Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

ДДВ за Физички лица кои оствариле приход над милион денари

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.162
16.253
ДДВ е баш за сите. Ги стимулира сите учесници да го евидентираат прометот. И да го пријавуваат. И да, ако сметката од Тинекс ти е за нешто што ти е за твојата работа, чувај ја.
Рецимо, за да работам интелектуална работа и да остварувам хонорар, кој они сакаат да го даночат, сум бил у Веро и сум купил млеко, сум купил банани и кафе. Се тоа се сретства што мене ми требаат за да можам да седам доцна ноќе и да работам. Арно ама, жена ми кафе не пие, ама другарките нејзини упиваат ко сунѓери, така да кафето се троши непродуктивно. Башка бананата не сум ја изел сум ја дал на ќерка ми, а син ми ми го пие млекото ко да нема утре....
И сеа они како ќе пресметаат на што да извршат поврат на ддв? :D на пример за фирми кои се поврзани субјекти има начин како да се разграничи, ама кај физички лица нема :)

Темава е спремна за тролање. Не верувам дека ќе направат нешто од ова како и да е. И да направат, ќе се оданочува само приходот кој е над милион. На пример ако направиш приход од милион и десет денари, ќе платиш 1.8 денари ДДВ. А за повраток на ДДВ не ни сонувајте. Не се случило во историјата на Македонија по регуларен пат. Не смее ни во сон да ти текне пријава за повраток да поднесеш, има мамето да ти го рејпат.
 

DrMTR

senior
27 март 2014
7.931
8.426
А за повраток на ДДВ не ни сонувајте. Не се случило во историјата на Македонија по регуларен пат. Не смее ни во сон да ти текне пријава за повраток да поднесеш, има мамето да ти го рејпат.

Токму така. Не ни смееш да побараш повраток на ДДВ. Инспекции ке те затворат веднаш.
 

NanoCell

hello world
10 октомври 2011
419
521
ДДВ е баш за сите. Ги стимулира сите учесници да го евидентираат прометот. И да го пријавуваат. И да, ако сметката од Тинекс ти е за нешто што ти е за твојата работа, чувај ја.


Секоја сметка и секој трошок може да се смета за неопходна за работа, зошто во суштина ти помагаат за егзинстенција. Купуваш храна/намирници од Тинекс за да јадеш, што ти помага да преживееш. Плаќаш сметки за струја за да можеш да функционираш нормално итн итн... you get the picture.

Крајната поента е дека досегашното ДДВ си е процентуално и е вклучено во секој животен трошок. Доколку заработуваш повеќе, најчесто и трошиш(купуваш повеќе) со што индиректно плаќаш поголема количина на данок кон државата од некој што заработува помалку.
 

NanoCell

hello world
10 октомври 2011
419
521
Токму така. Не ни смееш да побараш повраток на ДДВ. Инспекции ке те затворат веднаш.

Како може инспекција да затвори индивидуа (физичко лице) ? По кој основ ќе го затворат ? Може да му ги оспорат трошоците и целата постапка на барање на повратот, но доколку некој е да кажеме freelancer каква акција би превземале против него ? Разбирам дека тоа е константна пракса кон фирмите, но во овој случај е друга дискусијата ...
 

smole

poweruser
18 април 2007
3.900
4.580
На пример ако направиш приход од милион и десет денари, ќе платиш 1.8 денари ДДВ.

Штом како физичко лице станеш ДДВ обврзник тој статус го имаш најмалку 5 години, а после V година ако годишните приходи ти се под миион денари ќе бараш да не си повеќе ДДВ обрзник.

Додека си ДДВ обврзник покрај персоналецот (10%) ќе плаќаш и 18% ДДВ, така да на 1,000,010 денари ќе платиш ДДВ на полниот износ - максимум 180,002 денари (овде има некои одбитоци кои се движат во распон од 25-30%, сметководителите знаат).
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.055
7.727
Управа за Јавни Приходи на Република Македонија за почеток... На флаерот го има тоа враќањето на ДДВ. И никој не вика дека мора стварно да ти вратат, туку мора ти да се покриеш да не им должиш...

„Враќање на данокот на додадена вредност
Даночнот обврзник-физичкото лице, регистрирано за целите на ДДВ, има право на одбивка на предходниот данок за влезните исполнувања доколку ги употребува набавените или увезените добра, односно примените услуги за цели на неговата стопанска дејност, доколку поседува фактура која е издадена во согласност со член 53 и 53-б од Законот за ДДВ, царинска декларација во која е посебно искажан платениот данок за увозот или актот кој е основ за стекнување со сопственост на движни и недвижни добра кој е изготвен од страна на субјектот надлежен за спроведување на постапката за присилна наплата, односно присилно извршување и Извештаите ДДВ- ПНПИ или ДДВ-ПНПИ/ДС ако тие документи се евидентирани во книговодството на даночниот обврзник. Доколку претходниот данок во одреден даночен период е поголем од износот на данокот кој е пресметан за прометот, разликата се враќа врз основа на барање искажано во даночната пријава на ДДВ (образец ДДВ-04). Доколку даночниот обврзник не искаже барање за враќање на ДДВ, разликата се пренесува како аконтација во следниот даночен период. Рокот за враќање на данокот е 30 дена по денот на поднесување на даночната пријава на ДДВ.“
 

Pulse

user
26 октомври 2014
1.552
1.665
127.0.0.1
Физичките лица со промет над милион денари двојно ќе се даночат?
Истече рокот даден од УЈП, сите што оствариле вкупен промет од 1 милион денари да се регистрираат како ДДВ обврзници. Иако лани во ова време тогашното раководство на УЈП беше силно критикувано за ваквата идеја, управата сепак одлучи објавата да ја стави на својата електронска страница само два работни дена пред рокот за пријавување.

Во вкупниот промет за регистрација за целите на ДДВ влегуваат приходите остварени врз основа на вршење стопанска дејност, како што се дејностите на вештаци и стечајни управници, приходи од земјоделска дејност, приходите остварени врз основа на договор на дело, приходите остварени од издавање под закуп на деловен простор, приходите остварени од авторски договори и права од индустриска сопственост, приходите по основ на членување во надзорен одбор и слично.

Законот и понатаму се чита со затворени очи децидни се даночните експерти.Со влегување на граѓаните во системот на ДДВ според дел од нив, тие за еден ист приход сега ќе бидат двојно оданочени, и со персонален данок и со ДДВ што значи дека ќе мора да се однесуваат како правно лице.

„Се повторува лошата пракса на нетранспаренто носење одредби и обврски.Јавни давачки не се уредуваат со соопштенија туку со прописи.За жал се избегнува најлесниот пат, па наместо со јасни одредби и дефиниции,да се направи усогласување и измени во законот за ДДВ, секоја година се засилува притисокот врз граѓаните.Одредбата не е променета од првиот ден на донесувањето на законот за ДДВ а главната поента е дефинирање на тоа што е самостојно вршење на стопанска дејност“ , вели даночниотен советник Павле Гацов.

Работодавачите зад новото толкување на одредбата препознаа обид на УЈП да го прошири списокот на ДДВ обврзници а тоа рекоа тие ќе ги зголеми трошоците на фирмите. Новата одредба се однесува на членови на надзорни и управни одбори во финансиски инстутуции и домашни и странски компании и за луѓе кои од авторски хонорар или договор на дело остваруваат приходи што надминуваат еден милион денари односно над 16 200 евра.Доколку лицето не се регистрирало како ДДВ обврзник глобата изнесува од 250 до 375 евра.
Извор: Телма

Глупости невидени. Значи програмериве што земаат 1200-300Е плата, ќе треба данок да плаќаат затоа што чесно си го заработиле. Логикава ми зборува дека ти доколку имаш милионче приход, 18% се 180К денари, а глобата т.е. казната е од 250 до 375е? Што би направиле? :D
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.071
6.005
Рецимо, за да работам интелектуална работа и да остварувам хонорар, кој они сакаат да го даночат, сум бил у Веро и сум купил млеко, сум купил банани и кафе. Се тоа се сретства што мене ми требаат за да можам да седам доцна ноќе и да работам. Арно ама, жена ми кафе не пие, ама другарките нејзини упиваат ко сунѓери, така да кафето се троши непродуктивно. Башка бананата не сум ја изел сум ја дал на ќерка ми, а син ми ми го пие млекото ко да нема утре....
И сеа они како ќе пресметаат на што да извршат поврат на ддв? :D на пример за фирми кои се поврзани субјекти има начин како да се разграничи, ама кај физички лица нема :)

Темава е спремна за тролање. Не верувам дека ќе направат нешто од ова како и да е. И да направат, ќе се оданочува само приходот кој е над милион. На пример ако направиш приход од милион и десет денари, ќе платиш 1.8 денари ДДВ. А за повраток на ДДВ не ни сонувајте. Не се случило во историјата на Македонија по регуларен пат. Не смее ни во сон да ти текне пријава за повраток да поднесеш, има мамето да ти го рејпат.
Многу е пологично да платиш над износоѕ а не да стануваш обврзник.
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.162
16.253
Додека си ДДВ обврзник покрај персоналецот (10%) ќе плаќаш и 18% ДДВ, така да на 1,000,010 денари ќе платиш ДДВ на полниот износ - максимум 180,002 денари (овде има некои одбитоци кои се движат во распон од 25-30%, сметководителите знаат).

Тоа значи дека ќе плаќаш мноогу повеќе данок од тој што зема 999.999 денари што нема логика. Затоа не може да помине глупиов закон. Или сите ќе плаќаат или никој или пак ќе се плаќа само на износот над 1.000.000 денари.
Исто како и со персоналниот данок. Секоја индивидуа е ослободена за истата сума, се плаќа само на приходот над даночното ослободување.
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.055
7.727
Секоја сметка и секој трошок може да се смета за неопходна за работа, зошто во суштина ти помагаат за егзинстенција. Купуваш храна/намирници од Тинекс за да јадеш, што ти помага да преживееш. Плаќаш сметки за струја за да можеш да функционираш нормално итн итн... you get the picture.

Крајната поента е дека досегашното ДДВ си е процентуално и е вклучено во секој животен трошок. Доколку заработуваш повеќе, најчесто и трошиш(купуваш повеќе) со што индиректно плаќаш поголема количина на данок кон државата од некој што заработува помалку.
Ова е премногу лабаво толкување. Како што фирма не може да правда трошок за храна на вработените во ресторан Камник (ох, веит), така и ти не можеш баш све да правдаш. Ризикуваш гнев на некој накур*ен инспектор...
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.055
7.727
Тоа значи дека ќе плаќаш мноогу повеќе данок од тој што зема 999.999 денари што нема логика. Затоа не може да помине глупиов закон. Или сите ќе плаќаат или никој или пак ќе се плаќа само на износот над 1.000.000 денари.
Исто како и со персоналниот данок. Секоја индивидуа е ослободена за истата сума, се плаќа само на приходот над даночното ослободување.
Нема врска. Тие што си земаат плата се покриени... Законот е поминат пред десет години. И не запињајте со оданочувањето - поважна е евиденцијата на ДДВ-то.
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.162
16.253
Нема врска. Тие што си земаат плата се покриени... Законот е поминат пред десет години. И не запињајте со оданочувањето - поважна е евиденцијата на ДДВ-то.

Приходите по основ на плата не влегуваат во основицата.
Према Томе (а томе је у војсци) тој што штанца над 1.000.000-че кај и да е ќе го присилат да отвори фирма, а после ќе го репаат по 10.000 годишно за фирмарина и за уште еден куп други говнарии, само за да можат да и до*бат мајката на државава. Не само што животот ќе си отиде од државава туку и смртта ќе избега, нек ги земе и нив со неа дабогда :D
 
R

Roncic

Гостин
Извор: Телма

Глупости невидени. Значи програмериве што земаат 1200-300Е плата, ќе треба данок да плаќаат затоа што чесно си го заработиле. Логикава ми зборува дека ти доколку имаш милионче приход, 18% се 180К денари, а глобата т.е. казната е од 250 до 375е? Што би направиле? :D
Не програмерите. Фирмата го плаќа данокот, а ти ќе си го пријавиш како што си пријајвуваш секоја година во ујп.
 

NanoCell

hello world
10 октомври 2011
419
521
Ова е премногу лабаво толкување. Како што фирма не може да правда трошок за храна на вработените во ресторан Камник (ох, веит), така и ти не можеш баш све да правдаш. Ризикуваш гнев на некој накур*ен инспектор...

Па тоа е трагичното, тој на**рчен инспектор е најверојатно вработен по партиска основа и со тоа што одбива да го оправда тој трошок, си ја оправдува својата плата. На крај краева, тој што е доволно паметен/способен да заработи повисока сума пари, ќе најде и начин да го камуфлира приходот и да не плати данок.

Што правиме ако така ги стимулираат луѓето да извадат двојно државјанство (на пр. Бугарско), да отворат нерезидентна сметка и да добиваат пари таму ? Како Македонија тогаш ќе наплати данок ?

Наместо основа за напредок на целото општество да бидат тие кои се паметни и успешни, државава пробува да го затруе и тоа ...
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.055
7.727
Приходите по основ на плата не влегуваат во основицата.
Према Томе (а томе је у војсци) тој што штанца над 1.000.000-че кај и да е ќе го присилат да отвори фирма, а после ќе го репаат по 10.000 годишно за фирмарина и за уште еден куп други говнарии, само за да можат да и до*бат мајката на државава. Не само што животот ќе си отиде од државава туку и смртта ќе избега, нек ги земе и нив со неа дабогда :D
Абе тоа после ќе биде. Сега за сега е клучна евиденцијата. Рачунај дека ти во секој случај плаќаш ДДВ и кога не си ДДВ обврзник. Сега добиваш екстра занимација - евиденција, плус и ќар - можност за поврат на ДДВ (ок, барем пребивање, а можеби ќе профункционира и повратот некад :)
Затоа прашав како е во европските земји (САД нема ДДВ) во однос на ова прашање, зашто гарант ќе стигнеме некад баш до тоа што они сега го имаат.
 

Pulse

user
26 октомври 2014
1.552
1.665
127.0.0.1
Не програмерите. Фирмата го плаќа данокот, а ти ќе си го пријавиш како што си пријајвуваш секоја година во ујп.
Небитно, логикава со данокот и казните не ми иде некако. 3000E данок а казна до 375Е. Ќе плаќаме казни :D
 

smole

poweruser
18 април 2007
3.900
4.580
Тоа значи дека ќе плаќаш мноогу повеќе данок од тој што зема 999.999 денари што нема логика. Затоа не може да помине глупиов закон. Или сите ќе плаќаат или никој или пак ќе се плаќа само на износот над 1.000.000 денари.
Исто како и со персоналниот данок. Секоја индивидуа е ослободена за истата сума, се плаќа само на приходот над даночното ослободување.

Нема дали ќе помине или не. Ова се случува години наназад само сега се прави фама во јавноста.

Никој не те тера да направиш фирма, едноставно си плаќаш два вида на даноци и стануваш понеконкурентен во однос на оние кои остваруваат до 999.999 ден дополнителни примања (све што не е плата) и плаќаат само 10% персоналец (минус некој процентен поен после одбитоци на трошоци за живот)
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.055
7.727
Па тоа е трагичното, тој на**рчен инспектор е најверојатно вработен по партиска основа и со тоа што одбива да го оправда тој трошок, си ја оправдува својата плата. На крај краева, тој што е доволно паметен/способен да заработи повисока сума пари, ќе најде и начин да го камуфлира приходот и да не плати данок.

Што правиме ако така ги стимулираат луѓето да извадат двојно државјанство (на пр. Бугарско), да отворат нерезидентна сметка и да добиваат пари таму ? Како Македонија тогаш ќе наплати данок ?

Наместо основа за напредок на целото општество да бидат тие кои се паметни и успешни, државава пробува да го затруе и тоа ...
Друже, имаш комплицирано размислување - АКО НЕЈЌЕШ ич не мораш да бараш поврат. Сега, без да си ДДВ обврзник и НЕ МОЖЕШ да бараш. Што губиш?
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.055
7.727
Нема дали ќе помине или не. Ова се случува години наназад само сега се прави фама во јавноста.

Никој не те тера да направиш фирма, едноставно си плаќаш два вида на даноци и стануваш понеконкурентен во однос на оние кои остваруваат до 999.999 ден дополнителни примања (све што не е плата) и плаќаат само 10% персоналец (минус некој процентен поен после одбитоци на трошоци за живот)
Нема да плаќаш два вида даноци. Ако ти се платени сите давачки за плата, раат си. Со персоналецот мислам дека или ќе го дигнат на старото ниво (30-40%и нема да се плаќа ДДВ) или ќе го закачат ДДВ-то врз сегашните 10% (па ќе дојде на исто).
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.162
16.253
На крај краева, тој што е доволно паметен/способен да заработи повисока сума пари, ќе најде и начин да го камуфлира приходот и да не плати данок.

Хаха, перфектен трол пост. Очекував во одреден момент некој да го пише ова :D
Ако си паметен да заработиш, биди и паметен да не платиш ахаха. True.....true
 

kjosmofon

Баниран/a
7 октомври 2011
3.740
5.916
skopje
k2laptop.mk
1 реална фирма, плаќа ддв, фирмарина, сметки , кирии
2 фриленсер плаќа само данок
Зш не би плаќале данок, т.е. би сакал јас да ги плаќам твоите доктори, полицмени, комунални служби, социјала и др.
Па уште и ви смета.
Се слагам само во делот каде паразитите од администрација и политика ги крадат парите, и мене ми смета.
Решение- дудлање во партија за да ве вработат во администрација и да отупите во рок од 2 год и да бидете неспособни з а ништо друго.
Или да бидете увлакач прва класа па да бидете во одбори, комисии, а ако сте шампион да ве вработат во телеком или евн.
 

smole

poweruser
18 април 2007
3.900
4.580
Нема да плаќаш два вида даноци. Ако ти се платени сите давачки за плата, раат си. Со персоналецот мислам дека или ќе го дигнат на старото ниво (30-40%и нема да се плаќа ДДВ) или ќе го закачат ДДВ-то врз сегашните 10% (па ќе дојде на исто).

Во моментов се плаќа и персоналец и ДДВ, кога се физичките лица ДДВ обврзници во прашање.

Што како и дали ќе се менува, ќе видиме.
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.162
16.253
1 реална фирма, плаќа ддв, фирмарина, сметки , кирии
2 фриленсер плаќа само данок
Зш не би плаќале данок, т.е. би сакал јас да ги плаќам твоите доктори, полицмени, комунални служби, социјала и др.
Па уште и ви смета.
Па ми смета два данока да плаќам на исти пари. Што ти смета тебе што ми смета мене? Зошто ти да плаќаш еднаш данок а јас два пати?
 
И

Избришан член 18474

Гостин
1 реална фирма, плаќа ддв, фирмарина, сметки , кирии
2 фриленсер плаќа само данок
Зш не би плаќале данок, т.е. би сакал јас да ги плаќам твоите доктори, полицмени, комунални служби, социјала и др.
Па уште и ви смета.
Се слагам само во делот каде паразитите од администрација и политика ги крадат парите, и мене ми смета.
Решение- дудлање во партија за да ве вработат во администрација и да отупите во рок од 2 год и да бидете неспособни з а ништо друго.
Или да бидете увлакач прва класа па да бидете во одбори, комисии, а ако сте шампион да ве вработат во телеком или евн.
Ако си луд да одиш во државно здравство :)
П.С јас би плаќал и 50% ако се раководи како што треба, ама да игра на карта да ги заштитиме сиромавите а да пумпаат администрација мало морген.
Се се почнува од врвот среди го таму па почни од народот самиот ќе сака да си плаќа данок.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно