Multipass
hello world
- 1 ноември 2015
- 216
- 363
Немам што да додадам. Кои се тие сервисери ако може по име кои кажуваат дека Сони нечинел
Напротив Сонито остана единствен производител на кој Квалитетот му е пред се.
Љупчо Стојковски од Ѓорче Петров 2, на него единствено му го памтам името бидејќи доста често ми поправал телевизори, работеше во Мебиус на времето. Според него најмногу Samsung телевизорите се поправале од репутабилните брендови, а веднаш потоа Sony. Велеше далеку се истите Sony што беа со Trinitron серијата.
Не тврдам дека Sony не чинат како бренд за телевизори, само зборев за фактот што се overpriced и дека ниска класа на Sony е иста како и ниска класа на други репутабилни брендови, а чинат и до 200 евра помалку. Поскапи и поквалитетни делови сигурно не ставаат.
Значи на 32 инчен LCD модел што го платив 600 евра, кога ќе го поврзев на HDMI за некои 2-3 минути, мешаше бои и сликата се заматуваше, вградениот media player софтвер немаше подршка за голем број формати и east europe/cyrillic преводи. Напојувањето два пати ми се расипа.
Друг модел исто 32 инчен, овој пат со LED позадинско осветлување го платив 500 евра, еден од HDMI портите од старт беше мртов, другиот губеше слика или звук за 30/40 минути користење. Мртов scart порт. Исто ужасен media player со горенаведените ствари. Овој барем не се расипал сеуште.
Сите беа произведени во Чешка. Ниска класа телевизор, без разлика на цената е ниска класа. Затоа ако купувате 32 инчни телевизори за во спална или купете си Philips или LG телевизор со нормална цена или за истите пари што ќе ги дадете за Sony до таа големина, купете си поголем телевизор од останатите репутабилни брендови.
Последниве години задоволен сум од LG, реални цени со реален квалитет за класата. Поседувам еден плазма и еден LED и немам никакви замерки за нив, а ги платив 150/200 евра повеќе од Sony моделите, а се и далеку поголеми од нив.
И убаво кажа Sephiroth не се купува телевизор како кило пиперки на пазар. Си бара одредено истражување. Sony телевизорите ги купив така без никакво истражување, само со мислата не можам да утнам со Sony и висока цена и ете што добив.
Поздрав.