Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

VIP (ВИП) Оператор

Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
Во оваа тема може да се изнесуваат новости, да се коментираат истите како и да се критикува Операторот.

Доколку има некој за продолжување договор или пак за склучување нов договор, ВИП нудат нова понуда која не е промовирана како 555, но според мене е подобра за дополнителни 111 денари.

Накусо, за 666 денари се добиваат неограничени разговори и пораки кон сите мрежи (мобилни и фиксни) и 6GB интернет. Подетално во табелата подолу.

vip666.PNG

Изборот на телефонски апарат соодветствува со тарифниот модел L+.
 
cleverguy

read-only
26 октомври 2013
22
6
Понудава е ДОБРА ама операторов е ЛОШ...
Корисник сум на претходната роденденска понуда од 555 денари, и покрај тоа што е слаба мрежата, за на нет да се вклучи преку 3Г мрежата треба да чекаш и чекаш....па споро
А после надминувањето нема никаква брзина т.е немаш нет и го лупаш телефонот.
ТОПЛА ПРЕПОРАКА: Избегнете ја понудава ако сакате да не се нервирате, едвај чекам да ми помине договорот уште 3 месеци и да се отарасам :)
 
temelk4

hello world
19 август 2013
215
108
Вклучив договор со Vip за понудата 666ден. и земав Galaxy Core.
А за мрежава и другото што сите се жалат јас немам проблем.
 
viktormkd

hello world
31 јули 2011
321
311
Лоша понуда. Мислев дека ќе извадат нешто поубаво, ама нема ништо. Повеќе ми се исплати да одам на ОНЕ и за 599 денари имам исто бесплатно кон сите мрежи, бесплатно пораки кон сите мрежи и 5гб интернет. Моментално сум на ВИП 555, ама ако не направат некоја поинтересна понуда до септември и остане понудава на оне си бегам на оне без размислување.
 
И јас сум на исто размислување....
Ама ме чуди една работа како минува времето наместо услугите да поефтинуваат понудите се се поскапи. Ако порано 500 ден беше скапа тарифа сега се оди нагоре 555,666 ден.
А комуникациите на сите ни се подостапни, нет, фб, скајп.......
 
viktormkd

hello world
31 јули 2011
321
311
И јас сум на исто размислување....
Ама ....А комуникациите на сите ни се подостапни, нет, фб, скајп.......
Јас најмногу се надевав дека ќе има намалување во претплатата. Ама како што глеам нема, а на ОНЕ барем е поквалитетна мрежата од ВИП.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.059
14.150
Се извинувам зашто пишувам за One на темава но мислам дека е добро да се спореди ВИП со останатите оператори.

Јас штотуку продолжив договор на One.

За 699 денари месечно ми дадоа бонус од некои 5000 денари по број за договор од 2 години. Не земав апарат и ги ставив на сметка на 24 рати. Ми доаѓа по отприлика 500 денари месечно по број.

Со неограничени разговори на сите мрежи во земјава, неограничени SMS и 10 гига интернет. За 600 денари само интернетот е 5 гига а другото е се исто. Имаат и пакети за странство кои не знам како ќе се рефлектираат по плажите летово ама се на се доаѓа поефтино од порано. Барем за мене.

3Г генерално може да се користи за чат пат ама не за нешто интензивно - бар јас кај што сум гористел (читај многу ретко). Мрежата за разговори е секогаш добра.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.697
12.543
Skopje
www.wemaxa.com
Ја не тмобиле сум. На Оне и Вип бев, уште еднаш не фали. Наци политика, 0 услуга, "пенали" затоа што на 15ти не сум им платил сметка и ред други работи се доволно да укажат каква е политиката на фирмата.

Тмобиле / Хоум можеби се најскапи но барем имаат интегритет, услуга на место и многу подобра организација од шарлатаните листани горе.
 
viktormkd

hello world
31 јули 2011
321
311
Се извинувам зашто пишувам за One на темава но мислам дека е добро да се спореди ВИП со останатите оператори.

Јас штотуку продолжив договор на One.
.
.
3Г генерално може да се користи за чат пат ама не за нешто интензивно - бар јас кај што сум гористел (читај многу ретко). Мрежата за разговори е секогаш добра.

Баш сакав, ова и јас да го прашам. Поради тоа што и мене не ми треба телефонски апарат, дали би можел субвенцијата да ја поделам на 24 месеци за поевтина да ми испадне месечната сметка. Вака е многу подобро.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.059
14.150
Ја не тмобиле сум. На Оне и Вип бев, уште еднаш не фали. Наци политика, 0 услуга, "пенали" затоа што на 15ти не сум им платил сметка и ред други работи се доволно да укажат каква е политиката на фирмата.

Тмобиле / Хоум можеби се најскапи но барем имаат интегритет, услуга на место и многу подобра организација од шарлатаните листани горе.

Најверојатно тоа со пеналите на неплатените сметки било на VIP. Познавам и луѓе на кои VIP им се јавија кога сметките беа повисоки да си ги подмират многу брзо за да не ги исклучат (пред договореното време за доспевање на долгот што е апсурд).

На One такво нешто нема. Секогаш плаќам сметки на крај на месецот за претходниот и никој ништо не рекол. Немам проблеми со услугата. Секогаш културна поддршка во кол центарот. Електронски пристап до фактури, детални сметки и сл.

Баш сакав, ова и јас да го прашам. Поради тоа што и мене не ми треба телефонски апарат, дали би можел субвенцијата да ја поделам на 24 месеци за поевтина да ми испадне месечната сметка. Вака е многу подобро.

Да, порано можеше на максимум 6 месеци да се дели бонусот. Сега може на 24 месеци.
 
Последна промена:

viktormkd

hello world
31 јули 2011
321
311
А се јавив сега во ВИП и ми рекоа дека кај нив нема таква опција. Вака 90% се префрлам на ОНЕ во септември (секако, ако има вакви добри понуди).
 
Dinamit

hello world
25 мај 2013
434
607
Оне мрежа добра,ама интернетот им е катастрофа.За брз немам зборови,но паѓа нонстоп.Кај вип барем е спор но константен.Оне зафркава доста.

Ова правам споредби за припејд.На постпејд незнам како е,но не верувам да е нешто многу подобро.:(
 
USAF

hello world
19 мај 2014
111
82

Интернетот на Оне им е малку шизофреничен, не знае дали сака на 3G или на 2G да работи, а и не е стабилен, некогаш се конектира ама не отвара ништо.
 
viktormkd

hello world
31 јули 2011
321
311
А да се намести само на 3г да фаќа, каква е конекцијата ?
 
USAF

hello world
19 мај 2014
111
82
А да се намести само на 3г да фаќа, каква е конекцијата ?
Тогаш најчесто прави проблеми покажува HSDPA (Н+ горе на статус бар) а нема воопшто интернет, плус губи voice (разговор) многу често посебно ако возиш. Многу пати добивам пораки дека сум бил недостапен ако го ставам на 3G (WCDMA only на HTC One)
 
Последна промена:

D3N1EL

poweruser
10 август 2010
2.922
1.535
На One такво нешто нема. Секогаш плаќам сметки на крај на месецот за претходниот и никој ништо не рекол. Немам проблеми со услугата. Секогаш културна поддршка во кол центарот. Електронски пристап до фактури, детални сметки и сл.

+1. Едино каснат сметките, т.е. многу касно стигаат на врата понекогаш. Се дешавало ако до 21ви треба да платам, ми стига на 30ти..
Но ова мислам дека не се они криви, туку поштава...
 
jovica3

hello world
23 декември 2010
53
25
+1. Едино каснат сметките, т.е. многу касно стигаат на врата понекогаш. Се дешавало ако до 21ви треба да платам, ми стига на 30ти..
Но ова мислам дека не се они криви, туку поштава...
Јас си немам таков проблем. Си имам бројче од Т-мобиле и си ги плаќам сметките преку дебитна картичка (без гужви и чекање ред).
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.059
14.150
+1. Едино каснат сметките, т.е. многу касно стигаат на врата понекогаш. Се дешавало ако до 21ви треба да платам, ми стига на 30ти..
Но ова мислам дека не се они криви, туку поштава...

Но имаш пристап онлајн на фактурите. Можеш кога сакаш да си испринташ и платиш. За во One салоните не ти треба фактурата воопшто нели.

Јас си немам таков проблем. Си имам бројче од Т-мобиле и си ги плаќам сметките преку дебитна картичка (без гужви и чекање ред).

Мислам дека NLB нуди ваква опција за One. Знам дека може да се надополни кредит но не сум сигурен за плаќање фактура.

Како и да е денес сите имаме можност за траен налог за плаќање сметки во скоро сите банки.
 
viktormkd

hello world
31 јули 2011
321
311
Тогаш најчесто прави проблеми покажува HSDPA (Н+ горе на статус бар) а нема воопшто интернет, плус губи voice (разговор) многу често посебно ако возиш. Многу пати добивам пораки дека сум бил недостапен ако го ставам на 3G (WCDMA only на HTC One)

Значи ОНЕ, стануваат полоши и од ВИП
 
viktormkd

hello world
31 јули 2011
321
311
Само за разговори, интернетот не им врве многу, а нудат најмногу интернет :mad:

Претпоставувам дека е тоа поради тоа што дадоа мн евтина понуда и голем дел се префрлија на ОНЕ и се преоптоварува мрежата. Ќе мора малце да инвестираат.
 
Претплатник сум на Космофон (Оне) веќе 10 години. Ова што се случува последниве 6-7 месеци не е нормално. Квалитетот на повиците е дојден до тој степен да кажам ВИП > Оне. А на ВИП неможеш да се разбереш со соговорникот, па сеа рачунајте колку ниско се паднати Оне.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.554
19.226
17 години post paid на Мобимак ака T-Mobile
Почетоците беа ужасни! Наплатата односно агилноста на поштата никаква па се случуваше да ви побараат да им пуштите по факс доказ дека сте платиле сметка од пред 3-4 месеци.
Тоа го надминаа од 2000-та наваму и навистина нема никакви проблеми ниту со плаќање ниту со услуга во поглед на квалитет и подршка. Одамна сум немал потреба да се јавам во call центарот на 122 но затоа пак лани се јавував во корисничка подршка на ONE (жената има број) и..доживеав вртење на палци додека се јавија (односот и мутавоста е посебна тема) а ако добро се сеќавам повикот го наплаќаат за разлика од T-Mobile.

Оние несреќни ликови од VIP не сакам ни да ги коментирам.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.059
14.150
Интернетот не го бива. Но за разговорите јас не сум забележал пад на квалитет.
 
Последни теми

Последни огласи

На врв Дно