NanoCell
hello world
- 10 октомври 2011
- 421
- 524
Почитувани @Anhoch вашите одговори не се поткрепени со никаков доказ, туку барате да ви веруваме на зборот. Ја разбираме зашитата на лични податоци, но можевте да доставите цензурирана верзија на некој документ кој ќе ги поддржеше вашите одговори. Истото го сугерирав на членот @gOJDO во мојот прв коментар.
Вашите одговори не даваат целосна слика за останатите нелогичности и проблеми на конфигурацијата (несоодветна матична и 1 плочка РАМ меморија) кои исто така се показател за нестручност во одреден оддел во вашата компанија. (Проблемот е можен на две места - 1.продажните салони и сугестија од продавачите и 2. сервисерите т.е. луѓето одговорни за склопување на конфигурацијата. Со оглед на вашите пофалби за групата број 2, пологично ми е дека клиентот добил лоша препорака од вашите продавачи).
Исто така го коментирате правото на членот да креира тема и да изнесе сопствено мислење со што наштетил на вашиот имиџ. Мора да сфатите дека секој има право да го изнесе своето мислење и да коментира, а правилата за комуникација се јасно дефинирани на форумот. Веродостојноста на темата и коментарите е субјективна за секој кој учествува во конверзацијата и исто така се резултат на реномето на членот на форумот.
Вашиот став и начин на одговарање е дефанзивен и според мене несоодветен. Не сум сигурен дека контактирањето на мејл би резултирало со различен пристап, бидејќи истите личности од корисничка поддршка би требале да учествуваат при формирање на вашите одговори и на форумот. Голем дел од членовите беа (и сеуште се) неутрални во однос на виновникот во целата ситуација, но мислам дека топката е на вашата половина. Јас очекувам попрецизно и попоткрепено објаснување.
Доколку го креиравте акаунтот само да се одбраните на темава тогаш и покрај тоа што МОЖЕБИ не е ваша грешка конкретниот случај (нагласив можеби, поради тоа што го изнесов во првиот параграф на овој одговор), си правите контра услуга. Една од основните поуки и показател за генералното мислење за вашата компанија, треба да ви биде нестручноста на голем дел од кадарот во вашите продажни салони, што го имам искусено лично во неколку наврати. Морате да сфатите дека не се сите ентузијасти како членовите на форумот и самите продавачи имаат огромна одговорност кога препорачуваат производ на некој што не прочитал дополнителни рецензии и не се информирал за производот кој сака да го купи. Во многу наврати сте споменати како една од покоректните компаниите во Македонија, но истото не значи дека треба да се задоволите со македонскиот медиокритет и дека нема огромен простор за подобрување.

Можеби јас погрешно го сфаќам тоа што се го напишале, но мене ова ми е нелогично. Доколку сериските броеви се точни, но деловите не се тие, тогаш не е исклучена можноста и кулерот да е со тој сериски број и да не се поклопува со кулерот кој тврдите дека е испорачан. Ве молам корегирајте ме доколку мојата логика е погрешна или дообјаснете го овој параграф.Сериските броеви оние кои се гледаа потврдуваме дека се тие, не се поклопуваа производите. Од друга страна кога збориме за што е сега доблесно да се направи ќе ја почекаме вашата реакција.
Исто така го коментирате правото на членот да креира тема и да изнесе сопствено мислење со што наштетил на вашиот имиџ. Мора да сфатите дека секој има право да го изнесе своето мислење и да коментира, а правилата за комуникација се јасно дефинирани на форумот. Веродостојноста на темата и коментарите е субјективна за секој кој учествува во конверзацијата и исто така се резултат на реномето на членот на форумот.
Зошто Gojdo ја отвори темата без на пример да прати еден е-маил до корисничка поддршка во Анхоч како жалба или како повик да се произнесеме пред да биде објавено со наслов како критика на векот.
Вашиот став и начин на одговарање е дефанзивен и според мене несоодветен. Не сум сигурен дека контактирањето на мејл би резултирало со различен пристап, бидејќи истите личности од корисничка поддршка би требале да учествуваат при формирање на вашите одговори и на форумот. Голем дел од членовите беа (и сеуште се) неутрални во однос на виновникот во целата ситуација, но мислам дека топката е на вашата половина. Јас очекувам попрецизно и попоткрепено објаснување.
Поздрав со сите членови, тука би застанале на оваа тема, се надеваме дека Gojdo барем ќе ја избрише или исправи темата бидејќи истата не ја отсликува вистината.