Не ми е за да навлагам у дефекти, не сум стручен а и не ги ни разбирам кодовите што им значат. Сакам само да видам која (и дали иста) грешка ќе покаже при точење гориво на други бензиски. Дека до сега 3 пати за Охрид кога сум тргнал и сум наточил бензин надвор од Скопје (на Окта) ми се пали чекингот.
Тука само на Макпетрол точам и немам проблеми ама чим сменам, нешто се дешава. 2 пати е иста, модул/сензор на систем/пумпа за гориво.
тоа е најверојатно дека има различно гориво измешано, исто ке покаже и да си пунел цело време на лук оил и да ставиш на макпетрол еднаш...