STRIKER
hello world
- 2 јануари 2016
- 90
- 36
Ingco модел cdli 20021, батериска штрафилица.нема удар за бетон,за во бетон имам еден куп други стари од искра на кабел.Футер самотезен до 10мм,торк момент 45 нм. Ја купив пред 2 недели,нов модел со 20в 2ампер часа батерија,иде со една или две батерии.Јас ја земав со една батерија за 3800 ден. Ја земав првенствено бидејки користам за по дома за све и свашта а и хоби ми е изработка на ствари од дрво,ми пукна филмот од каблите мкнење па продужни кабли... дојде со полу полна батерија,ја наполнив и си реков сега ке ја тестирам па ако рикне на прв ден одма ја вракам. Споив три даски со стеги и извадив еден куп штрафови од 5мм дебелина и 5цм долги и почнав да штрафам. Првиот штраф влезе како во путер и така до 260 тиот штраф додека скроз не ја сотрав батеријата. Брзо полнење има за еден саат. И сега деновиве ке си запалам кола и уште една батерија ке си земам бидејки штрафилицава ме изненади од мокноста и цената. За мои потреби е сосема доволно лесна, компактна и мокна. И нормално прикладна цена. Бај тхе ваи дополнителна батерија е 1500 ден. Од ingco имам и брусалка(ја здробив од користење за домашни потреби), ударна бормашина на кабел,и рачен циркулар,ниеднаш не ме оставиле на цедило,секогаш испорачале.
Браос. Добар ревју. Може да ми кажеш од кај ја зеде по таа цена, или ја зеде со некој попуст? Барав ама никаде не можам да ја најдам по таа цена.