kirev
senior
- 31 мај 2010
- 9.086
- 7.777
Може и среќа е што главно ќутиш пошто коментаров ти е на ниво на Твитер од пред 15 годиниЕпа права среќа што не е ваш форумот, иначе ќе пропаднеше за месец дена![]()
Може и среќа е што главно ќутиш пошто коментаров ти е на ниво на Твитер од пред 15 годиниЕпа права среќа што не е ваш форумот, иначе ќе пропаднеше за месец дена![]()
Џиз'с крајс дјуд,Зш батето со џипот го загрозува велосипедистот...
Велосипедистот сам си го загрозува животот...
Работава, забрането пливање - има ајкули .... Ајкулата крива оти скокнал будалиот вморе ??
Јас зборувам за форумот, не за дома. Ако ти треба за дома, слободно земи си го.Земиси го Николче100 дома па сетне ќе се предомислиш![]()
Ова е хардвер кој до вчера се среќаваше само во серверски стаи.
Dell се очекува да дебитира XPS лаптоп со чипот, дизајниран за professioni.
прва класа Windows on ARM искуство за она што го замислува како следната граница на персоналното пресметување.
Брзите CPU стануваат суштински за одржување на ВИ фабриката во движење.
Ова некој нов уредник со модерен речник, успеал да го направи недостижното - неразбирлива статија и на МК и на англиски јазик.Оваа содржина е генерирана со помош на вештачка интелигенција, но е внимателно проверена, уредена и дополнета од уредничкиот тим на IT.mk, со цел да обезбедиме точни, релевантни и квалитетни информации за читателите.
“The PC is being reinvented,” said Jensen Huang, founder and CEO of NVIDIA. “For forty years, you launched apps. Click. Type. With RTX Spark and Microsoft Windows, you ask — and the PC does the work. RTX Spark brings everything NVIDIA has built — CUDA, RTX, our AI platform — into a single superchip. Local agents. Frontier models. Creative workflows. RTX games. All on a laptop. This is the new PC. The personal AI computer.”
Би им дал шанса на тие што ги цитирам да ми одговорат, а не да си играм Hit & Run, пошто ми се може.
![]()
Потребни тестери за Андроид игра Stack Rush 3D
Стефан proskytv spammer, и на тебе секоја чест. Ти посакувам среќа со игричката. Ова нема врска со proskytv и немора да ме спамираш на секој мост пост.forum.it.mk
@D да пише како темата и дозволеноста на постот е согласно она што го цитирал. Во кој дел припаѓа на цитираното?
Sent from my SM-A546B using Tapatalk
@marv не знам што сакаш да чуеш или да полемизираш... очигледно нешто те мачи за правилава или мислиш дека има некоја теорија на заговор тука... бидејќи пред некој ден влета со оф топик во темата на @Fatal1ty_ , а денес и во темата кај што дечкото бара тестери за Андроид.
Правилата и условите постојат со цел да се заштитиме од одредени сценарија каде што има злоупотреби. Како и сите правила, закони и пишани концепти на однесување, истите се оставени на толкување согласно ситуацијата и контекстот, и воглавно толкувањето паѓа на терет на тој што ги применува.
Да ти одговорам подиректно:
Темата на @Fatal1ty_ ја гледам како корисна за заедницата, споделува што направил, како го направил, колку го коштало... и да треба да е комерцијална тема, свесен си за улогата на @Fatal1ty_ на форумов и не би било никаков проблем да му го дозволиме тоа, ама во случајов не се работи за комерцијална презентација.
Темата на @stefan исто ја гледам ко корисна за заедницава, јасно кажува што му треба и ја споделува апликацијата што ја прави. Очигледно греши со понашањето, ама тоа си е негово. Ако мислиш дека има непотизам или нешто друго, ке ти одговорам дека неам појма кој е Стефан, така да ти паѓа теораијата дека овде нешто заговараме за да искористиме.
Ако ги толкуваш правилата на толку буквален начин, тогаш треба пола форум да избришеме - бидејќи има тема кај што се збори за банки, брендови итн.
Отсекогаш сме поддржувале проекти во рани фази и сме дозволувале нивен пласман на форумов, еве ти пример од 2010-та кога е лансиран fakulteti.mk, кој низ годините стана успешен комерцијален проект и од кој тим покасно произлезе и Светот на биби како проект. Еве и друг пример за проект gradba.mk кој има и своја тема...
Од моја гледна точка, им посакувам на овие а и на сите други на ниво место да успеат многу и да направат многу пари. Се дур споделуваат како го прават, тоа, отворени се за сугестии, дискусии и помагаат на заедницата, добредојдени се на ИТ.мк.
Кажи ми точно што ти пречи во овој пристап?
Ајде сега кажи што имаше општо корисно во темата на Стефан? Дојде побара тестери за чист комерцијален производ, од кој ќе заработува дајбоже и толку. Ниту сподели нешто, нит некој научи нешто од темата, освен како треба возрасен човек да не се понаша. И сега ти изфилозофира со тотално неповрзани теми и дешавки, и шта би било кад би било.
Иначе не улетав кај фаталити него убаво напишав дека ќе има злоупотреба кога нема да треба и тоа се потврди.
Инаку ако правилата постојат за да ги толкува тој што ги применува селективно кога и како му одговара, нека нема правила. И така и така ќе биде како сака тој што ги применува.
Само некако за некого мајка за некого маќеа у применувањево. Па уште кажи, тресни, заклучи тема. Прекрасно, одлично. За пример.
Sent from my SM-A546B using Tapatalk
Навистина корисно. Навистина.Корисно: Македонски девелопер се обидува да пласира апликација на глобален пазар, бара тестери на форум за ИТ. Не ветува награди, бара помош, без услови. За нас ко редакција, тоа е корисно. За тебе можда не е, и тоа е ОК, фала ти што го сподели ставот. За жал ОП се испонаша после во постовите и почна глупа расправија. Ја заклучив темата, има боречки клуб терајте таму.
Друго немам што корисно да ти одговорам на тоа што си го напишал, најотворено ти го споделив нашиот став и зошто толерираме такви теми.
Не е дека има краток фитиљ @Daniel86 , туку го разбирам, од далеку гледа b******t постови и понашања и со тек на времето толеранцијата кон такви работи се намалува. Со @xenon сме соработувале еднаш ама и без то мислењето на стефан за двајцата е во најмала рака погрешно. Треба повеќе време стефан да посвети на придонес на форумов и во тој процес ќе ги научи работите кој шо е каков е и ќе го смени мислењето.Ќе се приклучам и јас на дискусијата бидеќи не можам да останам рамнодушен. Стефан колку и да е стар член сепак ќе мора да науче да почитува тукашна заедница и членови.
Ценам тоа од негова страна што се помачил да направе апликација и да ја пласира на маркет и што побарал помош од останатите членови.
Но тука малце имаме избувнување односно однесувањето му стана арогантно со "Само еден се пријави, браво момци за услугата, значи браво! "
На мене овоа ми делува иако е стар член тоа не значи дека сите мора да му идаат по негов ќеиф.
Даниел го знам лично иако има краток фитиљ ама е ферчина човече и секогаш можеме да се потпреме на него за сервисирање на лаптопи.
Исто и xenon го знам лично и секогаш може да се извлекуваат од него разни информаци за технологијата а додуша и некад знае да затрола али тоа не значи дека тие се лоши личности.
Се надевам дека и останатите ќе научаат да се почитуваат меѓусебно и да научаат дека е оваа заедница е малобројна и да се има меѓусебна поддршка.
Не знам другар, вака од тебе само сум видел герила IPTV и SlopGPT игра. Без навреда.@D и до модераторите,
Мислам дека мора построго да се реагира кон членови како @xenon, @Daniel86 и останатите кои често влегуваат во теми со цинизам, иронија, шовинизам и деградирање на дискусијата, наместо со конструктивен придонес.
Овие двајца членови често влегуваат во расправии, поради што голем број теми се претвораат во непотребни конфликти, а некои дури и се бришат или заклучуваат, особено поради однесувањето на Xenon.
Многу години сум член на форумот и ова не го зборувам само поради моите теми. Xenon често влегува во дискусии со ироничен и конфронтирачки став кон речиси секој член, што создава непотребна тензија и ја деградира ИТ дискусијата.
Не се работи само за мене или за моите теми. Сметам дека е време овие двајца членови или да се предупредат и да го корeгираат однесувањето, или доколку продолжат, да се преземат соодветни мерки согласно правилата на форумот.
Стварно претераа. Форумот треба да биде место за размена на знаење и искуства, а не секоја ИТ тема да се претвора во расправија и лични препукувања.
Не знам зошто дискусијата постојано се пренасочува кон тоа кој што работи, кој кого познава лично и кој бил "солиден техничар" .
Тоа воопшто не е поентата на мојот пост .
@Daniel86 и @xenon ги спомнав конкретно поради начинот на кој се однесуваат во дискусиите и поради тоа што и самиот бев предмет на потсмевање и иронични коментари од нивна страна.
Не ги спомнав затоа што мислам дека не знаат да работат или дека немаат техничко знаење. Ако некој има знаење и искуство, тоа е добро за форумот, но тоа не значи дека треба да се занемари начинот на кој комуницира со другите членови.
Дали е ова истиот член, кој не спомнува ад хоминем, него доста конструктивно и праведно и никогаш е лаже (со ео освен кога ги убедуваше сите дека тоа иптв-то не е негово).
![]()
Sent from my SM-A546B using Tapatalk
Аха демек сакаш секој пост да ти го мериме посебно, без никаква генерална перспектива на целокупното искуство со твоето однесување на форумов. Не нема да може така дечко, тоа е правење на тошо, и како нашине политичари "не ме гледај што правам, него што зборувам".Eте тоа цело време го зборувам, може да се види и коментарот во кој наместо да се одговори на аргументите од мојот пост, повторно се навлегува во лични квалификации и се отвора тема дали јас "лажам" или не.
Коментарот дека сум бил "конструктивен и праведен" проследен со тврдење дека сум лажел во врска со IPTV услугата, нема никаква врска со суштината на дискусијата. Тоа не е техничка критика, туку лична прозивка.
Ако постои конкретен проблем со некој мој проект или ако сум прекршил некое правило, слободно нека се посочи конкретно. Но префрлањето на дискусијата кон тоа каков човек сум јас и дали "лажам" или што сум кажувал во некоја друга тема, е токму типот на комуникација на кој се однесува мојот апел.
И токму затоа сметам дека треба да се оценуваат конкретните постови и конкретното однесување, а не да се користат лични квалификации како аргумент.