Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Сериозни проблеми со Anhoch сервис

NanoCell

hello world
10 октомври 2011
421
524
Почитувани @Anhoch вашите одговори не се поткрепени со никаков доказ, туку барате да ви веруваме на зборот. Ја разбираме зашитата на лични податоци, но можевте да доставите цензурирана верзија на некој документ кој ќе ги поддржеше вашите одговори. Истото го сугерирав на членот @gOJDO во мојот прв коментар.

Вашите одговори не даваат целосна слика за останатите нелогичности и проблеми на конфигурацијата (несоодветна матична и 1 плочка РАМ меморија) кои исто така се показател за нестручност во одреден оддел во вашата компанија. (Проблемот е можен на две места - 1.продажните салони и сугестија од продавачите и 2. сервисерите т.е. луѓето одговорни за склопување на конфигурацијата. Со оглед на вашите пофалби за групата број 2, пологично ми е дека клиентот добил лоша препорака од вашите продавачи).

Сериските броеви оние кои се гледаа потврдуваме дека се тие, не се поклопуваа производите. Од друга страна кога збориме за што е сега доблесно да се направи ќе ја почекаме вашата реакција.
Можеби јас погрешно го сфаќам тоа што се го напишале, но мене ова ми е нелогично. Доколку сериските броеви се точни, но деловите не се тие, тогаш не е исклучена можноста и кулерот да е со тој сериски број и да не се поклопува со кулерот кој тврдите дека е испорачан. Ве молам корегирајте ме доколку мојата логика е погрешна или дообјаснете го овој параграф.

Исто така го коментирате правото на членот да креира тема и да изнесе сопствено мислење со што наштетил на вашиот имиџ. Мора да сфатите дека секој има право да го изнесе своето мислење и да коментира, а правилата за комуникација се јасно дефинирани на форумот. Веродостојноста на темата и коментарите е субјективна за секој кој учествува во конверзацијата и исто така се резултат на реномето на членот на форумот.

Зошто Gojdo ја отвори темата без на пример да прати еден е-маил до корисничка поддршка во Анхоч како жалба или како повик да се произнесеме пред да биде објавено со наслов како критика на векот.

Вашиот став и начин на одговарање е дефанзивен и според мене несоодветен. Не сум сигурен дека контактирањето на мејл би резултирало со различен пристап, бидејќи истите личности од корисничка поддршка би требале да учествуваат при формирање на вашите одговори и на форумот. Голем дел од членовите беа (и сеуште се) неутрални во однос на виновникот во целата ситуација, но мислам дека топката е на вашата половина. Јас очекувам попрецизно и попоткрепено објаснување.

Поздрав со сите членови, тука би застанале на оваа тема, се надеваме дека Gojdo барем ќе ја избрише или исправи темата бидејќи истата не ја отсликува вистината.

Доколку го креиравте акаунтот само да се одбраните на темава тогаш и покрај тоа што МОЖЕБИ не е ваша грешка конкретниот случај (нагласив можеби, поради тоа што го изнесов во првиот параграф на овој одговор), си правите контра услуга. Една од основните поуки и показател за генералното мислење за вашата компанија, треба да ви биде нестручноста на голем дел од кадарот во вашите продажни салони, што го имам искусено лично во неколку наврати. Морате да сфатите дека не се сите ентузијасти како членовите на форумот и самите продавачи имаат огромна одговорност кога препорачуваат производ на некој што не прочитал дополнителни рецензии и не се информирал за производот кој сака да го купи. Во многу наврати сте споменати како една од покоректните компаниите во Македонија, но истото не значи дека треба да се задоволите со македонскиот медиокритет и дека нема огромен простор за подобрување.
 
Jovan2389

lurker
22 април 2013
719
700
Не е битно јас каков доказ барам. Битно е каков доказ Анхоч имаат пред себе. Пред се каков доказ имаат пред себе, а после и пред другите.

Мене ми е сосем јасно, тоа ми е струка. Затоа го поставив прашањето кој е нивниот доказ. Чунки види што пишува:

Они може да се надеваат на чудо, но чуда не постојат.
На кој начин е доволен пост без докази само со тврдења? Они мислат дека прашањата се одговорени но не се.

А зошто да верува? Мислам, веруваш и самиот во тоа? Не знам, само прашувам, може имаш основ да веруваш но не го истакнуваш или па не.

Во случајов јас не завземам страна. Подеднакво не верувам ни на другарот на гојдо ни на анхоч. Како распали @Anhoch на почетокот си реков ова ќе биде интересно, но ништо од тоа, но некако не ми изгледа дека се сигурни што зборуваат (до овој момент секако). Јас мислам дека Анхоч не знае и нема начин да биде сигурен каков кулер ставиле, односно нема начин да знае дали и ставен вистинскиот кулер од нарачката и нема начин да знае дали нарачката, налогот и испратницата се отпосле сменети. Довербата према вработените е во ред, но објективно не проаѓа тврдењето на база на доверба. Истото важи и за гојдо и другар му, ама топката е кај Анхоч :)

Имам уште едно многу незгодно прашање до Анхоч, но мислам да не го поставам јасно зошто е многу чувствително. Чекам прво коментар од нив на моето прашање кое не го одговорија во претходниот пост, но во ред е, знам дека не се доаѓа брзо до одговорот:

@Anhoch немој сега да ме ставате во тој кош на членови кои го менуваат мислењето бидејќи тоа е и навистина така. На стара слава не се живее. Јас во случајов сум ептен објективен. Ме обвинуваа дека премногу сум ве фалел, ако не верувате проверете. Сум се карал и со гојдо на многу теми, и тој ми е другар и вие сте ми другари. Меѓутоа овде сега правиме сериозен муабет, ситуацијата ескалираше. И вие сте премногу храбри и гојдо, ми го разбудивте интересот и кругот мислам дека е време да се затвори :)
Ти можеби знаеш најдобро каква е реакцијата на Гојдо само не сакаш да бидеш искрен за да не те ремети после. Сега сите овде сме со пуканки и чекаме уште 10тина заспани членови со по 2 мислења да ја боцкаат темава.

Можеби темава најдобро ќе послужеше ако колегата фатеше правец право во Анхоч да објаснат и да го решат проблемот и исходот да го напишеше овде.

Нема причина никој да лаже сите се господа со работа и фамилија, а сите знаеме какви бранења и подсмејувања на темата Сетек имаше од страна на истите возрасни.
Темава нема и немаше место поготово вака пласирана,
2cents-Premature.
 
gOJDO

sensei
23 јануари 2008
11.065
19.034
Skopje
www.insomnia.mk
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Motherboard
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&#BGP5555PGBB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Storage
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#G5YY5PB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
PSU
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&GY!^:~7JJJJ??77777??JJY5PGB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
RAM
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#5!: ..:^~~!7??JYYYYJJJJJJYYPG#&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Video card
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&5!. .^!?YPB&&@@@@@@@@@#B#@@@@@@@@@@&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Case
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&P7. :?5G#@@@@@&BGB@@@@@@@@PPP&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Mouse
@@@@@@@@@@@@@@@@@G7:.~. ^5@@@@@@@@&P5P#@@@@@@BPPG@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Keyboard
@@@@@@@@@@@@#&@@@@@@@@@@@@@@&BY7~^^!7YPGBBB#&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Audio
@@@@@@@@@@@@@@#Y~~JG&@#Y^ .7G&@@@@@#PPPGB#BBP5PG&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Monitor
@@@@@@@@@@@@&PJ5#@@@@@@@@BY~. :75B&@@@&BGPPPPGB&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
@Anhoch

Во ред, штом не сакате да испратите по ПП, кажете каде и кога да дојдам и кого да барам за да се уверам. Јас му верувам на колегата, но оставам простор и да е така како што велите. Ако навистина конфигурацијата е испорачана со друг кулер и тоа го пишува на испратницата потпишана од колегата тогаш секако најмалку што должам е јавно да се извинам и да ја поткрепам вашата страна на приказната.

Што се однесува до темата, постирана е овде на it.co.mk бидејќи сум дел од оваа заедница и едноставно сметав дека тоа што го видов заслужи да биде споделено со останатите членови. Ако сакав да наштетам ќе го сторев тоа на многу поинтелегентен начин и ќе спамирав на сите социјални мрежи и форуми.

Што се однесува до соработката, соработувам со компании кои нудат најдобри услови за соработка, а тоа се избор на компоненти и секако, цени по кои истите можам да ги набавам. Не дискриминирам ниту една компанија во интерес на друга, едноставно купувам работи од таму каде имам најповолни цени. Би сакал да соработувам со вас многу повеќе, но за жал цените најчесто ви се многу повисоки од оние на конкуренција. На пример ССД кое вие го нудите со 10% намалување за 7000 денари во исто време во СЕТЕК дилерски е 5500, па на мој пријател и ваш колега му го набавувам од вашата конкуренција.
Друго е изборот на брендови кои ги носите и кои не ми се преференца(на пример преферирам Asus пред Gigabyte и се останато од матични плочи и секогаш кога ќе направам исклучок се покајувам).
Во секој случај, мене хардверот ми е само хоби и она што го правам во моментов е само пополнување на слободно време со активност која ми причинува лично задоволство плус заработувам дополнително од тоа. Но не ми е ниту примарна, ниту секундарна работа, ниту пак ми претставува некакво егзистенционално прашање. Така да ниту некој може да ме натера да клеветам некого, ниту пак некогаш сум клевтел некого за туѓ или свој интерес. Не е моја особина и стил.

Се гледаме кај вас на гости на увид во техничка документација. :)

Поздрав
 
spiritBreaker

LaravelMaster
27 октомври 2015
3.849
5.016
Писти Охту
Не е битно јас каков доказ барам. Битно е каков доказ Анхоч имаат пред себе. Пред се каков доказ имаат пред себе, а после и пред другите.

Мене ми е сосем јасно, тоа ми е струка. Затоа го поставив прашањето кој е нивниот доказ. Чунки види што пишува:

Они може да се надеваат на чудо, но чуда не постојат.
На кој начин е доволен пост без докази само со тврдења? Они мислат дека прашањата се одговорени но не се.

А зошто да верува? Мислам, веруваш и самиот во тоа? Не знам, само прашувам, може имаш основ да веруваш но не го истакнуваш или па не.

Во случајов јас не завземам страна. Подеднакво не верувам ни на другарот на гојдо ни на анхоч. Како распали @Anhoch на почетокот си реков ова ќе биде интересно, но ништо од тоа, но некако не ми изгледа дека се сигурни што зборуваат (до овој момент секако). Јас мислам дека Анхоч не знае и нема начин да биде сигурен каков кулер ставиле, односно нема начин да знае дали и ставен вистинскиот кулер од нарачката и нема начин да знае дали нарачката, налогот и испратницата се отпосле сменети. Довербата према вработените е во ред, но објективно не проаѓа тврдењето на база на доверба. Истото важи и за гојдо и другар му, ама топката е кај Анхоч :)

Имам уште едно многу незгодно прашање до Анхоч, но мислам да не го поставам јасно зошто е многу чувствително. Чекам прво коментар од нив на моето прашање кое не го одговорија во претходниот пост, но во ред е, знам дека не се доаѓа брзо до одговорот:

@Anhoch немој сега да ме ставате во тој кош на членови кои го менуваат мислењето бидејќи тоа е и навистина така. На стара слава не се живее. Јас во случајов сум ептен објективен. Ме обвинуваа дека премногу сум ве фалел, ако не верувате проверете. Сум се карал и со гојдо на многу теми, и тој ми е другар и вие сте ми другари. Меѓутоа овде сега правиме сериозен муабет, ситуацијата ескалираше. И вие сте премногу храбри и гојдо, ми го разбудивте интересот и кругот мислам дека е време да се затвори :)
Не ме сваќај дека те напаѓам или нешто такво слично, далеку од то, земено од искуството шо си го имал досега ме интересираше само на шо поточно мислиш :)
 
esquimaux

lurker
16 јануари 2016
621
1.039
Скопје
Карактерот и однесувањето на гојдо до сега покажале дека е сериозен и човек од збор. Конкретно во ситуацијава никој не може да докаже ништо, а искуството треба да се сподели.

Се слагам и затоа не коментирав за конкретнава ситуација. Чисто само разјаснување за кој и како сноси burden of proof.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.135

Требаше ова да го сториш на поинтелигентен начин, тука се сложуваме. Тоа значи да имаш покритие дека конфигурацијата е примена како што е од Анхоч и не е расклопувана претходно, да ги пишеш точните делови и да дадеш доказ дека сите компоненти и цела конфигурација е од компанијата.

Да беше од СЕТ конфигурацијава, со кои имаш соработка, претпоставувам дека ќе го стореше тоа. Во темата со критики за СЕТ токму ТИ ИМАШЕ ПРОБЛЕМ со приказни на членови (@ARMac ) и тебе ти даваат докази за што и како се случило, а кога станува збор за обратна ситуација каде што приказната не ја ни кажуваш ти, него другар ти - оправдувањето ти е „му верувам на другар ми, он при селење ја изгубил документацијата“.

Од друга страна, темата за СЕТ се затвори, а оваа за Анхоч стои - така да иако не го оправдувам, не ме чуди напизденото однесување на @Anhoch профилот на форумов.

П.с. Ако разврската оди позади затворени врати, очекувам дека и двете страни ќе имаат доблест и да пишат што се случило на крај.
 
Tajson

lurker
25 февруари 2016
655
864
@Anhoch

Во ред, штом не сакате да испратите по ПП, кажете каде и кога да дојдам и кого да барам за да се уверам. Јас му верувам на колегата, но оставам простор и да е така како што велите. Ако навистина конфигурацијата е испорачана со друг кулер и тоа го пишува на испратницата потпишана од колегата тогаш секако најмалку што должам е јавно да се извинам и да ја поткрепам вашата страна на приказната.

Што се однесува до темата, постирана е овде на it.co.mk бидејќи сум дел од оваа заедница и едноставно сметав дека тоа што го видов заслужи да биде споделено со останатите членови. Ако сакав да наштетам ќе го сторев тоа на многу поинтелегентен начин и ќе спамирав на сите социјални мрежи и форуми.

Што се однесува до соработката, соработувам со компании кои нудат најдобри услови за соработка, а тоа се избор на компоненти и секако, цени по кои истите можам да ги набавам. Не дискриминирам ниту една компанија во интерес на друга, едноставно купувам работи од таму каде имам најповолни цени. Би сакал да соработувам со вас многу повеќе, но за жал цените најчесто ви се многу повисоки од оние на конкуренција. На пример ССД кое вие го нудите со 10% намалување за 7000 денари во исто време во СЕТЕК дилерски е 5500, па на мој пријател и ваш колега му го набавувам од вашата конкуренција.
Друго е изборот на брендови кои ги носите и кои не ми се преференца(на пример преферирам Asus пред Gigabyte и се останато од матични плочи и секогаш кога ќе направам исклучок се покајувам).
Во секој случај, мене хардверот ми е само хоби и она што го правам во моментов е само пополнување на слободно време со активност која ми причинува лично задоволство плус заработувам дополнително од тоа. Но не ми е ниту примарна, ниту секундарна работа, ниту пак ми претставува некакво егзистенционално прашање. Така да ниту некој може да ме натера да клеветам некого, ниту пак некогаш сум клевтел некого за туѓ или свој интерес. Не е моја особина и стил.

Се гледаме кај вас на гости на увид во техничка документација. :)

Поздрав
Каква реклама на Анхоч направивте, а ИТ.МК не зема ни денарче ;)
 
elrusius

read-only
26 декември 2014
31
59
Купувачот нем обврска да чува документација во архива, продавачот има

Реално, купувачот нема законска обврска да ги чува документите, но без печатена гаранција и приложената фискална/фактура продавачот законски ти ја одбива гаранцијата (ако немаш врски).
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.223
16.377
Не ме сваќај дека те напаѓам или нешто такво слично, далеку од то, земено од искуството шо си го имал досега ме интересираше само на шо поточно мислиш :)
Јас апсолутно сфаќам што ме прашуваш и јас знам да ти одговорам. Знаеш дека тоа ми е струка, се занимавам со дизајн на бизниси, ревизии, имплементација на стандарди. Во општо не го сфаќам тоа како напад пошто знам дека сакаш да знаеш. :) ќе објаснам понатаму, stay tuned. Чекам другариве од Анхоч што ќе искоментираат.

Реално, купувачот нема законска обврска да ги чува документите, но без печатена гаранција и приложената фискална/фактура продавачот законски ти ја одбива гаранцијата (ако немаш врски).

Во право си, ама овде не станува збор за гаранција, истата е истечена. Фирмата има обврска да ги чува документите 5 до 10 години зависи од типот на документацијата. :)
 
elrusius

read-only
26 декември 2014
31
59
Во право си, ама овде не станува збор за гаранција, истата е истечена. Фирмата има обврска да ги чува документите 5 до 10 години зависи од типот на документацијата.

Така е. Ама бидејќи Гојдо не поднел доказ дека токму тој кулер е монтиран во Анхоч, сигурно нема да копаат во архивата за да најдат една испратница. :)
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.223
16.377
Така е. Ама бидејќи Гојдо не поднел доказ дека токму тој кулер е монтиран во Анхоч, сигурно нема да копаат во архивата за да најдат една испратница. :)

Ако го погледнеме редот на нештата, другар му на гојдо и гојдо може се клошари, тешки пијандури и растурикуќи и за тоа никого не му е гајле, нема случајот некоја тежина. Замисли Анхоч, фирма контендер за најдобра во македонија да не може да најде испратница во рок од седум секунди..... а има обврска тоа да го може :) ... а замисли да има испратница ама да нема доверба во самата испратница.... зошто, на пример да речеме дека, немало излез, морало да с еменуваат испратници, за да се пополни вишок или кусок на попис. Мноооогу фирми го прават тоа. Мнооооогу. Скоро сите мои клиенти некогаш тоа го правеле :)

Не тврдам дека и Анхоч тоа го прават или правеле. Само ти велам замисли, како тема за размислување :)
 
elrusius

read-only
26 декември 2014
31
59
а замисли да има испратница ама да нема доверба во самата испратница.... зошто, на пример да речеме дека, немало излез, морало да с еменуваат испратници, за да се пополни вишок или кусок на попис.

Абе се може да се замисли, се е можно, ама јас сепак мислам дека едноставно не се умараат да брцаат во архива поготово кога за тоа нема никакво законско побарување. По закон мислам дека само некоја си инспекција смее да побара документи од трети лица или, најверојатно, самото лице. Они си провериле во систем и (ако имаат доверба во системот) си имаат чиста совест. Доколку гојдо со колегата отидат лично да ги бараат документите, по некоја логика, фирмата би имала обврска да им ги презентира. :)
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.612
8.257
Мелмак
ПР пристапот на фирмиве е катастрофа значи.

„Дали мислите дека може да се потпрете повеќе на некој сајт за рецензии каде добиваат едно одбрано напојување и го тестираат претежно помалку од 2 дена отколку на компанија која продава стотици и го гледа резултатот после месеци на користење ?“

Да. JonnyGury и останати. Исто компании кои продаваат илјадници (amazon, newegg) каде резултатите се гледаат во рецензиите од корисници. На ривју од Анхоч не би се потпрел моментално па ако сака нека е и со златни букви. Пошо македонска фирма се шо има на лагер ќе го пофали, дур не почне да користи некој друг бренд во тој ценовен ранг па да каже дека тој бренд е подобар.

А да не збориме дека Хантол, Матрикс и останати рандом брендови шо не ни треба да ги има никој на залиха поради тоа шо се fire hazard сепак се продаваат кај нас.
 
9 јуни 2015
1.390
2.210

Се заклаа самите во 2-3 реченици
 
gOJDO

sensei
23 јануари 2008
11.065
19.034
Skopje
www.insomnia.mk
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Motherboard
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&#BGP5555PGBB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Storage
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#G5YY5PB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
PSU
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&GY!^:~7JJJJ??77777??JJY5PGB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
RAM
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#5!: ..:^~~!7??JYYYYJJJJJJYYPG#&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Video card
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&5!. .^!?YPB&&@@@@@@@@@#B#@@@@@@@@@@&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Case
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&P7. :?5G#@@@@@&BGB@@@@@@@@PPP&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Mouse
@@@@@@@@@@@@@@@@@G7:.~. ^5@@@@@@@@&P5P#@@@@@@BPPG@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Keyboard
@@@@@@@@@@@@#&@@@@@@@@@@@@@@&BY7~^^!7YPGBBB#&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Audio
@@@@@@@@@@@@@@#Y~~JG&@#Y^ .7G&@@@@@#PPPGB#BBP5PG&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Monitor
@@@@@@@@@@@@&PJ5#@@@@@@@@BY~. :75B&@@@&BGPPPPGB&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
И уште нешто, во интерес на правадината и по посочување од @Anhoch, а се со цел да се ублажи евентуалното нарушување на нивниот рејтинг, дури не сум направам увид во документација, молам некој модератор да го смени насловот на темава во „Сериозни проблеми со Anhoch сервис“. Благодарам
 
6 ноември 2012
2.082
2.250
Скопје
-={K-O-R-U-N}=-'s setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 3700x / AMD Wraith Prism Cooler
Motherboard
ASUS ROG STRIXX B450-F
Storage
Kingston KC2000 NVMe PCIe SSD
PSU
Corsair HX1000 (full modular)
RAM
4 x 8gb G-SKILL Sniper X 3200Mhz
Video card
Gainward RTX 3090 Phoenix
Case
Lian-Li Lancool 215
Mouse
Razer Deathadder v2 X Hyperspeed
Keyboard
GMK67 Custom build
Audio
Asus ROG Delta Core \ HyperX USB Amp
Monitor
Samsung Odyssey G7 32" QHD 240Hz \ BenQ PD3200Q 32" QHD
OS
Windows 11 Pro
Plot twist: Колегата на gOJDO е (бивш) вработен во СЕТ (или друга конкурентна фирма).

Инаку, покрај целава тема, @Anhoch заслужуваат додатна почит затоа што барем се потрудија ОФИЦИЈАЛНО да се појават на форумов конкретно за проблематикава. Се надевам дека и понатаму ќе се тука меѓу „обичните смртници“. Пример, да си имаат своја (официјална, од нив поддржана) тема/подфорум од која би профитирале и форумов а и Анхоч со тоа што би биле поблиску до потенцијалните купувачи со пофалби, критики, пакети, попусти, најави и слично. Не начекав друга фирма официјално да се претстави тука.

Памтам од СЕТ улета една тетка како нинџа од предна врата на cs_assault, ама не се прави тоа така.
 
DonFrozex

user
9 јуни 2011
1.425
1.653
giphy.gif

p.s. Може да добиеме TL;DR верзија на крај кога ќе се заврши ова?:D
 
9 јуни 2015
1.390
2.210
Скопје
Plot twist: Колегата на gOJDO е (бивш) вработен во СЕТ (или друга конкурентна фирма).

Инаку, покрај целава тема, @Anhoch заслужуваат додатна почит затоа што барем се потрудија ОФИЦИЈАЛНО да се појават на форумов конкретно за проблематикава. Се надевам дека и понатаму ќе се тука меѓу „обичните смртници“. Пример, да си имаат своја (официјална, од нив поддржана) тема/подфорум од која би профитирале и форумов а и Анхоч со тоа што би биле поблиску до потенцијалните купувачи со пофалби, критики, пакети, попусти, најави и слично. Не начекав друга фирма официјално да се претстави тука.

Памтам од СЕТ улета една тетка како нинџа од предна врата на cs_assault, ама не се прави тоа така.

Зошто заслужуваат почит? Пробуваат да си го спасат газот што е логичната работа што било кој треба да ја направи
 
puscyfer

hello world
10 декември 2010
67
163
Да споделам и мое искуство со Анхоч, а воедно и да приберам некое лајкче за отклучување на фамозната ви можност за огласување.

Лани (од дотичната фирма) со пусти мерак си нарачав едно пристојно машинче за рендерирање. Замолив нарачаниот Ryzen 7 1700x да биде упарен со соодветна матична, со соодветно ладење, куќиште и напојување. Јас како клиент имав право (но се покажа како лош потег) да се ослонам на нивниот експертски тим во изборот на соодветниве елементи за мојот рајзен да "спие".

И океј, го добив машинчето, нивниот избор беше Deepcool Kendomen ATX Case со 5 вентилатори (некои 3000 денари), AIO водено ладење Deepcool Captain 240EX i матична плоча Gigabyte Gaming 3 со b350 чипсет (околу 6500 денари). Лаичкиот пристап и пустиот ми мерак ме натера да изумам на некои многу-очигледни проблеми. Каде ми се побогу кутиите, каблите, додатните елементи кои идат со секој купен дел.

Дури после пар месеци се запрашав... чекај малку... каде ми се 2та горни вентилатори од куќиштето кои беа заменети со радијатор и 2 вентилатори од воденото ладење. Јасно е каде се...кај нив во фиока, заедно со сите кабли од напојувањето (b700H gigabyte). Крајно непрофесионално...borderline кражба.

И тогаш почнаа реалните проблеми. Креш еднаш во два дена (кога рендерираш цел ден тоа и баш не е опција)... чудни моменти на нестабилност и успорување по некое време користење под висок load. Ова не беа работи кои би се пронашле при тестирање, не беа конкретни проблеми кои во одреден момент се случуваа. Се беше тотално рендом, креш еднаш дневно...еднаш во 3 дена... чудни засецкувања и успорувања во скролинг, во дрег енд дроп...
Мењај биос, мењај драјвери, форматирај...чуда ... ништо не помогна. Ама упорен бев, најдов нешто што делуваше како извор на сите проблеми. ВРМ-то на плочата (голо врм, без никаков хитсинк) кое го напојува процесорот идеше преку 110/120 целзиусови. Тоа не ми личи на нормална работна температура. Понатамошни консултации потврдија дека 1700x едноставно не се прикачува на таква плоча освен ако немаш лични проблеми со купувачот, не ти опцул се по список па пробуваш да му пуштиш една ВРМ клетва па нека пати копилето...

Се јавив во анхоч. Од крајно непрофесионалниот и дрзок сервисер добив одговор: "Не е наш проблем ако тебе не те бендисуваат перформансите". Одржав некаква стабилност и со нешто повишен тон пробав да извојувам победа за купувачот...знаеш...за сиротиот плебс кој со судни маки прибирал пари за конфигурацијава и не очекувал така петпарачки да го одјебат. Па и преку фирма која им земала десетици конфигурации пробав да ургирам...ма какви бре. Молев да сфатат дека на било кој дел температура од 120 целзиусови НЕ МОЖЕ ДА Е РАБОТНА ТЕМПЕРАТУРА.

И ми дојде преко тасета. Плочата ја фрлив, си купив x370ка со шитлоуд на врм редици (анхоч не сакаа ниту да помислат да ми излезат во пресрет, а сакав да доплатам и од кај нив да испазарам што и да нудеа). Со новата плоча проблеми нема, конфигурацијата е тип топ. Од анхоч ке пазарам секако. Усб стикови и мемориски картички. Ваљда нема да ми го збиберат и за тоа.
 
Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.959
4.169
ПР пристапот на фирмиве е катастрофа значи.

„Дали мислите дека може да се потпрете повеќе на некој сајт за рецензии каде добиваат едно одбрано напојување и го тестираат претежно помалку од 2 дена отколку на компанија која продава стотици и го гледа резултатот после месеци на користење ?“

Да. JonnyGury и останати. Исто компании кои продаваат илјадници (amazon, newegg) каде резултатите се гледаат во рецензиите од корисници. На ривју од Анхоч не би се потпрел моментално па ако сака нека е и со златни букви. Пошо македонска фирма се шо има на лагер ќе го пофали, дур не почне да користи некој друг бренд во тој ценовен ранг па да каже дека тој бренд е подобар.

А да не збориме дека Хантол, Матрикс и останати рандом брендови шо не ни треба да ги има никој на залиха поради тоа шо се fire hazard сепак се продаваат кај нас.

Не е точно дека JohnyGuru е во позиција да даде поточна информација околу фактичката издржливост на одреден модел на напојување отколку некој кој го продава тој конкретен модел и има точен увид колку единици се вратени на сервис во гарантен рок.

Не се залетувајте со критики за се и сешто, бидете концизни и прецизни што точно не е во ред во нивната услуга. Кредибилитетот на вашите обвинувања драстично опаѓа после вакви коментари, бидејќи делуваат незрело. Коментарите на newegg/amazon можат да бидат фабрикувани. Интерната статистика која ја води една компанија е поточна од сите можни јавно достапни статистики бидејќи се одразува директно на профитот и идните бизнис/инвестициски планови. Кај јавно достапните информации самото фабрикување носи профит на нарачателите. ЏониГуру може да прави тест на еден единствен примерок и да каже дека тој примерок, теоретски, задоволува 10 од 10 значајни карактеристики. Ама ради X причини да има грешка во дизајнот кој е нов и е незабележан претходно. Па така тој одреден модел да се покаже како промашена серија и да го средат во нова ревизија. Немојте да мислите дека инженерингот во денешно време се прави под конец и не се остава ништо на случајноста. Па ни самите производители не сакаат ултра квалитетен производ кој ќе предизвика намалена потрошувачка. Идеален инженеринг во 21-ви век значи рок на траење до крајот на гарантниот рок. Се што е над тоа е заради веројатност и среќа. Под тоа е на штета на компанијата, бидејќи треба да го сервисира бесплатно. Таков идеален инженеринг не постои, но се цели кон него, бидејќи капитализмот го налага тоа.

Да резимирам - Анхоч, интерно, најдобро знае кое напојување колку е квалитетно, гледајќи од аспект на издржливост, не на компоненти кои се вградени во него. Всушност, по тоа се ориентираме и ние кога купуваме, само што за нас бидејќи се недостапни тие интерни статистики, се базираме на јавни податоци, а тие најчесто ни се сервираат под нос. Тие јавно достапни информации секако дека ќе бидат низ призма на профит, па така ќе ни се продаваат супер скапи компоненти со изговор дека тие се трајни, на хартија, заради квалитетот на одделните компоненти вградени. Во пракса - никој не дава интерна доверлива информација која е единствена која би ни била од корист.

Со ова не го бранам изборот на Гембирд напојување. НО, не верувам ни дека Анхоч сакаат да си направат штета себеси. Во најлош случај за нив, изборот на тоа напојување е направен од незнаење на одреден вработен, со тоа е фирмата доведена до ризик да загуби на углед, што уверен сум дека не им е од интерес на долгорочен план. Во најдобар случај, тие имаат одлична маржа на Гембирд, сигурни се во неговата изржливост бидејќи имаат продадено 1000 такви и многу ретко им се рекламира и враќа во сервис. Тоа ќе значи дека постои напојување кое е доволно добро да истера 3 години (или колку и да е под гаранција). Заборавете на компјутер кој ќе го користите 10 години и после 10 само прашина ќе зачистите и тоа ќе функционира. Новиве делови, како што споменав, се подложни на инженеринг кој се темели на капиталистичкиот систем - континуирана потрошувачка е неопходна. Беше и од поодамна, но инженерингот не беше на она ниво на кое е денес, кога за секој материјал може да се направи симулација колку време под кое оптеретување, температура и останати услови може да изржи, физички.

@Anhoch во случајов треба да ја прими критиката како добронамерна. Може да се вклучи на форумот со спонзорирање на рецензии на нивни производи. Може да даде попуст за членовите. Може да ангажира некои од членовите доколку смета дека има потреба. Да ги прифати критиките. Да имплементира ИСО систем на целосна контрола од отворање налог до испорака, а исто така и на вршење на сервис и замена на делови. ИСО системот е замислен токму за ваква намена - доколку имаа ИСО и сега пратеа еден скриншот од нивниот интерен систем на контрола на системот за контрола на квалитет на услугите, и ако тој ИСО им беше обновен, немаше да има потреба од никакви други докази. ИСО значи 100% загарантиран секогаш идентичен и дефиниран начин на функционирање на сите нивоа без отстапки.
 
Затоа ги спомнав и Амазон и останати продавници и сервиси со кориснички рецензии (кои најчесто вклучуваат колку долго преживеало некое нешто кај нив) кои имаат информации од десеттици илјади корисници наспроти стотиците на Анхоч.

Второ, коа веќе технички точен сакаш да си, Анхоч не знае колку и како корисниците ги користат компјутериве. Можда 90% од времето се изгасени и најчесто во најголем дел од конфигурациите е и така - па ако некое напојување треба да истрае 3 години гарантен рок, можда нема ни 4 месеци употреба да види во тие 3 години, а после ако откаже вон гарантен рок Анхоч ниту има податок ниту им е гајле.

Ако сакаш реални податоци - читај од корисници. А ако сакаш рецензија за квалитет читај реномирани рецензери кои цел свет ги почитува.

И у обете овие категории Анхоч е никој и ништо и нивниот sample size е занемарлив.

За напојувања барем сум еден од поинформираните на форумов, и ти викам за Гембирд напојувањава не можеш ни OEM ни ништо да најдеш. Јас лично не реков дека имаат бетон или било шо, ама за цена од 3000 има многу поквалитетни производи (на кои шо валјда Анхоч има помала маржа).

Не може некој да ми тврди дека Антек или Силверстоун или пак Корсер почесто се расипуваат од Гембирд.

EDIT: П.С одма штом се спомна напојувањето го најдов моделот, и барав рецензии, детали, OEM и било шо за него - едноставно нема - нема едно професионално ривју за него. Има само едно едино корисничко ривју од 5 ѕвезди на некој рандом портал. И тон резултати од македонски сајтови. Пак ќе кажам не дека е катастрофа сигурен сум дека е солидно да истера 400 вати со помала ефикасност и повеќе флуктуации во напон од некое подобро напојување со иста цена.

И те како е битно во напојување какви компоненти и каква изработка има. А џони гуру ги оценува до ниво на колку добро е извршено лемењето, до компоненти, стрес тестови, стабилност на напон и слично.

И може нема да ти каже колку ќе трае, ама се знае дека ако користи квалитетни компоненти, според тоа колку траат слични напојувања со слични компоненти ќе трае.

Тука поентата беше дека самото напојување за тие пари не само шо не вреди, не ни знаеш каков аутпут на струја има, колку е ефикасно у реално сценарио и на крај на денот зошто едноставно зошто за тие исти пари да не се стави нешто подобро? Лично, и ова искрено - би купил попрво на старо напојување за 3000 отколку да дадам толку за Гембирд. Лично, не би купил гембирд освен ако е 1000 денари и за во некоја евтина машина.

П.П.С и секако тука на збор треба да се верува дека волку и волку се продале, волку и волку проценти имале дефект. Ај шо не верувам дека има статистика и дека би споделиле они колку уствари нарачки имаат од еден модел, колку продале од тој модел, и колку од тие биле заменети во гарантен рок - ама па шо е со сите тие случаи коа ќе те натоварат дека не ти е призната гаранција ради „несоодветна струја“ кое не е покриено со гаранција (удари од гром, лоша инсталација и се тоа). Па се може така да се карактеризира, и тогаш нели не е напојувањето криво и статистички 0% од напојувањата цркнале од фабрички дефект... ае не ми се збори да се напињам уште повеќе на темава.

Гембирд напојување со тие спецификации не вреди таа цена и има подобри алтернативи за иста или 500 денари повисока. Факт!

Впрочем, 12 месеци гаранција давале на тој модел (да, најдов во стар XLS ценовник на анхоч), и самото тоа нели е показател за инфериорен квалитет коа ќе видиш дека и најевтиното КулерМастер во истиот ценовник има 24 месеци гаранција, а повеќето 36 месеци. Corsair имаат 5 години гаранција, до душа и кулер мастер повеќето само фирмиве кај нас не ја даваат целосно гаранцијата (кратат по една година на одредени модели). Не ме терајте за тоа пак да почнувам, шо не секогаш и за сите модели ни даваат гаранција овде каква шо самиот производител дава.

И за крај - ова напојување го има во истиот ценовник, за иста цена, со 60 месеци гаранција:

PSU 500W Antec VP-500PC 12V 80+,Active, PFC, 12cm FAN, 20+4 Pin

Зашо ова не го препорачале? Пак ќе кажам бабини деветини дека Гембирд се нешо асално напојување. Тек па за во ранг на цена на ова.
 
Последна промена:

vlavot

poweruser
29 октомври 2009
3.150
3.090
vlavot's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-2500k (4.6Ghz OverClocked) + Corsair H80i
Motherboard
Asus Sabertooth P67 B3 Rev 3.0 TUF Military-Grade
Storage
Samsung 840 pro 256 GB + WD5000AAKX SATA3 500GB Blue
PSU
Chieftec APS-650CB A-135 80PLUS
RAM
Kingston Hyper X Genesis 2X4GB DDR3 1866Mhz Dual-Channel
Video card
Asus Radeon R9 290 4GB + NZXT KRAKEN G10 & Corsair H55
Case
Cooler Master CM Storm Trooper
Mouse
Corsair Vengeance m95 White
Keyboard
Cooler Master Storm Trigger Z Cherry Mx Brown
Audio
Marantz PM6005 + Wharfedale Diamond 9.6
Monitor
Dell UltraSharp U2414H 24''
OS
Windows 10 Pro X64
Коа сме веќе кај Амазон, леле леле колку ривјуа имам напишано за артикли и позитивни, и негативни платени од одредени индивидуи.
Тоа поарно коа бев студент и имав време.

Исто и за гугл плеј апликации :D

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
^^GoRiLLaZ^^

hello world
7 април 2008
256
186
Ооо пусти нервози со Anhoch! Тешки лажачи! Ајде и јас да го споделам моето искуство.

Си купив SSD Хард Диск, 120 GB - SanDisk - 1,990 денари (Купено од Струмица). Го користев околу 50 дена и цркна. Отидов во нивниот салон и ми го повлекоа, ми рекоа треба да се испрати на сервис па да видиме што како да правиме следно.

Добро океј, ајде нека е така... поминаа повеќе од 20 дена, абер немаат ни да се јават ни да ме известат. Јас без хард диск си дремам. Ми пука филмот, се јавувам на нивниот сервис... и ми велат незнаат до кај е процедурата, Рефот-М бил овластен сервис за SanDisk ко ќе имале инфо ќе ми се јават.

Во меѓувреме јас се јавувам на Рефoт-М, ми крена некоја девојка и ми рече: Утврдено е дека хард дискот е цркнат и дека мора да се замени со нов, но моментално немаме SanDisk на лагер. Ја прашувам кога што како? Таа ми вели после празниците (А веќе беше околу 15-ти Декември и за 10 дена ќе поминеше рокот од 30 дена). Им велам, добро нели има некоја можност да се замени ако не... друга марка (Kingston имаше на лагер)... ми вели ај да видам што како со Anhoch.

Добро... си чекам едно 20 минути, си викам ај да се јавам на Anhoch да видам што се договориле... и ми велат не знаеле тие ништо -.- Им реков, слушај сега јас се слушнав со Рефот-М и ми рекоа дека хард дискот е цркнат и мора да се замени. Арно ама немале на лагер SanDisk и мора да чекам после празниците, а тоа така не бива бидејќи рокот од 30 дена истекува (тука веќе бев испровоциран). И ајде тука пак некако ме откачија.

После некое време пак ѕвонам. НЕ МИ ДИГАТ -.- Земав од друг број, се јавувам... одма дигнаа. И почнаа да се правдат... ама г-дине, ама г-дине. Па им реков, НЕЛИ Е СРАМНО 20 ДЕНА ЗА ЕДЕН ХАРД ДИСК? Тој пак: Ама г-дине... го прекинав и пак го прашав? НЕЛИ Е СРАМНО??? И ми потврди... срамно е знам :D :D :D

Од кога биде сето тоа... не поминаа ни 15 минути, одма се договорија. Се согласија да ми ги вратат парите.

Отидов си ги земав парите и си купив од Сетек, ем Kingston ем поефтин (за 1,400 ден.) :p
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.612
8.257
Мелмак
Коа сме веќе кај Амазон, леле леле колку ривјуа имам напишано за артикли и позитивни, и негативни платени од одредени индивидуи.
Тоа поарно коа бев студент и имав време.

Исто и за гугл плеј апликации :D

Sent from my iPhone using Tapatalk
не можеш verified purchase ривју да имаш, лесно е да филтрираш

Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно