ДДВ за Физички лица кои оствариле приход над милион денари

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од laziale, 22 Јануари 2018.

  1. laziale

    laziale
    Intern

    11
    9
    8 Февруари 2016
    Машко
    Здраво на сите -
    Сигурно пратите што се случува во последниов период со барањето и физички лица да плаќаат ДДВ ако оствариле над милион денари како и потенцијалното зголемување на персоналниот данок. Сакам да чујам ваше мислење, сигурен сум има доста фриленсери кои заработуваат над милион денари, колку од вас ги примате средствата на трансакциска сметка и што планирате да правите доколку треба да плаќате и ддв и зголемен персонален данок. Payoneer е секој пат опција но за сите што сакаат легално да си ги добијат парите на сметка двојното оданочување според мене е премногу. Можеби треба да се организираме во некоја организација и да преговараме со владата бидејќи друга солуција едноставно не гледам. Однапред ви благодарам за секој коментар.

    Линк до еден од постовите во врска со оваа тема.
     
    На prichina и tomi им се допаѓа ова.
  2. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    1,918
    2,436
    2 Септември 2012
    Машко
    Кој има ќе плаќа многу јасно.
    И треба да се плаќаат даноци.
    Јас не сум гвујо ја плаќам данок, или беше А1 хммм сеедно. :p
     
    На moongose и Banjifiko им се допаѓа ова.
  3. laziale

    laziale
    Intern

    11
    9
    8 Февруари 2016
    Машко
    И јас плаќам данок...ама да биде со усул, зошто да плаќам 2-3 пати повеќе ако сум успеал малку повеќе во животот...
     
    Naked Gun, prichina, The-spiki и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. Astro

    Astro
    Guru

    5,185
    6,555
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Мислиш дека преговори со влада е „солуција“?
    Се лажеш машко. Единствена солуција е магла од државава или сива економија. Тоа е win-win ситуација за владата и за граѓанинот. Едниот избегал во странство, а владата си го одработила своето.
     
    На Naked Gun, StalkeR, Zippo и уште 4 други им се допаѓа ова.
  5. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,385
    3,728
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Некој линк? Пошто извоз во странство (на стоки И УСЛУГИ) е ослободен од ДДВ, т.е. се даночи со стапка од 0% (НУЛА проценти).
     
  6. laziale

    laziale
    Intern

    11
    9
    8 Февруари 2016
    Машко
  7. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,385
    3,728
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    :) Регистрирање како ДДВ обврзник не значи двојно оданочување. Дури значи и можност за поврат на ДДВ...
     
    Vampo, goce03, Banjifiko и на уште 1 им се допаѓа ова.
  8. dangthe

    dangthe
    Practice makes perfect

    1,030
    1,242
    5 Септември 2008
    Машко
    Јас би го плаќал данокот кога би знаел дека повеќето пари кои ќе влезат во буџетот би се искористиле на вистински начин. Кога ќе ми текне дека ќе се користат за исплаќање на плати на партиски војничиња и на патни трошоци од илјадници евра ми се повраќа. И доколку се донесе таков закон дефинитивно не сакам да го плаќам, ама како би ги извеле тоа? Ако сам престанеш да плаќаш ќе те уништат...
     
    На Naked Gun, prichina, Oktar и уште 2 други им се допаѓа ова.
  9. laziale

    laziale
    Intern

    11
    9
    8 Февруари 2016
    Машко
    Не сум баш запознаен како оди повратот на ДДВ ама мислам дека ти враќаат ДДВ пример ако купиш компјутер па 18% ќе ти вратат, нешто што го користиш во секојдневната работа, инаку цела сума не ми се верува дека ќе ја вратат. Ако сум грешка поправете ме.
     
  10. DarkoG

    DarkoG
    On your way to fame

    707
    572
    27 Јуни 2012
    Дојде животот, море за прост народ само вака...
     
    На aleksnako му/ѝ се допаѓа ова.
  11. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    1,918
    2,436
    2 Септември 2012
    Машко
    Па данокот ти го враќаат, да не сакаш ти и компјутерот што си го купил парите да ти ги вратат. :D
     
  12. laziale

    laziale
    Intern

    11
    9
    8 Февруари 2016
    Машко
    Се јавив сега во локална дирекција на УЈП, им објаснив како стои ситуацијата, ми рекоа ќе ми се јават, чекам одговор од нив па ќе пишам тука
     
  13. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,385
    3,728
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Еден формулар повеќе, ама можност да си вратиш дел од ДДВ-то за опремата што ја користиш при работењето. Hopefully. Како е низ ЕУ?
     
  14. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    20,224
    20,511
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    оу оу NO! низ европа е така но, но разликата е во тоа што со тие пари градат стабилен образовен систем, стабилно здраство, не корумпирано судтство и културни учесници во сообраќај... искулирајте со споредби ;)
     
    На Taurus и igor_igor им се допаѓа ова.
  15. DrMTR

    DrMTR
    Unbeatable

    5,524
    5,409
    27 Март 2014
    Каков плаќање данок море? Да живее сивата економија.
     
  16. Astro

    Astro
    Guru

    5,185
    6,555
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    За фирми да, за фицички лица тоа е нонсенс. Ако враќаат данок значи ли тоа дека треба секоја сметка од Тинекс да им ја испраќам за да ми одбиваат данок?

    Глупост, ДДВ не треба да плаќаат физички лица, зошто принципите на ДДБ не се поставени за физички лица. Физичкото лице е крајната скала на даночната инциденца а не првата или средната. Оваква глупост само во Македонија може да се случи.
     
    На boban984, StalkeR, Psycore и уште 2 други им се допаѓа ова.
  17. Roncic

    Roncic
    Gaining Experience

    521
    485
    7 Јули 2012
    Машко
    Здраво и на тебе. Тоа што си го пишал е само жолта штампа , ништо друго. Факти и докази момче младо...
    Од политичар по голема гнида во нашава држава е само новинарот. Нема ништо попокварено од таа ку****ска раса.
     
    На prichina, Costigan_Jr, sas_klar и уште 2 други им се допаѓа ова.
  18. StefAngel

    StefAngel
    Gaining Experience

    404
    243
    28 ноември 2015
    Машко
    Ова ви е закон од грујкио, само овие се грујкио на квадрат и искрено ако можете да прифаќате наплата си криптовалути, ќе го јадат стапот и нема да плаќате никаков данок.
     
  19. Banjifiko

    Banjifiko
    Unstoppable

    2,675
    3,292
    28 oктомври 2008
    Не плаќате данок, а? Море, сите на список. Јас ако направам годинава повеќе од милионче, со задоволство ќе платам 18% ДДВ...
     
    На StalkeR, goce03, SiPy` и уште 2 други им се допаѓа ова.
  20. ivan1500

    ivan1500
    Practice makes perfect

    397
    1,069
    10 Септември 2009
    Машко
    MCSA / MCITP / CEH / CCENT
    Мешате баби и жаби за жал. Со новиот закон сте обврзани ако остварите приход над еден милион денари да се регистрирате како ддв обврзник. А тоа после дали ќе ги правдате парите пред ујп и како и зошто ќе ги правдате е друга проблематика. Ако купите кола со парите што сте ги примиле и притоа ги оправдате тие пари тогаш данокот од колата што сте го платиле при купување на истата, рецимо 18% државата ќе ви го врати на вас на сметка.

    Државата ни пропаѓа затоа што дефакто се носат глупи закони а под влијание на уште поглупи медиуми се оглупавува целото општество. И тоа е тажно..
     
    На Costigan_Jr му/ѝ се допаѓа ова.
  21. psyside

    psyside
    Модератор

    24,248
    23,902
    4 Септември 2008
    Не ги заборавај адвокатите.
     
    На Alucard и kirev им се допаѓа ова.
  22. StefAngel

    StefAngel
    Gaining Experience

    404
    243
    28 ноември 2015
    Машко
    Ќе вратите ддв на свети никогаш хаха
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Astro

    Astro
    Guru

    5,185
    6,555
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Да да, сигурно. Кои стоки се со повраток на ДДВ?
     
  24. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,385
    3,728
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Кој направи споредба?
     
  25. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,385
    3,728
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    ДДВ е баш за сите. Ги стимулира сите учесници да го евидентираат прометот. И да го пријавуваат. И да, ако сметката од Тинекс ти е за нешто што ти е за твојата работа, чувај ја.
     

Сподели