kirev
senior
- 31 мај 2010
- 9.068
- 7.751
Ќе да е единствена држава каде што имаме припејд даноци. Заработувал или не заработувал државата ти бара пари. Хелоу? Слуша некој?Ама дечки, зашто се фаќате за данокот и придонесите во држава кај шо системот тотално потфрлил? Еве јас од мој аспект, имам фирма преку која се пријавувам на некојси минималец, колку да "течи" стаж и сто пати сум пишман оти го прам то. Па имаме цел еден дел од државата кај шо данок собирањето на данок е сведен на минимум, фискална сметка е мисловна именка, а наплатата на основни добра и услуги (читај струја вода) е скоро никаква, и ете по некоја случајност етникумот е поприлично јасен во сите тие региони. И ако во мојата фирма доаѓа екипа за исклучување на струја после втора сметка, ако општината ми испраќа извршител за наплата на 620 денари данок и 1000 денари фирмарина годишна (харикирам со цифриве ама you get the point). Па побогу, има уште некој што мисли дека треба да се одржи во живот ваков ништовен створ од администрација на превработени партиски војничиња? Имав потреба од државно здравство, ништо не успеав да завршам во последниве 5 години. Имам потреба од градинка, наредното слободно место е некаде 2025та најрано ... И да не редам еден тон други примери. Ајде ви се молам извадете ги тие розевите наочарчиња срцести.