1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Сериозни проблеми со Anhoch сервис

Дискусија во форумот 'Анхоч' започната од gOJDO, 16 Јануари 2019.

  1. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,011
    12,376
    23 Јануари 2008
    Манга
    До сега не сум сакал да хејтам, ама по она што го видов вчера морам да споделам.

    Повеќе пати ми паѓаат во раце конфигурации склопени од „стручњаците“ во Анхоч каде среќавам нелогичности и неправилности, но и некоректно крадење на делови од компјутер под гаранција купен од кај нив и однесен во нивни сервис.

    Вчера колегата ми го донесе компјутерот за да промениме процесор и додадеме RAM. Конфигурациајта е купена пред 2-3 години, предложена од вработените во Анхоч и склопена кај нив, а се работи за Gigabyte Z170 матична плоча, Core i5 6600K, 1x8GB DDR4-2666, Gigabyte AORUS GTX 1060 6GB, Kingston 120GB SSD, некаков HDD и Gembird напојување!
    Прво тој што ја предложил конфигурацијата е почетник приправник и аматер и нема елементарни познавања од хардвер кога можел на ваква гејминг конфигурација да му стави само една плочка RAM? Тоа е исто како да одиш да трчаш со една патика на едната нога, а другата нога боса. Згора на тоа на чоекот му ставиле Gembird напојување, а тоа му доаѓа ко да купиш нова кола за тркање и на неа да ги туриш најефтини пластични кинески гуми...

    Но, тој „стручњак“ може вода да му носи на неговиот колега „стручњак“ од сервис кој го склапал:
    IMG-13b92f2fca3629b704f42e5584484c51-V.jpg IMG-8a3a8fa86c27c15f03ca184a736ad0e8-V.jpg received_996089720575252.jpeg received_599530513802050.jpeg

    Можеби па и немало кој да го научи, а со англиски слабо стоел дечкото, па дал се од себе...Не ставил термална паста, ама затоа ја оставил налепницата со WARNING!
    После ова на секој кој мисли да однесе компјутер на сервис во Anhoch најтопло му препорачувам да не го прави тоа!
    Исто така на оние кои веќе таму однеле свој компјутер да си проверат дали се е во ред доколку им монтирале, демонтирале компоненти, но исто така да проверат дали сите делови им се на број! Ова со деловите го велам затоа што „стручњаците“ во сервис ако мислат дека имате одвишок делови во компјутерот може да ви ги извадат и да си ги задржат за себе без да ве информираат!!!

    Ова се случи со член од форумв кој веќе таму не сака да стапне, пред се затоа што му продале по нивни предлог конфигурација со несоодветна матична плоча со AMD A320 чипсет чија VRM секција прегревала со Ryzen 7 2700X процесор кој се користи за рендер. „Стручњаците“ го натерале да купи водено ладење DeepCool со 240mm(2x120mm) радијатор, како наводно не било доволен stock кулерот од процесорот. Притоа го однел во сервис каде му го ставиле ладењето, но притоа му извадиле два вентилатори од куќиштето DeepCool Kendomen и си ги задржале за себе! И покрај глупиот предлог кој не довел до решение, но само трошоци за човекот, проблемот не се решил. Ладењето на процесорот не било проблем, но матичната плоча била со мизерна VRM секција без ладење, па со нејзина замена за Asrock X470 Fatal1ty дечките од Нексио му го решиле проблемот!

    Доколку некој од надлежните од Anhoch го интересираат повеќе детали за овие два случаи, како и за други, или пак ако смета дека клеветам, нека ме конктактира по ПП и ќе му дадам повеќе информации.
     
    Последна промена: 16 Јануари 2019
    На Darko Veleski, GGTT1, Abovelife и уште 43 други им се допаѓа ова.
  2. Steff_92

    Steff_92
    Gaining Experience

    116
    52
    28 Јули 2017
    Машко
    Сакаш да кажеш лепенката на кулерот беше залепена и така монтиран ?
     
  3. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,011
    12,376
    23 Јануари 2008
    Манга
    Да, се гледаат и отпечатоците од процесорот! Вчера по 3 години конечно е извадена!
    Најверојатно немале паста во Анхоч па ја оставиле лепенката...
     
  4. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,196
    3,275
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Имаше исти ваков случај кај даниел на сервис со овоа лепенката на ладилникот. Само што он мислам дека не кажа од кај бил склопен.
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    828
    1,758
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
    Станаа аматери на ниво на АМЦ и Сетек.
    Имам мејлови со понуди каде што ми нудат конфигурации со некомпатибилни компоненти. Пример Осма генерација Интел со плоча за 6/7 генерација...
    [​IMG]
     
    На Draynor, RagingDemon, StalkeR и уште 6 други им се допаѓа ова.
  6. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,832
    5,014
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Sид за Инофматичко-Технолошки срам
     
    На Draynor, StalkeR, pacerMK и уште 8 други им се допаѓа ова.
  7. StefAngel

    StefAngel
    On your way to fame

    1,312
    799
    28 ноември 2015
    Машко
    Рајзен 7 со таква плоча хахаха траги комично
     
  8. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,349
    2,142
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима
    [​IMG]
    Со платата паѓа и квалитетот и ку*оболието на работникот.
     
    На Draynor, Викса, ТАТА_МАТА и уште 10 други им се допаѓа ова.
  9. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    828
    1,758
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
    Токму така, на оглас за вработување во квалификации бараат диплома за ракетно инжинерство, а за плата...
     
    На Draynor, The GameMAster94, Krkac и уште 2 други им се допаѓа ова.
  10. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,011
    12,376
    23 Јануари 2008
    Манга
    Мислиш обратно, со намалување на платата растат пенисните болки на работникот за работата.

    Ај тоа, туку кога го носел на сервис да се жали дека му се рестартира им кажал за што се користи компјутерот, па го натерале водено ладење да тури шо кошта дупло од матичната....
     
    RagingDemon, Krkac, farkizz и на уште 1 им се допаѓа ова.
  11. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    828
    1,758
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
    Штом почнале вака од ракав да даваат решенија, чудно е што не го натерале да си однеси масло в црква :)
     
    RagingDemon, Krkac, Вајкинг и на уште 1 им се допаѓа ова.
  12. StefAngel

    StefAngel
    On your way to fame

    1,312
    799
    28 ноември 2015
    Машко
    Затоа никад не се купува Pre built config, водено ладење му дале а матична 50 евра, зини земјо лапни ме.
     
  13. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,011
    12,376
    23 Јануари 2008
    Манга
    А кога ќе изрика некоја компонента да речат „Gigabyte ја даде, Господ ја зеде“...

    Дополнително го натерале да купи откако го однел у сервис компјутерот, као фабричкото ладење на 2700X не било доволно моќно...
     
    Krkac, FLEGMA и на Трајче Дрварчето им се допаѓа ова.
  14. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    885
    1,059
    9 Јуни 2011
    Машко
    Не знам дали и колку фајда би имало од ова, но мислете дека ќе вреди да се сподели линк до темава директно на нивната ФБ страна?

    Anhoch

    Верувам дека нивните "маркетинг агенти" не се исти со оние сервисерите, но доволно е барем да се поткрене галама (ако не го избришат постот мислам во прв план), па евентуално да дојде темава/муабетов до некој од нивните надлежни.
     
  15. elrusius

    elrusius
    Gaining Experience

    31
    57
    26 Декември 2014
    Машко
    Лепенката е фејл невиден, ама се фатиле за Гембирд напојување и единечна меморија... Идат во продавница и сакаат за 20.000 гејминг конфигурација, епа нема Кулер Мастер напојување да стаат? Што се вика, колку пари, толку музика. Патем, јас си користев Гембирд напојување 500-ка со AMD 8320 и GTX960, немав никаков проблем и при макс оптоварување, тераше и со RX 580, рикна тек коа му закачив уште една. XD
     
    На Draynor, The GameMAster94, Avid и уште 4 други им се допаѓа ова.
  16. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,928
    4,135
    28 oктомври 2008
    Постов имаше тежина се до моментот кога дечките од Нексио му го решиле проблемот...

    Испратено од Mi A1 преку IT.mk форум апликација
     
    На Draynor, StalkeR, pacerMK и уште 10 други им се допаѓа ова.
  17. Astro

    Astro
    Guru

    6,097
    8,393
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    [​IMG]

    Ауууу.....
    Ова ги менува работите бајаги. Голем дроп во почит спрема Анхоч после вакви гафови.

    @gOJDO со огледа дека имаш фотографии од пред да го демонтираш кулерот, дали се сомневаше дека е направена ваква глупост? Дали беа температурите на 6600K високи? Дали бил оверклокуван процесорот?
     
  18. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,011
    12,376
    23 Јануари 2008
    Манга
    Воопшто не е таков овој случај! Колегава влегол во дуќан и им рекол дека сака гејминг компјутер за да ги тера најновите игри солидно на Full HD. Притоа не ги ограничил со буџет, само рекол дека сака квалитетни компоненти, но немора да се премиум и да троши пари непотребно.
    Како прво, зошто му туриле Z170 матична, 6600K и толкава торта од кулер кога колегата поим нема што е оверклок, а не па да оверклокува?! Зошто не му ставиле B150 матична плоча со 6600-non K кој има исти base/boost фрекфенции и има фабрички кулер, сет кој ќе го коштал 200 евра помалку.
    Како второ зошто не му ставиле му ставиле 2x4GB RAM, кои чинат исто колку 1x8GB, ако веќе сметале дека 8GB се доволни?
    Како трето, зошто Gembird? Ама зошто на ваков компјутер?

    Патем, претпоставувам дека работиш во Анхоч кога сега, само што се зачлени, веднаш коментираш на темава. Поздрави ја екипата таму, фино што вака брзо реагирате ;)

    Ако сакаш да кажеш дека ги фалам Нексио во темава, не не ги фалам, но се за пофалба! До сега се што склопиле било како што треба цакум-пакум! Ги спомнав бидејќи се запознаени со конкретниот случај затоа што членот од форумов компјутерот го однел кај нив каде за разлика од талентите во Анхоч го детектирале проблемот и го решиле! Со кој дел од реченицата имаш проблем?

    @Astro Немал проблеми со температури од причина што не го користи компјутерот за интензивни работи, најчесто играл Dota. Поима немавме за ова дур не го демонтиравме кулерот. Процесорот никогаш не е оверклокуван, ниту пак колегава знае што е тоа оверклок. Нема ни поима зошто му дале таква матична, процесор и кулер, прифатил тоа што му понудил, платил и си го зел компјутерот.
     
    На GGTT1, StalkeR, Krkac и уште 3 други им се допаѓа ова.
  19. Astro

    Astro
    Guru

    6,097
    8,393
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Си закачил уште една 580-ка? o_O
     
    На CokeZone и Tozo8 им се допаѓа ова.
  20. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,100
    4,374
    4 ноември 2013
    Машко
    Добро е што не се има запалено, ке го пишуваше по веснициве.
     
    На Draynor, Avid, CokeZone и уште 3 други им се допаѓа ова.
  21. elrusius

    elrusius
    Gaining Experience

    31
    57
    26 Декември 2014
    Машко
    Ај, бидејќи си толку писмен, прочитај кога сум зачленет. ;)
     
    На The GameMAster94 и Tozo8 им се допаѓа ова.
  22. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,588
    5,113
    20 Април 2007
    Машко
    Чекајте малку другари.
    Фискална? Работен налог, понуда, фактура, било што?
    И јас можам да дојдам од нигде никаде и да објавам еден куп обвинувања и клевети за било која компанија. Ама без соодетни докази, се ова нема поента.

    Зошто истово е случува за повеќе фирми, компании и слично во последно време. Не само на овие форуми, туку и на други...

    Не почнувајте одма со бош муабети како некој некого брани или клевети. НЕ!
    Но не и вака. Треба да се знае и се да се истера на виделина, но поткрепено со докази. Ако е така, сите вакви теми ке одат стики за да се знае и да можат луѓето ад гледаат.
     
    На StalkeR, artweb, vlavot и уште 10 други им се допаѓа ова.
  23. Astro

    Astro
    Guru

    6,097
    8,393
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Значи не негираш дека си вработен во Анхоч, туку негираш кога си зачленет.
    Па што не зуцна нешто 4 години?
     
    На StalkeR, CokeZone, vlavot и уште 7 други им се допаѓа ова.
  24. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,592
    4,502
    23 Јуни 2015
    Машко
    @gOJDO Мене ми изгледа дека колегава те искористува, ако му требало помош ќе те викнел и за совет за конфигурација, а не само кога е во тесно.

    А напојувањето крш невиден, терало 3 години без проблем.
     
    На uwemi, The GameMAster94, vlavot и уште 5 други им се допаѓа ова.
  25. elrusius

    elrusius
    Gaining Experience

    31
    57
    26 Декември 2014
    Машко
    Тоа беше мојот мастер плот, да се зачленам и 4 години да чекам да има тема Анхоч.
     
    На Draynor, RagingDemon, HoLfElDeR и уште 26 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...