Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

ДДВ за Физички лица кои оствариле приход над милион денари

NanoCell

hello world
10 октомври 2011
419
521
Хаха, перфектен трол пост. Очекував во одреден момент некој да го пише ова :D
Ако си паметен да заработиш, биди и паметен да не платиш ахаха. True.....true

Па не е трол пост, туку тоа е реалноста. Колку од тие што копаат пријавиле данок на тој приход ? Колку од тие што имаат заработка од онлајн покер турнири пријавиле ?

Кога нивото на самосвест ќе биде повисоко кај државниот врв, тогаш можеби и народот ќе почне да дејствува нормално и да пријавува данок. Lead by example ...
 

Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.961
6.054
Skopje
Извор: Телма

Глупости невидени. Значи програмериве што земаат 1200-300Е плата, ќе треба данок да плаќаат затоа што чесно си го заработиле. Логикава ми зборува дека ти доколку имаш милионче приход, 18% се 180К денари, а глобата т.е. казната е од 250 до 375е? Што би направиле? :D
Во држава каде што просечна исплатена плата за месец Октомври 2017 година изнесува 23.356,00 денари, 1200-300 евра месечен приход се смета за луксуз...
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.534
3.133
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
А луксузот треба да се сосече во корен. За 1000000 денари двоен данок, за 2000000 треба троен данок па да видиме што ќе прават мамицата нивна богаташка. Се знае колку може да се заработува во Македонија - 500 еура max. (освен одредена мала група на луѓе наречени политичари за која законите не важат).
 

DrMTR

senior
27 март 2014
7.931
8.426
Како може инспекција да затвори индивидуа (физичко лице) ? По кој основ ќе го затворат ? Може да му ги оспорат трошоците и целата постапка на барање на повратот, но доколку некој е да кажеме freelancer каква акција би превземале против него ? Разбирам дека тоа е константна пракса кон фирмите, но во овој случај е друга дискусијата ...
Правиме муабет за фирма. Ништо чудно да се случи истото и како физичко лице си побараш пари. Никогаш нема да земеш ДДВ од државата. Всушност таа од тоа и функционира.
 

kjosmofon

Баниран/a
7 октомври 2011
3.740
5.916
skopje
k2laptop.mk
Најмногу боли што вредните луѓе треба да даваат пари за паразитите каде 4 од 4 во фамилија се буџетари-паразити.
Многу боли, што години труд довеле до тоа да заработуваш. но во ова бедна држава секој може да ти прави што сака.
Додека кај полтроните партиски каде по 4 од фамилија се вработени во администрација и државни фирми, влегуваат повеќе пари оданочени и чисти без никаков труд. Истиве имаат и далеку подобар статус во ова квази општесво јер знаат луѓе.
Ова многу боли, од една страна сакам да плаќам и да имаме нормална држава, од друга страна кога ќе видам каде одат поголем дел од парите ми се плаче.
Моментално доколку правите над 1 мил. ден годишно е подобро да сте фирма, ќе платите книговодител и помалку даноци.
 

DrMTR

senior
27 март 2014
7.931
8.426
Тоа е и идејата. Човек фирма. Од секоја фирма данок, и ке се наполни кесето. ;)
 

NanoCell

hello world
10 октомври 2011
419
521
Правиме муабет за фирма. Ништо чудно да се случи истото и како физичко лице си побараш пари. Никогаш нема да земеш ДДВ од државата. Всушност таа од тоа и функционира.

Темата беше отворена за новиот закон/пропис кој се однесува на приватни лица и затоа мојот коментар беше во таа насока. Претпоставував дека твоето мислење го даде за фирмите и како што кажав и претходно, повеќе од јасно ми е дека повратокот не функционира како што би требало за фирмите.

Мислам дека нема да видат преголем приход од приватните лица, зошто многумина ќе се обидат да ја избегнат ваквата давачка и самиот концепт не им е целосно доработен и размислен.
 

kjosmofon

Баниран/a
7 октомври 2011
3.740
5.916
skopje
k2laptop.mk
Како поединец само плаќаш и си многу ограничен. Како фирма има начини за враќање на данок и избегнување на двојно оданочување. Ова се исплати доколку се има промет он некои 20-30к еур годишно. Исто и доста е олеснета работа со правни лица од мк и иноземство.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.562
19.245
Единствена солуција е магла од државава или сива економија.
Само магла.
Покасно ќе правиш сива економија. Ако на пример, по некое чудо, те избркаат од таму.

Само сетете се дека Бугарија е членка од 2007 наваму. Ако е така тогаш претпоставувате кај нас како ќе биде по 11 години.
Сштото!
 

laziale

read-only
8 февруари 2016
11
11
А луксузот треба да се сосече во корен. За 1000000 денари двоен данок, за 2000000 треба троен данок па да видиме што ќе прават мамицата нивна богаташка. Се знае колку може да се заработува во Македонија - 500 еура max. (освен одредена мала група на луѓе наречени политичари за која законите не важат).

Јас заработувам како програмер, што сум јас крив што цената на пазарот е таква каква што е моментално и се заработува добро?
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.534
3.133
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Јас заработувам како програмер, што сум јас крив што цената на пазарот е таква каква што е моментално и се заработува добро?
Ментална забелешка - некои програмери не разбираат сарказам.
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2.609
1.564
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
...логикава со данокот и казните не ми иде некако. 3000E данок а казна до 375Е. Ќе плаќаме казни :D

Не е баш така. Ем ќе си платиш казна, па потоа пак ќе си се пријавиш како ДДВ обврзик и ќе си платиш и ДДВ.
За избегнување на персонален данок имаш ем казна (500-1000 незнам колку беа) + ти одземаат и 70% од тоа што ти легнало на сметка, а не си го пријавил.

Иначе, овој закон како и сите претходни се катастрофа. Се погрешни политики водат сите идиоти кои доаѓаат на власт. Никој не сака да седне и здраво да ја стегне работата. Почнувајќи од кратење на идиоти во јавна администрација, кратење на идиотски трошоци.... па се понатаму....
Цел свет се бори да го задржи стручиот кадар и да привлече свеж стручен кадар... само кај нас успеваат да донесат закони со кои и тие малку останати експерти ќе успеат да ги избркаат од државава.
 

gego

hello world
6 декември 2009
334
363
Скопје
gego's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 3600 & stock cooler
Motherboard
MSI B450 TOMAHAWK
Storage
SSD 500GB & WD 2TB
PSU
Chiftech 750W
RAM
16GB
Video card
AMD RX 580 8GB
Case
NoName
Mouse
Blaody V5
Keyboard
A4Tech X7 G800W
Monitor
Asus VA24EHE
OS
WIN10
Вицепремиерот на време си ја продаде фирмата. Не е будала да плаќа дупли данок.
 

Spectral Block

read-only
27 мај 2017
20
14
Најмногу боли што вредните луѓе треба да даваат пари за паразитите каде 4 од 4 во фамилија се буџетари-паразити.
Многу боли, што години труд довеле до тоа да заработуваш. но во ова бедна држава секој може да ти прави што сака.
Додека кај полтроните партиски каде по 4 од фамилија се вработени во администрација и државни фирми, влегуваат повеќе пари оданочени и чисти без никаков труд. Истиве имаат и далеку подобар статус во ова квази општесво јер знаат луѓе.
Ова многу боли, од една страна сакам да плаќам и да имаме нормална држава, од друга страна кога ќе видам каде одат поголем дел од парите ми се плаче.
Многу добро кажано
 

iTechnique

read-only
19 јануари 2017
35
13
Секако овие планираат да го качат данокот од 10% на 18% така да мислам Бугарскиот пасош е единствено решение за оние што заработуваат преку интернет, ќе си влечете пари таму ене кај е Бугарија и ќе си платите само 10% наместо 18%

Плус Бугарија е членка на СЕПА за разлика од нас, комотно можете нетелер+ картичка и дури и да ризикувате да не платите данок има шанси да не ве чепкаат за помали суми..
 

Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.961
6.054
Skopje
Од каде ја извадивте таа квази теорија дека ако си буџетар, тогаш си по дифолт паразит? Во буџетари (јавна адмистација) спаѓаат и институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес. Од 130 000 вработени во јавна администрација само 15% отпаѓаат на државна админстрација (претпоставувам на нив се мисли кога се потенцира "паразит") од кои 35% земаат плата испод 18.000 денари.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: EmTe
И

Избришан член 18474

Гостин
А колку од тие не идат на работа и земаат плата?
Ајде не зезај роднина работи таму сеуште има такви кои не идат на работа и земаат плата...
 

kjosmofon

Баниран/a
7 октомври 2011
3.740
5.916
skopje
k2laptop.mk
трипаме, супер образование, здрвство прво во европа, оди во институција работа завршуваш за 10 мин, услужливи и нема чекање. Сите поставени на местата бидеќи биле вредни и со добри резултати, никој поради партиска книшка. За вакви би дал и 38% данок малце е 18
 

imperial

user
12 август 2009
1.420
2.054
Скопје
www.rop.mk
Дали приходот кој ќе се пријави и оданочи, во банките ќе се смета исто како и плата? Односно дали ќе бидеш кредитоспособен без да си запослен? Моментално според банките, вработен со 12000 плата во државна "фирма" е поспособен да враќа кредит од било кој feelacer.
Дали на ратата од кредитот ќе биде вратен ддв?
Како и со се останато, прво се носат казните ( несмееш да возиш автомобил) а после ќе се набавуваат автобуси или овозможи непречен и сигурен велосипедски превоз.
Менталитетот не е сменет. Законите се последица на реакциите од народот.
Не треба ни да се размислува за закон пред да се дефинираат правата.
Право и обврска, а не обврска и (можеби и)право.
 

DeeJayZone

hello world
3 ноември 2008
186
136
deejay.blog.hr
Ама немојте така.
Потребни се пари.

Полесно е да му се брцне некому во џебот, отколку самиот да загрееш стол и/или да го земеш алатот во раце и самиот да креираш нешто од ништо.

#политичари #ФинансискиЕксперти
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.162
16.253
Од каде ја извадивте таа квази теорија дека ако си буџетар, тогаш си по дифолт паразит? Во буџетари (јавна адмистација) спаѓаат и институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес. Од 130 000 вработени во јавна администрација само 15% отпаѓаат на државна админстрација (претпоставувам на нив се мисли кога се потенцира "паразит") од кои 35% земаат плата испод 18.000 денари.

Ваљда на нив се мислеше, но мислам дека нема потреба со секој тест да потенцираме дека има и исклучоци. На пример мајка ми и жена ми се наставници. Се убиваат од работа. Јас доманемам домакинка, имам просветен работник ебате. Нон стоп прави листови, тестови, нон стоп доцни дома пошто давала додатни часови, се убивам од купување тонери, од возење деца по натпревари, се убивам од симињање видеа за госпожата да спрема интерактивни часови. И се тоа за мочани 20.000 денари за магистер.
 

krale

poweruser
6 февруари 2009
2.300
1.396
По мене нема причина зошто физичко лице не би плаќало ддв, ако остварува приход, како и секој што мора да го прави истото ако има фирма.

НО - прагот од еден милион денари е смешен. Секој што малку се разбира, знае дека 1 милион годишно е смешна сума. Еве да имаш само една канцеларија, каде плаќаш не знам 150е кирија, и 100е режија, тоа се веќе 200000 денари годишно. Ако имаш и други трошкови (патувања, обуки, семинари, плаќање на професионални програми, опрема и слично), ќе дојдеме до тоа дека приходот што за физичкото лице останува е пак цирка 700е. И сега го даночиш 20% на тие пари, и после пак 11% персоналец, пак ќе го бутнеш на 400е плата, а пазете НЕМА ни пензиско ни здравствено со ова!!!

Кој е луд да работи вака, за 400е плата? Па ќе се вработи во фирма барем и нека друг си ја тупи главата со даноци и давачки.

Значи ДДВ-то си е ок. Прагот е низок. Треба да се врати барем на 2 милиони денари.

Истово важи и за фирми, инаку никој веќе во Македонија нема да помисли да почнува мал бизнис или самостојна дејност.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно