lynx
poweruser
- 4 септември 2008
- 3.722
- 3.574
Еве во овие два поста се ти е кажано, мислам понатамошно објаснување е непотребно.
Јас на крај на година ги пријавувам сите приходи во УЈП. Значи пријавување и плаќање се две различни работи. Да ги пријавиш мора ако парите прошле на сметка во Македонија (и трансакциска и жиро), а да ги платиш зависи. Нешто како поклон ќе пројде, нешто ќе платиш и така. Колку посто плаќаш зависи од тоа колку пари се во прашање и како си стигнал до нив.
Ако не пријавиш ништо, а на сметка ти легнале пари, банката им доставува изводи во УЈП и ако паднеш под лупа тешко тебе. Казните се огромни и се наплаќаат со блокирања сметки, извршители и слично. Ако не пријавиш може и да пројде дака ако се некои ситни парички, ама секогаш има ризик.
Она што ви треба е ПДД-ГДП Годишна даночна пријава за утврдување на персоналeн данок на доход
Значи ако парите поминат низ платен промет, поминат (или се задржат) низ било која сметка низ било која банка во земјава, и девизна и трансакциска, парите мора да се пријават. Во УЈП имаат увид во сите сметки. Казните се движат од 500 до 1000 евра за физички лица.
Ако парите ги добивате на рака, во ќеш (преку WU на пример) или во некаква си конпензација и немате апсолутно никаква врска со ниедна банка, не мора да се пријавуваат.