1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Проблем со интернет од Blizoo

Дискусија во форумот 'A1 (Vip/Blizoo)' започната од Daniel86, 14 Декември 2014.

  1. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,625
    6,674
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Здраво момци, си имам една мака со овие од Близу, си трае неколку месеци наназад, ама сега откако го земав тој пакетот 100мбпс, почна ептен да ме је*е, ај интернетот, па и овие од Близу. Брзината варира абе од минута во минута и тоа понекогаш дури и за 20-30 мбпс. Трипати досега беа на интервенција месецов, последниот пат го сменија и рутерот, кој патем е од тие новите SVG6540E и иако е DocSis 3, мене ми делува како тотално ѓубре, сепак проблемот си останува. Првите неколку пријавувања ај викам сигурно ќе видат дека има дефект и ќе го отклонат како и секогаш, нема потреба што да се замарам да им докажувам, нормално, не го отклонија, и почнав да ги меморирам резултатите од SpeedTest.net, па почнав да им ги покажувам, меѓутоа пак си се прават наудрени, ми докажуваат дека е се во ред, као сигналот го провериле од таму и одличен си е.... Се испокарав со тој мајмунот, можеби викам кај тебе покажува во ред, кај мене не е, не сум глупаво детиште со наочарчиња што по цел ден седи на пц и само чека дефект, за да има кај да врти да досаѓа и да си праи муабет со некого за да се осети важен, значи вртам затоа што имам проблем, неколку пати на сред трансакции од банки ми снемува интернет јеботе, стави ги од гугл ДНС серверите, се оправа колку толку, торент кога и да пуштам, над 5 мбпс брзината не оди, на било кој торент, не замунда не не знам што.
    Досега само двапати успеав да извадам брзина на торент од 9, и тоа за кратко, првиот пат само отиде до 9 и си падна пак на 5, а вториот пат отиде до 9, се задржа една минута и ми се угасна рутерот бе :confused:, откако се рестартираше, брзината од истиот торент не отиде над 4. Да напоменам дека во меѓувреме ја сменив целата конфигурација и оперативниот систем, плус и мрежните кабли и ги употребив сите маѓии, финти и трикови што ги знам, сетирање разни вредности на MTU, оптимизација на мрежната, разноразни драјвери, други днс сервери, disable na QoS, исклучување на вифи од уредот, цело време е врзан само еден компјутер, и што ти знам уште не пробав, и без никаков ефект. Еве само ме прават идиот по телефон, и богами и во живо, последниот пат пред да дојдат, фраерот по телефон ми вика дека ако не се констатира дефект, доаѓањето ќе се наплатело :confused: е тука ми се споија жички се испоразвикав го отерав упм, и после неколку саати, ми доаѓаат двајца батки као нервозни нешто, ми изиграваат избацивачи, као некои заебани ликови, а само требаше еден погрешен збор па да летаат и двајцата по скали како маченца, и нормално, се смирија откако им ги покажав резултатите, и кога утврдија дека на нивниот лаптоп не вади повеќе од 50 мбпс, си го склопија посрамотено и продолжија со работа на мојот компјутер (иако претходниот сервисер ме убедуваше дека мојата мрежна не била гигабитна, туку само на нивните лаптопи имало гигабитна :D), останаа два часа овде, едниот си гледаше телевизија цело време, ми правеше некои бош муабети за базени низ светот и разноразни глупости, штелуваа правеа и едвај го дотераа до 89-90 и толку се откажаа, тоа ти е вика, не може повеќе. Вчера истото ми го кажаа по телефон, дека доволно ми биле и 80 :confused:. Арно ама, не остана дури ни саат време на таа брзина. И доста го тупев, мислам дека ми го разбравте проблемот, се извинувам за исцрпниов пост, ако некој има некаков совет, би бил добредојден во ситуацијава.

    ПС За оние што ќе речат доволно ти е 80 и кусур, отворете на страната на Близу, и погледнете ја цената на пакетите, тоа што мене ми недостига, се продава на друг за цена од 700 денари.

    Еве ги и резултатите од околу еден месец наназад, чисто да видите со што си имам работа.
     

    Прикачени датотеки:

  2. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,323
    9,658
    23 oктомври 2012
    Машко
    Близу едноставно немаат капацитет ниту корисничка опрема за флет 100 Mbps пакет. Тој пакет им е само за маркетинг пошто нели, и другите оператори го нудат, па нудат дури и гигабит. Проблемот неможеш да го решиш, едноставно врати се на послаб пакет, на пример на 50 и таму нема да имаш нервози. Не би требало да имаш проблем да отидеш на помал пакет бидејки имаш еден тон приговори. И патем, брзината шти ти ја покажува спеедтест никад нема да биде 100, затоа што спидтестот ти ја покажува просечната брзина од целото мерење, би требало да да имаш некој мониторинг на портата на свичот и да видиш дали во текот на мерењето ке покаже 100ка. А патем и интернет сообраќајот е бест ефорт, и никој нема да ти гарантира константна брзина постојано, за тоа постојат изнајмени линии кои чинат по 150 евра за 1,5 - 2 мегабити...ама константни се.
     
    Bojan87, kamenko и на yasho им се допаѓа ова.
  3. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,625
    6,674
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Види, ја не ни очекувам да имам 100-ка рамно, ама па кога гледам дека некои корисници имаат константна брзина од минимум 90, а плаќаме исто, па зошто да се задоволам со 70-80 нели? Истиот проблем ми беше и кога бев на 20мбпс, 15-16 добивав, после консултација со некои вработени во Близу, решив да си го земам овој пакет, бидејќи како што ми беше речено, ке дојде екипа да испита дали има било каков дефект и дали ќе има можност за 100мпбс, констатирале дека има можност, иако не дојде никаква екипа, освен што дојдоа откако го склучив договорот само да ми го сетираат рутерот. Ако веќе морам да се враќам на 50 за да го решам ова, ондак ќе го раскинам договорот и одам на друг оператор. Инаку вршам мониторинг и на пц дури врти speedtest, па и кога симнувам било што, резултатите се исти, само што немам логови од тие мерења.
     
  4. mmm121

    mmm121
    Gaining Experience

    198
    101
    10 Февруари 2011
    Не ми се верува што читам :p
     
  5. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,235
    6,366
    27 Март 2014
    Ниту на Т-Хоме нема да видите никога 1 Gbps така да ова не ме чуди. Врати си се на 50mbps како што ти сугерираат, ем ке плаќаш помалку, ем нема да имаш нервози со фамозните 100mbps кои што никогаш реално нема да ги видиш.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  6. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,070
    25,356
    4 Септември 2008
    Извини другар, ама ова не е точно, јас имам 100mbps пакет, и брзината е скоро секогаш најмалце 80 мегабита преку торенти.....а на Speedtest идам дури и до 108......

    Мое мислење е дека проблемот е во новите чкарт модеми, јас имам Cisco DPC3285 ако не се лажам, во комбинација со WDR3600, и брзината е супер стабилна и константна.

    Blizu download 100 mb net.png
    pj2viC1.png
    f1wQP6A.png
    o2hn9rB.png
    TRSU2ul (1).png
    Screenshot_3.png
     
    Martinj90, kamenko и на Daniel86 им се допаѓа ова.
  7. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,235
    6,366
    27 Март 2014
    Можно е да е проблемот до реонот на корисникот?
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,323
    9,658
    23 oктомври 2012
    Машко
    @psyside Според мене брзините кои он ги има измерено во тоа фајлчето се далку од лоши. Ајде земи и ти мери едно по друго 20 пати и да споредиме. А што се однесува до торрент, секако дека многу влијае и што симињаш... ако он симиња некој норвешки уметнички филем од 1993 а ти го симињаш хобит од 2014 нормално дека хобитот ке фуче. Не е се така црно бело, а и секако дека е битен и реонот како што напомена @DrMTR
     
    На PandaBomber му/ѝ се допаѓа ова.
  9. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,070
    25,356
    4 Септември 2008
    Можно е....или тоа или опремата...

    За мене најмеродавно е тоа што најмногу го користам, ако сакаш стави и Google fiber, ако нема сидови доволно нема да имаш добар данлоад, секогаш најдобар показател за брзината на нетот се данлоади од YT, данлоади од торенти (со многу сидови) како и данлоадите се IDM каде што знаеш дека ти се овозможени најголеми перформанси и се зависи од тоа колку брз интернет уствари твојот провајдер ти нуди.

    Во тие ситуации, јас секогаш вадам дури и повеќе од 100 мегабита...

    Едит, еве од пред малце...

    [​IMG]
     
    Последна промена: 14 Декември 2014
    На Oktar и DrMTR им се допаѓа ова.
  10. vlatko175

    vlatko175
    Gaining Experience

    286
    106
    15 Јули 2008
    На Daniel86 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,070
    25,356
    4 Септември 2008
    Зошто баш тој торент? ај едно кратко објаснување.
     
  12. vlatko175

    vlatko175
    Gaining Experience

    286
    106
    15 Јули 2008
    Nemora bash toj vo red, toj prv go najdov na google toj go staviv {torent} .
    Bilo koj iso fajl od nekoj mirror na linux ke go ispuni linkot sto go imash do doma.
     
  13. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,070
    25,356
    4 Септември 2008
    Извадив некои 7 мегабајти просек....
     
  14. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,625
    6,674
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    @psyside И јас се сомневам во рутерот пријателе, знам во некоја тема баш ти спомна за тој интернет што го имаш, имаше постирано и слики ако не се лажам, имаше и некои други корисници исто така имаа приложено докази за брзината, а првиот ден кога ми го пуштија пакетот, брзината ми беше исто како кај тебе, ќе ставам и сликичка сега, ја чувам онака чисто за споредба, е вечерта дојдоа, ми ставија рутер, го земаа циското, и ја оттогаш наваму само си играм играчки, висам на телефон со техничка поддршка како кретен некој додека ме прават мутав, и се обидувам да докажам некоја поента на тие мајмуните од таму.

    еве скриншот од циското
    [​IMG]

    Ајде ве молам дајте ми одговор на ова сега, сигурен сум дека не е до мене, не користам интернет од вчера, а и како бивш вработен во фирма што инсталира интернет за ОНЕ, ги знам од прилика тие финти што ми ги прават сеа мене, само не знам како да излезам на крај.
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,235
    6,366
    27 Март 2014
    Има решение: Пријави ги во АЕК. Имаш пишан документ со кој се гледа дека треба да имаш 100mbps а ти реално имаш 50-60. Ако треба ке дојдат ке измерат кај тебе, и ке излезе правдата. Или ке мораат да ти испорачаат максимална брзина (каква што си имал во почетокот) или ке ти рефундираат пари, поради тоа што плаќаш едно а добиваш друго.
     
    На Daniel86 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,625
    6,674
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Не мора баш тој торент, ама еве го истиот чисто за споредба
    [​IMG]
     
  17. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,893
    6,512
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Другар види, тоа „плаќам за 100, зошто да се задоволам со 70-80“ не држи вода. Јеби га затоа пишува „Максимална брзина на симнување до 100 Мbps“', а не од 100. Значи аек/маек/пазарни тури пепел, не можат да ти помогнат.

    Луќето што добиваат фулл брзина на Близу (и телекабел кој е катастрофа бтв) како psyside се ретки. Еве од 10 души што се на близу оптика он е вториот што ги фали. Значи повеќето не го добиваат максимумот. Е сега дали опремата не им чинела, дали базната станица се гушела, дали твојата мрежна заебава. Мое лично мислење е дека бендвидот на твојата базна станица е на фулл 20/20 души и тие 20 мегабита се губат на overhead (x20). Решение е близу да инвестира во подобра инфраструктура низ цел град за сите да добијат интернет како @psyside ама тоа е малце веројатно затоа што они не остваруваат очигледно доволно профит за тоа.
     
    На kamenko и lynx им се допаѓа ова.
  18. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,070
    25,356
    4 Септември 2008
    Daniel, брзината ти е на долниот торент горе доле ок.....имаш просек од 5 мегабајти, не е 7 како кај мене али тоа е. Друго, да не имаш некој стар или полн хард диск?

    Исто така многу лесно можеш да видиш дали е до Близо или не, стави се на Замунда, и стисни да се симнува торентот кој е со најмногу сидови, и е малце поголем на пример некои 2-3 гигабaјти....обично се на прва страна...

    Или инсталирај Internet Download Manager, (го има на торенти) исклучи автоматски да се апдејтува, најди некое малце поголемо видео на Youtube, на пример 1080p, или 1440p и стисни данлоуд, види со колку ќе се симнува....
     
    На Daniel86 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,625
    6,674
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Ништо друго и не користам освен IDM, еве скрин и од него, youtube 1080 ;)

    [​IMG]

    Скокна на 7 за секунда, и пак падна на 2, баш како да го гуши нешто, и со торентите е така, се слагам дека и замунда ја укакаа во последно време, ама си пазам какви торенти симнувам, истото се случува и со многу сидери, и со голден торенти, ама буквално со се, не знам како инаку да ви објаснам. Хардот е редовно дефрагментиран, не е ссд, ама сепак доста добро ме служи, никакви ерори, респонсивен е 100% ( колку што може за таа врста на хард нели) пред еден месец е мавнато low level format, регенерирани сите сектори по ред, иако немаше потреба, тазе инсталација на windows, мислам, тоа го правам практично секој ден за други луѓе.
     
  20. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,235
    6,366
    27 Март 2014
    Ако се задоволуваш со тоа дека никогаш нема да ти ја испорачаат потребната брзина, седни дома и моли се дека некогаш можеби ке ја добиеш таа брзина. Ако треба на глава ке им се качам море, има да го вратат стариот модем/рутер кој што бил во старт, само да ја извадат таа брзина (невозможно) или барем приближно до таа што треба да ја имаш (веројатно). Неможе плаќаш едно добиваш друго. Ако не се во можност да ми ја испорачаат брзината за која што плаќам поради XXX причини нека ми кажат : "Дечко инфраструктурата не одговара за таа брзина, ", "Дечко многу си далеку од базна станица" итн итн. Фер би било Блискиве, ако неможат да му ја испорачаат брзината да го вратат на помал пакет 50mbps кој што реално може да се стигне. Подобро врапче во рака, отколку гулаб на гранка разбираш?
     
    На kamenko и Daniel86 им се допаѓа ова.
  21. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,070
    25,356
    4 Септември 2008
    Селектирај го истово видео, во 1080p мавни данлоад тогаш, и чекај, после 1/2 минути колку ќе дигне? ако не крене најмалце 6-7 мегабајти имаш проблем...еве го истото видео кај мене.

    [​IMG]
     
  22. AndrejFerdzo

    AndrejFerdzo
    Gaining Experience

    830
    279
    18 ноември 2013
    Машко
    Vie na konj ste so 13 ko psy jas sho da recam so 9 downlad i 0.89 apload zaradi ovie svinjite od telekabel
     
  23. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,070
    25,356
    4 Септември 2008
  24. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,625
    6,674
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Еве братче, исто како кај тебе, на половина download, и не остана на 5 туку падна на 3

    [​IMG]

    Намерно постирам скрин од цел монитор да се види што се користи, и 1080 е видеото што го симнував во двата наврати.
     
  25. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,070
    25,356
    4 Септември 2008

Сподели

Вчитување...