1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Започнувам нов сајт, но како ?

Дискусија во форумот 'Веб Хостинг' започната од Блекмен, 28 Мај 2012.

  1. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,292
    24,787
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Колега правиме моабет за дизајн (барем јас праам моабет за дизајн)
     
  2. gokica

    gokica
    Модератор

    8,389
    10,193
    13 Јуни 2009
    Да планираш солиден бизнис на нет без добра почетна инвестиција во сетапот и изготвувањето е исто како да планираш парфимерија без дуќан за продажба.

    Значи исто како да си речеш дека ќе почнеш на тезга кај пазарчето за марули во маало па ако тргне ќе земеш дуќан во некој трговски за на крај во ГТЦ.

    И ова ќе ти се реализира на свети никогаш. Со целата оваа конкуренција мало морген.

    Понудената цена е багатела.
     
  3. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,292
    24,787
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    хахаха се пресметуваш у хардвер...ко ја едно време пресметував у пива,сеа во Нафта :)
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Блекмен

    Блекмен
    Intern

    17
    1
    25 Мај 2012
    Машко
    Одлично фала на сите одговори, јас убаво прашав .. никој не навредувам .. напишав нов сум и се интересира.. немора веднаш со навреди, тоа е премногу детски.. инаку ќе разгледам и други опции и да речиси сум сигурен дека не треба олку пари како што вие тврдите (пак ќе кажам можеби и грешам) .. уште еднаш како пример ви го давам сајтот во кој работи мој пријател SuperSport .. и очекувам одоговор, што мислите колку праи е вложено овде ?
     
  5. PilGriM

    PilGriM
    Gaining Experience

    1,508
    427
    18 oктомври 2008
    Машко
    Developer
    Не се навредуваме ич, само си го кажуваме нашето стручно мислење (базирано на многу години работа баш во оваа проблематика).

    А сајтот СуперСпорт - прашај го пријателот колку вложил и колку добил.

    Поздрав
     
  6. Блекмен

    Блекмен
    Intern

    17
    1
    25 Мај 2012
    Машко
    Не гледав некој се навредил од мојот став, сепак тоа е :)
    Инаку во сајтот СуперСпорт кога тогаш со добра посета ќе дојдат и рекламите, а вложено е навистина многу малку кеш.

    Поздрав
     
  7. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,292
    24,787
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Неможеме да ти кажеме колку е вложено можам да ти кажам колку кошта.
    Пошто e на joomla и со готов темплјт не повеќе од 200-250е
     
  8. burce

    burce
    Intern

    267
    38
    1 Април 2009
    Секогаш е: колку пари толку музика. Ако ти е само колку да пробаш, најди некој темплејт, плати си shared хостинг и види како ќе ти оди. Ако гледаш дека не ја бива работата, батали. Ако мислиш дека има потенцијал, ангажирај некого да ти помогне.

    Инаку, од 0 посети на ден до 15 илјади не се стига така лесно, во најмала рака ќе ти требаат едно чудо пари за реклама, и тогаш 400е ќе ти изгледаат ептен малку.

    Како и да е, очигледно е дека само сакаш да пробаш нешто, но не си сигурен што, како, и во таков случај било каква инвестиција да направиш има голема шанса да не ти успее. За да направиш нешто сериозно, ќе треба многу време да одвоиш и точно да знаеш што сакаш да постигнеш.
     
  9. Блекмен

    Блекмен
    Intern

    17
    1
    25 Мај 2012
    Машко
    Посетите е една лесна работа кога си на фејсбук, а уште повеќе кога имаш поголеми страни со над 20,000 лајкови .. има кликови и ќе дојде до 15,000, нормално неможам да тврдам за сето тоа, сепак верувам.. веќе имам работено во некои спортски сајтови но само волонтерски на joomla, доволно сум обучен и мислам дека можам да одржам еден сајт... јас прашував за цени за еден месец (околу хостингот) токму затоа таа цена од 400е ми изгледаше висока
     
  10. sumi

    sumi
    On your way to fame

    1,129
    736
    8 Април 2007
    Машко
    Не се нервирај до толку. Цените што ги напоменав јас се минимални. Нема логика да земаш 1500 евра за Јоомла сајт. Ако е твој CMS да може и да вреде толку зависи како е приготвен ама за Joomla. WP, Drupal тогаш реално е многу.
     
  11. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,728
    1,801
    8 Мај 2007
    Машко
    иди у аутомакедонија и кажи им дека застава кошта фрагмент од цена на фар за ѕ класа, па ти сметаш дека вреди да ти понуди некој ѕ500 за ~10.000еу
    на клоци ќе те дигнат.

    информативно муабет колку е некој сајт е едно, а да делиш лекции дека цена за изработка на сајт е скапа работа, гит на некој шабански форум.
    ко доаѓаш тука. прво ќе имаш респект кон луѓето и професијата им (99% лебот го вадат од ит).
    ако дојдеш со идеја дека тука се шалабајзери и ќе се најде некој идиот да ти ринта од ентузијазам, си погрешил адреса. умрено е тоа време.
    а ако некој пробува да го воскресне, ќе му набијам колец у срце (чисто ради безбедност).

    блекмен, што си по професија т.е. од што праиш пари, ако не е тајна, ме интересира што вака сакаш да улеташ во изработка на спортски портал.
     
    goranzoran, RagingDemon и на Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  12. Блекмен

    Блекмен
    Intern

    17
    1
    25 Мај 2012
    Машко
    Па моментално немам примачки, затоа и сакам да најдам нешто по прифатливо, затоа што знам дека може, барем така ми кажале.. доколку би имал примачки колку толку ќе заштедам 500е и ќе инвестирам
     
  13. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,728
    1,801
    8 Мај 2007
    Машко
    со 500евра ако се правеа портали ... сите богати ќе беа во мк.

    со тие пари сајт за тебе може да ти напраи некој, онака, добар дизајн.
    портал функционален, стави една нула барем позади тоа, ко за почеток.
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,292
    24,787
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Блекмен со среќа со порталот и ти посакувам многу успех.
     
    На JasSum му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tomi

    tomi
    Guru

    9,873
    9,114
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Колку што сум информиран ја Jomla e за Почетници и е шит.
     
  16. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,841
    1,368
    10 Август 2010
    Машко
    ^ бркајработа.мк и мотика.com.mk се на џумла, и имаат доста посетеност така да мислам дека не ти држи вода ова.

    Инаку да 400 евра не се многу за страна која сакаш да биде посетена од 15к луѓе. И еве го тој "Македонски Менталитет" бреиј многу било за веб страна, странски портали се вложуваат со 1000 евра од кои само на дизајнот фрлаат поголемиот дел од оваа сума.
    Ако си веб дизајнер можеш и поевтино да поминеш, ама како што гледам не си епа ќе треба да забуричкаш во џебот подлабоку...
     
  17. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,292
    24,787
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Едно време многу ја форсирав џумлата,сеа прејдов на вордпрес од проста причина што за вордпрес има многу пвеќе бесплатни плагини него за џумлата. А најмногу си го форсирам сопствениот CMS ;)
     
  18. DynamicMK

    DynamicMK
    GFX

    1,618
    154
    11 Април 2007
    Машко
    И милион евра за портал да фрлиш во Македонија богат не стануваш... 2м народ, 1м мажи, 500к со интернет пристап, 100к претпоставувам компјутерски образовани и со интерес за спорт... Плус некој пред тебе успеал да анимира најголем дел од тие 100к. Така да 50% од публика да му земеш и двајцата ќе пропаднете...
    Ако во Македонија таргетираш публика, место има само за еден.
     
    На Revan, DaciSS, prichina и уште 2 други им се допаѓа ова.
  19. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    556
    451
    26 Април 2012
    Машко
    Морам да признаам веднаш, со овој коментар убоде 'Bulls Eye', после ова само заклучување на темата е логичен чекор :D
     
    На prichina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    556
    451
    26 Април 2012
    Машко
    Хајлендер синдром: There can be only one!
    Смешно ама вистинито :D
     
    На prichina му/ѝ се допаѓа ова.
  21. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,728
    1,801
    8 Мај 2007
    Машко
    точно е дека има место за еден, но ако имаш подобар конепт од сегашниот, само напред.
    се сеќавате на времето пред гугл? да имаше алтависта, јаху и што се не.
    ги користи некој тие денес? во свет со таргет милијарди, некој направи нешто подобро, така што ако си доволно добар, има место за тебе.

    само со оглед дека 400еу ти се многу за портал, не си добар. а направи си ти портал, треба програмериве да живеат од нешто :)
     
  22. Блекмен

    Блекмен
    Intern

    17
    1
    25 Мај 2012
    Машко
    Наскоро ќе го направам сајтот и ќе ви кажам колку сум вложил во него, ќе ви го пратам и линкот па ќе заклучите дека може да се помине поевтино, не дека можеби треба (да не се навреди нечија професија), сепак МОЖЕ ;)
     
  23. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,841
    1,368
    10 Август 2010
    Машко
    подобро би било да поставиш слика од Google Analytics со барем 50% од твоите очекувања за посети :)
     
  24. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,728
    1,801
    8 Мај 2007
    Машко
    може бе пријателе.
    секој може да има возило за 100евра
    и камион може ќе најде за 200
    ама нема да биде кипер. веројатно и краден.
    се може кај нас. само што унапред да ти порачам.
    подобро да си ги потрошиш планираните пари по кафани со пријатели. бар некој ќеиф ќе видиш.

    со среќа во креирањето на уште еден портал за спорт.
     
  25. B^nDIT

    B^nDIT
    Gaining Experience

    1,124
    311
    6 Февруари 2010
    Машко
    Fatal1ty можеш да ставиш клиент / твој сајт што го користи ЦМС-то? Ме интересира сигурноста.

    DynamicMK , целта на секој портал не е дали ќе собереш 100к жители или не.. Вистина , у америка 100к е ништо за познат портал. Ама процентуално во Македонија е многу. Глеј колку портали имаат препумпани цени за реклами а пак се полни со флешови и roll-овери. Верувам дека на повеќето од огласувачите им дале попуст и дека не се реални цените , но сепак.
     
    На Misho му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...