али не ми беше фокусот баш на дека ја се замарам за А+++ :D

Повеќе на тоа дека сите се исти унутра, материјалите се тие. Е сеа едно quality control и тестирање може некој бренд повеќе да има ама ако се у кинеска фабрика сите направени, можда покрај едните и другите се подеднакво „проверени“ и „ископирани“ хахаха.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.789
5.509
Што сакаш да има разлика? Намалуваат количина на вода, по малку вода се грее ете ти А+++. Ти што мислиш дека се дешава?

Јас ја отворив самсунгот и си подесив повисоко ниво на вода за да не е а+++ мислејќи дека ќе е подобра. Работеше некое време и со таков сетинг, ама исто ги абеше алиштата.

А+++ ништо не значи затоа што мајмуните имаат лесна фора тоа да го постигнат на фејк начин со намалено количество на вода.

Од друга страна некои не лажираат. Како што споменавме. Не се замарај со тоа ми е муабетот, ние имаме скоро бесплатна вода и скоро бесплатна струја во однос на тоа колку троши машина за перење, така да...
Што е тоа абење на алишта од машина? Де да видам на мојава Вирпул 18г стара, да знам што правиш муабет. Кај моите горење 5~6 години стара, Кај сестра ми Бош 5 год. Никој не ми се пожалиле од женско чељад дека Машината им ги абе алиштата. На прашак се жалеле, на бренд на прашак со бренд на машина да, ама тоа било како било испрано.

Sent from my TELEFON using Tapatalk
 
architect

poweruser
27 ноември 2008
2.729
4.308
Скопје
architect's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 9800X3D / NZXT Kraken Elite 280 RGB (White)
Motherboard
Gigabyte X870E AORUS Elite WiFi 7 1.2 (White)
Storage
SSD 2 x Samsung M.2 990 PRO 1TB
PSU
Gigabyte PSU AORUS Elite P850W PG5 ATX 3.1 850W 80+ Platinum
RAM
Kingston 32GB 5600MHz DDR5 CL40 DIMM
Video card
Gigabyte nVidia GeForce RTX 5070 EAGLE 12GB 192BIT (White)
Case
NZXT H7 Flow RGB (2024) Case (White)
Mouse
Logitech G Pro X Superlight 2 (White) / Logitech G502 RGB / Deskpad World of Warcraft Shadowlands
Keyboard
EPOMAKER x AULA F75 / ROG STRIX SCOPE NX TKL Moonlight white
Audio
Logitech Z625 2.1 THX Speaker / Logitech G335 (White)
Monitor
LG 27GL850-B
OS
Windows 11 x64
Здраво дечки ќе ми треба предлог за комбиниран фрижидер?
Пред пар месеци кога купував фрижидер ми препорачаа само LG ... а купив ова NoFrost Фрижидер LG GBB 61 PZJZN, 336L (229/107), 186cm, A++, инокс
Продавачот ми го предложи го имал дома, таа на каса исто така го имала дома, а имам и комшија што работи во нептун и ми посочи модели од овој ценовен ранг (како бест бај и бренд со намлаце дефекти и поплаки).
Има nofrost (се вентилира не мрзне внатре), A++ (помала потрошувачка), инокс е најбољи, нема дополнителни електроники и смарт срања и сум премногу задоволен од истиот. Внатре капацитет собира се могуче ( огромен е), 229 L горе за секојдневна употреба и длабоко со 107 L ...
 
Ficho

hello world
9 јули 2015
391
285
Скопје
Здраво дечки ќе ми треба предлог за комбиниран фрижидер?
Како си со димензии во просторот ѕирни. Јас сега ќе пазарам фрижидер и пошто сум ограничен со длабочината на истиот, многу мал избор имам.
 
Tajson

lurker
25 февруари 2016
655
864
Пред пар месеци кога купував фрижидер ми препорачаа само LG ... а купив ова NoFrost Фрижидер LG GBB 61 PZJZN, 336L (229/107), 186cm, A++, инокс
Продавачот ми го предложи го имал дома, таа на каса исто така го имала дома, а имам и комшија што работи во нептун и ми посочи модели од овој ценовен ранг (како бест бај и бренд со намлаце дефекти и поплаки).
Има nofrost (се вентилира не мрзне внатре), A++ (помала потрошувачка), инокс е најбољи, нема дополнителни електроники и смарт срања и сум премногу задоволен од истиот. Внатре капацитет собира се могуче ( огромен е), 229 L горе за секојдневна употреба и длабоко со 107 L ...
ЛГ го направи првиот ноу-фрост фрижидер кога сите други брендови уште смрзнуваа вода за да ладат.
Така да ако се може (мислам на пари) ЛГ, секогаш прв избор, дест места празни, па другите брендови.
Внимавај има брендови каде ноу-фрост има само делумно или некоја примеса на ладење, барај само чист ноу-фрост.

п.с. Имам ЛГ ноу-фрост веќе 20+ години, вклучен и заборавен;).
 
NikolovskiM

hello world
20 април 2019
161
279
Кај гаранциите што зборите 5 години +10 години на мотор, треба убаво да проверите за што се' важат т.е. не важат тие 5 години и под кои услови? Машината за перење има многу други делови што страдаат покрај моторот, впрочем, во нормални услови на работа, каде нема да се пуштаат 5 перални една по друга, нема да има влага под пералната и нема да се ставаат претешки алишта во пералната односно да се надминува капацитетот, моторот последен ќе откаже. Моторот ако откажува, ќе откаже во првите неколку месеци (од фабричка мана), како и кај секој електричен уред.

Ја пред 2 години летото зедов Беко перална, околу 15.000 беше на некој „попуст“ у тоа време. Собира од 1-6кг, односно може да се пушти и полупразна без никакви проблеми. Работи на 600-800-1000 вртежи. А+++ енергетска класа. Има околу 15тина програми веројатно, ама најголем дел од нив никогаш ги немам користено. 99% од времето користам едни исти 4-5 програми.

На почеток користев прашок за најголем дел од алиштата, а течен детергент за темните алишта. Немав никакви проблеми, ама прашокот ми смачи за употреба, ставање у чашка, па ќе ти се истури малце, па прашок на секаде и сл. и се одлучив целосно да се префрлам на детергент. Од тогаш го користам истиот и за светли и за темни, Первол, оној црвениот.

Комбинацијата перална и детергент работат супер, алиштата никогаш не сум приметил да ми се оштетени, бојата им е (almost) како првиот ден кога сум ги купил. Откога ја купив пералнава мн. ретко пеглам. Дури и кошулите излегуваат супер прави на програмата за кошули.

И уште нешто да напоменам, 99% од времето пералната ја користам на 600 вртежи и никогаш не сум забележал алиштата да се повлажни од тие цедени на 1000 вртежи, према томе, не се палете ако некоја перална има 1200 или 1400 вртежи, не ви требаат, само дополнително ги уништуваат и гужваат алиштата. Исто така, како што напоменав погоре, не се палете ниту на 15-20-30 програми, на крај пак се' се сведува на 5-6 програми.

Што се тиче Миелето, сите знаеме дека имаат фин квалитет на електрични уреди и стварно штета што ги нема кај нас. Ама ако збориме за перална од 1500 еур, што реално ретко кој би се осудил да даде толку пари со македонска плата, и ако оваа перална ја споредиме со перална од 250 еур, што е 6 пати повеќе, па дали Миелето ќе пере 6 пати подобро од обична Беко? Не, нема. Дали ако Бекото издржи ~7 години, Миелето ќе издржи 40 години? Па веројатно да, ама колку пари у меѓувреме ќе дадете за поправки? Веројатно една поправка ќе чини колку пола нова Беко/Фаворит или сл. класа. Патем, споредете Миеле од пред 40 години, со денешна Беко од 250 еур и ќе сфатите дека функционалностите кои ги нудат едната и другата се неспоредливи во предност на поефтината. Муабетот ми е, ќе имате цело време машина со нова технологија.

TL;DR; Ако денес купувам машина за перење алишта, пак би избрал некоја средна околу 250-300 еур. Помирете се со фактот што квалитетот на сите електрични уреди е опаднат и веќе нема машини што можат да идат по 40+ години со ситни ефтини поправки. Земете средна класа, ако имате среќа ќе терате 15тина години, поправајте дур поправките се исплатливи, у прв момент коа поправка ќе е 1/3 од нова средна класа, земете си нова и фурајте. Ако немате среќа, ќе терате бар 5-6 години и тоа е тоа.
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.383
972
за машина за перење јас би одел со мидеа или хотпоинт
фаворит немојоте
за сушара исто мидеа
мидеа сега за сега се одлични цена перформанси
кај мидеа е добро што има опција ако ти се расипе во гарантер рок од 5 год а неможат да ја направат,ти даваат нова
 
Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.479
7.742
Скопје
www.facebook.com
Земи ја најјефтината , ни дисплеј ни блутут, ни курци палци. Бадијала фрлив јас 25к на машина со џиџи миџи кога еднаш онака од мерак се конектира на мобилен кај мене и кога сфатив на каква глупост сум фрлил пари го колнев тој маркетинг..Патем кај мене е Беко Машина за перење BEKO WTV 8736 XS, 8kg, 1400 вр. 15пр. А+++ (-10%),
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
@maci чиви се овие Мидеа, и кој освен сетек ги продава кај нас?

Од сетек ако дојде момент гаранција да ми треба мислам дека поарно ќе е да го запалам уредот и да го гледам како гори.
 
Има некој искуство со фуего фрижидери? Или уште поубо ако се погоди некој со овој модел.

И јас го меркам овој фрижидер. Мојата логика е дека за литражата која ја добиваш ептен е добар. Го видов у живо, на дизајн е стварно добар, изработката е на исто ниво со беко и останати мидрејнџ модели дури и од ЛГ и самсунг (зборам пластики, финиш на материјали, пластичните држачи на страниците внатре..).

Има премногу простор унутра, целосна лева страна за замрзнување и десна за ладење/одржување. Плус гледам го спуштиле уште додатни 4000 денари до крај на месецот.

Друго што размислувам е дека фрижидерите се уште една од тие технологии (заедно со веш машина, рерна и машина за садови) каде сите веќе прават исти - кружење на воздух унутра за no frost е најнапредната иновација шо се десила последните 50 години. Останатото е обичен компресор и „топлинска пумпа“ кои веќе се толку масовно произведувани компоненти што не верувам дека има разлика многу. Ефикасноста не е лошо и тоа е се шо ме интересира.

Е сеа од џиџи-миџи некои фрижидери имаат автоматско правење на мраз и диспензер за ладна вода, но тие имаат и повеќе делови кои треба да се мењаат (филтер за вода на пример, цревца, пумпа можда) и може да откажат.

Најјако џиџи-миџи шо го иам видено во последно време е затворен заден дел. Наместо решетка за размена на топлина имаат некои поскапи модели на фрижидери веќе као рамна плоча нешто, и тоа е стварно кул и сигурно не собира прав толку ко обичен фрижидер.

Исто така и фрижидери со инвертер мотор можда се потивки од кај знам, неам тестирано.

Но за парите - двокрилен фрижидер за 26 илјади - каков сака нека е фрижидер е проста технологија и не верувам дека би имал проблем со одржување на 4 степени, односно испод нула во замрзнувачкиот дел.

Плус си има гаранција, ако има некој фабрички проблем или ако цркне во првите 2 години.

П.С. чисто да знаеш не е 600+ литри грешка имаат направено. Вкупно е 436 литри нето, 291 литар во разладникот + 145 замрзнувач. Што е сепак многу повеќе од запремнината на било кој обичен комбиниран фрижидер (еднокрилен).
 
Мисла ми е дека е фуего инаку ми одговара во длабочината (до 60цм) и таа литража за таа цена тешко. На госпоѓата и смета дека бил сив, сакала бел... И сеа ради тоа у другата опција ми е горење 2м висок, 60х60 ширина длабочина и плус додатен фриз вграден од 21к шо е дупло од ценава на овој... Исто така мисла ми е ако го турам и рикне кад тад дека ќе морам фрижидер со истиве димензии да барам да турам а ептен е специфичен у тој поглед.
Едит. Знам дека им е грешка литражата на страната, бев го видов у живо.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Како тоа е многу повеќе кога 500-550 се еднокрилни?

Мојов е толку.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Како тоа е многу повеќе кога 500-550 се еднокрилни?

Мојов е толку.

Дај ми линк до твојот.

Еднокрилни 2М високи имаат НЕТО волумен најчесто (верувај правев чартови за шо е бест бај деновиве за да се одлучам полесно) од околу 380 литри макс. За пример земено ЛГ GBB72PZEFN кој иако е 68cm у длабочина, 60 широк (59.5 поточно) и 2 метри висок фрижидер има надворешен волумен од 720 литри а бруто (излистано на спецификации) литража има од 420 литри. Нето литржа (комбинирано) има 380 литри.

Не знам шо е разликата во овие НЕТО и БРУТО кај фрижидерите и како ги рачунаат ама ете и двете се далеку испод 500 литри. Повисок од 2 метри фрижидер неам видено, а и во просек сите се овој сооднос спрема висина и тие стандардни димензии на ширина и длабочина.

Така шо или имаш фрижидер со ненормално тенки ѕидови или е широка варијатна на еднокрилен фрижидер (ги има и такви). Или пак грешка си прочитал и имаш 350 литри шо е поверојатно.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Не знам шо е разликата во овие НЕТО и БРУТО кај фрижидерите и како ги рачунаат ама ете и двете се далеку испод 500 литри.
Бруто е зафатнината на целиот фрижидер - колку зафаќа во просторот (висина х ширина х длабочина). Нето е зафатнината на просторот за складирање во фрижидерот. Разликата е просторот што го зафаќаат моторот, шасијата, вратите итн.
 
Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.961
6.054
Skopje
Не можам ни да замислам колку ви се среќни тоа женичките...:D

ОТ: На времето и јас се палев на high end бела техника. Сега имам комплетно спротивна филозофија: купувам нешто поевтино, го користам 6-7 години, го продавам и си земам повторно ново. За машина за перење сметам дека се дава максимум до 14-15.000, за шпорет 17-18.000, а за фрижидер 20-21.000.
 
Последна промена:

Software

lurker
15 август 2007
591
357
Јас се извинувам не ви напомнав но морам да земам фрижидер од Сетек а таму немаат ЛГ. Ќе мора некој да бирам од следнивр марки Вирпул или Аристон Хотпоинт.
 
FiC DoGG

user
17 април 2007
1.042
1.098
www.behance.net
FiC DoGG's setup  
Processor & Cooler
i7 2600k Noctua NH D14
Motherboard
Asus Sabertooth P67
Storage
840 pro 128GB + 500GB HDD + 1000GB HDD
PSU
CM Real Power 550W
RAM
2x4GB DDR3 1333
Video card
Gigabyte GTX 760 2GB
Case
CM Centurion 5
Mouse
A4tech X7
Monitor
2x Dell U2412m
OS
Windows 8.1 Pro
Јас се извинувам не ви напомнав но морам да земам фрижидер од Сетек а таму немаат ЛГ. Ќе мора некој да бирам од следнивр марки Вирпул или Аристон Хотпоинт.
Whirpool и Ariston Hotpoint се од истата корпорација, така да исто ти се фаќа горе доле. Дефинирај си буџет и бирај која повеќе ти се свиѓа на изглед.
 
antikmkd

read-only
3 јули 2016
40
6
дечки, ми треба комбиниран фрижидер, најитно :) буџет до 25-26к. ја прочитав цела тема, ама некако не можам да донесам заклучок, т.е одлука, различни мислења, шо е нормално... за ЛГ-то позитивни коментари, добро е да има 5год гаранција, па гледам дека скоро сите даваат толку, освен ФУего и сл. До сеа имав Whirlpool, откажа после 4.5 години, не се погоди уште од старт,мрзнеше цело време, сервиси,глупости и сл,
шо мислите за Мидеа https://setec.mk/index.php?route=pr...oduct_id=72768&limit=100&mfp=stock_status[5%5

ептен ја паднаа ценава сеа во Сетек, 5 год гаранција, side by side.
thanks
 
дечки, ми треба комбиниран фрижидер, најитно :)
едит: буџет до 35-36к. ја прочитав цела тема, ама некако не можам да донесам заклучок, т.е одлука, различни мислења, шо е нормално... за ЛГ-то позитивни коментари, добро е да има 5год гаранција, па гледам дека скоро сите даваат толку, освен ФУего и сл. До сеа имав Whirlpool, откажа после 4.5 години, не се погоди уште од старт,мрзнеше цело време, сервиси,глупости и сл,
шо мислите за Мидеа https://setec.mk/index.php?route=product/product&path=10090_10096&product_id=72768&limit=100&mfp=stock_status[5%5

ептен ја паднаа ценава сеа во Сетек, 5 год гаранција, side by side.
thanks
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Јас коа гледав на сајтот на Мидеа фрижидеров воопшто не изгледаше вака.

https://www.midea.com/id/en/product/Lemari-Es/Side-by-Side/HC-689WE

Плус гаранција од сетек исто ко да не постои (за мене лично). Ако треба да се замараш со нив да ти уважат гаранција коса ќе ти обели.

Е сеа за другово и јас сум во потрага по истото и сеа за сеа за фуегото сум решен, но не можам да најдам никакво инфо па сум се уште бар малце скептик.
 
Tunev

read-only
16 декември 2015
15
19
Јас лично многу се разочарав од Candy сушара која ја користев само 2,5 години и ја платив 17.500 денари. Прво испука пластиката на канистерот каде се собира водата, па на месец дена пред да истече гаранцијата откажа некој контактор или како да се вика делот кој го покренува барабанот за да врти(го сменија бесплатно), потоа почна пумпата за водата да да откажува да бучи ненормално после 15 мин работење и за ова кога се јавив во сервис ми рекоа дека пумпата со работна рака ќе ме чини нешто над 4000 денари и ова беше пресудно да ја сменам. Разгледував што имаат во понуда салоните и сватив дека голем дел наликуваат една на друга и јас се посомневав дека се произведуваат во исти фабрики само со испечатен бренд по нарачка. На крај се одлучив за фаворит 8кг. која е на промоција во техномаркет за 14.000 денари и е со 5 години гаранција и можам да кажам дека сум пријатно изненаден сега за сега ако ја споредам со претходната и во однос на изработка и во однос на сушење на алиштата.
 
Ficho

hello world
9 јули 2015
391
285
Скопје
Јас коа гледав на сајтот на Мидеа фрижидеров воопшто не изгледаше вака.

https://www.midea.com/id/en/product/Lemari-Es/Side-by-Side/HC-689WE

Плус гаранција од сетек исто ко да не постои (за мене лично). Ако треба да се замараш со нив да ти уважат гаранција коса ќе ти обели.

Е сеа за другово и јас сум во потрага по истото и сеа за сеа за фуегото сум решен, но не можам да најдам никакво инфо па сум се уште бар малце скептик.

За фуегово, пошто го мислев и јас, од што се распрашав и од тројца луѓе што ги најдов од кои најмногу една година еден од нив го има, сите рекоа дека се задоволни и немале мака.
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно