Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Најдобар начин за префрлање пари од странство?

Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.492
7.769
Скопје
www.facebook.com
На тие суми за другите лица сметај дека ако надминат милион денари на годишно ниво имаш на тие пари 18% и уште еден данок ... Јас не би се нафаќал на тоа освен за себе за работната рака.
 
R

Roncic

Гостин
Нема потреба да поминуваат толкави суми низ сметка твоја. Нека легнуваат директно на сметка на крајниот корисник.
Побарај помош од сметководител , или пак приватен банкар. Значи шалтерските работници во банките се само шалтерски работници.
 
gamon

user
15 септември 2014
1.669
1.951
orgrimar
1 мора фирма за поголеми суми
2 фирмата не плаќа ништо, парите се прфрлаат на крајните корисници и тие си плаќаат по закон, фирмата плаќа само ако оствари профит и профитот ко подели како дивиденда на оснивачите и сл
секој сметководител или адвокат зане како оди, ова не е ништо ново , илјадници фирми работа со странски партнери
 
SiPy`

poweruser
23 јуни 2015
3.115
5.321
Знам, но работата е што не сакам толкави суми да поминуваат низ моја приватна сметка. Само помал дел од сумата е за мене, се останато е за клиентите што им е покриено медицинското осигурување. И ќе бидам и сомнителна на некој начин за УЈП, толкави суми да поминуваат низ сметка моја..
За вакви работи постојат адвокати, а не форуми. Немој да направиш грешка уште од почеток и после скапо да ја платиш. Отиди кај адвокат и нека ти објасни убаво и детално, а можеш и да го платиш и тој да ти заврши се во твое име.

Ова ти е мој совет.
 
Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.958
4.168
Здраво дечки. Почнав да работам за Американска фирма преку која се осигурени и македонскиве државјани.
Дали може малку да го појасниш овој дел? На што мислиш поточно со 'осигурени'? Осигурени како во им тече стаж во САД или на каков начин?
Фала однапред
 
DonFrozex

user
9 јуни 2011
1.416
1.647
Знам, но работата е што не сакам толкави суми да поминуваат низ моја приватна сметка. Само помал дел од сумата е за мене, се останато е за клиентите што им е покриено медицинското осигурување. И ќе бидам и сомнителна на некој начин за УЈП, толкави суми да поминуваат низ сметка моја..

Разгледај ја опцијата за Transferwise врзан со Бугарска банка.
Не знам за колкави суми станува збор, но ако ти е опција да те исплатата преку Bank Transfer (ACH, или ако имаат опција да те исплаќаат од ЕУ фирма преку SEPA) - тогаш вреди да се ѕирне и оваа опција.
 
Benedicta

hello world
7 декември 2017
111
74
Решивме на друг начин. Само приходот за остварени услуги ќе ми доаѓа на моја сметка. За се' останато тие ќе ми дадат нивна картичка со која ќе плаќам (лекување, операции и сл.)
 
YourGrace

read-only
16 февруари 2019
4
0
Здраво дечки.
нов сум на форумов и имам неколку прашања :
Почнав со Dropshipping на Shopify, ама најголемиот проблем е примање на пари. Читав по форуми и јасно е дека PayPal е најверодостоен метод за плаќање и примање на пари. Имам Хрватски пасош и државјанство, па би бил повеќе од благодарен ако некој може подетално да ми објасни дали постои и која би била процедурата да извадам картичка во Хрватска и да ја поврзам со PayPal со што ќе можам во Македонија да си повлекувам пари. Дали знаете кои банки соработуваат, каде би имал најмала провизија, дали би морал да отидам во Хрватска да си извадам картичка или може онлајн итн..?
Фала ви однапред,
Поздрав
 
Benedicta

hello world
7 декември 2017
111
74
Дечки кажете ми искуство со нашиве банки за примање пари од странство. На стопанска сум, и на секоја сума примарна ми сопирааат околу 40 долари провизија од банка, и плус околу 700-800 ден кога ми стигаат на сметка. Дали во сите банки вакви суми зимаат за провизија? Или имате искуство со поокеј услови со некои од нашиве банки?
Инаку примам во долари, и бидејќи нема опција за картичка во долари, од банка прават менувачница и ми ги префрлат во денари.
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.736
15.830
youtu.be
Зависи за која сума станува збор, инаку можеш да пробаш и со Western union или Moneygram па да направиш споредба. Но пред се како што кажав на почеток многу битно е колкава е сумата на парички. :)
 
Benedicta

hello world
7 декември 2017
111
74
Зависи за која сума станува збор, инаку можеш да пробаш и со Western union или Moneygram па да направиш споредба. Но пред се како што кажав на почеток многу битно е колкава е сумата на парички. :)
2000 долари месечно секако, може и повеќе
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.736
15.830
youtu.be
За таква сума може да се користат овие сервиси, ти си добиваш готовина без никакви дополнителни трошоци, е сега која ќе биде провизијата на тој што ти праќа не би знаел да ти кажам.
Сметај дека и овие не се китка за мирисање. :)
 
DonFrozex

user
9 јуни 2011
1.416
1.647
За таква сума може да се користат овие сервиси, ти си добиваш готовина без никакви дополнителни трошоци, е сега која ќе биде провизијата на тој што ти праќа не би знаел да ти кажам.
Сметај дека и овие не се китка за мирисање. :)

Не е 100% точно дека добиваш готовина без никакви дополнителни трошоци/главоболки.
Мислам дека во друга тема веќе коментиравме и имаше принт-скрин (доказ) за тоа дека до годинава УЈП (или соодветна институција) ако побара листа на луѓе што примиле пари преку WU, Moneygram или сличните - се должни да им ја достават.
Од годинава истиве сервиси се задолжени да доставуваат листа на примачи/праќачи месечно до УЈП (или соодветна институција).
Ова ми го кажа човекот во менувачница во Тафта 2, кој воедно имаше и MoneyGram знак и баш го прашав за случајов: Што се дешава на таа тема и што се има сменето од годинава.
Ако ме излажал тој мене - ве лажам и јас, простете.

Од друга страна, се јавив во УЈП (подрачје Штип) директно и прашав што се случува ако јас како физичко лице, си пратам пари од странство (Холандија) на мене, физичко лице во Македонија. Ми рекоа дека нема никаков проблем се додека се од исто на исто лице и двете лица се физички, односно не претставуваат компанија.
Just FYI.
 
Benedicta

hello world
7 декември 2017
111
74
Мене ми е прашањето конкретно за банка овде, бидејќи ми праќаат и дополнителни пари за данок фирмата за која работам.

Стопанска има не баш мали fees, и ограничени услуги. Дали има банка во Мк каде би можела да извадам и дебитна картичка на девизната сметка (долари). Или барем да имаат електронско банкарство каде ќе бидат вметнати и доларска и денарска сметка, и јас сама да си префрлувам пари од долари во денари, без да одам во банка?
 
tonidn

read-only
13 март 2016
32
24

Не знам за останатите банки но јас имам искуство со НЛБ банка и нивниот e-banking и сум презадоволен. Мислам дека ме кошташе некоја смешна сума да го активирам со тоа што доколку сакаш да правиш интерни трансакции меѓу сметки, купопродажба на девизи и сл. потребен ти е токен, сигурносен код што многу лесно функционира со нивната М–Токен моб. апликација. Мислам дека се плаќа 300ден еднократно. Апликацијата ти е ко Google Authenticator каде што при секоја трансакција си генерира шифра која што мораш да ја внесеш за да се финализира самата трансакција. Сетоа тоа се случува инстантно.

Во случај на девизен прилив од странство, доколку парите ти ги праќа една иста фирма можеш да потпишеш одобрение за автоматско распледелување на парите така што за 24ч откога ќе ја добиеш смс пораката за приливот ќе ти "легнат" и на самата сметка.
 
O

Oliver!

Гостин
Мене ми е прашањето конкретно за банка овде, бидејќи ми праќаат и дополнителни пари за данок фирмата за која работам.

Стопанска има не баш мали fees, и ограничени услуги. Дали има банка во Мк каде би можела да извадам и дебитна картичка на девизната сметка (долари). Или барем да имаат електронско банкарство каде ќе бидат вметнати и доларска и денарска сметка, и јас сама да си префрлувам пари од долари во денари, без да одам во банка?

ЦКБ.

Eлектронското банкарство им е катастрофа, АМА провизијата е фиксирана на 5-6 долари - без разлика дали ќе повлечеш 200 или 20000.

Стопанска Банка на сите клиенти им зема 1% провизија од трансакција, ОСВЕН ако ги орочиш парите на 1 месец (што е комплетна глупост) па да си ги земеш после во целост.
Технички, на 2000 долари СТБ ти зема 20 долари. Ако тераш така цела година им даваш околу 250 "за бело брашно" :)

Истиов проблем со орочувањето го има и во други банки, со тоа што на пример ТТК има пократок период - 10 или 15 дена така нешто...
Не сум сигурен, ама изгледа и кај НЛБ е исто. Пред да правиш сметка било каде прашај ги за ова затоа што тие самите нема да ти кажат никогаш :)
 
O

Oliver!

Гостин
Да дополнам и за курсната листа:

Еве споредба Банка контра Менувачница:

Курсна листа

Курсна Листа

Доколку си во можност _секогаш_ вади ги во долари, па носи ги во менувачница.
На годишно ниво ова исто многу менува...
 
krashot

hello world
21 април 2013
179
120
Bitol, Bitola, Macedonia
krashot's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 3600
Motherboard
Gigabyte B450M-K
Storage
240 SSD 1TB HDD
RAM
16 GB
Video card
Gigabyte 1060 3GB
Mouse
Redragon M711 Cobra
Monitor
Benq 24"
OS
Windows 10 Pro
Здраво, неќев да отварам нова тема па ќе пишам тука.
Пари добиени од странство преку Moneygram дали истите треба да се пријават во УЈП?
 
krashot

hello world
21 април 2013
179
120
Bitol, Bitola, Macedonia
krashot's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 3600
Motherboard
Gigabyte B450M-K
Storage
240 SSD 1TB HDD
RAM
16 GB
Video card
Gigabyte 1060 3GB
Mouse
Redragon M711 Cobra
Monitor
Benq 24"
OS
Windows 10 Pro

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.185
16.293
Абе какво пријавување во УЈП. Срѓан Керим у шише ги досеше десетици иљади, УЈП кој ги врти, нек си заработат сами.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно