flashgordon007
user
- 15 септември 2012
- 1.159
- 1.300
па зашто на останатото ми кинат данок кај што го купувам (нели иде за извоз и ослободено од даноците од таа држава), и си ги плаќам давачките за увоз тука односно данокот под услови во македонија. Не ми е јасно еве како увезувам поштарина од странство![]()
Никој данок што е пресметан во цената на производот што го купуваш од странство, не ти е одбиен од цената. Ниту еден данок.
Доколку нарачуваш преку интернет и доставувањето на нарачката ти ја вршат преку пошта, од желбата на продавачот и од локалните закони, е податокот дали ќе ти го одбијат од цената данокот на додадена вредност (кај нас така се вика - во други земји ддв-то има друго име).
Поштанските услуги во ниту една земја не се оптеретуваат со данок на додадена вредност во полн износ како трговските стоки. На пример кај нас ддв за поштенски пратки пратени преку Македонска Пошта е 0%. Тоа ти го пишува на фискалната сметка.
Основа за царинење на стоки при увоз е фактурната вредност на стоките зголемена за вредноста на транспортните трошоци до границата на РМ каде се пријавува стоката за увоз (камион, палета, виљушкар качи - симни, осигурување при транспорт... или поштански трошоци). Тоа ти го пишува во царинскиот закон. Ако те мрзи да го гуглаш на интернет и да го прочиташ ова од царинскит закон, јави се кај првиот шпедитер за да ти објасни каде те лажам.
И не ставај смајли на крајот на пораката оти недостатокот на желба за самообразование кога ги имаш условите да имаш компјутер, пристап на интернет, бесплатни информации, е повеќе за жалење отколку за смеење.