1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Совет за бела техника-очајни домаќинки

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од gokica, 21 Јуни 2018.

  1. 123456

    123456
    On your way to fame

    1,282
    832
    12 Април 2013
    Машко
    @Oktar каква машина имаш за еспресо?
    Имам Филипс Саеко со мелница таа веке си ја однеснов на работа пошто ја заменив за Неспресо апарат и можам да кажам ма најскапото кафе да го стаам во филипсот, неспресото е за 3-4 појако и во густина и во крема и во вкус нема споредба.
    За капсули си ги земав овие од али, ке си земам какво сакам дал лавазза или илу или какво и да е квалитетно па ке го напунам повеке од 4гр не собира.
    123.jpg
     
  2. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,885
    921
    3 Март 2018
    Го навикнав телефонов на алкохол...
     
    На CBB_6 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,764
    11,347
    23 oктомври 2012
    Машко
    За жал, дома немам апарат за кафе, реално, кафе пијам најмногу на работа и за викенд ама па и тогаш кр искочиш некаде, најчесто во Галери, убаво кафе прават. Од тие причини не гледам економска исплатливост во кафемат од 500 евра каков што би сакал да биде.
    Дома пијам најчесто Мока, имам сад ид Биалети и мене ми е ок, редовно купувам различни врсти на кафиња ама досега Или ми е убедливо најдобро. Пррд некое време сватив и дека можам да си мелам кафе во нутрибулет, одлично функционира за мока.
    Инаку на работа имамнккристено саеко со улошки, тоа било најслабо, малку поголем саеко со мелница, добар е, зависи само кафето шти ке го ставиш во него, имавме еден со улошки, не ми текнува на брендот, прилично добар беше, валентино и алтинбаси улошки стававме. Али овој си бараше сервис и одржување. Има едни Јура се викаат, релативно скапи апарати, ама добри, нормално со квалитетно зрно. Лаваца капсули се исто така добри, има различни јачини. Долче густо се смешка, тоа е за правње торти не за кафиња. Неспресо е врв во капсули и во улошки. Тие улошките мислам сами за кафичи се али тој моделот индија е драма, едно кафе за цел ден. Капсули имам птобано многу на неспресо и многу и варираат со цена, ама дефинитивно се класи над се останато од капсули па и пошироко.
    Иначе, за дома и греота е да отвориш кило кафе во зрно, да го истуриш во кафемат и 3-4 месеци да го пиеш, да се суши, да ветрее...

    Сум се канел неколку пати за неспресо од солун да земам и не се решавам. Сепак сакам да пробувам различни кафиња и сакам свежо мелено зрно...
     
  4. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    Practice makes perfect

    763
    1,102
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Испод 9 бара притисок не гледајте еспресо машини. 15 бара за идеалното еспресо, нешто од соништата. Мислам за ефтин ценовен ранк се наоѓаа делонџи апаратчиња со 15 бара. околу 7-8к беа пред година две кога гледав.
    Искуство - од мој 2 години правев по 10-15 еспреса за низ дома секој ден ни празник ни делник на Rancilio.
     
  5. nikola_bb

    nikola_bb
    Gaining Experience

    310
    71
    14 Август 2009
    Идеалниот притисок за екстракција на еспресо е 9 бара, плус минус зависно за кое зрно станува збор. 15 бар се некој да речеме повеќе или помалку стандарден притисок кој се добива од вибрационите пумпи(големите машини користат ротациона пумпа) ама овој притисок мора да се симне на 9 бара ако сакате добра екстракција, а тоа се постигнува на разни начини најчест е со растеретен или таканаречен OPV(over pressure valve)
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,764
    11,347
    23 oктомври 2012
    Машко
    Е така де, 9 бари си стои и во дефиницијата за еспресо. Затоа и моката не е еспресо иако е истото зрно, моката има 1 до 2 бари макс и плус водата врие, значи повисока температура од предвидената. Моката е повеќе турско одколку еспресо.
     
    На dddragan му/ѝ се допаѓа ова.
  7. 123456

    123456
    On your way to fame

    1,282
    832
    12 Април 2013
    Машко
    не сме 2005 година бе другар какви 9 бара, па саекото што ми е старо 7г ми е 15бара, неспресо апаратот ми е 19бари.

    @Oktar Ја користам зрно на работа(мој) и си ставам по потреба за 5 дена пошто само кога стигам сабајлечки си пиеме, другото го шибам во фрижидер да не исчезне аромата така сум читал колку е точно појма немам.
    Затоа се префрлив на неспресо си купив од али празни и си го полнам по мој избор какво сакаш дали lly kimbo lavazza itn.
    Индиа за кој викаш новиот апарат на Неспрессо?
    со вакви патрони ? го мерев 7грама е само кафето без фолијата,
    101341588_2731127740327178_4124777202556338176_n.jpg
    --- Споени мислења, 1 Јуни 2020 ---
    @Oktar и ова објасни ми го како е можно за Јура, листам кајгана и скроз доле ми излага пошто го спомна ова.
    Screenshot_20200601_004742_com.android.chrome.jpg
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nikola_bb

    nikola_bb
    Gaining Experience

    310
    71
    14 Август 2009
    Не пишувајте глупости во врска со притисокот... Едуцирајте се малце ако веќе сакате да навлегувате во светот на кафето.
    Всушност темава е за бела техника па можеби треба да се префрли муабетов во тема за кафе.
     
    На fuzzjaw и brasica им се допаѓа ова.
  9. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,764
    11,347
    23 oктомври 2012
    Машко
    Тоа е кафето, Nesspreso Origin India, мноооооогу добро и јако кафе. Барем за мене е врв. Иначе рекламата ти ја отвора затоа што го имаш отворено сајтот со оние мануелните кафемати со рачка, а јура кафемат е овој.

    Edit: Се слагам околу муабетот со притисокот, тоа со поголем притисок е маркетинг само, еспресото по дефиниција се прави на 9 бари, ако го ставиш на 100 бари не знали дека ке биде 10 пати подобро, баш напротив, ке повлече и од кафето во прав а веќе не е екстракција на вкус.
     
  10. 123456

    123456
    On your way to fame

    1,282
    832
    12 Април 2013
    Машко
    Да ти кажам топ е, значи немаш утка :D

    101613758_533819107313536_2464963606135963648_n.jpg
     
    На Oktar и krema им се допаѓа ова.
  11. Ficho

    Ficho
    Gaining Experience

    255
    193
    9 Јули 2015
    Машко
    Има некој искуство со фуего фрижидери? Или уште поубо ако се погоди некој со овој модел.
     
  12. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    3,258
    2,759
    21 Јануари 2011
    Машко
    Ми треба мала, економична, машина за перење. Немам формиран буџет но за машина за перење не ми се даваат пари. Ако има некој препорака нека пише.
    Благодарам.
     
  13. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,546
    4,899
    18 Септември 2013
    Машко
    Некој нека ме разубеди за машинава за перење - зошто некој не би ја купил? На веб сајтот фаворит електроникс пишува дека има 5 години гаранција и 10 години на инвертер моторот.

    Значи очигледно е рибренд на некој корејски или кинески модел, шо е сигурно основата за некој од поскапиве брендови.

    Техномаркет - FAVORIT MPI-8124 A++ INVERTER МАШИНА ЗА ПЕРЕЊЕ
     
  14. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,663
    3,396
    24 Септември 2012
    Ти треба машина за перење? Сигурен си дека не сакаш Miele туки буџет машина?
     
  15. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,546
    4,899
    18 Септември 2013
    Машко
    Сакам нормална машина. Споредено на технологии (инвертер мотор, брзина на центрифуга), капацитет и останати параметри ова фаворитов ми делува идентична со други просечни конзумер модели од беко, горење, ЛГ, самсунг, канди, и останати. Basically сите ми делуваат исто така шо не знам зошто би плаќал плус.

    Дополнително, ако и Бош и Фаворит даваат 5 години гаранција и ги рекламираат истите можности, зошто некој да плати 2-4 пати повеќе за бош?

    Miele кај ги има кај нас? Колку шо знам над 1500 евра се плус.
     
  16. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    3,258
    2,759
    21 Јануари 2011
    Машко
    Незнам за кого беше наменето прашањето?
    Ако мене ме прашуваш јас апсолутно ништо незнам за машини за перење. Незнам ни дали повеќе од 10 пати у живот имам користено машина за перење.
    Така да не сум сигурен дека сакам буџет машина. Само знам дека двајца постари пензионери ќе ја користат, што значи ќе има малку алишта, нема да се пере често и секако треба да им биде едноставна и лесна за користење.
     
  17. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    802
    744
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    мо
    мојте ја земаа сега за сега е супер (секојдевно пере работнички улјосани) ама долгорочно не би знаел како ќе се покаже .. јас ги пратив по други модели и ја бев скептик за фаворитот.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  18. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,546
    4,899
    18 Септември 2013
    Машко
    Па тоа се мислам. Само затоа шо ќе има значка Самсунг а реално истите можности и истата гаранција ја има. Се кладам дека идентичен квалитет се веќе машиниве за перење. Барабан да направиш stamped sheet metal е, моторот е тој сите имаат 10 години гаранција на инвертер (вклучено и овие фаворит), произведени се во турција/кина/полска кој знае каде сите веќе по лиценца на сиве брендови...

    Едноставно мислам дека веќе сите се исто срање друго паковање. Смарт работи може да си ги носат - се е тоа веќе само за пари да зимаат.

    Гледам машина за садови со колор тачскрин - три пати поскапа од просекот. Зошто? Шо ќе ти коа ќе пуштиш садови да ти е битно да е тачскрин а не копче, и да има вифи и да се конектира со смартфон? До толку мрзливи станавме веќе? Па се знае пушташ садопер или машина за алишта и два саати после тоа идеш и си ги празниш.

    Не ти треба мобилна нотификација.
     
    На moongose и VerGer им се допаѓа ова.
  19. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,700
    13,082
    2 Август 2012
    Машко
    Bosch машините имаат намалување кај овластениот.
    Има и акција +3 години гаранција.

    За кај дедово земавме. Намалена на 16.500 (од мислам 21.000, не ме држете за збор)
    6 кила, 1000 обрати. Ништо посебно. Двајца луѓе се.
    Од тоа што го видов, машината е прилично тивка и стабилна.

    Одокативна гледано одлично е изработена.
    Претходно имаа Бош кој им служеше 12 години (Clasixx 5) ама го скрши кракот на бубањот (поправка 170 евра)

    Јас пак, пред 3 години, апансас морав да набавам машина. Прво на што налетав беше Gorenje @1200 обртаи 7 кила за 14.500 со 5 години гаранција.
    Ја туривме од работа.

    Рангирањето кај машините отприлика е вака:
    1. Miele

    2. Bosch
    3. Останато
     
  20. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,663
    3,396
    24 Септември 2012
    Ако е за дома кај што ти ќе си переш со жената и децата и ќе врват 1000+ евра алишта месечно во неа, најтопла препорака за Miele. Прва машина што го зема омекнувачот кога треба. И пеглањето е намалено драстично на облеката. За Блек Фрајдеј имаа супер попуст ама само за резервирано и платено.

    Како и да е, најтопла препорака за Miele од мене. Не би ни помислил веќе на друга, а ми личеше скапа во моментот. Сега гледам дека уствари била живо џабе, особено споредено со машини кои се само 10-20000 поефтини, и исто толку класи испод неа.
     
  21. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,546
    4,899
    18 Септември 2013
    Машко
    Прашањето е дали денес у 2020 Бош се било колку подобри од се друго шо изгледа идентично и има идентичен лејаит на дугмиња и делува слично направено и има иста гаранција.

    Да не е случај на верба у бренд заради одминати времиња кога биле видно поквалитетни од се друго.

    Дали сме сигурни дека квалитетот и денес им отскокнува значително од се друго и дека и денешниве модели ќе им траат 20 години наспроти 5-10 на сите други брендови.

    Сличен пример е горење у кој сите се крстат ради стара слава. Јас иам горење пере суши 9кг 1400 вртежи директ драјв... и е уствари ребрендирана daewoo корејска перална.

    Поентата е дека пред 8 години беше 45000 според спекс пере суши се нај нај и дека горење нели, а уствари да сум земал даеву за многу поевтино истото ќе сум го добиел. Е сеа, машинава добро се покажа но пак ќе кажам зарем не е заситена технологијата веќе до ниво каде сите истиот производ туку-речи го продаваат само со различна маска напред и ралична значка.


    Ете Самсунг до толку веќе нема шо да се оддели од ЛГ па ставиле вратиче за допуна. Уше една точка на потенцијален квар у иднина само. Гимик. И ти наплаќаат екстра за тоа.

    Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
     
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  22. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,663
    3,396
    24 Септември 2012
    Самсунгот ми уништи и остаре се што помина во неа. 5 години користена, 30+ платена. Со инвертер со вратиче. Ме кошташе над 1000евра во облека сигурно.

    Бош би зел само ако е живо џабе и маде во Германи, никако друга. Се доближи ли во цена до Миеле, дискусија повеќе нема.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  23. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,546
    4,899
    18 Септември 2013
    Машко
    На тема Миеле - сум користел и горење (даеву моменталнава), горење 3 други модели, беко... јас не гледам разлика у полесно пеглање а ниту у умекшивач или друго.

    Пред се е битен прашокот, битно е како ќе ги закачиш за пеглање и многу други фактори. Не верувам дека смена на најдобра можна машина за перење ќе ми направи до толку разлика.

    Плус шо на толку секакви машини не сум имал проблем со алиштата а и не сум тип шо се замара за партали. Битно ми е да пере, да е чисто коа ќе испере и да продолжи да пере со години за да не мора да купувам нова.

    Значи мене од specs битно ми е да работи и да истрае колку шо има гаранција, а се над тоа е плус.

    Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
     
    На NikolovskiM му/ѝ се допаѓа ова.
  24. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,663
    3,396
    24 Септември 2012
  25. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,546
    4,899
    18 Септември 2013
    Машко
    Не ги споредувам беко со миеле правев поента дека не глеам јас разлика у како е испрано се дури е чисто. Исто така не примеќам разлика кај алиштата многу. Ако искине нешто би приметил пример ама друго не. Шо знам треба да направи некој тест со перење на идентични партали у миеле и не-миеле, да покаже разлика па да разберам.

    Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
     

Сподели

Вчитување...