Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Додадена камата на каса

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo

Интересен случај, но нема врска со тоа што го кажа. Нема клевети, ни лаги ни тужби, туку конфузија, недоразбирање и недоречености, како што пишува на крајот на текстот:

"Како што веќе објавивме, откако потрошувачот побарал износот да го плати со картичка и да му биде поделен на пет рати, на каса му била пресметана дополнителна камата од 5 отсто. Со ова, купувачот двапати ќе плати камата, еднаш на „Нептун“ и втор пат на банката или финансиската институција која ја издала картичката.

Очигледно е дека има многу нејаснотии во овој случај. Затоа, во интерес на потрошувачите, нашите читатели, остануваме отворени како за „Нептун“, така и за надлежните државни институции, и ги повикуваме целосно да ја истражат оваа пракса, а ние сме подготвени сознанијата да ги објавиме."
 

bogoevski

user
29 ноември 2009
1.706
2.757
Hønsebybotn
bogoevski's setup  
Processor & Cooler
Повеќејадрен со множител
Motherboard
Црна со црвени детали
Storage
Препун
PSU
Предимензионирано
RAM
Доволно
Video card
Нај јака со 8 гигавати
Case
Гломазно
Mouse
Немам, чувам мачки.
Keyboard
Тивка
Audio
Стерео со двигател
Monitor
Прецизен
OS
Џам
У културните земји т.е. држави оваа појава на југославишен бандитен е решена многу едноставно.
Со закон е регулирано; фонтот, големината и бојата на текстот и описот мора да биде унифициран на секој печатен и непечатен медиум. Забрането е користење на...*

*Цената ваши само за плаќање со крв, нулта негатив група.
 

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Добро е што дотичниот се пожалил јавно за тие 5%, сега во Нептун почисто и појасно ќе ги пишуваат цените, за да нема недоразбирање. Одлична работа се социјалните медиуми.
 

The_Real_Vojvoda

poweruser
26 октомври 2012
2.151
3.443
Скопје
The_Real_Vojvoda's setup  
Processor & Cooler
i7 4790k @4.5ghz - 1.2v || Noctua D14
Motherboard
Asus z97-A
Storage
OCZ Vector 128gb (OS) + Samsung 840 pro 512gb + WD Blue 320gb + WD Blue (EZEX) 1TB
PSU
Antec TPC 650w 80+ Gold
RAM
2x8gb DDR3 G-Skill Sniper CL11 @2400mhz
Video card
XFX RX 580 GTS
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Logitech G502 Proteus Spectrum/Logitech G400S/Logitech mx310
Keyboard
Asus Strix Tactic Pro ( CherryMX Brown)
Audio
E-MU 0202 + Marantz sr5500 + DIY speakers + Eltax Atomic A 10 sub + SteelSeries 9h
Monitor
Dell U2414H 1080p @74hz
OS
Windows 10 Enterprise LTSB
Добро е што дотичниот се пожалил јавно за тие 5%, сега во Нептун почисто и појасно ќе ги пишуваат цените, за да нема недоразбирање. Одлична работа се социјалните медиуми.
Нема ништо нејасно, се е јасно.
Ако сакаш да платиш со кредитна на рати но без камата, плаќаш на редовна цена, и таа можност ја има само со неколку банки.
Ако сакаш со кредитна на рати, но на Хепи цена (4-5000 денари попуст), се плаќа камата.
Но наместо да плати 11.25% на банката, платил/а само 5% се на се, без никакви дополнителни трошоци кон банката.
Човекот ако платил на рати по процедура треба да добие 11.25% камата кон банката, благодарение на Нептун добил многу пониска камата бидејќи имаат соработка со некои банки за пониски камати, во полза на купувачите.
Луѓето си се добро обучени и добро објаснуваат, очигледно на некого не му се "слушало", или му се слушало тоа што сакал да слушне, или конкуренција со некои фори сака да наштети. У секој случај е Fail обид.


Sent from my SM-G950F using Tapatalk
 

bons

hello world
9 април 2007
242
67
Ама камата како продукт во фискала сметка?!?! и спуштено ДДВ на тоа.. можда се си е легално ама нема сенс :)
 

Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.967
6.063
Skopje
Нема ништо нејасно, се е јасно...
Па и не баш... Убаво пишува на цената: СВТ 16.75%. Значи сепак ги плаќа и тие 11 за банката и тие 5 екстра. Но продавачите во Нептун не секогаш ги даваат сите потребни информации (од лично скуство). Како и да е, во статијата е наведен еден многу значаен момент. Ако Нептун се повикува на законска регулатива и се дефинира себе си како кредитор или кредитен посредник, не смее да наплати камата без договор од двете вклучени страни.
 

The_Real_Vojvoda

poweruser
26 октомври 2012
2.151
3.443
Скопје
The_Real_Vojvoda's setup  
Processor & Cooler
i7 4790k @4.5ghz - 1.2v || Noctua D14
Motherboard
Asus z97-A
Storage
OCZ Vector 128gb (OS) + Samsung 840 pro 512gb + WD Blue 320gb + WD Blue (EZEX) 1TB
PSU
Antec TPC 650w 80+ Gold
RAM
2x8gb DDR3 G-Skill Sniper CL11 @2400mhz
Video card
XFX RX 580 GTS
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Logitech G502 Proteus Spectrum/Logitech G400S/Logitech mx310
Keyboard
Asus Strix Tactic Pro ( CherryMX Brown)
Audio
E-MU 0202 + Marantz sr5500 + DIY speakers + Eltax Atomic A 10 sub + SteelSeries 9h
Monitor
Dell U2414H 1080p @74hz
OS
Windows 10 Enterprise LTSB
Па и не баш... Убаво пишува на цената: СВТ 16.75%. Значи сепак ги плаќа и тие 11 за банката и тие 5 екстра. Но продавачите во Нептун не секогаш ги даваат сите потребни информации (од лично скуство). Како и да е, во статијата е наведен еден многу значаен момент. Ако Нептун се повикува на законска регулатива и се дефинира себе си како кредитор или кредитен посредник, не смее да наплати камата без договор од двете вклучени страни.

16.75% ти е СВТ, Сите вклучени трошоци и тaа цена важи за Хепи кредит на 48 рати (си пишува убаво), што е тотално различно од плаќање со кредитна картичка на рати.
Вкупната сума дадена во свт, е цената на рати + сумата за проверка на кредитоспособност и апликативни трошоци.
Доплатил само 5% камата, си пишува убаво, на сумата плус 5%.
За последното незнам, можда имаат некое овластување од банките соработници, па после тие си пребиваат од цената меѓу себе.

Sent from my SM-G950F using Tapatalk
 
Последна промена:

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.426
5.585
"Како што веќе објавивме, откако потрошувачот побарал износот да го плати со картичка и да му биде поделен на пет рати, на каса му била пресметана дополнителна камата од 5 отсто. Со ова, купувачот двапати ќе плати камата, еднаш на „Нептун“ и втор пат на банката или финансиската институција која ја издала картичката.

Очигледно е дека има многу нејаснотии во овој случај.
Очигледно и на новинаров не му е јасно. Како тоа купувачот два пати ќе плати камата? Односно во случајов, зошто би плаќал на банката ако веќе банката дозволува плаќање на рати без камата?

Следно:
Редовна цена 17499
Цена на рати: 17358 (пониско од редовна цена ?!)
Или 48 рати по 341 денар. Но 48х341= 16368 денари. Која е сега цената за на 48 рати?!
А купувачот платил 13780, на пет рати.

Она што не го пишува во текстот е кои се условите за плаќање со хепи картичка. Пишува ли во договорот за хепи дека таа цена е само за готовина, а дека за плаќање на рати се зголемува?
 

NanoCell

hello world
10 октомври 2011
421
524
Реално зошто го интересира Нептун на кој начин е плаќањето ? Тие си ја добиваат целосната сума веднаш, one way or another. Плус прават многу селски фори за Diners. Конкретен пример : Продавачот во Нептун ми кажува дека немаат камата при плаќање со Diners, а потоа на каса ми кажуваат дека тие немаат камата, ама Diners има :) (Не по врат, по шија). Случкава е пред година и неколку месеци, кога Diners немаа договор за безкаматно плаќање со Нептун. Заврши приказната со тоа што не купив кај нив поради ваквото погрешно и лажно претставување на работите.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.662
3.258
Класичен напад. Нептун си ја промовира својата хепи картица (партнерска со НЛБ) на сметка на Дајнерс.
Да не беше напад, немаше да биде именуван брендот.
"Ботом лајн", купувајте со хепи картица, за да не се замарате со различни цени... Многу многу нефер игра.
 

dangthe

user
5 септември 2008
1.223
1.641
Скопје
'Доброто' е тоа што скоро е невозможно да отидеш на каса со производ за плаќање без претходно да имаш стапено во контакт со продавач кој би ти го објаснил начинот на плаќање.

Меѓутоа дефинитивно треба да ги сменат ливчињава со цени за да биде појасно дека во одредени ситуации има и дополнителни трошоци за да не се изненадуваме непријатно на каса. Еве чисто еден предлог:

MhdrpVr.png
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.209
16.360
За изјавата на Нептун: „Работиме законски“ да биде точна, мора специфично да напишат на што мислат. :)
 

The_Real_Vojvoda

poweruser
26 октомври 2012
2.151
3.443
Скопје
The_Real_Vojvoda's setup  
Processor & Cooler
i7 4790k @4.5ghz - 1.2v || Noctua D14
Motherboard
Asus z97-A
Storage
OCZ Vector 128gb (OS) + Samsung 840 pro 512gb + WD Blue 320gb + WD Blue (EZEX) 1TB
PSU
Antec TPC 650w 80+ Gold
RAM
2x8gb DDR3 G-Skill Sniper CL11 @2400mhz
Video card
XFX RX 580 GTS
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Logitech G502 Proteus Spectrum/Logitech G400S/Logitech mx310
Keyboard
Asus Strix Tactic Pro ( CherryMX Brown)
Audio
E-MU 0202 + Marantz sr5500 + DIY speakers + Eltax Atomic A 10 sub + SteelSeries 9h
Monitor
Dell U2414H 1080p @74hz
OS
Windows 10 Enterprise LTSB
Очигледно и на новинаров не му е јасно. Како тоа купувачот два пати ќе плати камата? Односно во случајов, зошто би плаќал на банката ако веќе банката дозволува плаќање на рати без камата?

Следно:
Редовна цена 17499
Цена на рати: 17358 (пониско од редовна цена ?!)
Или 48 рати по 341 денар. Но 48х341= 16368 денари. Која е сега цената за на 48 рати?!
А купувачот платил 13780, на пет рати.

Она што не го пишува во текстот е кои се условите за плаќање со хепи картичка. Пишува ли во договорот за хепи дека таа цена е само за готовина, а дека за плаќање на рати се зголемува?

Хепи кредит се пресметува на хепи цена, не на редовна.
Сумата е различна бидејќи таа е сумата само на ратите.
Останатата разлика е 300 денари трошок за проверка на кредитоспособност, и во овој случај 700 денари административни трошоци, кој се плаќаат при поднесување на кредитот. И сето тоа е вклучено во СВТ( Сите Вклучени Трошоци) цената.
Купувачот платил со Дајнерс картичка, тоа и нивните рати немаат никаква врска со Хепи кредит, тоа е сосема друго.
Хепи картичка е многу проста ствар, ја вадиш за да можеш да купиш по Хепи цена, без неа само со редовна цена, со неа добиваш бонус поени, па на 30к денари имаш 60к поени, па со нив имаш ваучер од 900 денари...
Сложени се Нептун со цениве, али бар имаш милион опции за плаќање, што се вели и да немаш пари, ќе можеш да купиш. xD


Sent from my SM-G950F using Tapatalk
 

goranzoran

poweruser
21 јануари 2011
3.316
2.808
скопје
Ја незнам со кој памет "побарал износот да го плати со картичка на пет рати, на каса му била додадена камата од 5 отсто на декларираната цена" некој сака да плаќа со картичка на рати а да не добие камата?
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.209
16.360
Ја незнам со кој памет "побарал износот да го плати со картичка на пет рати, на каса му била додадена камата од 5 отсто на декларираната цена" некој сака да плаќа со картичка на рати а да не добие камата?

Камата, ама каматата треба да дојде од банката а не на фискалната на Нептун :)
 

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.392
12.333
Скопје
androgaming.com
Јас кога купував машина за алишта имаше нормална цена и хепи цена 2.5 или 3000 поефтино. И почна дечкото да објаснува како таа цена па со нивна картица па со камата искочи повеќе него регуларната. А јас не ни имав таква картица не ни знаев што е тоа. Се јавив кај колега ми ја донесе си платив ќеш за хепи цена со хепи картица. Така се исплати инаку ратите што ги нудат се исто или повисоко со кредитите на банките (CBT).
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.426
5.585
Хепи кредит се пресметува на хепи цена, не на редовна.
Сумата е различна бидејќи таа е сумата само на ратите.
Останатата разлика е 300 денари трошок за проверка на кредитоспособност, и во овој случај 700 денари административни трошоци, кој се плаќаат при поднесување на кредитот. И сето тоа е вклучено во СВТ( Сите Вклучени Трошоци) цената.
Купувачот платил со Дајнерс картичка, тоа и нивните рати немаат никаква врска со Хепи кредит, тоа е сосема друго.
Хепи картичка е многу проста ствар, ја вадиш за да можеш да купиш по Хепи цена, без неа само со редовна цена, со неа добиваш бонус поени, па на 30к денари имаш 60к поени, па со нив имаш ваучер од 900 денари...
Сложени се Нептун со цениве, али бар имаш милион опции за плаќање, што се вели и да немаш пари, ќе можеш да купиш. xD
upload_2018-3-30_10-2-23.png

Се е тоа во ред, ама еве ја цената, за истото се однесува. Ако се купи на 48 рати, ратата ќе изнесува 341 денар со вклучени трошкови. Ако треба да се доплати 990 денари до вкупната цена на рати, тоа не е никаде напишано. А и зошто кога во ратата се пресметани трошковите.
341х48=16368. И сега наградно прашање, колку е цената за плаќање на 48 рати?
 

Bravo

hello world
12 декември 2015
221
319
Ја купив фрижидер намален од 27к на 19к.

Прашав дали може да платам со Виза и ми рекоа може на 6 рати, но со камата околу 5%.

Платив 19к плус 5%. Хепи цена е цена за во готово. Во случајов ја сум у ќар пошо ја добив хепи цената и пониска камата од стандардната на виза 11.25%.

Не знам шо не ви е јасно.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.612
19.347
Хепи цена е за во готово. Ако сакаш Хепи цена и Хепиенд одиш во Нептун, разгледуваш добро од она што ти треба и потоа налево круг одиш кај некој помал продавач со зборовите "Во Нептун е 25.000 за во готово . Ти за колку ќе ми продадеш за кеш?"

Ако пак пазарите во продавници во внатрешноста тогаш се постигнуваат сериозни заштеди.

Ако немаш или инсистираш на рати тогаш сеедно е кој ќе те стрижи
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
Така и јас мислам дека е, хепи цената си е за во кеш, тие ти повлекуваат цела сума од банка и после ти си имаш работа со банката.
Ако ти дадат тие рати, тогаш тие ти пресметуваат камата.
Такво време дојде, принудени сме да живееме на кредит.
Најарно е буп 20-30-50к во ќеш, ако ти побара повеќе, му велисш извини што се видовме и си одиш, ама малце е не изводливо денеска.
 

The_Real_Vojvoda

poweruser
26 октомври 2012
2.151
3.443
Скопје
The_Real_Vojvoda's setup  
Processor & Cooler
i7 4790k @4.5ghz - 1.2v || Noctua D14
Motherboard
Asus z97-A
Storage
OCZ Vector 128gb (OS) + Samsung 840 pro 512gb + WD Blue 320gb + WD Blue (EZEX) 1TB
PSU
Antec TPC 650w 80+ Gold
RAM
2x8gb DDR3 G-Skill Sniper CL11 @2400mhz
Video card
XFX RX 580 GTS
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Logitech G502 Proteus Spectrum/Logitech G400S/Logitech mx310
Keyboard
Asus Strix Tactic Pro ( CherryMX Brown)
Audio
E-MU 0202 + Marantz sr5500 + DIY speakers + Eltax Atomic A 10 sub + SteelSeries 9h
Monitor
Dell U2414H 1080p @74hz
OS
Windows 10 Enterprise LTSB
Погледнете го атачментот 63329

Се е тоа во ред, ама еве ја цената, за истото се однесува. Ако се купи на 48 рати, ратата ќе изнесува 341 денар со вклучени трошкови. Ако треба да се доплати 990 денари до вкупната цена на рати, тоа не е никаде напишано. А и зошто кога во ратата се пресметани трошковите.
341х48=16368. И сега наградно прашање, колку е цената за плаќање на 48 рати?
Не, ратите се онаа сума што ќе ја плаќаш.
Свт цената е со се вклучено.
За старт, за проверка за кредитоспособност ти наплаќаат 300 денари, одобрен неодобрен кредит, тие пари се зимаат. Потоа на оваа сума плус 700 денари за администрација на кредитот, после сета процедура си следат ратите.
Неможе ратите да се свт, бидејќи кредитот одобрен или неодобрен, ти мораш да платиш 300 денари на каса.
Значи ратите не ги вклучуваат "скриените" трошкови, бидејќи се наплатуваат на каса при самиот процес за одобрување на кредитот.




Sent from my SM-G950F using Tapatalk
 

dangthe

user
5 септември 2008
1.223
1.641
Скопје
Не, ратите се онаа сума што ќе ја плаќаш.
Свт цената е со се вклучено.
За старт, за проверка за кредитоспособност ти наплаќаат 300 денари, одобрен неодобрен кредит, тие пари се зимаат. Потоа на оваа сума плус 700 денари за администрација на кредитот, после сета процедура си следат ратите.
Неможе ратите да се свт, бидејќи кредитот одобрен или неодобрен, ти мораш да платиш 300 денари на каса.
Значи ратите не ги вклучуваат "скриените" трошкови, бидејќи се наплатуваат на каса при самиот процес за одобрување на кредитот.
Sent from my SM-G950F using Tapatalk

Пишува цена до производот, одиш на каса и ти викаат дека треба да платиш повеќе. На просечниот Македонски потрошувач тоа не му е во ред, не ни знае што значи СВТ, само знае дека производот ќе го чини повеќе од тоа што го пишува на истиот. Тоа не значи дека Нептун пробува да ги излаже потрошувачите, само значи дека треба цените да бидат напишани поразбирливо.

Можат да напишат до цената дека е можно да има дополнителни трошоци за да не бидат потрошувачите изненадени. Има луѓе на кои 1000 денари им значат
 
Последна промена:
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно