Користите застарен прелистувач. Тој можеби не ја прикажува оваа или други интернет страници како што треба. Би требало да го надградите или да користите алтернативен прелистувач.
Што последно сте надградиле на вашиот компјутер (компонети за компјутер ONLY!)
Нови компоненти со кои што го надградив компјутерот.
1. Привремено куќиште, евтино, али врши доста добра работа и има добар проток на воздух: SAMA Inpower Black Gold 5 v2 - 1 690 денари. 2. Матична плоча: Aorus B450 Pro - 7 375 денари.
3. Процесор: Ryzen 7 2700x - 10 965 денари.
4. Привремено 16GB единечна плочка рам меморија, во план да земам уште една 16GB за да работи во dual channel: Kingston HyperX Fury CL15 HX430C15FB3/16 - 4 890 денари.
5. Напојување: Sharkoon SilentStorm Icewind Black 80 Bronze Plus 750W - 5 590 денари.
6. Издувен вентилатор: Deepcool CF120 - 1 150 денари.
7. Додадена WS2812B RGB лента на долната, горната и предната внатрешна страна на куќиштето. Нарачана од Алиекспрес, едно метро - 1,42 долари.
Маусот го користам веќе 2 недели, доста солиден и комфорен е, мислам дека за цената и нема покомфорно глувче. Единствен проблем е што менување на DPI е глупо решено(клик на macro копче, па скролање надолу), а и софтверот е катастрофален. Претходно имав Corsair Harpoon маус, но го средив кликот (читај се зафркна свичот под кликот) и го фрлив зашто цело време 2 пати кликаше или не кликаше уопште.
Во споредба со харпунот, ова е покомфорно и потешко глувче, но затоа пак софтверот му е катастрофа во споредба со iCue на Corsair,, и стварно е непотребен освен првично сетирање на нивоа на DPI. Скролот и на двата е солиден не можам да се пожалам.
Околу пастата првично имав намера да ја земам CM Mastergel Maker, но стандард на Сетек страницата пишуваше дека ја има во Куманово а испадна дека не е така, па оваа беше најдобрата достапна.
Според спецификациите и пишувањата на Guru-3D, оваа е доста солидна паста на ниво на Arctic-MX 4. Претходно на графичката имав DeepCool Z5, сега со новата имам 3 степени помалку, односно 64-65 наспроти сегашните 61-62 степени при максимално оптоварување.
Негативна страна на пастата е тоа што е доста вискозна, па ако некој аплицира паста и ја размачкува пред да го врати кулерот, ке му направи проблеми.
Кој е по бројките, оваа има 8 W/m-K термална спроводливост, Z5-ката од DeepCool е околу 4, а најдобрата паста е околу 12,5 (Kryonaut).
Последно сме надоградиле на нашиот компјутер со ова. 5 тисуча од реклама5
Топ состојба, и сменив пастиче и ја подзачистив. Ајдл околу 30вче држи, на фурмарк ~30 минути дигна до 79 ступњева целзија.
Немав цени па постов иде по втор пат
Конечно апгрејд со нови делови, добри 11 години земав половни делови па редно време беше да се земе и нешто ново. Останаа и половни компоненти ама сеуште доволно добри, графичката XFX RX570 4GB OC, напојувањето Chieftec GPS-600A8 (земени од гојдо пред околу 6 месеци), мониторот Aoc 27V2Q земен пред пола година од Сетек и куќиштето, 13 години стар Delux модел (тешко дека некогаш ќе дадам пари за ново
)
Земени нови од Нексио:
Ryzen 1600AF - 6510ден
MSI B450 Gaming Plus Max - 6970ден
2x8GB DDR4 Ripjaws V F4-3200C16D-16GVGB - 4590ден
Планот беше да се земе поефтина матична и само една плочка рам ама склоп на околности и испадна вака
Конечно ново куќиште одбрано, на крај се одлучив за ова. CoolerMaster MasterBox MB511 заедно со напојување CoolerMaster веќе вградено.
Со попуст во Сетек 5.579ден