Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Плати во ИТ индустријата во Македонија

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.643
3.219
Огласот е за one man show. Точно е дека може се ова еден човек да го прави, ама со каков квалитет и за колку време? На Фибула и треба соработка со агенција за дигитален маркетинг ако сака да изгледа сериозно. Таму си има copywriter, луѓе за графички дизајн, content specialists, social media specialists итн.
Ама таму им кажаа 1500 евра месечно, па они си викаат, ако и дадам на некоја лепојка 700евра плата, со придонеси е 1000, 500 евра ќе заштедам.
Плус во агенцијата за корекции ми наплаќаат, а оваа ќе ја товарам а може и ќе ја натоварам ако ја однесам некаде на некој откажан аранжман...

Проблемот е што не кажуваат дека сакаат да се прават кратки видеа за социјални медиуми, туку напредно познавање на графички алатки (за кои сигурно немаат лиценци)
Башка мора фирмите да се научат дека не е возможно се што ќе ти текне дека ти треба за бизнисот, а е „работа на интернет“, да го пишеш Маркетинг. Нема логика...
Грешиш. Ова што го бараат е дел од маркетинг.
 

Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
707
1.010
@Trtka Не е исто бе човек, бајаги луѓе знам што веб девелопмент им е професија а од хоби работат фотографија, фотошоп, видео едит итн…
Оваквите огласи не бараат знаење програмирање на ниво на веб девелопер или видео едит на ниво на видео продукција… нема спотови и филмови да режираш, ниту пак ќе те прашаат bubble sort на интервју.
Повеќето мали фирми се среќни и со CapCut темплејти, а многу луѓе и ова не сакат да научат ко демек “абе не ме бива мене за тоа”.

У случајов на Фибула гледаш дека се се врти околу правење содржина за социјални медиуми и објавување на истата.
Епа ако ти е тешко да наредиш 10тина збора на слика од Занзибар, што да кажам.

Твојата споредба вклучува 5 факултета. Огласов и човек без факултет ќе го помине…
Вака сеа да се разбереме.
Реализирање и креирање на маркетинг кампања не е заебанција.
-Треба да направиш роадмап буквално за се.
-Содржини на социјални мрежи = смислување тагови магови и триста други.
-Одржување на веб ???? Абе Од коперација го земаме и то е то.
-Дизајн на маркетинг материјали . - Познавање формати, хартии, медиуми и триста мали ситници.
-Креирање и уредување кратки видеа и мултимедијална содржина. - Чиста заебанција. Стануваш сабајле, земаш телефонот и снимаш.
-Користење алатки за рекламирање - ова можи да ти се сони на сон. Онака чисто. А и фнучето можи да го сработи.
-Анализа на резултати и следење на трендови за подобрување на стратегијата - Исто ова се учи во кавана. А можи и попат ако користиш такси.
-Комуникација со партнери, агенции и поддршка на тимот кога е потребно. Е ова е баш тоа. 300 повици во денот и да го сработиш се тоа горе наведеното.

Дај едно вакво дете, јас одма го вработувам.
1500е од старт....

Да претпоставам - правник си по професија....
 
Последна промена:

acekorg

hello world
5 октомври 2010
414
673
@coNNectMKD @Trtka
Абе се согласуваме дека најверојатно Фибула е малце избегана у офсајд и немаат чисто дефинирана позиција. И прилично сигурно нема да понуди соодветна плата макар и да го исполниш тој плус за напреден видео едит.
Ама да не го деградираме пазарот на труд, како не е можно еден човек да знае се ова од огласот, небаре квантна физика е…
На крајот на краиштата задача на апликантот е да одбие смешни суми и побара соодветно колку треба па Фибула ќе си ја сфати грешката.
А тоа дали е one man show, не знам, можеби веќе имаат некој вработен што ќе ти помага…

Да претпоставам - правник си по професија....
Не бе чоек, кај правник на ИТ форум…
Фул тајм програмер сум веќе во втора декада влезен. Имам работено и хонорарно ко музички соработник, видео едит, помош околу веб сајтови и слично… Аудио и ИТ ми се поекспертски полиња, фото/видео е мееех али не дека кој знае што задачи добив.
Дел од ова било за маркетинг кампањи и додека имало добри маркетинг соработници имало и изгубени случаи (особено од постари генерации).
И чисто како пример еднаш интервјуирав еден дечко од една VFX фирма што отпушташе, сакаше да премине во ИТ. Ми остана запамтен ко човек со широк репертоар на познавања (од видео и специјални ефекти, до ИТ).
 

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно