Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Даноци на пари од Онлајн сметки...Вистини и Митови

Статус
Затворена за нови мислења.

dangthe

user
5 септември 2008
1.223
1.641
Скопје
Прашував во УЈП баш на оваа тема (пари од Одеск и слични страни за фриленсери) и ми кажаа дека тие примања треба да се пријават како персонален данок (10%), а зошто ти нема стигнато колку треба да платиш тоа незнам. Го имам документот во пдф што го добив како одговор, ако сакаш можам да ти го испратам или да го прикачам овде.

Не мора :) Ако стигне, ќе платам. Ова што го правам не е нелегално, јас сум правно покриен, ја имам пријавено целата сума на пари која ја имам на сметката а не потекнува од фирмата во која работам, само што не знам за што точно од тоа треба да платам данок. Имајте на ум дека постои и варијанта да платите данок за нешто што можеби не треба да платите и УЈП да ви кажат едноставно "благодариме на поклонот"
 
pLaToOn

hello world
24 јануари 2012
227
190
Значи, да расчистиме еднаш засекогаш. Се пријавуваат средства што стигаат на твоја сметка во државава. Друго ништо нема потреба да се пријави. Пари стигнати на Payoneer нема теоретски шанси да треба да се пријави бидејќи не се никаде евидентирани. Значи 0 денари прилив. 10% од 0 ден. е 0 ден. :D

Точна ти е математиката, само треба да додадеш и една променлива која се вика потенцијална казна :)
 
Blagojcebt

hello world
1 септември 2009
219
94
Некако мн пари бегаат ако се од по процедури
1. Одеск 10% + 1$ за префрлување
2. Скрил 3.5% +2.90Е
3.Персонален данок 10%
4.Здравствено осигурување 2200 месечно (ако цела година имаш повеќе од 180 000 ден направено)

и на крајот пак си без сташ и бенефиции

Решение ?
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.814
33.983
roka.mk

Одеск не ти зима тебе 10% туку на работодавецот, тебе ти зима само 1$ т.е 2$ од трансакција.
 
sojic

hello world
29 април 2007
435
24
Значи да резимираме... има многу нублери кои се прават паметни. Ситуацијата е ваква:

  1. Едно е плаќање данок на пари пристигнати на твоја сметка во Македонија (10%), што е најлегално и најисправно
  2. Друго е Payoneer картичка, на која не се плаќа данок, меѓутоа е НЕЛЕГАЛНО да се поседува. Се разбира, можете да ја користите без проблем, се додека не ве фатат.
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.814
33.983
roka.mk
Значи да резимираме... има многу нублери кои се прават паметни. Ситуацијата е ваква:

  1. Едно е плаќање данок на пари пристигнати на твоја сметка во Македонија (10%), што е најлегално и најисправно
  2. Друго е Payoneer картичка, на која не се плаќа данок, меѓутоа е НЕЛЕГАЛНО да се поседува. Се разбира, можете да ја користите без проблем, се додека не ве фатат.

Објаснување на 2.?
Додека не те фатат?
Тоа значи при прва трансакција, на која пишува од каде се парите. Грешам?
 
bogev4eboy

hello world
30 април 2011
296
58
2. Друго е Payoneer картичка, на која не се плаќа данок, меѓутоа е НЕЛЕГАЛНО да се поседува. Се разбира, можете да ја користите без проблем, се додека не ве фатат.
Според ова што си го пишал ... не треба никој од МК да има ниту Payoneer ниту Skrill картичка :confused: !?
 
sojic

hello world
29 април 2007
435
24
Објаснување на 2.?
Додека не те фатат?
Тоа значи при прва трансакција, на која пишува од каде се парите. Грешам?

Не значи при прва трансакција...
Според моите информации:

При секоја трансакција банката ги добива сите "читливи" информации од картичката, значи "име и презиме", "број на картичка (во кој се содржи индикатор за странска банка)" и.т.н.

Секоја банка треба да има софтвер за пречување на перење на пари (кој според мои сознанија, уште не е активиран), што значи, кога софтверот ќе "примети" слично (или исто) име и презиме со име и презиме што го има во системот (а сигурно имаш сметка во некоја банка, врз основа на што системот ќе најде сличност), ќе сигнализира во агенција кои понатаму треба да почнат со истражување дали се работи за иста личност, т.е. македонски граѓанин.

Се надевам дека е јасно.
 
sojic

hello world
29 април 2007
435
24
Според ова што си го пишал ... не треба никој од МК да има ниту Payoneer ниту Skrill картичка :confused: !?

Да, точно.

Значи, да повториме.... едно е "закон вели НЕ СМЕЕШ", а ти сепак "МОЖЕШ".

Илегално е поседување на наркотични средства, ама сепак постојат.
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.814
33.983
roka.mk
Ја па имам друго сознание. Тој софтвер за перерење пари работи веќе пола година (може и повеќе) и на извод (од шпаркасе) пишува од каде доаќаат парите (payoneer, skrill) покрај моето име.
 
sojic

hello world
29 април 2007
435
24
Ја па имам друго сознание. Тој софтвер за перерење пари работи веќе пола година (може и повеќе) и на извод (од шпаркасе) пишува од каде доаќаат парите (payoneer, skrill) покрај моето име.

Не зборувам за ако стигнат парите на твоја сметка.... се работи за случај ако користиш странска сметка, како во случај со Payoneer.
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.814
33.983
roka.mk
Па да де, од Payoneer си ги префрлаш на сметка и вадиш како долари или ти мислиш за коистење Payoneer на постерминали и банкомати?
 
sojic

hello world
29 април 2007
435
24
Уште една прикаска, не врзана со Payoneer:

Според македонските закони, забрането е македонски граѓанин да игра online игри на среќа (спортски обложувалници, казина и сл.), што повторно не значи дека не може.

Еден мој пријател, има неколку пати добивано "significant amount of money", на кои направи "withdraw" на Visa картичка.... Во рок од неколку часа, му се јават од банка и му кажат дека тоа е забрането, и дека ќе задржат поголема количина од парите (кои во меѓувреме другарчето ги извади сите).
 
Да, мислам за користење на Payoneer на постерминали и банкомати.

Ако си ги пуштиш на сметка, и си платиш данок, немаш проблем.
 
CofD

hello world
17 август 2010
259
24
Луѓе, од каде извадивте дека е нелегално да имаш пајонир картичка. Сметка во странска офшор банка и ова не е исто. Не ги разбирате работиве, читате некоја вест во весник и тропате глупости. Пајонир не е банка, нема штедење, нема кредитирање кај нив. Ако најдете еден човек што завршил во затвор заради пајонир ќе ве частам што сакате. Да беше нелегално немаше ни да не има на листата кога ќе се регистриравте.
 
Кога не ги разбираш работите, не пишувај врз основа на претпоставка:

http://www.nbrm.mk/WBStorage/Files/WebBuilder_Odlukazaotvoranjesmetkavostranstvo.pdf

Страна 1: II.2 Резиденти коишто можат слободно да отвораат и да имаат сметки кај странски банки се....

Во која категорија спаѓаш?

Страна 2: II.3 Останатите резиденти коишто не се овластени банки, може да отвораат и да имаат сметки кај странски банки, само врз основа на одобрение издадено од Народната банка на Република Македонија
Во ја категорија спаѓаш?
 
Да, ама пајонир не е банка.
 
sojic

hello world
29 април 2007
435
24
Е не е.... парите у воздух ти стојат!

Payoneer ја користи Bank of America. ти генрално имаш сметка у Bank of America.
 
catom

read-only
24 септември 2013
31
44
Немораш да вадиш пари со пајонир во МК... фино лепо остај нека се потсоберат пари, отиди во околниве држави (Косово е добра опција) извади си го дневниот лимит кој е мислам 2500 евра и врати се.
Ташакот ќе ти го јадат така без ниедна трансакција напраена преку наша банка.
 
sojic

hello world
29 април 2007
435
24
Немораш да вадиш пари со пајонир во МК... фино лепо остај нека се потсоберат пари, отиди во околниве држави (Косово е добра опција) извади си го дневниот лимит кој е мислам 2500 евра и врати се.
Ташакот ќе ти го јадат така без ниедна трансакција напраена преку наша банка.

Тоа сакам да кажам, ама да не биде директно, да не испадне ширам илегални активности! :)
 
alex-st

hello world
1 декември 2010
155
76
Уште една прикаска, не врзана со Payoneer:

Според македонските закони, забрането е македонски граѓанин да игра online игри на среќа (спортски обложувалници, казина и сл.), што повторно не значи дека не може.

Еден мој пријател, има неколку пати добивано "significant amount of money", на кои направи "withdraw" на Visa картичка.... Во рок од неколку часа, му се јават од банка и му кажат дека тоа е забрането, и дека ќе задржат поголема количина од парите (кои во меѓувреме другарчето ги извади сите).

А еве пример сум добил одредена сума од одреден бетинг сајт, и тие пари сум ги префрлил на скрил/пејпал и од таму сум ги повлекол на виза а притоа профилот на скрил/пејпал ми е означен како non-gambling, на која основа банката ќе дознае дека тие пари всушсност се добиени како игри на среќа а не се добиени пример како подарок од петко петковски. Имаат ингиренции тие да отворат постапка до наведените сајтови за да се испита потеклото на парите ?

Едит:
И во врска со документот од НБРМ, поточно со овој дел
- физички лица со постојано место на живеење во Република Македонија,
коишто привремено престојуваат во странство, за време на нивниот престој во
странство. Привремениот престој во странство се докажува со важечки документ
за престој или за работа.

Имам другари кои неколку години по ред одат на W&T (Америка и Германија) и таму престојуваат по 3-4 месеци а сметките им се активни целовреме. Значи и тоа дека е нелегално т.е. сметката може да се користи само кога си таму но не и кога си веќе вратен во Македонија ?
 
catom

read-only
24 септември 2013
31
44
Тоа сакам да кажам, ама да не биде директно, да не испадне ширам илегални активности! :)

Илегалното е само тоа што имаш "сметка" во друга банка, која никако неможат да ти ја најдат освен ако не напраиш трансакција кај нас.

Е сеа за данокот, незнам како да ви објасни човек подобро а веќе неколку пати беше кажано... СИТЕ ПРИХОДИ што стигаат на сметка кај физичко лице подлежат на 10% персонален данок. Не е битно дали се поклон, работа, хонорар, курсетресе итн.

Дури и поклон се даночи освен ако не ти е типот што ти поклонува роднина од прво колено (како пример, стан поклон од вујко/чичко/баба и остало се даночи), и да УЈП може да ви побара докази за секоја трансакција, од кај ви се, зашто ви се.

Е сеа, УЈП не се замара со ситни риби што примаат "поклони" од 100-200 евра така да се додека не се дигитализира све може да си терате така.
Имајте на ум дека може да ве фатат и може да го јадете ама шансите тоа да ви се деси доколку примате малку пари на годишно ниво се мали.

За даночните пријави, некој спомна дека не му стигнало ништо. Мој совет, отиди во УЈП качи се на први кај едни тетки (прашај доле на шалтер ќе ти кажат кај да идеш) и они фино лепо ќе ти кажат колку имаш за плаќање. Конкретно во мојот случај имаа некоја грешка со адресата не била апдејтирана кај нив па затоа не ми доставиле ништо. Али го оданочиле секој ебан денар што беше ставен во годишната пријава а за кој претходно немаше подмирено данок, без разлика од каде ми стигнале парите на сметка.

Значи што ќе си ставиш ти во пријавата они ќе ти го одданочат, немој да мислиш дека ги прегледуваат сите трансакции да видат од кај дошла па на основа на тоа да ти стават или да не ти стават данок.

На кој му се ризикува бујрум, прашајте си само казните колкави се пошто слушнав биле одреден % од затаениот данок.
 
Врло тачно! Жена ми имаше добиено дека треба да доплати 0.5 денари (пола денар) данок... пред неколку години.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно