Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Кога би бил твој IT.mk....

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.190
16.323
Зш батето со џипот го загрозува велосипедистот...
Велосипедистот сам си го загрозува животот...
Работава, забрането пливање - има ајкули .... Ајкулата крива оти скокнал будалиот вморе ??
Џиз'с крајс дјуд, :cry: не продолжувам понатаму со дискусијава.
 
Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.549
1.048
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
исто покрај наратив на колумни

би правел и дискусија за некои од колумните
(иако ова мислам дека беше до скоро пракса а не земаше големо внимание)
поточно би го направил следново:
би вметнувал линкови од колумните во погодни теми

пример: IBM репортот од сигурност би го ставил во Сигурност
Антропик новиот договор со Wall Street односно Blackstone и Goldman би го ставил во AI Business темата
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.135
Ај си викам за новата вест од Нвидиа ќе прочитам од МК извор:

Ова е хардвер кој до вчера се среќаваше само во серверски стаи.
Dell се очекува да дебитира XPS лаптоп со чипот, дизајниран за professioni.
прва класа Windows on ARM искуство за она што го замислува како следната граница на персоналното пресметување.
Брзите CPU стануваат суштински за одржување на ВИ фабриката во движење.

Нормално, има дисклејмер
Оваа содржина е генерирана со помош на вештачка интелигенција, но е внимателно проверена, уредена и дополнета од уредничкиот тим на IT.mk, со цел да обезбедиме точни, релевантни и квалитетни информации за читателите.
Ова некој нов уредник со модерен речник, успеал да го направи недостижното - неразбирлива статија и на МК и на англиски јазик. :)

Btw, дури и да ја прочитате и да ја разберете цела вест, тотално е утнат концептот со Spark и што е целта. Во статијата се спомнува NVLink за серверски перформанси за AI, ама нема ваљда дата центри да правите? Доволно е од news room на Nvidia да се разбере целта:

“The PC is being reinvented,” said Jensen Huang, founder and CEO of NVIDIA. “For forty years, you launched apps. Click. Type. With RTX Spark and Microsoft Windows, you ask — and the PC does the work. RTX Spark brings everything NVIDIA has built — CUDA, RTX, our AI platform — into a single superchip. Local agents. Frontier models. Creative workflows. RTX games. All on a laptop. This is the new PC. The personal AI computer.”
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.799
4.514
Неготино
Би им дал до знаење на луѓето дека нивните багови се разгледуваат или би ги известил/докажал дека тој баг уствари не постои и е проблемот на нивна страна.

Ја следам темата за багови и гледам дека 90% од времето не се дава до знаење дали некој разгледува нешто што пријавил.
Ко за теткино здравје да постои темата.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.860
5.568
Би им дал шанса на тие што ги цитирам да ми одговорат, а не да си играм Hit & Run, пошто ми се може.

@D да пише како темата и дозволеноста на постот е согласно она што го цитирал. Во кој дел припаѓа на цитираното?

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
D

Администратор
31 март 2007
4.129
4.329
www.aqtos.com

@marv не знам што сакаш да чуеш или да полемизираш... очигледно нешто те мачи за правилава или мислиш дека има некоја теорија на заговор тука... бидејќи пред некој ден влета со оф топик во темата на @Fatal1ty_ , а денес и во темата кај што дечкото бара тестери за Андроид.

Правилата и условите постојат со цел да се заштитиме од одредени сценарија каде што има злоупотреби. Како и сите правила, закони и пишани концепти на однесување, истите се оставени на толкување согласно ситуацијата и контекстот, и воглавно толкувањето паѓа на терет на тој што ги применува.

Да ти одговорам подиректно:
Темата на @Fatal1ty_ ја гледам како корисна за заедницата, споделува што направил, како го направил, колку го коштало... и да треба да е комерцијална тема, свесен си за улогата на @Fatal1ty_ на форумов и не би било никаков проблем да му го дозволиме тоа, ама во случајов не се работи за комерцијална презентација.

Темата на @stefan исто ја гледам ко корисна за заедницава, јасно кажува што му треба и ја споделува апликацијата што ја прави. Очигледно греши со понашањето, ама тоа си е негово. Ако мислиш дека има непотизам или нешто друго, ке ти одговорам дека неам појма кој е Стефан, така да ти паѓа теораијата дека овде нешто заговараме за да искористиме.

Ако ги толкуваш правилата на толку буквален начин, тогаш треба пола форум да избришеме - бидејќи има тема кај што се збори за банки, брендови итн.

Отсекогаш сме поддржувале проекти во рани фази и сме дозволувале нивен пласман на форумов, еве ти пример од 2010-та кога е лансиран fakulteti.mk, кој низ годините стана успешен комерцијален проект и од кој тим покасно произлезе и Светот на биби како проект. Еве и друг пример за проект gradba.mk кој има и своја тема...

Од моја гледна точка, им посакувам на овие а и на сите други на ниво место да успеат многу и да направат многу пари. Се дур споделуваат како го прават, тоа, отворени се за сугестии, дискусии и помагаат на заедницата, добредојдени се на ИТ.мк.

Кажи ми точно што ти пречи во овој пристап?
 
Последна промена:

Ајде сега кажи што имаше општо корисно во темата на Стефан? Дојде побара тестери за чист комерцијален производ, од кој ќе заработува дајбоже и толку. Ниту сподели нешто, нит некој научи нешто од темата, освен како треба возрасен човек да не се понаша. И сега ти изфилозофира со тотално неповрзани теми и дешавки, и шта би било кад би било. Бај д веј, ниеден од цитираните проекти не бил претставен, ниту замислен како комерцијален тогаш. Што станало отом потом е друго.
И не улетав кај фаталити него убаво напишав дека ќе има злоупотреба кога нема да треба и тоа се потврди. Ај таму бар нешто и некој научи, округло па на ќоше.
Инаку ако правилата постојат за да ги толкува тој што ги применува селективно кога и како му одговара, нека нема правила. И така и така ќе биде како сака тој што ги применува.
Само некако за некого мајка за некого маќеа у применувањево. Па уште кажи, тресни, заклучи тема. Прекрасно, одлично. За пример.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
D

Администратор
31 март 2007
4.129
4.329
www.aqtos.com
Ајде сега кажи што имаше општо корисно во темата на Стефан? Дојде побара тестери за чист комерцијален производ, од кој ќе заработува дајбоже и толку. Ниту сподели нешто, нит некој научи нешто од темата, освен како треба возрасен човек да не се понаша. И сега ти изфилозофира со тотално неповрзани теми и дешавки, и шта би било кад би било.
Иначе не улетав кај фаталити него убаво напишав дека ќе има злоупотреба кога нема да треба и тоа се потврди.
Инаку ако правилата постојат за да ги толкува тој што ги применува селективно кога и како му одговара, нека нема правила. И така и така ќе биде како сака тој што ги применува.
Само некако за некого мајка за некого маќеа у применувањево. Па уште кажи, тресни, заклучи тема. Прекрасно, одлично. За пример.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Корисно: Македонски девелопер се обидува да пласира апликација на глобален пазар, бара тестери на форум за ИТ. Не ветува награди, бара помош, без услови. За нас ко редакција, тоа е корисно. За тебе можда не е, и тоа е ОК, фала ти што го сподели ставот. За жал ОП се испонаша после во постовите и почна глупа расправија. Ја заклучив темата, има боречки клуб терајте таму.

Друго немам што корисно да ти одговорам на тоа што си го напишал, најотворено ти го споделив нашиот став и зошто толерираме такви теми.
 
stefan

lurker
13 април 2007
697
534
Прилеп
netops.network
stefan's setup  
Processor & Cooler
i5-1235U
Storage
1TB NVme
RAM
16 GB DDR4-3200
Case
ThinkPad T14 Gen 3
Keyboard
Logitech K470
Monitor
Dell P2425H
OS
Windows 11 / Ubuntu 24.04 LTS
@D и до модераторите,

Мислам дека мора построго да се реагира кон членови како @xenon, @Daniel86 и останатите кои често влегуваат во теми со цинизам, иронија, шовинизам и деградирање на дискусијата, наместо со конструктивен придонес.

Овие двајца членови често влегуваат во расправии, поради што голем број теми се претвораат во непотребни конфликти, а некои дури и се бришат или заклучуваат, особено поради однесувањето на Xenon.

Многу години сум член на форумот и ова не го зборувам само поради моите теми. Xenon често влегува во дискусии со ироничен и конфронтирачки став кон речиси секој член, што создава непотребна тензија и ја деградира ИТ дискусијата.

Не се работи само за мене или за моите теми. Сметам дека е време овие двајца членови или да се предупредат и да го корeгираат однесувањето, или доколку продолжат, да се преземат соодветни мерки согласно правилата на форумот.

Стварно претераа. Форумот треба да биде место за размена на знаење и искуства, а не секоја ИТ тема да се претвора во расправија и лични препукувања.
 
Последна промена:

Daniel86

poweruser
28 мај 2013
4.356
11.974
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Aula Moon Slasher
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Asus TUF Gaming VG27AQ3A
OS
Windows 11 Pro
Бидејќи сум спомнат, да се огласам. Ќе бидам краток, ветувам. Многу мрсиш за @xenon а ваму гледам ти помогнал па му ставаш лајкови.
Screenshot_20260816_014420_Chrome.jpg

Чекај да видиме дали магарето му рекло на зајакот "имаш големи уши"
Screenshot_20260816_014509_Chrome.jpg
Screenshot_20260816_014549_Chrome.jpg
Screenshot_20260816_014638_Chrome.jpg
Screenshot_20260816_014846_Chrome.jpg

Касно е и ме мрзи да барам повеќе содржини од тебе, а и не вреди да се замарам со небитен лик кој е исфрустриран што потрошил малку пари на AI и сега планот не му оди како што замислил.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: marv

Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.497
7.798
Скопје
www.facebook.com
Ќе се приклучам и јас на дискусијата бидеќи не можам да останам рамнодушен. Стефан колку и да е стар член сепак ќе мора да науче да почитува тукашна заедница и членови.
Ценам тоа од негова страна што се помачил да направе апликација и да ја пласира на маркет и што побарал помош од останатите членови.

Но тука малце имаме избувнување односно однесувањето му стана арогантно со "Само еден се пријави, браво момци за услугата, значи браво! "

На мене овоа ми делува иако е стар член тоа не значи дека сите мора да му идаат по негов ќеиф.
Даниел го знам лично иако има краток фитиљ ама е ферчина човече и секогаш можеме да се потпреме на него за сервисирање на лаптопи.
Исто и xenon го знам лично и секогаш може да се извлекуваат од него разни информаци за технологијата а додуша и некад знае да затрола али тоа не значи дека тие се лоши личности.

Се надевам дека и останатите ќе научаат да се почитуваат меѓусебно и да научаат дека е оваа заедница е малобројна и да се има меѓусебна поддршка.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.860
5.568
Корисно: Македонски девелопер се обидува да пласира апликација на глобален пазар, бара тестери на форум за ИТ. Не ветува награди, бара помош, без услови. За нас ко редакција, тоа е корисно. За тебе можда не е, и тоа е ОК, фала ти што го сподели ставот. За жал ОП се испонаша после во постовите и почна глупа расправија. Ја заклучив темата, има боречки клуб терајте таму.

Друго немам што корисно да ти одговорам на тоа што си го напишал, најотворено ти го споделив нашиот став и зошто толерираме такви теми.
Навистина корисно. Навистина.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
spiritBreaker

LaravelMaster
27 октомври 2015
3.840
4.989
Писти Охту
Ќе се приклучам и јас на дискусијата бидеќи не можам да останам рамнодушен. Стефан колку и да е стар член сепак ќе мора да науче да почитува тукашна заедница и членови.
Ценам тоа од негова страна што се помачил да направе апликација и да ја пласира на маркет и што побарал помош од останатите членови.

Но тука малце имаме избувнување односно однесувањето му стана арогантно со "Само еден се пријави, браво момци за услугата, значи браво! "

На мене овоа ми делува иако е стар член тоа не значи дека сите мора да му идаат по негов ќеиф.
Даниел го знам лично иако има краток фитиљ ама е ферчина човече и секогаш можеме да се потпреме на него за сервисирање на лаптопи.
Исто и xenon го знам лично и секогаш може да се извлекуваат од него разни информаци за технологијата а додуша и некад знае да затрола али тоа не значи дека тие се лоши личности.

Се надевам дека и останатите ќе научаат да се почитуваат меѓусебно и да научаат дека е оваа заедница е малобројна и да се има меѓусебна поддршка.
Не е дека има краток фитиљ @Daniel86 , туку го разбирам, од далеку гледа b******t постови и понашања и со тек на времето толеранцијата кон такви работи се намалува. Со @xenon сме соработувале еднаш ама и без то мислењето на стефан за двајцата е во најмала рака погрешно. Треба повеќе време стефан да посвети на придонес на форумов и во тој процес ќе ги научи работите кој шо е каков е и ќе го смени мислењето.
 
FikanA

hello world
3 април 2025
226
280
Средe никаде...
@D и до модераторите,

Мислам дека мора построго да се реагира кон членови како @xenon, @Daniel86 и останатите кои често влегуваат во теми со цинизам, иронија, шовинизам и деградирање на дискусијата, наместо со конструктивен придонес.

Овие двајца членови често влегуваат во расправии, поради што голем број теми се претвораат во непотребни конфликти, а некои дури и се бришат или заклучуваат, особено поради однесувањето на Xenon.

Многу години сум член на форумот и ова не го зборувам само поради моите теми. Xenon често влегува во дискусии со ироничен и конфронтирачки став кон речиси секој член, што создава непотребна тензија и ја деградира ИТ дискусијата.

Не се работи само за мене или за моите теми. Сметам дека е време овие двајца членови или да се предупредат и да го корeгираат однесувањето, или доколку продолжат, да се преземат соодветни мерки согласно правилата на форумот.

Стварно претераа. Форумот треба да биде место за размена на знаење и искуства, а не секоја ИТ тема да се претвора во расправија и лични препукувања.
Не знам другар, вака од тебе само сум видел герила IPTV и SlopGPT игра. Без навреда.
Xenon барем почнува интересни теми нешто да се читка, Даниел од што сум гледал е доста солидно техничко лице во однос на поправка на лаптопи.. ако нешто на ИТ форум ќе му се ставеа ако не го биваше..?
Не викам дека нема фаворитизам од страна на администрација во однос на постари членови, и во само година дена членство е многу очигледно и сум го видел тоа али ова сега не мислам дека е една од тие ситуации, ngl.
 
stefan

lurker
13 април 2007
697
534
Прилеп
netops.network
stefan's setup  
Processor & Cooler
i5-1235U
Storage
1TB NVme
RAM
16 GB DDR4-3200
Case
ThinkPad T14 Gen 3
Keyboard
Logitech K470
Monitor
Dell P2425H
OS
Windows 11 / Ubuntu 24.04 LTS
Не знам зошто дискусијата постојано се пренасочува кон тоа кој што работи, кој кого познава лично и кој бил "солиден техничар" .

Тоа воопшто не е поентата на мојот пост .

@Daniel86 и @xenon ги спомнав конкретно поради начинот на кој се однесуваат во дискусиите и поради тоа што и самиот бев предмет на потсмевање и иронични коментари од нивна страна.
Не ги спомнав затоа што мислам дека не знаат да работат или дека немаат техничко знаење. Ако некој има знаење и искуство, тоа е добро за форумот, но тоа не значи дека треба да се занемари начинот на кој комуницира со другите членови.

Ако моите постови за IPTV, апликации или други мои проекти се сметаат за реклама, spam или на кој било начин ги прекршуваат правилата на форумот, слободно нека бидат избришани. Ако јас сум прекршил некое правило очекувам и кон мене да се постапи согласно правилата. Немам никаков проблем со тоа.

Она што го барам е истото да важи и за сите останати членови, aко некој мој пост е против правилата слободно избришете го.
Ако јас сум прекршил правило може слободно да ме санкционирате. Но тогаш истиот критериум треба да важи и за другите.

Исто така, тоа што некој ке напише "герила IPTV" или "SlopGPT игра" не е аргумент за тоа дали моите проекти се корисни или не.
Ако има конкретна техничка критика слободно нека ја напише. За тоа служи IT форум.

Јас сум на форумов од 2007 година и не го кажувам ова само поради една тема или една расправија, го кажувам затоа што сметам дека со текот на времето се создаваат ситуации во кои одредени членови можат да бидат иронични, провокативни или да тролаат, а потоа целата дискусија се сведува на тоа кој кого лично го знае и кој е "ферчина" .

Не барам никој да биде баниран затоа што има различно мислење. Барам да се гледаат конкретните постови и конкретното однесување и правилата да важат еднакво за сите.

Ако администрацијата смета дека моите постови се спротивни на правилата, слободно нека ги избрише. Но, исто така очекувам да се разгледа и однесувањето на членовите што ги спомнав, наместо автоматски да се брани нивниот статус или репутација.

На крајот, нека се оценуваат постовите и однесувањето а не кој кого лично го познава или колку долго е член на форумот.

Еве ги придонесите и интересните теми на @xenon што можат да се видат на неговио профил.

Еве, на screenshot може да се види конкретна комуникација на @xenon и сами проценете колку таа придонесува за конструктивна IT дискусија. Наместо конкретен и конструктивен придонес, често добиваме долги иронични и филозофирачки постови кои ја носат дискусијата во сосема друга насока. Токму на ваквото однесување се однесува мојот апел.

Screenshot 2026-08-16 114809.png

Кај @Daniel86, покрај иронијата и провокациите, забележувам и еден поинаков тип на комуникација, агресивно, пасивен и деструктивен пристап, каде што наместо директно да се даде конкретна техничка критика, дискусијата често се насочува кон потсмевање, омаловажување или создавање впечаток дека туѓиот труд и проекти не се сериозни. Токму таквиот начин на комуникација го сметам за проблематичен без разлика колку техничко знаење има некој.
 
Последна промена:

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.860
5.568
Не знам зошто дискусијата постојано се пренасочува кон тоа кој што работи, кој кого познава лично и кој бил "солиден техничар" .

Тоа воопшто не е поентата на мојот пост .

@Daniel86 и @xenon ги спомнав конкретно поради начинот на кој се однесуваат во дискусиите и поради тоа што и самиот бев предмет на потсмевање и иронични коментари од нивна страна.
Не ги спомнав затоа што мислам дека не знаат да работат или дека немаат техничко знаење. Ако некој има знаење и искуство, тоа е добро за форумот, но тоа не значи дека треба да се занемари начинот на кој комуницира со другите членови.

Дали е ова истиот член, кој не спомнува ад хоминем, него доста конструктивно и праведно и никогаш е лаже (со ео освен кога ги убедуваше сите дека тоа иптв-то не е негово).
eb3487af682415ad58c6767a04b2114a.jpg

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
stefan

lurker
13 април 2007
697
534
Прилеп
netops.network
stefan's setup  
Processor & Cooler
i5-1235U
Storage
1TB NVme
RAM
16 GB DDR4-3200
Case
ThinkPad T14 Gen 3
Keyboard
Logitech K470
Monitor
Dell P2425H
OS
Windows 11 / Ubuntu 24.04 LTS
Дали е ова истиот член, кој не спомнува ад хоминем, него доста конструктивно и праведно и никогаш е лаже (со ео освен кога ги убедуваше сите дека тоа иптв-то не е негово).
eb3487af682415ad58c6767a04b2114a.jpg

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Eте тоа цело време го зборувам, може да се види и коментарот во кој наместо да се одговори на аргументите од мојот пост, повторно се навлегува во лични квалификации и се отвора тема дали јас "лажам" или не.

Коментарот дека сум бил "конструктивен и праведен" проследен со тврдење дека сум лажел во врска со IPTV услугата, нема никаква врска со суштината на дискусијата. Тоа не е техничка критика, туку лична прозивка.

Ако постои конкретен проблем со некој мој проект или ако сум прекршил некое правило, слободно нека се посочи конкретно. Но префрлањето на дискусијата кон тоа каков човек сум јас и дали "лажам" или што сум кажувал во некоја друга тема, е токму типот на комуникација на кој се однесува мојот апел.

И токму затоа сметам дека треба да се оценуваат конкретните постови и конкретното однесување, а не да се користат лични квалификации како аргумент.
 
Аха демек сакаш секој пост да ти го мериме посебно, без никаква генерална перспектива на целокупното искуство со твоето однесување на форумов. Не нема да може така дечко, тоа е правење на тошо, и како нашине политичари "не ме гледај што правам, него што зборувам".
Само одговори ми дали навистина го мислеше она погоре што го пиша сѐ и дали навистина така го замишљаш форумот и дискусијата, или сепак си играаш курташак? Ако е последново ќе ми биде полесно бар да знам дека се заебаваме. Ако е првото, терај да не се замарам понатаму со куцкање.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
stefan

lurker
13 април 2007
697
534
Прилеп
netops.network
stefan's setup  
Processor & Cooler
i5-1235U
Storage
1TB NVme
RAM
16 GB DDR4-3200
Case
ThinkPad T14 Gen 3
Keyboard
Logitech K470
Monitor
Dell P2425H
OS
Windows 11 / Ubuntu 24.04 LTS
Аха демек сакаш секој пост да ти го мериме посебно, без никаква генерална перспектива на целокупното искуство со твоето однесување на форумов. Не нема да може така дечко, тоа е правење на тошо, и како нашине политичари "не ме гледај што правам, него што зборувам".
Само одговори ми дали навистина го мислеше она погоре што го пиша сѐ и дали навистина така го замишљаш форумот и дискусијата, или сепак си играаш курташак? Ако е последново ќе ми биде полесно бар да знам дека се заебаваме. Ако е првото, терај да не се замарам понатаму со куцкање.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
Да, сериозно го мислам она што го напишав. И токму затоа што зборувам за однесување на форум, сметам дека треба да се гледаат конкретни примери, а не да се користи нечија општа репутација како оправдување за конкретни навреди или провокации.
Ако имаш конкретни примери за мое прекршување на правилата, слободно посочи ги. Исто така, ако јас сум згрешил немам проблем да сносам последици. Но истиот критериум треба да важи за сите. Не гледам потреба дискусијата да се сведува на "дечко" , "курташак" дали некој се заебава и слични лични квалификации.
 
Avid

senior
21 јануари 2009
6.450
11.509
Скопје
@stefan од авион се гледа butthurtism-от. Си отворил тема за некоја апликација, ти пишале тие двајца нешто што не ти се допаѓа, и наеднаш доаѓаш во општа тема да ги клеветиш, со некој долг пост демек ти долго време ги пратиш и они долго време така се однесувале... не, Стефан. Ти си лично погоден во моментот со твојата апликација и наеднаш они стануваат најлоши на свет. Ги имаш пријавувано претходно кога си им го забележал тоа нивно однесување? Ги немаш. Случајно тоа сега тебе ти дојде. Се прелеа чашата... да, да.

И @Daniel86 многу убаво те „провали“ види какви постови ти најде, со такви постови ти апсолутно немаш никакво право да се буниш за однесувањето на други. Мизерни ти се постовите, не гледам ни да се извиниш нит ништо. Туку си го тераш твоето hurr durr Даниел и Зенон се лоши.

Имаш среќа што дури сега ја отворам темата за апликацијата, поминале 5-6 саати од твојот иницијален пост, луѓево и онака се по одмори и активноста е намалена, ама ти се појавуваш со нов butthurt пост дека никој не се пријавил. Не е должен никој тебе да ти се пријавува у рок од 5-6 саати. Се однесуваш како мало дете. Прибери се.
 
Последна промена:
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно