Daniel86
poweruser
Daniel86's setup
- Processor & Cooler
- i5 11400 & Deepcool AK620
- Motherboard
- Gigabyte Z590 UD AC
- Storage
- Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
- PSU
- Asus Rog Strix 850W
- RAM
- 2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
- Video card
- Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
- Case
- Deepcool Tesseract SW Black/Blue
- Mouse
- MX Master 3
- Keyboard
- Aula Moon Slasher
- Audio
- Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
- Monitor
- Asus TUF Gaming VG27AQ3A
- OS
- Windows 11 Pro
Здраво момци, си имам една мака со овие од Близу, си трае неколку месеци наназад, ама сега откако го земав тој пакетот 100мбпс, почна ептен да ме је*е, ај интернетот, па и овие од Близу. Брзината варира абе од минута во минута и тоа понекогаш дури и за 20-30 мбпс. Трипати досега беа на интервенција месецов, последниот пат го сменија и рутерот, кој патем е од тие новите SVG6540E и иако е DocSis 3, мене ми делува како тотално ѓубре, сепак проблемот си останува. Првите неколку пријавувања ај викам сигурно ќе видат дека има дефект и ќе го отклонат како и секогаш, нема потреба што да се замарам да им докажувам, нормално, не го отклонија, и почнав да ги меморирам резултатите од SpeedTest.net, па почнав да им ги покажувам, меѓутоа пак си се прават наудрени, ми докажуваат дека е се во ред, као сигналот го провериле од таму и одличен си е.... Се испокарав со тој мајмунот, можеби викам кај тебе покажува во ред, кај мене не е, не сум глупаво детиште со наочарчиња што по цел ден седи на пц и само чека дефект, за да има кај да врти да досаѓа и да си праи муабет со некого за да се осети важен, значи вртам затоа што имам проблем, неколку пати на сред трансакции од банки ми снемува интернет јеботе, стави ги од гугл ДНС серверите, се оправа колку толку, торент кога и да пуштам, над 5 мбпс брзината не оди, на било кој торент, не замунда не не знам што.
Досега само двапати успеав да извадам брзина на торент од 9, и тоа за кратко, првиот пат само отиде до 9 и си падна пак на 5, а вториот пат отиде до 9, се задржа една минута и ми се угасна рутерот бе
, откако се рестартираше, брзината од истиот торент не отиде над 4. Да напоменам дека во меѓувреме ја сменив целата конфигурација и оперативниот систем, плус и мрежните кабли и ги употребив сите маѓии, финти и трикови што ги знам, сетирање разни вредности на MTU, оптимизација на мрежната, разноразни драјвери, други днс сервери, disable na QoS, исклучување на вифи од уредот, цело време е врзан само еден компјутер, и што ти знам уште не пробав, и без никаков ефект. Еве само ме прават идиот по телефон, и богами и во живо, последниот пат пред да дојдат, фраерот по телефон ми вика дека ако не се констатира дефект, доаѓањето ќе се наплатело
е тука ми се споија жички се испоразвикав го отерав упм, и после неколку саати, ми доаѓаат двајца батки као нервозни нешто, ми изиграваат избацивачи, као некои заебани ликови, а само требаше еден погрешен збор па да летаат и двајцата по скали како маченца, и нормално, се смирија откако им ги покажав резултатите, и кога утврдија дека на нивниот лаптоп не вади повеќе од 50 мбпс, си го склопија посрамотено и продолжија со работа на мојот компјутер (иако претходниот сервисер ме убедуваше дека мојата мрежна не била гигабитна, туку само на нивните лаптопи имало гигабитна
), останаа два часа овде, едниот си гледаше телевизија цело време, ми правеше некои бош муабети за базени низ светот и разноразни глупости, штелуваа правеа и едвај го дотераа до 89-90 и толку се откажаа, тоа ти е вика, не може повеќе. Вчера истото ми го кажаа по телефон, дека доволно ми биле и 80
. Арно ама, не остана дури ни саат време на таа брзина. И доста го тупев, мислам дека ми го разбравте проблемот, се извинувам за исцрпниов пост, ако некој има некаков совет, би бил добредојден во ситуацијава.
ПС За оние што ќе речат доволно ти е 80 и кусур, отворете на страната на Близу, и погледнете ја цената на пакетите, тоа што мене ми недостига, се продава на друг за цена од 700 денари.
Еве ги и резултатите од околу еден месец наназад, чисто да видите со што си имам работа.
Досега само двапати успеав да извадам брзина на торент од 9, и тоа за кратко, првиот пат само отиде до 9 и си падна пак на 5, а вториот пат отиде до 9, се задржа една минута и ми се угасна рутерот бе
ПС За оние што ќе речат доволно ти е 80 и кусур, отворете на страната на Близу, и погледнете ја цената на пакетите, тоа што мене ми недостига, се продава на друг за цена од 700 денари.
Еве ги и резултатите од околу еден месец наназад, чисто да видите со што си имам работа.