Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Нарачка „испорачана“ а во реалност никој ниту е контактиран

1794859526660.png
Во сабота вечерта (на 14.11.2026) направив нарачка за Case fan од it.mk веб страната и денеска (понеделник 16.11.2026) ми стига меил дека нарачката рано сабајле била испорачана а во реалност нишно нема стигнато и ниеден од двата броја што ги имав оставено не беа исконтактирани, а на веб страната и на меил ми стига порака дека мојата нарачка е испорачанаа и затворена.
Не ми се верува дека оваа веб страна е ваков scam. 1000 пати сум нарачувал онлајн од други веб страни и ми стигале порачките (дури и од facebook) а оваа страна не би ни требало да се сомневам дека треба да има некаков проблем, испаѓа да е SCAM!
Страм да ви е доколку не ми ја испорачате нарачката или не ми ги вратите парите. (Бонус срам да ви е доколку го избришете постов!)
 

draganamon

lurker
24 јануари 2016
708
921
Skopje
draganamon's setup  
Processor & Cooler
i7-12700H
Storage
2 x 1TB SSD
RAM
32gb DDR5
Case
XPS 17
Mouse
Logitech 502
Keyboard
Logitech G Pro
Audio
Logitech G51 5.1 & Creative Sound Blaster X-Fi 5.1
Monitor
Dell U2419H
OS
Windows 11
Стварно срамота, он во Сабота вечер порачал, а вие денес не сте му ја доставиле.
Amazon one day delivery очекува дечкото, нема да ги намалува стандардите заради вас
 

Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.589
1.078
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
очигледно Форумов треба да билда репутација помеѓу помладиве
 

FiC DoGG

user
17 април 2007
1.051
1.128
www.behance.net
FiC DoGG's setup  
Processor & Cooler
i7 2600k Noctua NH D14
Motherboard
Asus Sabertooth P67
Storage
840 pro 128GB + 500GB HDD + 1000GB HDD
PSU
CM Real Power 550W
RAM
2x4GB DDR3 1333
Video card
Gigabyte GTX 760 2GB
Case
CM Centurion 5
Mouse
A4tech X7
Monitor
2x Dell U2412m
OS
Windows 8.1 Pro
Полека малце со тешките зборови друже. Нарачката е завршена од наша страна, Нексио треба да ти ја достави. Затоа стои статус завршено.
Тоа е апла лоша порака од ваша страна да бидеме реални.

Каква врска има он со нексио или кој и да е друг добавувач. Од вас нарачал не од нексио.

Треба да се искоординирате со добавувачите да бидат дел од fulfillment процесот од ваша страна, или во најмала рака да биде јасно во меилот во кој смисол е "затворена и испорачана" пратката и што да се очекува следно.
 

xenon

нуспојава
15 јануари 2011
4.832
12.901
Skopje
www.wemaxa.com
Членот не знае дека пред испорака нарачките одат во едно собче во кое премиум членови си играат, си ја подаваат нарачката, неретко ја кршат, оставаат отпечатоци од прсти но сето тоа дава на автентичност и ексклузивитет.

Посебно интересни се маус падови кои се користат да се става пиво и скара на нив па форумот однапред се извинува.
 

D

Администратор
31 март 2007
4.143
4.363
www.aqtos.com
Погледнете го атачментот 166264
Во сабота вечерта (на 14.11.2026) направив нарачка за Case fan од it.mk веб страната и денеска (понеделник 16.11.2026) ми стига меил дека нарачката рано сабајле била испорачана а во реалност нишно нема стигнато

Статусот кој стига не е ИСПОРАЧАНА во никој случај. Статусот кој ти има стигнато, како што ни го и препрати е:
1794901884229.png

Како што се објаснивме и телефонски, кога ќе се пласира нарачка ако се плаќа успешно со картичка оди во статус: СЕ ПРОЦЕСИРА

Во овој статус стои додека не се потврди дека залихата е во ред и нарачката и сл.
Кога ќе се обработи, нарачката добива статус КОМПЛЕТИРАНА НАРАЧКА, со дообјаснување: Обработувањето на твојата нарачка е завршено!

По ова, нарачката се доставува по брза пошта и зависно каде си се доставува во рок од 1-3 дена Скопје, или 3-5 дена низ МК.

и ниеден од двата броја што ги имав оставено не беа исконтактирани, а на веб страната и на меил ми стига порака дека мојата нарачка е испорачанаа и затворена.
Никаде не пишува ИСПОРАЧАНА.
Не ми се верува дека оваа веб страна е ваков scam. 1000 пати сум нарачувал онлајн од други веб страни и ми стигале порачките (дури и од facebook) а оваа страна не би ни требало да се сомневам дека треба да има некаков проблем, испаѓа да е SCAM!

Жал ми е што имаш такво мислење за IT.mk, кој во март прави 20 години постоење и во кои две декади сме среќни да кажеме дека не сме се бавеле со SCAM или било какво шалабајзерско дејствие од тој тип.

На твое место би прашал убаво пред да реагирам. Ако сум направил нарачка во неработен ден сабота во 19.30 ч, и ако добијам понеделник сабајле инфо за мејл дека е нешто комплетирано, тогаш би побарал прво објаснување наместо да одам одма со клевети. Ама тоа сум јас.

Страм да ви е доколку не ми ја испорачате нарачката или не ми ги вратите парите. (Бонус срам да ви е доколку го избришете постов!)

Нарачката во моментот кога ти пристигнало дека е комплетирана е испратена по брза пошта. Ако има било каков проблем со доставата, тука сме пиши. Ако не ти пристигне во дадениот рок, те молам реагирај ке провериме со поштата има следливост, ако ти пристигна и не го сакаш производот во тој случај врати го и ќе ти ги вратиме парите.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.915
5.648
Статусот кој стига не е ИСПОРАЧАНА во никој случај. Статусот кој ти има стигнато, како што ни го и препрати е:
Погледнете го атачментот 166274

Како што се објаснивме и телефонски, кога ќе се пласира нарачка ако се плаќа успешно со картичка оди во статус: СЕ ПРОЦЕСИРА

Во овој статус стои додека не се потврди дека залихата е во ред и нарачката и сл.
Кога ќе се обработи, нарачката добива статус КОМПЛЕТИРАНА НАРАЧКА, со дообјаснување: Обработувањето на твојата нарачка е завршено!

По ова, нарачката се доставува по брза пошта и зависно каде си се доставува во рок од 1-3 дена Скопје, или 3-5 дена низ МК.


Никаде не пишува ИСПОРАЧАНА.


Жал ми е што имаш такво мислење за IT.mk, кој во март прави 20 години постоење и во кои две декади сме среќни да кажеме дека не сме се бавеле со SCAM или било какво шалабајзерско дејствие од тој тип.

На твое место би прашал убаво пред да реагирам. Ако сум направил нарачка во неработен ден сабота во 19.30 ч, и ако добијам понеделник сабајле инфо за мејл дека е нешто комплетирано, тогаш би побарал прво објаснување наместо да одам одма со клевети. Ама тоа сум јас.



Нарачката во моментот кога ти пристигнало дека е комплетирана е испратена по брза пошта. Ако има било каков проблем со доставата, тука сме пиши. Ако не ти пристигне во дадениот рок, те молам реагирај ке провериме со поштата има следливост, ако ти пристигна и не го сакаш производот во тој случај врати го и ќе ти ги вратиме парите.
А ние ќе пробаме да ги дообјасниме нашите мејлови за разни статуси на некоја нарачка за да другпат не дојде до вакви недоразбирања.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
  • ми се допаѓа
Реакции: D

PandaBomber

hello world
13 јуни 2012
491
672
Што се смеете? Испорачано или Комплетирана нарачка не значи „го дадовме на нексио да ви го донесе“
 

D

Администратор
31 март 2007
4.143
4.363
www.aqtos.com
А ние ќе пробаме да ги дообјасниме нашите мејлови за разни статуси на некоја нарачка за да другпат не дојде до вакви недоразбирања.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Точно, веќе отворивме тикет да се појасни дека е комплетирана и ќе биде предадена за достава, со цел да се разјасни. Треба да е имплементирано денес-утре.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: marv

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.450
5.624
Испорачано ≠ доставено.

Но да, треба малку поописни и појасни статуси, да не доаѓа до недоразбирања заради терминологија и интерни процеси.
 

D

Администратор
31 март 2007
4.143
4.363
www.aqtos.com
Точно, веќе отворивме тикет да се појасни дека е комплетирана и ќе биде предадена за достава, со цел да се разјасни. Треба да е имплементирано денес-утре.

Fixed, статусот е променет за да биде појасно:

1794906542110.png
 

Filip reborn

read-only
17 ноември 2015
21
30
Skopje
Filip reborn's setup  
Processor & Cooler
AMD R5 7600x max performance undervolted + Be Quiet! Pure Rock 2 Black
Motherboard
MSI MAG B650 TOMAHAWK WIFI
Storage
1TB NVMe Kingston KC3000
PSU
Cooler Master B650
RAM
32GB Kingston FURY Renegade 6400Mhz
Video card
RTX 3070 Founders Edition
Mouse
Razer viper ultimate
Keyboard
Razer blackwidow elite
Audio
Home Theater
Monitor
LG ultrawide
OS
Win 10
Некам да мислите дека овој пост го ставив пошто ја хејтам страната, напротив. И тоа сами го покажавте што одма сте го решиле проблемот со текстот.

На веб страната уште ми стои дека е завршена како и вчера со разлика што денес е стварно завршена нарачката. 1794935429442.png
Одлично брза имплементација на Claude меже плус да се стави и дообјаснувањето на статусот на веб страната за и таму да нема збунки.

Исто така ако ви даваат од брзиве пости бројче за следење може и тоа да се вметне за да знае клиент точно каде е нарачката, али знам ова може да е малце по комплексно за имплементирање.

И не дојдов да клевет туку да дадам внимание кон вас дека нешто не е во ред според мој претходни искуства со онлине шопинг, се надевам дека ова добронамерно го примивте и корегиравте наместо да ме бедите. Знам дека неможе да се испорача пратка во 1 ден, ја гледам порака од it.mk дека мојата пратка е завршена (нема што понатаму) и реагирам дека има проблем.
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.920
34.299
roka.mk
Некам да мислите дека овој пост го ставив пошто ја хејтам страната, напротив.
Личи по малце на хејт првиот пост да бидеме реални сеа. Двапати кажуваш дека е Скам, и дека треба да ни биде срам, малце лоша слика за себе си напраи ама со здравие да си го користш вентилаторот.
 

architect

poweruser
27 ноември 2008
2.761
4.429
Скопје
architect's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 9800X3D / NZXT Kraken Elite 280 RGB (White)
Motherboard
Gigabyte X870E AORUS Elite WiFi 7 1.2 (White)
Storage
SSD 2 x Samsung M.2 990 PRO 1TB
PSU
Gigabyte PSU AORUS Elite P850W PG5 ATX 3.1 850W 80+ Platinum
RAM
Kingston 32GB 5600MHz DDR5 CL40 DIMM
Video card
Gigabyte nVidia GeForce RTX 5070 EAGLE 12GB 192BIT (White)
Case
NZXT H7 Flow RGB (2024) Case (White)
Mouse
Logitech G Pro X Superlight 2 (White) / Logitech G502 RGB / Deskpad World of Warcraft Shadowlands
Keyboard
EPOMAKER x AULA F75 / ROG STRIX SCOPE NX TKL Moonlight white
Audio
Logitech Z625 2.1 THX Speaker / Logitech G335 (White)
Monitor
LG 27GL850-B
OS
Windows 11 x64
Некам да мислите дека овој пост го ставив пошто ја хејтам страната, напротив. И тоа сами го покажавте што одма сте го решиле проблемот со текстот.

На веб страната уште ми стои дека е завршена како и вчера со разлика што денес е стварно завршена нарачката. Погледнете го атачментот 166287
Одлично брза имплементација на Claude меже плус да се стави и дообјаснувањето на статусот на веб страната за и таму да нема збунки.

Исто така ако ви даваат од брзиве пости бројче за следење може и тоа да се вметне за да знае клиент точно каде е нарачката, али знам ова може да е малце по комплексно за имплементирање.

И не дојдов да клевет туку да дадам внимание кон вас дека нешто не е во ред според мој претходни искуства со онлине шопинг, се надевам дека ова добронамерно го примивте и корегиравте наместо да ме бедите. Знам дека неможе да се испорача пратка во 1 ден, ја гледам порака од it.mk дека мојата пратка е завршена (нема што понатаму) и реагирам дека има проблем.
Друже најдобро ќе беше да исконтактираш и провериш прво со администраторите пред да почнеш да пишуваш обвиненија на форумов. Да беше скам како што тврдиш немаше сигурно од 2008 година да седиме тука и да гледаме како некој ограбува луѓе.
Почни да придонесуваш а не да рушиш нешто што некој го градел со години. /Салут
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.725
3.335
Ја да ти кажам, скамери се сите тука. Остај што те мотаат тука, еден е во суштина главниот и пишува од 200 профили, сам себе си одговара, а сега со аи и полесно му е, само ботови има пуштено и се расправаат ботови меѓу себе. Целата финта е за да мислат луѓе дека е леџит сајт и да прават нарачки, а уште појако и да плаќаат членство за да читаат како ботови се расправаат за глупости. Не дозволувај да те залажуваат со вакви скамерски финти.
 

chroot

lurker
12 ноември 2021
791
1.128
Скопје
Некам да мислите дека овој пост го ставив пошто ја хејтам страната, напротив.

И не дојдов да клевет туку да дадам внимание кон вас дека нешто не е во ред според мој претходни искуства со онлине шопинг, се надевам дека ова добронамерно го примивте и корегиравте наместо да ме бедите. Знам дека неможе да се испорача пратка во 1 ден, ја гледам порака од it.mk дека мојата пратка е завршена (нема што понатаму) и реагирам дека има проблем.
Јас не би се соогласил со ова, бидејќи директно ги нападна со зборовите измама и срам да им биде ако ти го избришат постот, со самото тоа алудираш на тоа дека ти си уверен дека си измамен/оштетен, нема да има разрешница на ситуацијата и се класични измамници, а во реалност не ти било јасно што значи дека е завршена обработката на нарачката.

Фер и исправно е што тимот на ИТ мк ја дообјаснија пораката за да не доаѓа до вакви ситуации со нови членови, но мислам дека фер ќе биде и од твоја страна да си ја признаеш грешката дека неосновано ги нападна, но наместо тоа ти пиша дека не си имал никаква лоша намера и единствената вина за ситуацијата ја има тимот на ИТ мк.
 

Psycore

Модератор
12 ноември 2013
1.162
1.586
Скопје
И не дојдов да клевет туку да дадам внимание кон вас дека нешто не е во ред според мој претходни искуства со онлине шопинг
Те молам посочи ми еден пример во кој нарачка направена во сабота вечер, си ја добил во понеделник.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.725
3.335
Те молам посочи ми еден пример во кој нарачка направена во сабота вечер, си ја добил во понеделник.
Не провоцирај :)
Сум имал нарачка во недела наутро, до пладне била доставена. Ама тоа е сосем друга тема. Тука гледаме пример за чисто збеснување и чисто тролање. Заслужува бан само за пристапот што го има. Страшно е што после 11 години членство има ваков пристап. Дури неверојатно.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно