1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Сериозни проблеми со Anhoch сервис

Дискусија во форумот 'Анхоч' започната од gOJDO, 16 Јануари 2019.

  1. Anhoch

    Anhoch
    VerifiedUsers Overlay
    Верификувана компанија

    4
    131
    16 Јануари 2019
    Само еден „update" - до крајот на денов не добивме препис документи од Gojdo кој ја започна темава, како би можеле да се произнесеме целосно за случајот. Бидејќи Gojdo наведе дека ќе испрати можеби некои други податоци од купувањето, ќе почекаме до изутрина да ни ги испрати истите како би можеле полесно да ја најдеме испораката или работниот налог за оваа испорака или конфигурација и финално да се произнесеме за истото.

    Воедно ви благодариме на сите дополнителни критики и прашања што ги напишавте во меѓувреме, меѓутоа не би сакале да се дефокусираме од главното прашање во темата така да би се воздржале од понатамошни коментари во моментов.

    @gOJDO
    Мислиме дека нема потреба со ваков настап и вакви зборови. Кулерот не ни е потребен бидејќи незнаеме кој го монтирал и од каде и кога е купен истиот. Би ве замолиле да ни пратите некакви податоци за купувањето штом ќе бидете во можност.

    Поздрав.
     
    На stefan_v, CyberMen, -={K-O-R-U-N}=- и уште 7 други им се допаѓа ова.
  2. smole

    smole
    Unstoppable

    2,922
    3,272
    18 Април 2007
    Малце (по мене) грешиш - можеше и подобро - без иронија во делот на светски чуда.

    Да, customer service е прво извинување за непријатностите кои ги имал муштеријата, а после понуда да дојде во сервис со компјутерот и документите (иако истите ги имаат на сервер 100%) за да се утврди фактичка состојба. Ако се утврди нивна грешка ја зимаат старата конфигурација и му даваат нова за истата сума. Нешто што на запад е норма.

    Постот на Анхоч е полу-обид за кризен менаџмент + хвалоспевка за Gembird.
     
    На artweb, Zippo, Krkac и уште 5 други им се допаѓа ова.
  3. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,493
    2,485
    14 Мај 2008
    Машко
    Јас сум ептен изненаден од лепенката. Од адамантиум да не е направена штом издржала 3 години под толкава температура и прашина од сите страни?

    Искрено верувам дека и Гојдо е прав и дека и Анхоч се прави. На третото лице не толку.... А Гојдо се распали ко да му убиле дете за туѓа машина. Респект за емаптијата чоек, се надевам дека нема да јадеш некоја сочна тужба.
     
    На Draynor, The GameMAster94, Speedster и уште 6 други им се допаѓа ова.
  4. Nokia

    Nokia
    Gaining Experience

    55
    51
    18 Декември 2009
    Абе, му го здипли кулерот на колегата? Гледам сток си му стаил
     
    На Draynor, artweb, The GameMAster94 и уште 8 други им се допаѓа ова.
  5. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    910
    1,542
    20 Јануари 2015
    Машко
    Нема иронија, факт е, секогаш може подобро меѓутоа за македонски услови и тоа е достигнување.
    Иако сметам дека Анхоч се најдобри, сепак и Анхоч се македонска фирма а најдобри се во соодност на нивните конкуренти во РМ,
    за на запад други стандарди.
    Со кого да ги споредам...освен со нивните конкуренти во РМ.
    Види ги темите за другите продавачи, дешавките имаат исти увод заплет и расплет. Згрешиле, се прават на тошо,го обвинуваат и омаложуваат клиентот, не постапуваат не само по етика на фирмата (ако воопшто ја имаат) туку ниту по закон додека не дојде до инспекции или судски постапки.
     
    На Pane-G и gOJDO им се допаѓа ова.
  6. elrusius

    elrusius
    Gaining Experience

    31
    57
    26 Декември 2014
    Машко
    И конечно дојде час! :)
     
  7. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    On your way to fame

    537
    738
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Зошто изненаден? Ако не е форсиран процесорот на сток фрекфенции, користен за дота, и нет, нема да качи над 60с, и тоа само додека се игра. Пластиката исто така има кондуктивитет и пренесува топлина. Нема зошто да се стопи. main-qimg-adc69d6094f196038dd3791fdc170263.gif
     
    На Zippo, prichina, Molec и уште 3 други им се допаѓа ова.
  8. Can4sta

    Can4sta
    Gaining Experience

    312
    336
    19 Јануари 2008
    Попрво ќе им верувам на Анхоч со кои имам над 50 позитивни искуства, отколку на другаров на гојдо.

    Анхоч е едниствена компанија со која досега немам негативно искуство.
     
    На JasSum, The GameMAster94, D-eviL и уште 5 други им се допаѓа ова.
  9. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    533
    426
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Тука е целата беља,
    лично сум сигурен во гОЈДО и неговото почнување на темата го сметам за оправдано.
    Исто така, лично, омилени ми се Анхоч.

    Претпоставувам дека единствената поука од целата тема за сега (бидејќи сè овде брзо се случи)
    е дека сите треба да останеме културни, без разлика на емоциите.

    А, кажани се зае**ни зборови од сам почеток, па до крај... :)
     
    На prichina и gOJDO им се допаѓа ова.
  10. Вајкинг

    Вајкинг
    Practice makes perfect

    1,011
    1,153
    9 Јуни 2015
    Машко
    како ќе јаде сочна тужба ? ниту гојдо може да докаже дека тоа било така, ниту анхоч дека не било.. ?
     
    На Zippo и Astro им се допаѓа ова.
  11. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,819
    3,893
    5 Јули 2013
    Конфигурација #2
    Во врска со лепенката:

    Polyvinylchloride, PVC - 0.19 W/mK (материјал од кој најверојатно е направена лепенката)
    Polypropylene, PP - ~0.15 W/mK (исто така материјал од кој можеби е направена лепенката)
    Air - 0.02 W/mK
    Thermal paste - ~5 W/mK

    Веројатно е дека процесорот во мод на термално успорување (thermal throttling). Имено, успорувањето работи проактивно. Доколку загревањето е постепено, успорувањето ќе биде дури откако се достигне критичната температура. Доколку загревањето е драстично или нерамномерно, успорувањето ќе се случи порано заради сигурност односно да не се надмине критичната температура. Штом се достигне стабилност на критичната температура, ќе се задржат вредностите за напон и фреквенција.
    Ова е прв пример кој го најдов, се работи за постар процесор, но верувам дека начинот на кој функционира е тој

    @ 5:40

    Ова чисто да научеме нешто од темава.

    Што се однесува до составувањето на конфигурации - мислам дека двајца вработени не се доволно за сервисирање + составување конфигурации. Убеден сум дека нивното знаење се користи за сервисирање и дијагностика, односно област која има потреба од повеќе знаење и искуство, нели, да соодветствува на нивното искуство. Додека пак за составување на конфигурации задачата е доделена на приправници и приучени аматери тазе вработени чисто за да се држат ангажирани. Ова е честа појава во поголеми фирми кои вработуваат многу персонал и ретко ја постигнуваат целта да ги ангажираат сите во доволна мера, па добар дел од вработените остануваат неискористени( во IDLE :D ). Заради таа причина им се доделува нешто за коешто самите тврдат дека знаат да го работат во своето CV и на интервју за работа. А составувањето на компјутер и не е некоја наука, секој може да го направи, но пожелно е искуство, коешто најчесто се добива со, погодувате - правење грешки. Сите сме грешеле, некои повеќе, некои помалку. Лично мене не ми се случило да заборавал лепенка, но ми се случило да искривам пин на LGA сокет при чистење на матична плоча после што се намачив да го исправам(на мој компјутер се разбира. Така се учи, не на туѓ :mario:). Но, ме натера да бидам уште повеќе претпазлив. Знам примери на луѓе кои ставиле AMD процесор со сила па искривиле или скршиле пин. Знам примери на ставање процесор без термална паста, не еден туку повеќе. Знам за скршени слотови за РАМ итн итн. Како и да е, верувам дека тој што монтирал немал многу искуство, а и слабо го владеел англискиот јазик. ( во овој дел мислам дека проблемот е малку посистемски, бидејќи со секој производ мора да има упатство на македонски јазик, а со оглед на тоа што овие производи не се наменети само за обучени професионалци, неопходно е да секоја забелешка биде исто така на македонски јазик).


    Офтопик во прилог:
    @Anhoch
    Добредојдовте!
    Кога сте веќе тука - што поѓаволите правите со по 5 вработени во секоја продавница, а немате доволно обучени сервисери? Зошто вработувате дрски пуфли во продажните салони?
    Ако ова ви делува како некултурна критика, напротив - се работи за конструктивна. Имено, ако веќе имате толку вработени, нека бидат тоа вработени кои имаат продлабочено знаење од конкретна област. Пример-еден за аудио опрема, друг за видео и фотографија, трет за компјутерски хардвер, четврт за мобилни телефони и уште еден за чистење, паковање, печатење гаранции и слични споредни работи( за ова би вработил убава девојка со длабоко деколте за да брзаат купувачите кон касата, да не губат време со прашања. Тоа ќе значи поголема шанса некој да купи производ и тоа да се случува почесто. Знам знам, звучи претерано, но верувајте - психологија. Но, прво мора да имаш комплетна доверба во продавачите, инаку паѓа во вода пристапот :) ). Вака како што е сега - во секоја продавница постои често еден кој знае од се по нешто(читал не дочитал, никогаш не тестирал), а останатите не знаат скоро ништо(знаат по некоја некомплетна информација, чисто од култура) ама се дрски ако им кажеш дека имаат грешна информација и продолжуваат да те убедуваат во спротивното. Значи, не зборувам за љубезност, тоа се подразбира. Неопходно е да се потковани со знаење бидејќи од нив се очекува да дадат квалитетен совет. Доста ви се газлести и цицлести, ви требаат гикови. Ангажирајте психолог кога се прави интервју за прием на нови работници. Забележувам многу напнати и исфрустрирани фаци во продажните салони и случајно или не се' се тоа од нежниот пол. Ова е до некаде и проблем кај нас како народ - одат на работа од што мораат да обезбедат егзистенција и од дното на душата ја мразат работата истовремено, како некој да ги присилува. Не за друго, лошо е за нивното здравје и вашиот профит.

    Друго - Направете систематска чистка. Вработете момци од форумов, сигурно некој би сакал да придружи на тимот на Анхоч и да продонесе за истиот. Членот кој ни се обрати на нас членовите неформално ви се обрати и вам. Успеа во намерата и сите очекуваат промена во вашата фирма. За вас полошо сценарио е ваквите информации никогаш да не стигнат до вас(Вас, како одговорно лице,доколку сте). Јас би бил благодарен да сум на ваше место. Исто така би превзел нешто и со сите обвинувања споменати во темата со негативни искуства со наши ИТ продавници каде што сте прозвани. Би ги корегирал тие недостатоци и би продолжил да го уживам статусот на најдобра ИТ компанија наместо да летам во облаци заради тој некогаш заслужено стекнат статус. Се проширивте во повеќе градови, контролата на квалитет не ви е на ниво. Имплементирајте ИСО во сите сегменти и пофалете се. Или уште подобро наместо да плаќате за сертификатот - само имплементирајте го и нека газдите или од нив доделени лица вршат ненајавени аудити во продажните салони низ државава. Само така ќе продолжете со квалитетна експанзија. Моментално вашиот статус е руиниран заради некомпетентна селекција на (не)кадри.

    Трето - форумски попуст добро би дошол. Полесно ќе ви се опростат "гревовите". :)
     
    Последна промена: 17 Јануари 2019
    На Draynor, Zippo, Nomad и уште 13 други им се допаѓа ова.
  12. DarthJe5us

    DarthJe5us
    On your way to fame

    1,197
    970
    2 Јануари 2012
    Машко
    Сум видел и за други ствари некој да спомне тужби. На кој основ ќе биде таа тужба и против кого?

    Исто така ме интересира во кои салони се тие цицлестите и гзлестите да отидам имам хардвер кој треба да се сервисира. :D
     
    На wildthingthe, Draynor, Zippo и уште 9 други им се допаѓа ова.
  13. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,819
    3,893
    5 Јули 2013
    Оди во Охрид ;)

    Да не бидам сфатен погрешно - јас милувам такви, али нека бидат поставени таму како помошнички кои ќе подаваат хардвер, односно нека не се занимаваат со давање информации. Може и само касиерка. И една комплетно опремена е доволно, нема потреба да се цепка "конфигурацијата" :D

    едит: Ако одиш во Охрид, обавезно да го посетиш Нептун во две смени наизменично :D
     
    Последна промена: 17 Јануари 2019
    На DarthJe5us му/ѝ се допаѓа ова.
  14. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,944
    3,935
    18 Септември 2013
    Машко
    Бреј, потраја да ја дочитам темава...

    1. Лепенката == Лепенка не-лепенка, ако има проводно тело под неа сосема е можно да истрае ваква работа. Сепак е подобар проводник отколку воздух (празно место) кое би било изолатор. Заборавате дека веќе некое време компјутерите се лимитирани на макс температура и ја контролираат со throttling (а не као порано коа идеа и над tјmax и умираа процесори ако не се добро ладени). Најдобар пример (и не ми се верува дека го пишувам ова) е ако имате ѓезве со некоја лепенка одоздола (ко шо знаат мороните да ставаат у продавниците за ѓезвиња) и да го користите на индукциска рингла. Лепенката ќе се изненадите колку време ќе истрае и нема да направи пожар иако е подложна на високи температури. А лепенкава на процесоров изгледа ептен durable.

    Али кој успеал такви црвени драчливи букви да не ги види е гение на векот. Значи ТЛ;ДР и те како е можно и очигледно дека процесоров работел со добар кулер и без паста, со лепенка као TIM - и преживеал ради тоа шо масивен кулер ги ладел и лепенката и процесорот доволно за да одржуваат некое си ниво на перформанси и одредена температура.

    2. Конфигурација == не спорно е дека многу луѓе зимаат делови и ги склапаат, но не доликува на фирма да се вади со тоа „кој знае кој ја склапал“. Треба да проверат. Ако е купена склопена конфигурацијата, ондак криви се па како сака нека се десило ова. А лесно е да се провери, ко шо кажа @gOJDO - човекот стави слики од сериските броеви на бар 5-6 компоненти - еден од тие компоненти да најдат анхоч и може да проверат каква гаранција имал (дали као конфигурација или пак како посебно купен дел). И ако имал као конфигурација и у таа конфигурација го има и кулерот со ист модел (пошо не е ко да на кило има такви кулери по продавнициве) - ондак некој гадно заебал.

    Така шо место да повторуваат @Anhoch дека Гојдо не им дал документи, нека потрошат 10 минути да напишат едно квери у база или да срч'нат на софтверот шо го имаат за менаџирање на гаранции/продажби/сеедно.

    Шо е повеќе (а ќе се надоврзам на ова и подоле) - ако се работи за понуда на конфигурација, и целата конфигурација коштала над 65000 денари, и те како се тоа значи дека фирмата требало да понуди балансирана и соодветна целина од компоненти инсталирани на професионален начин кој ќе ја крепи гаранцијата.

    3. Напајањето == Gembird и сите останати надуени напојувања од 300+ вати за кои не може на интернет ни OEM ни па ниту едно REVIEW да се најде се шит. Посебно ако парите не биле лимит у скапа конфигурација, и ПОСЕБНО ако веќе некој платил 3000 денари за напојување. 3000 денари за гембрд, коа за иста цена или за малце повеќе има Corsair, CoolerMaster, Antec и останати кои се проверени и најчесто делат OEM и имаат квалитетни компоненти.

    Напојување за кое нема рецензија на PSU Review Database со оценка од барем 7ца - не само шо не вреди, не смее да се стави во скапа конфигурација.

    Како сериозна фирма баш треба да знаат (а и не е ко да не знаат) дека напојувањето е срце на системот, и ако отиде тоа, има шанси цел систем да отиде со него.

    На страна муабети за нивни тестови и искуства колку продале а колку се вратиле - коа и они не прикажуваат интерни документи за тоа туку се треснати бројки.

    Реалноста е дека сите сакаат поголема профитна маргина. Гембирд напојувањето од „реални“ 500 вати кошта 1500 денари набавна, ако не и помалце. Корсер или пак Антек коштаат 3000 или 2500 соодветно. И сите мора да ги продаваат отприлика тука негде во ранг на 3500 ради тоа шо конкурентите толку ги продаваат, па зашо да продаваат со маржа од 200-500 денари коа може гембирд шо изгледа као да е јако напајање (црно, исфарбано, наџиџано) да го продаваат со 100% маржа?

    Тоа е реалноста со напојувањата - а впрочем и со многу други компоненти за кои просечен корисник не ја знае важноста - ко етеЧ случајот со една версус 2 плочки рам - и кој и да тврди поинаку лаже. Од овде 50, од таму 500 - ќе се собере профит.

    Да не си мачкаме очи сите знаеме како идат муабетиве, склапаш конфигурација:

    - абе дај 2 плочки од 4гб за дуал чанел да работи
    - абе ајде шо се заебаваш глеаш 1000 плочки од 8гига имаме, стај една од осум мислиш ќе знаат разлика

    или применето за било кој дел од бизнисот

    - дај ова поарно да го изведем
    - абе ајде кој се замара со тоа кој ќе ти замери

    или така нешто. Битно у македонски фирми почесто одошто не не се гледа да биде квалитетно и добро средено туку да биде брзо и „задоволително“.

    4. Анхоч == @Anhoch коа почнуваа се замараа малце повеќе. Лично никогаш не ми биле нешто нај, пошо имаше фирми кои во почетоците на македонските IT фирми работеа 100 пати попрофесионално (неоком можда?) и имаа многу поексклузивна роба во раните 2000 (нико, риверсофт можда?) ама на еден или друг начин опстанаа овие Сет, Анхоч и АМЦ (лол за АМЦ).

    И сите си имаат огромни маани. И сите спаѓаат во таа класична категорија македонска фирма = коа ќе порасне сака со шо помалце вработени да заврши шо повеќе работа за да добие шо повеќе профит. Огромна продавница во сити мол - 3ца вработени на смена, а на времето имаа дупло од тоа у помали продавници. Чекаш на ред за да некој ти објасни шо те интересира, и најчесто знаеш повеќе и од нив. Ама кој ќе ти се замара повеќе од тоа коа не ги мотивираат со поголеми плати валјда...

    Ама ај да не навлегуваме во тоа.

    Она во кое шо сакам да навлегувам е нивниот официјален однос тука. 3 поста и веќе ме нервираат. Не дека Гојдо тотално има bulletproof случај тука, се е во моментов „колегава вака кажа“ а самиот тој колега стварно може да пробал сам да намести кулер (пошо има слика од процесорот со сток кулер).

    Проблемот тука е шо едно е форумџии да напаѓаат ама друго е гигант фирма да зазема став као да е на суд и да се подбива со обвинителот кој има слаби докази.

    Сериозна компанија секогаш ќе ги има нивните ПР застапници во понизен моуд. Затоа македонските компании не се сериозни, пошо сите имаат претставници со ЕГО поголемо од нивните дипломи.

    Место секоја реченица да е: се извинуваме, ќе провериме - на балканот лесно ни скурчува и идеме почесто со: абе ајде ние со ова искуство ти ќе ни кажуваш, немаш ни докази, глеаш ти побаравме уште не си ни дал докази (фискални/фактури). Као шо сакаш ние да ги најдеме у база? Не ме смеј, ајде бе кај ти се папирите од пред 3 години (пошо нели понормално е некој да чува парче хартија одошто компанија запис у база нели)?

    И така натака. Дај опрајте значи, не се водете според Сет и други исти ко вас. Фирмиште сте, со техномаркет ако ве броиме половина од пазарот за технологија ваш е.

    Мислите овој пост ви е едино нешто шо ви ја црни сликата за вашата големина? Не е - секојдневни работи се. Сакате фидбек, у секоја од вашите продавници работиве шо ги имате де ги нема, де не се по таа цена шо се излистани, де се лажно претставени (гембирд биле супер, сталаков бил квалитетен) итн.

    И никогаш ама никогаш да се наведне глава дека муштеријата е во право, туку мора до закани од пазарна да се стига (на кој му се замара). Ајде доста рантам и јас, веќе не е ни до кој згрешил или како згрешил реалноста е дека фирмиве кај нас СИТЕ ДО ЕДНА СЕ КРШ, и место да гледаат да се подобрат тие идат да се докажуваат и караат.

    Се шо фирма како Анхоч требаше да напише е: Се извинуваме секако дека ќе истражиме како дошло до пропустот и ќе излеземе пресрет на муштеријата.

    И потоа да го решат проблемот, ако бил кај нив до толку да се извинат и да надокнадат, ако не да успеат да објаснат на засегнативе (приватно) како и шо се десило уствари и после они усрамени да си молчат а Анхоч никако и по никоја цена да не ги распне после као демек ете гледате они си беа криви цело време.

    Понизност и квалитет у работа, и други ќе ве фалат.

    Ајт чао идам да спијам, ми пука филм стварно од тоа колку добиваме значи под-стандардна услуга у земјава.

    Глејте оправете пошо моментот коа ќе престане да има царина и данок за нарачка на компјутерски делови онлајн (ако влеземе во Европа и прекинат да не дерат ДХЛ за пратки) сиве фирми во МК ќе пропаднат поради тоа шо не само шо не нудат ништо плус, туку и прават киксови и имаат напиздан став.
     
    На Draynor, zdravkovskii, Alex M и уште 16 други им се допаѓа ова.
  15. Futurelakimens

    Futurelakimens
    Gaining Experience

    854
    431
    12 Април 2017
    Машко
    Јас со искуство од Анхоч сум задоволен, купив телефон пред 4-5 години, пробав да му флешувам нов ром, се расипа, не палеше и го вратив на гаранција, ми го сменија со телефон по мој избор и УСБ, комбинирано до цената на првиот телефон.
     
    На mikich_blaz му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    533
    426
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Другари, аман бе со деколтеата... како до сега не сум ги забележал, најверојатно мој проблем што постојано одам на истите 2 локации каде ги нема.

    Следниве денови ќе одам за HDD и куќиште, па ако може некој да ме информира од каде точно да ги земам, таму каде што деколтеата се најприсутни.

    Тоа сигурно ќе придонесе лесно да ги поднесам трошоците, па ви благодарам однапред за инфо :)
     
    The GameMAster94, Avid и на bLaCk AnArChY им се допаѓа ова.
  17. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,528
    4,321
    23 Јуни 2015
    Машко
    Повторно неколку членови ги грешат работите...

    1. Не е @gOJDO дете да се истрча и да отвори тема туку така без да се осигура дека е во право. Човекот има големо искуство во склопување, големопродажба и малопродажба на хардвер. Само ми е страв од неговиот колега. :D

    2. Сепак треба да има разбирање дека не е етички @Anhoch да атачира документи од своите клинети јавно на форум.

    3. Понатаму, она што се заборава е дека вработениот освен што треба да има познавање од хардвер/софтвер, треба да има познавање од продажба. Така да муабетот „вработете некој од форум“ не иде, тој од форум е ентузијаст, не гледа исто на работите. Повеќе може да работи како некој советник, отколку како специјалист за продажба.

    4. Ако редоследно ги читате сите постови во темава нема да се повторувате со мислења, како на пример дека има 2ца сервисери во цел Анхоч...ако добро прочитате тие двајца се само за склопување на конфигурации.

    5. Ако и понатаму мислите дека Анхоч треба да се извини за грешката без никаков доказ, повторно грешите.

    6. Целата ситуација е конфузна. Никој од нас незнае како се одвивал разговорот при продажбата, зошто тоа напојување, зошто една плочка рам, зошто таа матична и слично. Она што излегува како единствен проблем во случајов е лепенката и ништо повеќе. Целото искуство со продажбата било позитивно, купувачот бил задоволен (повторно ќе нагласам, незнаеме како се одвивал разговорот при продажба на компјутерот).

    Еве да оставиме простор да се произнесат и двете страни.
     
    На Draynor, cipiripi, Zippo и уште 12 други им се допаѓа ова.
  18. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,001
    3,283
    7 ноември 2014
    Машко
    Тоа дека @gOJDO се истрча верувајќи му на другарот со кој работи 6 месеци за случка од пред 2,5 години не е воопшто тема на дискусија, туку факт.

    Темава наполни 5 страни и се створи вжештена дискусија базирајќи се на две случки кои не му се случиле директно на членот, него се базирани на муабети и искуства од други луѓе. Мислам дека не е коректно тема за СЕТЕК базирана на лични искуства да се затвора, а тема како оваа да опстојува на рекла-казала муабети. Да имаше и слика од продажен документ атачирано во првиот пост ова ќе имаше сосема друг тек на настаните.

    Да напоменам, дури и во тој случај треба да бидеме свесни дека изборот меморијата, рамот и матичната не можеме да го препишеме како грешка на Анхоч, зашто ниту ние ниту гојдо не знае што се случувало во тие моменти бидејќи НИКОЈ НЕ БИЛ ЛИЧНО ПРИСУТЕН.

    Мислам дека гојдо треба да се согласи пред сите други дека рекла-казала муабети не ни требаат на форумот во јавно оцрнување на компанија - да бил членот лично таму и да сведочел како го „ребраат другарот“ е едно нешто, а друго нешто е да пише „фамилијарни луѓе сме, имаме сериозна работа не би лажеле сигурно“. Па гојдо, и политичариве се фамилијарни луѓе со сериозна работа. :)
     
    На Draynor, armin06, The GameMAster94 и уште 12 други им се допаѓа ова.
  19. ileste

    ileste
    Gaining Experience

    1,250
    306
    26 Јануари 2012
    I jas za ladenjeto prvo ke se posomnevam, znam AMD ako Wraith e ok kuler, toa golemiot, ama sepak mislam ne e dovolno.
    Ako ne mozi od VRM sekcijata od maticnata da izdrzi, znaci greskata e vo proizvoditelot sto oznacil deka mozi da go podrzi toj procesor, neka go zakluca vo BIOS da ne mozi da prifaka Ryzen7.
    Tuka strucnacite od salon ne gi naogam krivi bidejki se izlazeni od prozivoditelot
     
  20. t0d0r0vsky

    t0d0r0vsky
    Intern

    6
    20
    16 Јануари 2019
    Машко
    @Anhoch ако сакаше до сега немаше да излага со правдања дај ни документи или нешто слично... Испратени се слики од сериските броеви на деловите на конфигурацијата па они можат одма да си ја најдат за која конфигурација станува збор и се што е вградено во неа ... Така да @Anhoch нека го најде тој документ и нека го објви тука па да видиме за што се работи, а не д бара изговори и бабини деветини
     
    На Draynor, Krkac, Ulrezaj и уште 2 други им се допаѓа ова.
  21. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,589
    5,109
    20 Април 2007
    Машко
    Дали некој може да оди и да купи делови од Анхоч? - ДА
    Дали некој може да си ја склопи конфигурацијата сам со купените делови? - ДА
    Дали ако не знае сам, може тоа да го стори некој друг за него? - ДА.
    Дали некој може да ги пофали Анхоч за деловите? - ДА
    Дали некој може да плука по нив? - ДА
    ...........................................................

    Се уште не знаеме никакви детали. Освен обвинувања и оправдувања и еден куп бош муабети ( Иако Бош е одлична фирма :D )

    Ниту знаеме дали конфигурацијата е склопена во Анхоч, ниту дали е склопена од професионалец, ниту пак од аматер, и покрај тоа што деловите со сериските броеви кои се приложени се набавени од Анхоч.

    Штом некој мудро молчи, верувам дека има некаква потврда, или пак нема никаква :D ...
    Ни останува само да почекаме факти па да напишеме во насловот дека проблемот е решен.
     
    На Draynor, The GameMAster94, Speedster и уште 2 други им се допаѓа ова.
  22. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,423
    11,001
    23 Јануари 2008
    Манга
    Испратени до @Anhoch по ПП податоци од трансакциона сметка на купувачот со датум и сума. Се надевам дека и после ова нема да продолжиме да глумиме лудило, иако лудилото требаше да престане откако постирав слики од нивни делови со сериски броеви, меѓу друго и нивни сериски број од целиот систем залепено на шилд-от од матичната плоча заедно со нивните лепенки „не се користи“ (WTF момент ми беа тие лепенки).

    @Anhoch Што се однесува до немањето потреба од „ваков настап и вакви зборови“, јас само ги употребив вашите зборови и вашата експертиза за светски феномен. Кулерот е сеуште со недоодлепена налепница па може ако сакате да го повториме експериментот на вашите делови од вашата конфигурција и да видиме дали може системот да работи, т.е. да видите и самите како работел до сега. Исто така ме чуди како давате гаранција на кулерите, а велите немате начин да проверите дали и кога кулерот е купен од кај вас!?!

    Од збор до збор го мислам истово! Очекував по праќањето на сериски од деловите да ја пронајдат конфигурацијата и да утврдат дека топтан е купена кај нив. Но ете, можеби е поради тоа што погрешна конфигурација на делови дадов во првиот пост, т.е. пишав дека има Kingston 120GB SSD (како што ми кажа колегата дека мисли), но испадна дека има Samsung 750 250GB:
    received_2332663153679864.jpeg
    Па оставам кредит дека ете можеби поради таа грешка во спецификација не можеле да ја најдат топтан конфигурацијата. И мене баш ме занима кој ќе биде епилогот, т.е. дали ќе бидат доблесни да си признаат грешка откако ќе ја увидат(макар што мислам дека и до сега имаа начин) или ќе бидат агресивно безобразни и ќе негираат.

    Патем Intel кулерчето не е stock за 6600K бидејќи не доаѓа кулер со 6600k. Тоа што го гледаш на една од фотките е stock кулер од non-K процесор кој е монтиран завчера заедно со non K процесорот.

    Пред се, дури и да не е доволен кулерот процесорот ќе почне да тротла на одредена висока температура, а не да се рестартира. Ко второ од сервисот на Anhohc му го вратиле компјутерот како исправен и покрај тоа што на човекот му се рестартирал. Наводно таму не можеле да го репродуцираат рестартирањето. Го советувале да смени ладење на процесор, по што му шитнале DeepCool водено ладење и при промената не му ги вратиле двата вентилаторите од таванскиот дел од куќиштето(за што не беше свесен дур не му кажав јас дека треба да има плус 2 вентилатори).

    Проблемот е системски и не се решава со промена во статус на наслов! :)
     
    Последна промена: 17 Јануари 2019
    На Draynor, GoCe_, CBB_6 и уште 3 други им се допаѓа ова.
  23. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,589
    5,109
    20 Април 2007
    Машко
    After this:

    [​IMG]

    Waiting :D :D :D
     
    На Draynor, HoLfElDeR, uwemi и уште 13 други им се допаѓа ова.
  24. Anhoch

    Anhoch
    VerifiedUsers Overlay
    Верификувана компанија

    4
    131
    16 Јануари 2019
    Би сакале да ве известиме дека Gojdo ни прати дополнителен податок со кој ја лоциравме точната испорака и работен налог и го увидевме следното:

    - Конфигурацијата е склопена и испорачана од страна на Анхоч во Септември 2016
    - Во испорачаната конфигурација SSD дискот е Samsung 750 Evo 250GB, наместо 120GB Kingston како што е наведено, меморијата е 2133 Mhz наместо 2666 како што е пишано, графичката карта е верзија G1 Gaming, наместо Aorus како што беше пишано...

    Најважно - Кулерот кој е во конфигурацијата е Deepcool Ice Wind Pro, поточно следниов: ICE WIND PRO DEEPCOOL- CPU Air Coolers , односно НЕ Е оној кој е постиран на сликите.

    Сега може со сигурност да заклучиме дека кулерот од сликите со лепенката кој му послужи на Gojdo неосновано жолчно да не нападне НЕ Е монтиран во Анхоч !
     
    На Draynor, stefan_v, mdeni и уште 36 други им се допаѓа ова.
  25. t0d0r0vsky

    t0d0r0vsky
    Intern

    6
    20
    16 Јануари 2019
    Машко
    Читајте малце погоре ќе видите дека @gOJDO се исправи за тоа кои компоненети се вградени во конфигурацијата... Доколку некој сакал жолни расправи или да води хајка против вас можеше да се измислат многу повеќе вакви работи со цел да се наруши угледот на вашиот сервис и да се постираат одеднаш, но целта на постот е да се отворат очите на вашите сервисери и на потрошувачите. Кај нас се е обратно продавачот испаѓа дека секогаш е во право, а не потрошувачот. Од каде се сигурни потрошувачите дека платил за да се монтира тој кулер а сервисерот не го ставил тој во џеб и му утрапил некој друг. Се заинтересирав и отидов лично да ја видам спорнава конфигурација и пошто стручњакот што ја монтирал конфигурацијата и наместил напојување какво што наместил каблите се прекратки и едвај стигаат до конекторите...дури самите конектори од матичната плоча беа накривени.
    А вие продолжете со штитење на сервисерите


     
    stefan_mkd, gOJDO, Krkac и на уште 1 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...