Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Даноци на пари од Онлајн сметки...Вистини и Митови

Статус
Затворена за нови мислења.

pLaToOn

hello world
24 јануари 2012
227
190
Фирма од Америка при праќање на пари кон Western Union запишува W-8 tax form кој се користи за даночно лкифче од страна на WU. Зима негде од прилика 150$ за еден трансфер, дали парите биле 300$(мин) или 4,000$(макс) пак тој transfer fee е ист и кошта 150$, во него спаѓаат данок да држава која праќа (Во овој случај Америка, но се враќа назад тој данок бидејќи парите ја напуштаа државата) и данок на држава која прима (Во овој случај Македонија). При подигање на пари тебе ти даваат потврда дека сите давачки се платени во двете држави и системот е направен така да ти само да си ѓи подигнеш парите затоа и е толку скап :)

Тоа не е така лоша провизија за поголеми трансакции. Но како во МК ќе ги третираат примените пари зошто се испратени од фирма?
 
MarkoHF

lurker
30 септември 2008
851
1.165
Скопје - Кисела Вода
MarkoHF's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 3570k w/ Corsair H100
Motherboard
Gigabyte Z77X-UD3H
Storage
Samsung 840 EVO / Western Digital 1TB EZEX
PSU
Gigabyte ODIN 700W
RAM
8GB Kingston HyperX Beast
Video card
Intel HD 4000
Case
Corsair Air 540
Mouse
Microsoft Sidewinder X8
Keyboard
Microsoft Sidewinder X6
Audio
AKG MK212
Monitor
Samsung S22B300H
OS
Windows 7 Ultimate 64-Bit
Тоа не е така лоша провизија за поголеми трансакции. Но како во МК ќе ги третираат примените пари зошто се испратени од фирма?

Како фирма неможе да праќа перку Western Union туку си има вработен по финансии кој ѓи праќа парите и на сите трансакции го пишува неговото име како индивидуалец.
 
Blagojcebt

hello world
1 септември 2009
219
94
Пак не е разјаснета мистеријата со вадење пари со Payoneer картичката.

Едно решение е парите да ги вадиш, Косово , Грција
па ако кај нас се плаќа данок за пари извадени преку Payoneer, мора да се плаќа и во Косово , Грција , или таму ќе го плати некој со исто име и презиме како твоето :)
некако мутаво ми плаќање на данок за Payoneer
нема трансакциска сметка, нема данок
 
:) Значи гориш од желба некој да ти каже така е, нема данок. Да, нема данок, нема на основа на што да платиш. Но е казниво и ако те фатат ќе платиш ем казна ем повисоки даноци по нивна калкулација. Крај на муабетот :)
 
Vampo

hello world
24 октомври 2010
366
257
Кога повлекувам пари од PayPal на трансакциона сметка, парите ми стигнаат во денари според курсот на денот кога стигнале и се книжат во одлив и тоа со + предзнак и во опис го пишува моето име и презиме.. Значи не се во прилив. Прашав сметководител што има постојан контакт со УЈП и ми кажа дека до крај на 2013 пари примени од PayPal не се оданочуваат. Во УЈП викаат дека пари примени од земји каде има Македонија склучено договор за избегнување на двојно оданочување не се плаќа данок, но треба да се пријават. Додека парите што ми стигнаа преку ИБАН и SWIFT морав да одам до банка и да ги одобрам и ми одат во прилив на девизна сметка. Според мене, пари од PayPal НЕ треба да се оданочуваат (иако реално би требало, али во државава не е ништо реално), пари од Skrill, Payza, AlertPay каде ја има Македонија на листата СЕ оданочуваат и треба да се плати данок, Payoneer НЕ се оданочува. За WU не сум запознаен.. Ова е мој став и јас така ќе постапам, немора да биде точно но еве да го имате во предвид и моето мислење..
 
goranzoran

poweruser
21 јануари 2011
3.316
2.808
скопје
Да споделам мое искуство.
Јас испратив $1000 од америчка банка во нашава комерцијална банка на моја сметка. Парите беа блокирани од нашава страна, ми рекоа дека без документи несмеат да ми ги дадат. Ми побараа да однесам документи, работна виза за да докажам дека сум работел во САД и дека се тоа мои пари. Откако им доставив се што ми побараа ми дозволија да ги повлечам средствата.
Во однос на данокот, законски е недозволиво да се има сметка во странство освен за тие со регулиран престој. Најмал проблем ќе ви биде данокот доколку немате доказ за регулиран престој(сте работеле во странска држава, имате сметка во странска банка на која ве исплаќале, сте биле легално пријавени, сте плаќале данок во таа земја и ги имате сите потребни документи да го докажете тоа).
 
DaciSS

lurker
3 јануари 2008
949
289
San Francisco
www.linkedin.com

Јас имав слично искуство на 2 пати.
Си префрлав сам себе средства од америчка на македонска сметка (оданочени си беа парите во УСА) преку WireTransfer.
Мислам дека 2-3 дена требаше да стигнат парите на другата страна, после неколку дена на домашна адреса добиваш писмо кое вика да одиш да ги потврдиш парите. Отидов во комерцијална, си пратив долари и сакав ко долари да ми легнат, доколку имаш валидна виза за во наредните 6 месеци парите може да ги оставиш во долари, доколку немаш доказ за виза парите ти ги конвертираат во денари и ти легнуваат на сметка (при што најчесто губиш при конверзијата). Знали во мојот случај не беа блокирани парите во смисла да докажам од каде ми се, туку блокирани ради да проверат дали исполнувам услов да останат парите во девизи или мора да се конвертираат во локална валута.

WireTransfer во обратен правец, МК - УСА, никакви проблеми, никакви документи парите одма си легнаа на уса сметка за 2-3 дена.
 
RagingDemon

senior
24 март 2009
6.488
5.598
WireTransfer во обратен правец, МК - УСА, никакви проблеми, никакви документи парите одма си легнаа на уса сметка за 2-3 дена.
Е ама тоа е уса, тука во библиска Македонија ние се бориме против криминалците кои нашле работа во странство, па мора секој денар под лупа и микроскоп да им се прегледа. -_-
 
goranzoran

poweruser
21 јануари 2011
3.316
2.808
скопје
WireTransfer во обратен правец, МК - УСА, никакви проблеми, никакви документи парите одма си легнаа на уса сметка за 2-3 дена.
Нашиве банки се доста специфични, застарени и крути, најдобар пример како не треба да се однесува една банка. Моја препорака е кога може да се избегнуваат.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.082
7.769
Нашиве банки се доста специфични, застарени и крути, најдобар пример како не треба да се однесува една банка. Моја препорака е кога може да се избегнуваат.
Не е до банките, државата наметнува такви правила преку НБРМ
 
Professor

hello world
2 јануари 2013
67
49
Ја прочитав цела тема и има милион различни погледи и одговори на ова прашање, што е стварно збунувачки. Дали има некој што повлекува пари преку Скрил повеќе од една година и дали треба да се плати данок за нив. Парите не ми ги праќа фирма (не ги повлекувам од оДеск) туку од друг корисник (физичко лице) за кого работам.
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.814
33.983
roka.mk
Ја прочитав цела тема и има милион различни погледи и одговори на ова прашање, што е стварно збунувачки. Дали има некој што повлекува пари преку Скрил повеќе од една година и дали треба да се плати данок за нив. Парите не ми ги праќа фирма (не ги повлекувам од оДеск) туку од друг корисник (физичко лице) за кого работам.
Да треба. Без разлика од каде ги примаш, на сметка ти легнуваат како приход кој треба да го оданочиш.
 
goranski

hello world
20 март 2013
305
143
Ја прочитав цела тема и има милион различни погледи и одговори на ова прашање, што е стварно збунувачки. Дали има некој што повлекува пари преку Скрил повеќе од една година и дали треба да се плати данок за нив. Парите не ми ги праќа фирма (не ги повлекувам од оДеск) туку од друг корисник (физичко лице) за кого работам.

ако си луд пријавувај и плаќај данок....
 
uwemi

poweruser
20 февруари 2011
4.761
4.323
Skopje
2b.com.mk
uwemi's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 3450s
Motherboard
Gigabyte GA-z68xpUD3
Storage
Samsung EVO 840 / 320GB + 1TB HDD.
PSU
CM SilentPro 700W
RAM
2x4GB Kingston - 1333mhz
Video card
Sapphire R9 280x Vapor-X
Case
CoolerMaster K-350
Mouse
Logitech MX-518
Keyboard
A4Tech B120 Red BackLight
Audio
Creative Inspire P380 2.1
Monitor
BenQ RL27" + SyncMaster 24"
OS
Windows 7 / 64Bit

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.844
5.545
Знам дека не си, само луд човек може да плаќа данок во вака мизерна држава.

ПП - одговорено!!!!
Од такви „нормални” ни стана државата така мизерна…
Ај кажете немизерна држава во која исто така како овде се пропагира неплаќање даноци.
:mad:
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.082
7.769
Од такви „нормални” ни стана државата така мизерна…
Ај кажете немизерна држава во која исто така како овде се пропагира неплаќање даноци.
:mad:
Хихихи... Патем Епл зошто користи офшор компании? И ХП, и сите...
 
Alucard

poweruser
22 октомври 2012
2.037
2.075
Скопје, Македонија
Ај да се повторам:
Целава тема е каша-попара, и сума-сумарум, никој ништо не знае што точно и конкретно... Еден вика едно, друг друго, трет трето...

А да биде ситуацијата уште потрагична, ни во УЈП врска немаат што-како-зошто... Другар беше да праша дали и како да пријави данок за фриленс работа, и го шетаа од шалтер на шалтер, од соба во соба, за на крај сè да се сведе на: “Па што знам бе дечко, не знеме дали треба, и ако треба, како да го пишеме“. Слично и со другарка, прашуваше во сметководство, и ѝ рекоа: “А, тоа не се пријавува, уживај“.
И како некој да плати данок, кога ни тие што се задолжени за наплата на истиот, не знаат што треба да прават...
 
Professor

hello world
2 јануари 2013
67
49
Целава тема е каша-попара, и сума-сумарум, никој ништо не знае што точно и конкретно... Еден вика едно, друг друго, трет трето...

А да биде ситуацијата уште потрагична, ни во УЈП врска немаат што-како-зошто... Другар беше да праша дали и како да пријави данок за фриленс работа, и го шетаа од шалтер на шалтер, од соба во соба, за на крај сè да се сведе на: “Па што знам бе дечко, не знеме дали треба, и ако треба, како да го пишеме“. Слично и со другарка, прашуваше во сметководство, и ѝ рекоа: “А, тоа не се пријавува, уживај“.

Баш затоа и јас препрашав... затоа што истото ми се случи ко тебе...сите викаат не знаеме...
 
Статус
Затворена за нови мислења.
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно