Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Проблеми со влага и мувла по домовите, и зошто одвлажнувачите на воздух се прилично бескорисни уреди

Cicada

hello world
29 октомври 2019
64
102
Скопје
Cicada's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 3600
Motherboard
B550 AsRock Phantom Gaming 4
Storage
Kingson A2000 500GB
PSU
Cooler Master V1000
RAM
4x8GB, 3200MHz, CL16, G.Skill FlareX
Video card
RTX3080
Case
Fractal Desigh NORTH (Mesh)
Mouse
Logitech M650L
Keyboard
Logitech K650 (white)
Audio
Modecom VULCAN
Monitor
ASUS VP249QGR, 144Hz IPS
OS
Windows 11 Pro (beta)
Можеш и да им пишеш на овие дечки CeProSARD, или можеби знаеш некој што знае некој.. како и да е, тиа имаат таква опрема за енергетска ефикасност, меѓу другото и термални камери. Сигурно ќе ти/ви дадат подобри совети за подобрување на целокупната клима во станот.
 
AleksandarBR8

hello world
8 февруари 2015
199
318
Скопје
Јас ја изработувам оваа работа, работам со цела машинерија за изолации, кој и да има некаков проблем со влага,мувла,термо може слободно да ме исконтактира или да ме најде на социјални мрежи.
Ако не би требал да спонзорирам фирма на форумот пишете ми да корегирам.

Изодом
 
bakigvg

hello world
28 јуни 2016
233
132
После контактот со Изодом, за релативно брзо време како што се договоривме, Александар дојде во Гевгелија. Поставена е изолацијата на надворешниот зид кој не беше изолиран, а сега врз ова прсканово ќе се стави и стиропор. Дополнително купен е и одвлажнувач Clean air Optima, кој воедно има и прочистувач значи 2 во 1. Е сега уште да се извади кујната, да се одстранат мувлосаните делови и да видиме што сме направиле. Со оглед дека зимата е при крај најверојатно резултатите ќе ги имаме наредната година.
 
Атачменти

  • MVIMG_20220318_103225.jpg
    MVIMG_20220318_103225.jpg
    4,9 MB · Прегледи: 143
  • IMG_20220318_103220.jpg
    IMG_20220318_103220.jpg
    1,9 MB · Прегледи: 142
  • MVIMG_20220318_103309.jpg
    MVIMG_20220318_103309.jpg
    4,2 MB · Прегледи: 138
  • MVIMG_20220318_103244.jpg
    MVIMG_20220318_103244.jpg
    6,9 MB · Прегледи: 143
  • MVIMG_20220317_204520.jpg
    MVIMG_20220317_204520.jpg
    2,9 MB · Прегледи: 133
  • IMG_20220317_204452.jpg
    IMG_20220317_204452.jpg
    1,5 MB · Прегледи: 139

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.498
2.949
После контактот со Изодом, за релативно брзо време како што се договоривме, Александар дојде во Гевгелија. Поставена е изолацијата на надворешниот зид кој не беше изолиран, а сега врз ова прсканово ќе се стави и стиропор. Дополнително купен е и одвлажнувач Clean air Optima, кој воедно има и прочистувач значи 2 во 1. Е сега уште да се извади кујната, да се одстранат мувлосаните делови и да видиме што сме направиле. Со оглед дека зимата е при крај најверојатно резултатите ќе ги имаме наредната година.
Знам дека е стар муабетов, но резултатите од овој пост секако се очекуваа за оваа пролет.
Па, доколку сакаш, сподели некое инфо, како си задоволен после зимската сезона, дали се помина во најдобар ред, се реши ли проблемот?
 
bakigvg

hello world
28 јуни 2016
233
132
@petkotrajko Можам да кажам дека се реши проблемот, но за 100% да кажам со сигурност, тогаш треба да ја извадам кујната и да видам како е позади неа, што во овој момент е тешко изводливо. Треба да напоменам дека покрај изолацијата на надворешниот зид, доста внимавав и во навиките на користење на просторијата, што претходно не беше случај. Поставив сензори за мерење на влага на две позиции, константно луфтирање пред легнување и наутро по будење. Доколку влагата не паѓаше под 60-65% тогаш уклучував и одвлажнувач кој кога работеше преку цела вечер, имаше во канистерот собрано 3-4 литри вода. Исто така го избацив и готвењето во оваа просторија. Е сега како сум дошол до заклучокот дека проблемот е решен, а притоа не сум ја извадил кујната да проверам дали е мувлосана позади ? Ниту еднаш не дозволив хидрометарот да оди до 70-80%, туку на 65% веднаш го уклучував одвлажнувачот и ниту еднаш не видов на прозорците насобрана роса, што претходно беше секојдневен случај. Ете тоа е во кратки црти.
 
Фала ти за споделувањето баки, ова е сепак доста добра и корисна информација.
На прв поглед, ми делува дека веројатно ти е решен проблемот, што поради интервенцијата од претходно, што поради дисциплината и доследноста од твоја страна со постојаното внимание што си го посветил.
Како и да е, продолжи и натака со дисциплинираниот пристап, веројатно и тоа е дел од лекот.
 
AleksandarBR8

hello world
8 февруари 2015
199
318
Скопје
Да се надоврзам на темата, изолацијата кај @bakigvg беше поставена на надворешните темели, кога би имале можност да се ископа до доле до темел баш тогаш гарантрирам дека влагата и мувлата ќе исчезне 100%, не дека сега не е добро но што подлабоко тоа подобро.
 
Cape

hello world
23 март 2011
129
61
Пред да инвестирате многу во градежни зафати, пробајте со менување навики и паметни вентилатори. Купатилото/кујната не ги луфтирајте/сушете со отворена врата туку со принудна вентилација,таму е најголемиот извор на влага. Алишта сушете во купатило првично, па ако ептен нема промена купете сушара... Отворени прозорчиња во кујна/купатило имаат помала ефикасност од да речеме вентилатор со влагомер на нивно место.Доколку немате прозорчиња или вентилациони отвори ќе мора да направите или може и оџакот ако не се користи да користи за вентилација...итн итн
 
Последна промена:
15 септември 2012
1.161
1.300
или може и оџакот ако не се користи да користи за вентилација...итн итн

аааа.... бравооо.... ова е врв на македонското градежништво

еве, утре изутрина прва работа ќе ми биде да ги вратам дипломите на Градежен факултет

вчера да умрев, немаше да знам дека може и вака

ама ако, нека ги, додека има вакви - нема зима за вистинските градежници
 
AleksandarBR8

hello world
8 февруари 2015
199
318
Скопје
Пред да инвестирате многу во градежни зафати, пробајте со менување навики и паметни вентилатори. Купатилото/кујната не ги луфтирајте/сушете со отворена врата туку со принудна вентилација,таму е најголемиот извор на влага. Алишта сушете во купатило првично, па ако ептен нема промена купете сушара... Отворени прозорчиња во кујна/купатило имаат помала ефикасност од да речеме вентилатор со влагомер на нивно место.Доколку немате прозорчиња или вентилациони отвори ќе мора да направите или може и оџакот ако не се користи да користи за вентилација...итн итн
Гледам дека луѓето се жалат од влагата доста, користат куп препарати за да ја спречат но како што гледам не им оди на сите, мислам дека влагата произлага поради темелите и плочите, да не се урочам на 2та спрата немаме никаде влага, немам ни изолација како што изработувам туку има стиропор 10ка, не знам дали има везе но кај мене се луфтира премногу прозорот ми е отворен минимум 10саати дневно (зимо лето)
 
dashbog

lurker
24 јуни 2008
569
812
dashbog's setup  
Processor & Cooler
i5 6500
Motherboard
Asrock B250 Pro 4
Storage
1TB NVME + 3TB HDD
PSU
Cooler Master 650W
RAM
8GB
Video card
RX580 8GB
Case
SAMA Yuhui
Mouse
Logi M310
Keyboard
Logi K540
Audio
Logitech Z333
Monitor
Dell 27"
OS
Windows 10
аааа.... бравооо.... ова е врв на македонското градежништво

еве, утре изутрина прва работа ќе ми биде да ги вратам дипломите на Градежен факултет

вчера да умрев, немаше да знам дека може и вака

ама ако, нека ги, додека има вакви - нема зима за вистинските градежници
Може малку да дообјасниш околу ова??
Еве јас не сум градежен инж. и не знам..
 
Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.486
7.753
Скопје
www.facebook.com

Кај мене има вградено аспиратори во оџаци за да го вадаат топлиот воздух од собите преку оџак.
Каде правам грешка? И што може да е тука погрешното?
Зборам за мајнинг ригови коишто немам неко си избор за бушење дупки за надвор и морам преку оџак да го вадам топлиот воздух.
 
AleksandarBR8

hello world
8 февруари 2015
199
318
Скопје
Кај мене има вградено аспиратори во оџаци за да го вадаат топлиот воздух од собите преку оџак.
Каде правам грешка? И што може да е тука погрешното?
Зборам за мајнинг ригови коишто немам неко си избор за бушење дупки за надвор и морам преку оџак да го вадам топлиот воздух.
паметно до некаде искористено, но тоа не е решение за влагата ни пак сите овие препарати што коштаат повеќе отколку да вложите во сопствената куќа за изолација, и секако да бирате какви станови купувате за тие цени со дупла гипс табла и 5ка тервол.
 
Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
707
1.010
Самото користење на модерниве материјали си носи последици. Вакумирање на простории со лепаци и ПВЦ многу јасно дека ќе резултира со влага. Сега уште да се појават овие поборнициве на клима уред и да објаснат како се држи соба на 24 степени и може аутоматски да се затвори темава.
 
Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.486
7.753
Скопје
www.facebook.com
паметно до некаде искористено, но тоа не е решение за влагата ни пак сите овие препарати што коштаат повеќе отколку да вложите во сопствената куќа за изолација, и секако да бирате какви станови купувате за тие цени со дупла гипс табла и 5ка тервол.
немам проблем јас со влага ниту со мувла. Јас само го вадам топлиот воздух преку оџак со аспиратор од мајнинг риговите што се ствара. Заради тоа и прашав што е погрешното тука што се става аспиратор во самиот оџак. Патем кај мене се дупли оџаци со 2 канали засебни за секоја соба.
 
gOJDO

sensei
23 јануари 2008
11.065
19.033
Skopje
www.insomnia.mk
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Motherboard
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&#BGP5555PGBB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Storage
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#G5YY5PB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
PSU
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&GY!^:~7JJJJ??77777??JJY5PGB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
RAM
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#5!: ..:^~~!7??JYYYYJJJJJJYYPG#&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Video card
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&5!. .^!?YPB&&@@@@@@@@@#B#@@@@@@@@@@&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Case
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&P7. :?5G#@@@@@&BGB@@@@@@@@PPP&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Mouse
@@@@@@@@@@@@@@@@@G7:.~. ^5@@@@@@@@&P5P#@@@@@@BPPG@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Keyboard
@@@@@@@@@@@@#&@@@@@@@@@@@@@@&BY7~^^!7YPGBBB#&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Audio
@@@@@@@@@@@@@@#Y~~JG&@#Y^ .7G&@@@@@#PPPGB#BBP5PG&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Monitor
@@@@@@@@@@@@&PJ5#@@@@@@@@BY~. :75B&@@@&BGPPPPGB&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@

spiritBreaker

LaravelMaster
27 октомври 2015
3.832
4.975
Писти Охту
паметно до некаде искористено, но тоа не е решение за влагата ни пак сите овие препарати што коштаат повеќе отколку да вложите во сопствената куќа за изолација, и секако да бирате какви станови купувате за тие цени со дупла гипс табла и 5ка тервол.
убав муабет, само шо проблем настанува ко ќе си во зграда - пример кај мене во зграда, никој неќи на зградата да клај изолација и останува на друг начин некако да се среди. една друга опција шо ми ја спомнаја е Термо Стоп премаз на ѕидојте кај шо се појавува (треба три слоја да се нанесат, шо најидеално е да се напрај во лето истото), на ројал инвест страната има поќе детали за то. најверојатно на крајот на денот ќе морам да го прам то кај мене (оџациве не можам да ги отворам оти кузнеј од кога не се исчистени во зградава, нова изолација клавање ни под точка разно не иди заради комшиве под/над нас)
 
И јас планирам да премачкам со Термо стоп, ама не целосно ѕидовите, туку само стубовите/носачи (и малце околу нив), кои во мојот стан всушност се однесуваат како термички мостови, пошто таму ми се јавува мувла (како резултат од кондензацијата на влага во долниот дел). Па ќе видиме наредново зимо како ќе поминиме. :)
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Да пишам да непишам... Се игнорираат посочените работи од уводните постови.

Светото тројство е: вентилација, топлина, изолација.
Мора да ги има сите три - за да се избегне точка на роса на ладните мостови (и кондензација таму). Едно од наброените ако намалите нешто од другите мора да се зголеми - и обично треба несразмерно повеќе да се зголеми. Во превод, трите фактори треба да бидат во баланс.

Инаку ако мора да симплифицираме, поединечното влијание на секој од трите фактори е соодветно на редоследот на нивното набројување. Понатаму се е до зголемување на трите фактори додека не се изгуби проблемот.

Проблемов е изразен со новите градби/материјали, и зголеменото дихтување. Ефикасноста во греење е зголема ама намалена е вентилацијата, резултатот е влага, зголемена релативна влажност која се пројавува како кондензација на топлинските мостови (најладните точки).

На крај, ако само ги лечите симптомите болеста нема да се излечи. Симптомите порано или подоцна ќе се повторат.
 
15 септември 2012
1.161
1.300
Може малку да дообјасниш околу ова??
Еве јас не сум градежен инж. и не знам..
Кај мене има вградено аспиратори во оџаци за да го вадаат топлиот воздух од собите преку оџак.
Каде правам грешка? И што може да е тука погрешното?
Зборам за мајнинг ригови коишто немам неко си избор за бушење дупки за надвор и морам преку оџак да го вадам топлиот воздух.
Гледам дека луѓето се жалат од влагата доста, користат куп препарати за да ја спречат но како што гледам не им оди на сите, мислам дека влагата произлага поради темелите и плочите, да не се урочам на 2та спрата немаме никаде влага, немам ни изолација како што изработувам туку има стиропор 10ка, не знам дали има везе но кај мене се луфтира премногу прозорот ми е отворен минимум 10саати дневно (зимо лето)

Грешите во терминологија и во употреба.
Во зградите имате (ако се градени по прописи) вентилациони канали и оџаци. Тоа се два различни поими.
Во вентилациониот канал (најчесто) изнесуваш употребен воздух од кујна, купатило... а низ оџакот изнесуваш задимен воздух полн со CO и CO2 и... Ако во приклучокот за оџак ставиш вентилатор, аспиратор или било каков уред за принудна вентилација и со ги изнесуваш употребениот воздух надвор од дома, со сигурност на некој од комшиите вертикално под (најчесто на тие под тебе) или над тебе му создаваш проблем, па и да не кажам дека постои можност да затруеш некого со CO и CO2... Оџакот можеби во моментот не се користи, ама тоа не е причина да се користи за друга (непрописна) намена. Оџакот мора да се одржува и најмалку два пати годишно да се исчисти од оџачар. Оџачар ќе си најдете во занатска комора, не чиче и вујче да се качи на кров и да брлави нешто таму. По подолго не користење на оџак морате пред употребата да повикате оџачар. Оти од неисправен оџак се пали куќата/зградата.
Како да ги разликуваш? Вентилациониот канал најчесто е покрај купатило или други простории по дома, а оџакот е најчесто во кујната или близу централниот дел во куќата/станот.
Ова ви е одговор на првите двајца цитирани.

Третиот цитиран (многу мисли, а не знае за влага и не сака да консултира некој што знае - без навреди!) не прави разлика меѓу капиларна влага која се качува од земја преку темели, па по ѕидовите нагоре може да стигне и до плоча... и влагата која ја создава човекот со престој и работа во објектите.

Толку од мене.

Знаењето со добива со читање и учење, не на форуми, youtube или во кафана. Има лиценцирани установи за ширење знаење, некои се бесплатни, основно и средно училиште, некои се плаќаат. Во текот на животот ќе добиете некое знаење на улица, во кафана, ама цената на тие осознавања може да биде (и најчесто е) мноогу голема.
Мислењето е автоматски споено:

Да пишам да непишам... Се игнорираат посочените работи од уводните постови.

Светото тројство е: вентилација, топлина, изолација.
Мора да ги има сите три - за да се избегне точка на роса на ладните мостови (и кондензација таму). Едно од наброените ако намалите нешто од другите мора да се зголеми - и обично треба несразмерно повеќе да се зголеми. Во превод, трите фактори треба да бидат во баланс.

Инаку ако мора да симплифицираме, поединечното влијание на секој од трите фактори е соодветно на редоследот на нивното набројување. Понатаму се е до зголемување на трите фактори додека не се изгуби проблемот.

Проблемов е изразен со новите градби/материјали, и зголеменото дихтување. Ефикасноста во греење е зголема ама намалена е вентилацијата, резултатот е влага, зголемена релативна влажност која се пројавува како кондензација на топлинските мостови (најладните точки).

На крај, ако само ги лечите симптомите болеста нема да се излечи. Симптомите порано или подоцна ќе се повторат.

Во Правилникот за енергегетски карактеристики на зградите кој е објавен во Службениот весник на Република Македонија број 94 на ден 04.07.2013 година на страна 264 е објавена следната табела (ја пратив во прилог).

Во оваа табела е дефинирано (обележаниот текст) дека во стамбени објекти треба да имате 0,4 измени на воздухот дома за време од еден час со природна вентилација, односно за секои 2,5 часа да направите една промена на воздухот. Оваа промена се смета дека треба да биде 1/2 од вкупниот волумен на воздухот.
Тоа се приближно 10 пати во денот да да отворите прозори и врати и го замените воздухот дома.
Во училиштата тоа се на секои 45 минути, односно по секој школски час, во болници треба на секои 30 минути... Имате табела, читајте.

(Да не дозволите да ве лажат овие апашите од топлификација дека радијаторите дома треба да бидат загреани на 20 степени целзиусови, дома воздухот по сите овие вентилации треба да биде 20 + 1 степен целзиусови, а радијаторот треба да предаде мнооогу повеќе енергија за воздухот цело време да го загревате, вентилирате и да биде 20+1 по целзиус)
 
Атачменти

  • Видови_згради_конечно.pdf
    78,8 KB · Прегледи: 12
Последна промена:

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.498
2.949
И јас планирам да премачкам со Термо стоп, ама не целосно ѕидовите, туку само стубовите/носачи (и малце околу нив), кои во мојот стан всушност се однесуваат како термички мостови, пошто таму ми се јавува мувла (како резултат од кондензацијата на влага во долниот дел). Па ќе видиме наредново зимо како ќе поминиме. :)
Знам дека сеуште не е целосно помината „зимскава“ сезона, но сепак веќе можам да пренесам искуство и некои мои видувања од состојбата по ѕидовите и столбовите после премачкувањето со Термо стоп.

Летоски ги премачкав точките, односно површините од „интерес“, кај што ми имаше фатено мувла: главно столбовите, и тоа во висина не повеќе од 50тина сантиметри од подот, и плус ѕидовите околу столбот, исто по 40тина cm лево и десно од него.
Нанесов неколку слоеви (3 пати или 4 пати премачкував), а од едно до друго премачкување оставав период од повеќе саати (на пр.еден слој наутро, другиот навечер), за да се исуши слојот, па наредниот врз сув слој да го нанесам (лето беше, брзо се сушеше - во зимски или влажни услови ќе треба подолго за да се исуши слојот, би рекол бар по еден ден помеѓу нанесување нов слој).
До сега се нема појавено ништо на тие клучни точки, мада сеуште не е помината целата сезона (која па не беше влажна како минатата сезона) за да имам целосен и комплетен увид во резултатите, ама до сега е охрабрувачки.
На допир со рака, има осетлива разлика во температурата кај што е намачкано со премазот во однос на неколку сантими потаму кај што е нормалниот непремачкан дел од ѕидот или носачот (потопло е кај премачканото - и летоски се осеќаше разлика, а и зимава).

Јас нанесував со мало ваљаче, ама сигурно не е проблем и со четка да се намачка. Малце го разредвав со вода, пошто многу е густо.
Купив кантичка од 3 кила (1.800 денари од Ројал Инвест мислам, на бул.Србија), и ми остана уште малце, ама па немав премногу столбови и локации за мачкање.

Исто така, мебел до столбот/ѕидот, како на пр. гарнитура, кауч или слично, ги оддалечив (педа, две), колку што дозволува просторот, за да има повеќе струење на воздухот, па со тоа и помалце ќе се создава влага на тие точки.

ЕДИТ:
П.С.
Фала до @Astraion што ме праша, и со тоа ме мотивираше да одговорам и овде :)
 
Последна промена:

pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.709
3.367
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Ова Термо стоп еден исто ми го кажа и го зачував линкот што го имаш споделено. Тој со воодушевување ми кажувеше дека ова е спасот. Кажа дека темепратурата на ѕидот е постојано иста без разлика какво е надвор (?!) и дека малце било поскапо од нормална изолација (за него скапо можеби). Ама лекот е тој. Јас треба да се вселувам во стан, се мислам дали воопшто е добро ова да се направи кај некои ѕидови чисто како плус заштита.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.498
2.949
Ова Термо стоп еден исто ми го кжа и го зачував линкот што го имаш споделено. Тој со воодушевување ми кажувеше дека ова е спасот. Кажа дека темепратурата на ѕидот е постојано иста без разлика какво е надвор (?!) и дека малце било поскапо од нормална изолација (за него скапо можеби). Ама лекот е тој. Јас треба да се вселувам во стан, се мислам дали воопшто е добро ова да се направи кај некои ѕидови чисто како плус заштита.
Абе скапо/евтино, тоа е релативна категорија :)
Ако станот е нов, и ако се наоѓаш на повисоко, на пример втори, трети спрат и погоре, можда нема да имаш потреба (за разлика од мене, на приземје од зграда - нулта точка, па имам и од тоа дополнителна мака со влага).
Ако под тебе и околу тебе имаш станари кои ќе греат, пак е во твоја полза и во насока на помала влага кај тебе.
 
Последна промена:

goce03

user
20 јануари 2015
1.599
3.203
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Video card
INNO3D RTX 2060 SUPER
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
Знам дека сеуште не е целосно помината „зимскава“ сезона, но сепак веќе можам да пренесам искуство и некои мои видувања од состојбата по ѕидовите и столбовите после премачкувањето со Термо стоп.

Летоски ги премачкав точките, односно површините од „интерес“, кај што ми имаше фатено мувла: главно столбовите, и тоа во висина не повеќе од 50тина сантиметри од подот, и плус ѕидовите околу столбот, исто по 40тина cm лево и десно од него.
Нанесов неколку слоеви (3 пати или 4 пати премачкував), а од едно до друго премачкување оставав период од повеќе саати (на пр.еден слој наутро, другиот навечер), за да се исуши слојот, па наредниот врз сув слој да го нанесам (лето беше, брзо се сушеше - во зимски или влажни услови ќе треба подолго за да се исуши слојот, би рекол бар по еден ден помеѓу нанесување нов слој).
До сега се нема појавено ништо на тие клучни точки, мада сеуште не е помината целата сезона (која па не беше влажна како минатата сезона) за да имам целосен и комплетен увид во резултатите, ама до сега е охрабрувачки.
На допир со рака, има осетлива разлика во температурата кај што е намачкано со премазот во однос на неколку сантими потаму кај што е нормалниот непремачкан дел од ѕидот или носачот (потопло е кај премачканото - и летоски се осеќаше разлика, а и зимава).

Јас нанесував со мало ваљаче, ама сигурно не е проблем и со четка да се намачка. Малце го разредвав со вода, пошто многу е густо.
Купив кантичка од 3 кила (1.800 денари од Ројал Инвест мислам, на бул.Србија), и ми остана уште малце, ама па немав премногу столбови и локации за мачкање.

Исто така, мебел до столбот/ѕидот, како на пр. гарнитура, кауч или слично, ги оддалечив (педа, две), колку што дозволува просторот, за да има повеќе струење на воздухот, па со тоа и помалце ќе се создава влага на тие точки.

ЕДИТ:
П.С.
Фала до @Astraion што ме праша, и со тоа ме мотивираше да одговорам и овде :)
И јас имам иста мака, фала што сподели. А дали грубо излега на зид, вака ми делува многу густо. Ако имаш слика пушти.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.498
2.949
И јас имам иста мака, фала што сподели. А дали грубо излега на зид, вака ми делува многу густо. Ако имаш слика пушти.
Не е толку "грубо", ама се осеќа/гледа дека е друга текстурата на овај намаз. Кај мене можда доаѓа до израз дека со ваљаче нанесував, ете со пофина четка да не ќе се нанесува помазно?
А во поглед на бојата, и таму има разлика во нијансата, ѕидовите ми се со бел поликолор, а ова е малку покремасто од белината на ѕидот.
Ама пошто овие локации ми се позади мебел и на места кои што не се во директно видно поле, не му се замарам.
Иначе, мислам дека над сите овие слоеви можи да се премачка и со поликолор, па да се изедначат нијансите (сум подзаборавил дали прочитав така на упатството или на друго место?)

Испратено од телефоно
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно