Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Купување на странски акции\хартии

budba

read-only
22 септември 2023
2
2
Не најдов оваква тема овдека во скоро време па се решив та прашам пак.

Кој е наједноставниот начин за купување, главно сакам да инвестирам во ETFs како SMP500 и да ми стојат подолг период со надеж дека ќе пораснат ,досега единствен начин што го најдов е преки Wise да ставам и да извадам пари на InteractiveBrokers.

Дали има нешто подобро од ова какви се провизиите и условите ме интересира.

Фала фи однапред.
 
Solution
Како што пишав во Wise темата. Ова е најдобар начин за купување акции, поготово ако се работи за помали инвестиции, затоа што Interactive Brokers дозволуваат да купуваш фракции од акции и од ETFs.

Од неколку обиди и варијанти што ги направив преку Wise. Најисплатливо е да купиш долари со ЕВРА преку Gpay (Си бираш ова на deposit делот).
За да добиеш $100.00 на Wise треба да депонираш 94.44EUR ($101.04)
Провизијата e 1.04%.

Потоа се поврзува Wise акаунтот директно преку Interactive Brokers и ги префрлаш парите таму. Се плаќа уште $0.39 провизии за овој трансфер што тоталот доаѓа $1.43. Oва трае 1 до 2 дена. :)

Првичната идеја ми беше преку SEPA или Wiretransfer да префрлам пари директно на Interactive Brokers, но таков трансфер кошта...

Psycore

Модератор
12 ноември 2013
1.130
1.530
Скопје
Како што пишав во Wise темата. Ова е најдобар начин за купување акции, поготово ако се работи за помали инвестиции, затоа што Interactive Brokers дозволуваат да купуваш фракции од акции и од ETFs.

Од неколку обиди и варијанти што ги направив преку Wise. Најисплатливо е да купиш долари со ЕВРА преку Gpay (Си бираш ова на deposit делот).
За да добиеш $100.00 на Wise треба да депонираш 94.44EUR ($101.04)
Провизијата e 1.04%.

Потоа се поврзува Wise акаунтот директно преку Interactive Brokers и ги префрлаш парите таму. Се плаќа уште $0.39 провизии за овој трансфер што тоталот доаѓа $1.43. Oва трае 1 до 2 дена. :)

Првичната идеја ми беше преку SEPA или Wiretransfer да префрлам пари директно на Interactive Brokers, но таков трансфер кошта 1500 денари. Без разлика дали ќе се 100, 1000, 5000еур (има upper лимит и ова). Ако се работи за поголема сума, не е лоша варијанта.

Потоа кога ги имаш парите во Interactive Brokers за купување на секоја берза/фонд има минимални провизии. Секогаш пред да купиш има опција preview да направиш за да ги видиш сите потенцијлани fees.
Ќе постирам неколку трансакции што ги направив во мојoт test run.

Купив 0.2 Apple акција на NASDAQ за $35.3. Провизија $0.35
Купив 0.23 Disney акција на NYSE за $20.0. Провизија $0.15
Купив 0.06 VOO ETF на NYSE за $23.0. Провизија $0.23
Купив 1 VDPG на London Stock Exchange za 23GBP. Провизија 3GBP. Тука уште не знаев за "preview" копчето и го јадев. Така да кога има вакви фиксни провизии, не се исплати мали количини да се купуваат. А, најчесто вакви провизии има кога пазариш на non-US берзи.

Сите овие провизии си ги има тука:

Имаат повеќе апликации. Јас ја користам IBRK GlobalTrader, најмногу е beginner friendly. Слична е на Binance.

Во спротивно од Binance, не можеш кога ќе ти текне да отидеш и да си купиш акции. Си има работни саати на берзата. Преку викенд е затворена. Постои и extended и overnight трејдање ама со дополнителни провизии.

Реферал линк: (нешто добивате и вие, нешто и јас, немам истражувано)
IBKR Referral Invitation

Обичен линк:

Edit: Исплаќаат и дивиденди.
Edit2: Покрај NYSE и NASDAQ има акции од уште 100 берзи од други земји и региони.
 
Последна промена:

Прекрасно објаснето фала ти многу јас веќе го истестирав овој начин но имав многу нејасни работи и бев збунет пуштив само 30$ да видам дали ке работи треба уште да отидам до стопанска банка да си отворам доларска сметка бидејки ми дзвонеа пред некој ден.

Апликацијата што ми ја препорача е добра и ми олесна многу бидејќи пред тоа се губев ма веб страната, само не можам да најдам дали има опција да следам исплатени дивиденди или слично нешто или таквата работа ќе мора да се гледа на веб сајтот?

Сепак фала ти за одличното објаснување
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
Да не отварам нова тема, има ли некој упатен како оди со продажбата на акции и пријавување на истото?

На кајгана прочитав дека треба да се пријави секоја продажба каде е остварен профит, и се плаќа 10% на профитот. Дали е така или треба да се пријавуваат и продажбите каде не е остварен профит?
 
gamon

user
15 септември 2014
1.669
1.951
orgrimar

кај фирма има книговотство и точно одредено кога се плаќа, кај приватно лице секој прилив на трансакциска треба да се плати 10% персоналец
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
кај фирма има книговотство и точно одредено кога се плаќа, кај приватно лице секој прилив на трансакциска треба да се плати 10% персоналец
Да но се плаќа 10 % на профитот, е сега на ујп стои дека се пријавува секоја промена на сопствеништво на акцијата, што би значело дека треба да се пријави продажбата како ставка без разлика дали парите ги реинвестираш во други акции или не си остварил профит.

Пред месец дена почнав да чепкам тргување на странска берза па имам многу непознати работи.
 
gamon

user
15 септември 2014
1.669
1.951
orgrimar
Да но се плаќа 10 % на профитот, е сега на ујп стои дека се пријавува секоја промена на сопствеништво на акцијата, што би значело дека треба да се пријави продажбата како ставка без разлика дали парите ги реинвестираш во други акции или не си остварил профит.

Пред месец дена почнав да чепкам тргување на странска берза па имам многу непознати работи.
за приватно лице секој прилив е профит, затоа служат фирмите, имаат книговотство и има ставки капитал, обртни сретства, ефектива и сл
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.989
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
Го знам ова но мене ме интересира некој ако има самостојно инвестирано и има продадено акции. КБ ја користи истата апликација што може секој да ја користи со правење акаунт, со тоа што они наплаќаат провизија за услугата.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.989
Како се уплаќа и исплаќа од апликацијата на IBKR директно? По некоја логика тоа е делот во кој учествува банката.
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
Како се уплаќа и исплаќа од апликацијата на IBKR директно? По некоја логика тоа е делот во кој учествува банката.
Правиш акаунт и преку картичка или трансфер од сметка, со што немаш провизија што ја зима банката како посредник.
 
zole1987

read-only
11 април 2015
16
0
Здраво,
дали некој користи trading212 платоформа за тргување?

Конкретно околу процесот за депонирање на пари банката бара customer agreement за некоја сума над нивниот лимит, каде може истиот да се набави од trading212?

Најдов еден Invest terms што ми личи на таков.

Исто како обезбедувате доказ за потекло на парите при повлекување исто на банка?

Поздрав.
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
Здраво,
дали некој користи trading212 платоформа за тргување?

Конкретно околу процесот за депонирање на пари банката бара customer agreement за некоја сума над нивниот лимит, каде може истиот да се набави од trading212?

Најдов еден Invest terms што ми личи на таков.

Исто како обезбедувате доказ за потекло на парите при повлекување исто на банка?

Поздрав.
Преку дебитна картичка можеш да си ставиш депозит. Мене ми бараа договор за повлекување на парите ама не најдов таков договор.
 
greeIT

read-only
9 ноември 2023
1
1
Здраво на сите. Имам прашање во врска со провизиите за надополнување на IBKR акаунотот. Вчера направив депозит преку Wise со користење на MasterCard и за 80$ ми наплати провизија од 3.65$, иако пред да ја направам трансакцијата пишуваше up to 1.25$. Прашањето ми е, дали има некој друг начин да префрлам пари на IBKR со помала провизија од 5%?
Според Psycore може преку Gpay на Wise a потоа на IBKR, но неможам да најдам точно како на мојот телефон, неможам да најдам deposit копче. Немам Wise картичка. Фала однапред
 
Последна промена:

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.588
6.028
Битола
Дечки, имам некој денар сакам да го инвестирам и читам за инвестирање на странски берзи, но имам неколку проблеми:

1. Врска немам со инвестирање на берза (концепт)
2. Појма неам како да инвестирам странство
3. Појма неам кој е добар баланс на ризик и профит

Некој што успешно ова го прави да даде совет? Барав за инвестирање во МК но неам муда.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.622
3.169

тогаш имаш две опции
1. сам испитуваш во што и како да инвестираш (многу време)
2. даваш пари на инвестициски фондови (има локално неколку) и тие инвестираат за тебе (се разбира со профит и за нив)
 
Овие нашиве кој ги регулира? Искрено, се што е македонско првично му пристапувам со доза скептичност. Страда народот од себе-поразителност. Тој ни е комплексот.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.622
3.169
Овие нашиве кој ги регулира? Искрено, се што е македонско првично му пристапувам со доза скептичност. Страда народот од себе-поразителност. Тој ни е комплексот.
за жал, се што може да биде добро за народ, кај нас е пререгулирано.
во суштина секогаш се е регулирано, ама никој не почитува регулативи :)
 
TexasUS

user
25 февруари 2017
1.283
1.315
Има некој идеа зошто Стопанска Банка не би дозволувала тргување со хартии од вредност на странски берзи, односно купување акции на вакви платформи онлајн не дозволуваат со нивните картички. Со комерцијална нема никаков проблем?
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.696
Има некој идеа зошто Стопанска Банка не би дозволувала тргување со хартии од вредност на странски берзи, односно купување акции на вакви платформи онлајн не дозволуваат со нивните картички. Со комерцијална нема никаков проблем?
Недомаќинската банка гарант мисли дека ова е нешто со форекс или сл. па „ти ги чуваат“ парите (за да ги трошиш кај нив…) Нека ти дадат на писмено па после да се жалиш во НБРМ
 
Последна промена:

TheGamerTeacher

hello world
9 декември 2016
451
555
Скопје, Ѓорче Петров
www.twitch.tv
Дечки, имам некој денар сакам да го инвестирам и читам за инвестирање на странски берзи, но имам неколку проблеми:

1. Врска немам со инвестирање на берза (концепт)
2. Појма неам како да инвестирам странство
3. Појма неам кој е добар баланс на ризик и профит

Некој што успешно ова го прави да даде совет? Барав за инвестирање во МК но неам муда.
Јас тргувам на оваа платформа , поприлично е лесно депонирањето средства (лично отворив акаунт на Wise, таму "турам" пари дирекно од лична платежна картица ВО ДОЛАРИ (ова ти го убрзува процесот и намалува давачки за конверзија ако не се лажам). На самата платофма за тргување имаш опција да депонираш средства на повеќе начини, но еден од најбрзите и едноставни е преку Wise.

Околу тоа ШТО да купуваш, тоа е ептен лично и дискутабилна тема, оти ако беше општопознато, ќе пливавме во пари сите. Е сега, имаш два концепти во глобала (има и други ама овие се наједноставни за почеток). Инвестираш дирекно во фирма (пример купуваш акции на НВИДИА во вредност на ХХ$ , btw на платформава ти дава опција да купиш и фракции/делчиња од акции) а втората варијанта е да инвестираш во управувани инвестициски фондови (некои од нив го следат движењето на пазарот , пример имаш S&P500 кој секој твој долар го распоредува во 500те најголеми компании во Америка, или пак QQQ фондот кој е насочен стрикно кон технологија, IT и слично). Обично индивидуалните акции се поризични и треба да знаеш и анализираш за самата компанија многу, плус имаш ризик од манипулација на пазарот, а пак кај овие инвестициски фондови (ETF ги викаат) од тие 2-3-500 компании, и да киксни некоја или некоја манипулаицја да се случи, најчесто другите го покриваат и има некој баланс. Обично за почеток е препорачливо да си туриш парички во фонд, додека прајш некакво истражување, бидејќи и самите фондови на долг рок имаат годишен раст од 6-10% шо би значело дека ја победуваш инфлацијата во најмала рака.
 
овие фондови што ги спомнуваш валјда ти се овие ETFs: Exchange-Traded Fund?

Што ако дојде момент да ги повлечиш тие пари од Wise? Што заебанции има тука во тој момент?
 
Filipovski

read-only
8 април 2018
41
46
овие фондови што ги спомнуваш валјда ти се овие ETFs: Exchange-Traded Fund?

Што ако дојде момент да ги повлечиш тие пари од Wise? Што заебанции има тука во тој момент?
Можеш да направиш SWIFT трансфер директно од IBKR на твоја банкарска сметка.

На тема, јас користам IBKR како платформа и строго купувам Index Funds. Зависно од толеранција на ризик, добар избор би бил S&P 500, VTI, VT (подредени по опаѓачки ризик).

За трансфер на помали суми користам Wise, а за поголеми директен SWIFT трансфер од девизна сметка. Данок се плаќа на профит, по продажба на акциите. Ако акциите се држат повеќе од 2 години тогаш нема данок.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно