Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

OLGA - нова игра од македонски девелопери

Gappo

hello world
20 јануари 2016
181
252
1789164125864.png
Olga е нова игра која излезе пред 2 дена, создадена од македонското студио Workbench Entertainment. Дејството на играта се одвива во македонското село Беловодица во 80тите. Главниот лик е Олга, девојче кое ги посетува своите баба и дедо на село додека нејзините се на патување.

Играта е авантура во прво лице, кратко и слатко и искуство со прекрасен селски амбиент и преубави пејсажи. Низ играта на интересен начин се вклучени делчиња од македонската култура. Приказната не открива многу, но беше доволно мистериозна да ме заинтригира да сакам да знам што се случува понатаму.

Да не откривам премногу, ѕирнете ја и сами ако ве интересира. Доколку можете поддржете ги дечките со купување на играта и оставање рецензија. Да помогнеме да заживее македонското творештво на игри!

 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно