Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Совет за грамофон

Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.959
4.169
Потребен ми е совет за оптимален избор на грамофон. Не сум доволно информиран на оваа тема. Грамофонот ќе биде роденденски подарок за татко ми кој веќе поседува колекција на грамофонски плочи. Во потрага сум по грамофон кој ќе има најниска можна цена, а сепак да има достоен квалитет и најбитно од сè - локална гаранција и достапност на stylus (читачка игла или како се нарекува на македонски).

Буџетот е ограничен до макс 300 евра.

Дополнување - грамофонот не е потребно да има никакви напредни можности. Потребно е само за читање на грамофонските плочи. На него ќе бидат поврзани активни звучници.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: b.a

Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.968
6.066
Skopje
На каков постоечки set up ќе го поврзеш? Дали грамофонот треба да има вграден phono preamp?
Како и да е, за 300 евра малку е тесен (квалитетен) избор, нешто како RELOOP RP-2000 (Technics sl-1200 knock-off), или ако одиш на нешто посовремен дизајн, Pro-ject прават квалитени грамофони кои се фабрички сетирани за plug & play.
 
Последна промена:

Не знам што треба да поседува грамофонот. Или со други зборови треба да содржи сè што е потребно за само да се поврзи со активни звучници и да нема потреба од други додатни уреди.

Дали овој RELOOP RP-2000 е такво решение?
 
Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
За Reloop RP-2000 задолжително ќе ти треба и Phono preamplifier, на пример Behringer PP400, евтин е (прашај во Артист системи или во Sky Music во ГТЦ).
Ама наместо Reloop RP-2000 јас би ти препорачал вистински аудиофилски грамофон Pro-Ject Primary E, за 16.000 денари во Аудио Центар Болин, па дури и Pro-Ject Elemental OM5 за 13.000 денари. И за нив ќе ти треба Phono preamplifier, најдобро би било да земеш од кај нив Pro-Ject Phono Box (6.000 денари), ама може да пројдеш и со поевтиниот Behringer PP400.
 
b.a

hello world
9 август 2010
203
674
y2u.be
Audio-Technica AT-LP120X може да го најдеш околу 300 евра, има вграден phono preamp. Јас го имам AT-LP60X и звучат одлично плочите.
 
Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.968
6.066
Skopje
Audio-Technica AT-LP120X може да го најдеш околу 300 евра, има вграден phono preamp. Јас го имам AT-LP60X и звучат одлично плочите.
Audio-Technica AT-LP120X има проблеми со anti-skating.
Не знам што треба да поседува грамофонот. Или со други зборови треба да содржи сè што е потребно за само да се поврзи со активни звучници и да нема потреба од други додатни уреди.

Дали овој RELOOP RP-2000 е такво решение?
За кои активни звучници се работи? Постојат модели што имаат вградено phono preamp, како на пример Klipsch, Edifier, КEF, Kanto...
Или пак се работи за активни монитори?

Edit: Не бев сигурен па морав да проверам, Sony PSLX310BT има вградено preamp, плус има и BT. Единствен проблем е што нема Exchangeable Head Shell
за да може да му се стави некој посаглам кетриџ, мора стрикно наменски Sony. Ама затоа цената му е 13К во Галерија. За разликата во цена можеш да докупиш и некои BT слушалки.

P.S. Да не беше лимитиран буџетот, моја прва препорака ќе беше Rega Planar 1, во Аудиокултура го има по цена од 24.700 денари.
 
Последна промена:

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.621
19.361
за само да се поврзи со активни звучници и
Секој (вистински) грамофон мора да биде поврзан на тн. phono секција од појачалото затоа што за разлика од другите линиски компоненти дава преслаб сигнал.

Затоа твојата замисла нема да испадне во пракса. Освен, како што ти кажаа погоре, да набавиш посебно претпојачало па да ти испадне arm and leg.

Ова би било layman terms објаснување.
 
Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.968
6.066
Skopje
Секој (вистински) грамофон мора да биде поврзан на тн. phono секција од појачалото затоа што за разлика од другите линиски компоненти дава преслаб сигнал.

Затоа твојата замисла нема да испадне во пракса. Освен, како што ти кажаа погоре, да набавиш посебно претпојачало па да ти испадне arm and leg.

Ова би било layman terms објаснување.
Затоа пишав да каже за кои звучници се работи. Ако се класични активни монитори, секако ќе му треба. Настрана фактот дека со нив звукот ќе му биде flat.
 
Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.959
4.169
Audio-Technica AT-LP120X може да го најдеш околу 300 евра, има вграден phono preamp. Јас го имам AT-LP60X и звучат одлично плочите.
Најмногу ми одговара нешто вакво. Од каде го набави, дали е некаде достапен по таа цена?

Audio-Technica AT-LP120X има проблеми со anti-skating.

За кои активни звучници се работи? Постојат модели што имаат вградено phono preamp, како на пример Klipsch, Edifier, КEF, Kanto...
Или пак се работи за активни монитори?

Edit: Не бев сигурен па морав да проверам, Sony PSLX310BT има вградено preamp, плус има и BT. Единствен проблем е што нема Exchangeable Head Shell
за да може да му се стави некој посаглам кетриџ, мора стрикно наменски Sony. Ама затоа цената му е 13К во Галерија. За разликата во цена можеш да докупиш и некои BT слушалки.
Се работи за Mackei CR4 звучници.

Како се одразува anti-skating во секојдневна употреба?

Предлогот Sony PSLX310BT, штo e тоа Exchangable Head Shell , на колку време се менува и која му е цената? Дали Audio-Technica AT-LP120X има EHS?
Мислењето е автоматски споено:

Секој (вистински) грамофон мора да биде поврзан на тн. phono секција од појачалото затоа што за разлика од другите линиски компоненти дава преслаб сигнал.

Затоа твојата замисла нема да испадне во пракса. Освен, како што ти кажаа погоре, да набавиш посебно претпојачало па да ти испадне arm and leg.

Ова би било layman terms објаснување.
Затоа барам решение со сите вградени неопходни реквизити. Што мислиш за предложените комплетни решенија - Sony PSLX310BT и Audio-Technica AT-LP120X ?
 
Последна промена:

InSides

lurker
21 февруари 2009
779
2.090
Најмногу ми одговара нешто вакво. Од каде го набави, дали е некаде достапен по таа цена?

Тие модели на Аудио Техника се клонови на Technics SL-1200, и наменети се за "DJ" употреба. За твоите опишани потреби би ги заобиколил во широк лак, затоа што вклучуваат неколку непотребни елементи.

Дополнително, речиси невозможно е да го најдеш локално за зададениот буџет.

Како се одразува anti-skating во секојдневна употреба?

Анти-скејтинг (или компензатор на сила на лизгање) е механизам кој ја намалува, или елиминира, силата на лизгање. Силата на лизгање е резултат на специфичната геометрија на грамофонската рачка, претежно е видлива на класични грамофонски рачки, и е вектор насочен кон центарот на ротација на плочата.

Ако не работи анти-скејтинг механизмот (или не постои), потенцијално се јавуваат овие проблеми (наредени од помалку кон повеќе страшен):
  1. Различно ниво на сигнал на двата канали (поради нееднакво отчитување на микробраздата);
  2. Зголемено трошење на иглата на едната страна;
  3. Неповратно оштетување на плочите на едната половина од микробраздата.
Во пракса, убаво е да види дизајнер кој мислел на скејтинг компензација, затоа што покажува дека знае што прави.

Предлогот Sony PSLX310BT, штo e тоа Exchangable Head Shell , на колку време се менува и која му е цената? Дали Audio-Technica AT-LP120X има EHS?

Грамофоните наменети за професионална употреба (вистинска професионална, во медиуми и клубови, а не "професионална" како маркетинг елемент) имаат рачки со четири пински EIA приклучок (Ortofon / SME стандард) кој овозможува лесно да се менуваат кертриџи за да не биде надвор од употреба грамофонот повеќе од 30 секунди.

Не ти треба.

Sony PSLX310BT е одличен предлог. Интегриран, комплетен, длабоко во буџет. Нема одстранлив хедшел, ама затоа користи стандарден кертриџ од Audio Technica (бројот на моделот на заменската игла кај Audio Technica е ATN-3600LX, а кај Sony е 9-301-000-82), со лесно и ефтино достапни заменски игли. Не ти треба хедшел - само иглата се отстранува.

Иглата можеш да ја нарачаш преку сервисот, и чини околу 3,000 денари (мислам). Алтернативно, можеш да нарачаш од било кој дилер на Audio Technica, како на пример:

Со нормална употреба, треба да извадиш помеѓу 1,000 и 2,000 работни часови со таа игла. Да слушаш 3 часа секој ден, тоа се речиси две години.

Ако не ти се допаѓа Sony, од било која причина, во Аудио Центар имаш:
  1. Pro-Ject Elemental OM5 (со малку радикален изглед и без капак), за 12,990 денари; или,
  2. Pro-Ject Primary E (со стандарден изглед и капак), за 15,990 денари.
На еден од тие грамофони треба да додадеш и грамофонски предзасилувач, како овој:
  1. Pro-Ject Phono Box, за 5,990 денари.
Обата грамофони доаѓаат со Ortofon OM5, кој има достапни и ефтини заменски игли.

Што ќе рече, целиот систем (грамофон) ќе те чини 18,980 за првата комбинација или 21,980 за втората комбинација, по што можеш директно во мониторите.

За твоите потреби, јас би го земал моделот од Sony.
 
Ти благодарам многу за деталното објаснување!(y) И ако не грешам, вие изработувате квалитетни грамофони, нели? Еден ден ќе разговараме и за нив

giphy.gif

Најверојатно ќе биде Sony-то. Им благодарам на сите кои исто така помогнаа со предлози и се обидоа да ми помогнат. Koј дојде во Охрид после празникот ќе искористи бонус :coffee:

Едит: нарачано. Ми дадоа и додатен попуст некој (кафето од Сони било рекоа). :)
 
Последна промена:

Ficho

hello world
9 јули 2015
391
285
Скопје
Ти благодарам многу за деталното објаснување!(y)

Погледнете го атачментот 112606

Најверојатно ќе биде Sony-то. Им благодарам на сите кои исто така помогнаа со предлози и се обидоа да ми помогнат. Koј дојде во Охрид после празникот ќе искористи бонус :coffee:
Јас го земав истиот од член на форумов. Супер си брка работа за парите. Мислам дека одличен поклон ќе бидне. Поздрав
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.621
19.361
Филмој, филмој со антискејтингов. Страшно нешто..

А никој не спомнува дека плочите веќе се снимени со антискејтинг техника. Барем 90% од новите и 100% од старите

Антискејтинг немаа(т) ни некој од најпрочуените грамофони и рачки.
Се штелува еднаш и толку.
 
InSides

lurker
21 февруари 2009
779
2.090
А никој не спомнува дека плочите веќе се снимени со антискејтинг техника.

Ова ми е нова информација. Може малку појаснување?
Мислењето е автоматски споено:

Едит: нарачано. Ми дадоа и додатен попуст некој (кафето од Сони било рекоа). :)

Со здравје да се слуша! :)
 
Последна промена:

Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Филмој, филмој со антискејтингов. Страшно нешто..
...
Антискејтинг немаа(т) ни некој од најпрочуените грамофони и рачки.
Се штелува еднаш и толку.
Не е страшно, антискејтингот сепак e корисна работа - го намалува несиметричното трошење на браздите на грамофонската плоча и на иглата и ја симетрира расположливата модулација.
Точно е тоа дека некои (ретки) рачки немаат антискејтинг, но тие обично се од uni-pivot вид. Ама затоа повеќето други рачки имаат антискејтинг.
Исто како и штелувањето на „тежината на иглата“ (tracking force), такa и штелувањето на антискејтингот се прави само еднаш - и толку.

А никој не спомнува дека плочите веќе се снимени со антискејтинг техника. Барем 90% од новите и 100% од старите

Такво нешто не постои.
Ако мислиш на тангенцијалната рачка со која се режат плочите, тоа нема никакво влијание на репродукцијата - кадешто скејтинг појавата е неизбежна кај шестарските рачки. Но затоа кај грамофонските тангенцијални рачки нема појава на скејтинг, па не им ни треба антискејтинг компензација.
 
Последна промена:

Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.959
4.169
20220502_175457.jpg
Земен и ставен во употреба (pardon the milence). Благодарам на тие што помогнаа.

Последно прашање - при купување онлајн, Сони Галерија не ми доставија ниту фактура, ниту сметкопотврда, ниту фискална, ниту гаранција. За гаранција знам дека следува со производот, но дали ќе ми дадат фиснална или нешто друго - тоа не знам. Ако има некој искуство со онлајн нарачки од кај нив нека сподели.
 
SimeonS

read-only
4 февруари 2017
49
18
Да се надоврзам на темата, сакам да купам грамофон но ми треба мислење од некој поискусен. Го гледав овој грамофон, би го користел низ дома чат-пат па дали е океј овој или имате предлог за некој друг(буџетот е околу 200е)?
 
Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.968
6.066
Skopje
Да се надоврзам на темата, сакам да купам грамофон но ми треба мислење од некој поискусен. Го гледав овој грамофон, би го користел низ дома чат-пат па дали е океј овој или имате предлог за некој друг(буџетот е околу 200е)?
JOOOOOOK!

Грамофоните од овој вид се далеку од квалитетни, сите имаат ист пластичен механизам од Алиекпрес. Најдобар за парите беше Сонито што го купи членот од темава. Ама и него го покачиле, околу 16К е сега.

Гледај грамофонот да нема од тие црвените кинески глави/игли. Како и да е, за пристоен звук најефтино што ќе поминеш е околу 250 евра. Зголеми го буџетот малку, не брзај и земи си или Sony (PS-LX310), Audiotehnika (AT-LP60) или некој ентри модел на Pro-Ject нив ги има во Болин, ама нешто страната не им е во функција.

За аудиофилски грамофони има други покомпетенти членови што можат да ти дадат совет (впрочем, прочитај ја темава внимателно, не ти треба повеќе)
 
Последна промена:

VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.034
1.845
Скопје
Да се надоврзам на темата, сакам да купам грамофон но ми треба мислење од некој поискусен. Го гледав овој грамофон, би го користел низ дома чат-пат па дали е океј овој или имате предлог за некој друг(буџетот е околу 200е)?
истиот од погоре би бил препорака PSLX310BT - Galerija :) разлика од тој што го гледаш е голема .. декември Сони исто најчесто пушта попусти па би дошол поблиску до твојот буџет.
 
Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.968
6.066
Skopje
истиот од погоре би бил препорака PSLX310BT - Galerija :) разлика од тој што го гледаш е голема .. декември Сони исто најчесто пушта попусти па би дошол поблиску до твојот буџет.
Тешко дека ќе го намалат толку, можеби едно 1000-1500 денари.
 
SimeonS

read-only
4 февруари 2017
49
18
А дали овие грамофони што ги спомнавте ги поддржуваат малите плочи за кои претпоставувам треба некој адаптер за да се постават во лежиштето?
 
Последна промена:

VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.034
1.845
Скопје
А дали овие грамофони што ги спомнавте ги поддржуваат малите плочи за кои претпоставувам треба некој адаптер за да се постават во лежиштето?
да со сони то (и најчесто сите) си иде комплет пластично адаптерче за таа намена, исто и промена на брзина (33/45 ротации во минута) (си пишува на плочите, треба да подесиш соодветно на грамафонот)
 
dddragan

hello world
12 август 2014
438
599
Да проверам дали Сони-то е сеуште best buy и во 2025. :D

Го заглеав и Rega Planar 1 што го линкнаа погоре, ми фати око. Имате некој друг предлог? Немам буџет фиксен, ама не планирам кузнај колку пари да фрлам. Не сум аудиофил, сакам само да слушам музика со пристоен квалитет.

Немам звучници, цел сетап од 0 го правам, ако мења нешто информацијата
 
neraaa

read-only
17 јануари 2014
27
29
Јас имам Аudio Тechnica AT-LP120 i AT-LP140 и би ги препорачал и двата доколку не си аудиофил. Ги имам околу 3 години (LP120-ката ~2 години) и до сега не сум имал никаков проблем. Вртат по неколку часа неделно и досега имам сменето само неколку кертриџи Ortofon MKII. На нив имам поврзано активни монитор звучници со 2-канална миксета и сум презадоволен.
Цената за грамофоните е од 350 докај 500 евра од грамофон, зависи од моделот 120/140 бел/црн, продавницата итн. За 140-ката ти треба предпојачало (preamp), цена од 100 евра па нагоре, јас го користам Audio Technica AT-PEQ30. За звучници секој со своите потреби. На мене активни звучници ми се доволни за домашна употреба, а ако сакаш нешто појако бапни си појачало со поквалитетни звучници. Ја ги земав од ЗЕЦ околу 150 евра.

Реално може да поминеш и поефтино со моделите на Sony или Reloop ама немам искуство со нив.
П.С. Што и да земеш сега во овој ценовен ранг е многу поетфино во споредба со тоа што те чека после. :)
 
Ради тоа после што ме чека ме фаќа малце страв сега колку пари ќе дадам хахах

140ката мноогу добро изглеа, ама се мислам сеа overkill да не е малце. Дали да идам со 120ката пример или тие другите што се спомнаа. Ќе преспијам уште еднаш, ќе видам. :D

Што звучници имаш ако не е тајна?
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно