Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Новите Магента пакети?

smole

poweruser
18 април 2007
3.910
4.591
Јас не знам како успеав во 2020 да се јавам на 188 (старото 988) за информации и џглаааап 33 денари.

Епа сите тие извршни и неизвршни смрдежи демек директори мора да лапаат плата од нешто.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.442
5.609
Оваа услуга за информации нели не е веќе под Телеком, туку ја презеде Златна книга уште пред неколку години?
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.148
7.835
Од времето на бивша сфрј, од времето на Анте Марковиќ, ја забранија „врзаната“ продажба. Вештите трговци тогаш продаваа 100 грама кафе и мораш да купиш и пумпа за гуми за точак (иако немаш точак - велосипед) за да го добиеш кафето, оти кафето, бензинот, зејтинот... беа многу барани производи со забрана за увоз.
Како се дозволи оваа врзана продажба со телефон фиксен, мобилен, интернет и тевелизија, баш би сакал некој да ми објасни... Немора да се мачи, еве нека ми објасни само за врзана продажба на услуги за фиксна телефонија и интернет...
Чек, а смеат да рекламираат Магента 1? Сѐ во едно а да ти прават три договори? Ако си во право за врзаната продажба ни тоа не смее, така? Во секој случај е лоша практика. Исто како што на Зелено пазарче ќе те натепаат продавачите ако сам си земаш од изложената стока и сам си ставаш во ќесе. Ќе те искараат и од под тезга ќе ти дадат од скапано поскапаоно. И никој ништо не им прави.
 
ARMac

senior
2 октомври 2010
9.396
12.336
Скопје
androgaming.com

Затоа во Супермаркет си одбираш сам :) е ама поскапо е + данок

Освен тетовско гравче. Суљим е цар од вреќа продава. Неможеш да бираш и да сакаш.

БТВ, незнам од кога е вака за обични смртници ама секретарката им е ЛУДИЛО. Еве. Срамота за телеком, мене технични што знае што прави, ми требаше 1:30 да дојдам до оператор. Стара особа нема шанси да се снајде.

View: https://www.youtube.com/watch?v=F3Fg81HYupQ&feature=youtu.be
 
15 септември 2012
1.171
1.308
Знам сега дека после цела расправија е тешко да признаеш грешка, или не сакаш да сфатиш.

Фиксната линија не ја плаќаш. Никаде во фактурата не стои надомест за фиксен телефон. Како опција ја имаш, ти дали ќе ја користиш е на тебе. Ќе платиш надоместок за телефон ако збориш надвор од мрежата на телеком или странство, во спротивно не плаќаш.

Погледнете го атачментот 93435

Телеком работи на тој принцип, конто и кориснички број се врзани со тел. број. Има уште еден број што не го знаат повеќето, а тоа е F ознака на влакното што завршова во ONT-от. Недајбоже да работиш во објект кај што има 6+ влакна и треба да се интервенира на едно од нив. Додека сфатиш кое е кое поштарите ќе направат ршум, освен ако не ти дојде стар вук како Јерко или Горан.

Сума сумарум, ти плаќаш интернет со кој добиваш и опционален тел. број кој не се наплаќа. Неможе да го нема зошто мора да фигурира во системот како што објаснив погоре.

Еве сега пошто ти спомна отворив детална фактура и гледам дека уште ми наплаќаат 50 денари за идентификатор, утре маме ќе им. За тоа фала ти.

И ти си во право и овие претходно што лапрдаа за сметката што ја добиваат.

Поентата на мојата дискусија е дека ти добиваш понуда за врзана услуга: пристап на интернет со капацитет на пренос наваму-натаму од толку Мб, ГБ, кБ или какви ку*ци-палци и си мислиш опционо телефонски разговори во телеком мрежата.
Ама, ликот кој работи кај продавачот и кој ја формира цената на таа врзана услуга, пресметува на следниот начин: просечно интернет натаму-наваму по корисник е XYZ кБ, МБ, ГБ или какви ку*ци-палци и тоа ме чини (претпоставена цена) 150 денари - јас ќе му наплатам 450 и има телефонски број на кој ќе потроши во мрежата на телеком (претпоставена цена) 35 денари - јас ќе му наплатам 105 денари, за опремата што ја користи дома „бесплатно“ ќе му наплатам (претпоставувам) 100 денари, за телефонска централа, компјутерски систем, оптички кабел месечна амортизација (претпоставувам) 200 денари, ти го изнајмува оптичкото влакно за (претпоставувам) 50 денари месечно, сервис на тоа оптичко влакно (претпоставувам) 150 денари месечно (оти кога некој идиот со багер ќе го скине - за поправка тебе не ти наплаќаат, демек - а они наплаќаат од двете страни - и од ликот со багерот) печатење на сметка во боја (претпоставувам 10) денари, поштарина за телефонската сметка да му ја однесам дома (претпоставувам) 56 денари. Во финалната пресметка ќе дојдеш до 899 или колку е веќе во ценовникот.... За да не му дојде на корисникот многу скапо, ќе ти понудат еднаш месечно да се слушнеш со вујче од америката во траење од една минута (ама ако има телефон во Т-ку*ац-палац како се вика тоа во америката. А фактот што тој Т-ку*ац-палац е наскапиот во америка и само европски фирми се уштекани на него, ти и не го знаеш...

И каде е тука бесплатниот телефонски разговор, за кој сите се запењавивте дека е опционен, кога во конструкцијата на цената ти го плаќаш на месечно ниво со (претпоставувам) 105 денари???

А, што ќе пишува во месечната фактура? Тоа што они сакаат за ти да не реагираш, а не разложено по ставки, како што објаснив за креирање на цената.

За таа „малверзација“ со корисниците во телекомите постојат цели сектори. Кој е будала да плаќа толку работници за џабе?
 
Последна промена:

Aowek

user
14 април 2012
1.233
1.203
Затоа во Супермаркет си одбираш сам :) е ама поскапо е + данок

Освен тетовско гравче. Суљим е цар од вреќа продава. Неможеш да бираш и да сакаш.

БТВ, незнам од кога е вака за обични смртници ама секретарката им е ЛУДИЛО. Еве. Срамота за телеком, мене технични што знае што прави, ми требаше 1:30 да дојдам до оператор. Стара особа нема шанси да се снајде.

View: https://www.youtube.com/watch?v=F3Fg81HYupQ&feature=youtu.be
Да видиш како се снаоѓаат постари луѓе дури и чудно ќе ти е:D
 
Dejan007

hello world
15 март 2019
53
88
Да видиш како се снаоѓаат постари луѓе дури и чудно ќе ти е:D
Сигурно им звонат и луѓе кога им пишуе на моб Low batery да прашаат зашто е тоа така па ставиле потешко да стигнеш до агент.. овој наш народ е...
 
Enquito

poweruser
8 август 2017
2.672
1.834
Дали кога има вклучени МаксТв уреди се троши од бандвитот што е вклучен во Интернет пакетот или си зима дополнително од линијата? Пример во М пакетот, 30/5 приметувам дека брзината паѓа од 30 на 25-24 со падови до 18 после 10на секунди. Додека со исклучен МаксТв уред е константно 30. Јас бев под импресии дека си троши од линијата на пример ако линијата подржува 50/20 ќе зима од тие што се дополнителни и дека ќе се намалува брзината само ако е максимумот 30.
 
DemoUser

Баниран/a
27 април 2010
1.457
1.631
Скопје / Автокоманда
Дали кога има вклучени МаксТв уреди се троши од бандвитот што е вклучен во Интернет пакетот или си зима дополнително од линијата? Пример во М пакетот, 30/5 приметувам дека брзината паѓа од 30 на 25-24 со падови до 18 после 10на секунди. Додека со исклучен МаксТв уред е константно 30. Јас бев под импресии дека си троши од линијата на пример ако линијата подржува 50/20 ќе зима од тие што се дополнителни и дека ќе се намалува брзината само ако е максимумот 30.
Само на бакар кога си троши од линијата.
На оптика не троши си има порти затворено специјален проток за ресиверите.
Стави кабел и стално ќе имаш 30/5 нормално е дека ќе варира ама важно таа брзина стално ќе ја добиваш.
На вифи телеком не гарантира веќе ништо.
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.038
1.846
Скопје
Дали кога има вклучени МаксТв уреди се троши од бандвитот што е вклучен во Интернет пакетот или си зима дополнително од линијата? Пример во М пакетот, 30/5 приметувам дека брзината паѓа од 30 на 25-24 со падови до 18 после 10на секунди. Додека со исклучен МаксТв уред е константно 30. Јас бев под импресии дека си троши од линијата на пример ако линијата подржува 50/20 ќе зима од тие што се дополнителни и дека ќе се намалува брзината само ако е максимумот 30.
Ако трпи линијата ко што викаш 50/20 .. да тогаш не треба да ти смени на тие 30/5 што ти се за интернетот .. ама ако не трпи линијата тогаш ќе ти сече во нормалниот интернет пример. Јас дур бев на АДСЛ ми правеше телевијзијата проблем пример, па ми ставија на интернето лимит, од кога ме сменија на VDSL немав веќе проблеми и добивав брзина на интернет колку што треба без да осетам дека ми губи ради телевизијата.
 
Еве што вели рутерот, би требало да има доволно да си влече телевизијата од таму, да не ми зима од тие 30.
Screenshot_2020-11-16-15-19-41-618_com.android.chrome.jpg
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.038
1.846
Скопје
Еве што вели рутерот, би требало да има доволно да си влече телевизијата од таму, да не ми зима од тие 30.
Погледнете го атачментот 93589
врти на супорт буни им се, јас на VDSL имав послаб сигнал од тебе пример. Јави им се малце досаѓај иначе нема да ти смени никој ништо .. ако се побуниш може ќе видат да не е нешто лошо наместено.
 
masterwu

lurker
11 февруари 2016
860
823
Струга
masterwu's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 6600K, Cooler Master Hyper 212 EVO
Motherboard
Asus Z170 Pro Gaming
Storage
Samsung 840 Evo 250GB, 2TB WD Caviar Blue, 640GB WD Caviar Green
PSU
Cooler Master V550S
RAM
16GB (2x 8GB) G.Skill Ripjaws V DDR4 3200MHz
Video card
Asus Strix GTX 970
Case
Cooler Master CM690 III
Mouse
Logitech Proteus Core G502
Keyboard
Das Keyboard Model S (MX-Brown switches)
Monitor
Dell UltraSharp U2410
OS
Windows 10
Во декември ќе заврши договорот што го има склучено мајка ми, и најверојатно ќе склучиме нов договор на мое име. Дали некој имал искуство со барање да се промени влезот на кабелот во куќата? Моментално рутерот е поставен во ептен непрактична соба па треба преку цела куќа кабли да се пуштаат и настанува хаос. Проблемот може да се среди доколку надворешниот кабел што доаѓа од бандера го внесат од спротивната страна на куќата. Дали би ми го направиле тоа, или тие се задолжени само да ти пуштат кабел до најблискиот ентри поинт во куќата?
 
Julian

lurker
20 август 2016
526
361

Ако склучуваш нов договор, со нов број, должни се да ти поврзат каде ти одговара.
 
Enquito

poweruser
8 август 2017
2.672
1.834
врти на супорт буни им се, јас на VDSL имав послаб сигнал од тебе пример. Јави им се малце досаѓај иначе нема да ти смени никој ништо .. ако се побуниш може ќе видат да не е нешто лошо наместено.
Не можело, морало од вклучената брзина да троши, не се важело тоа што има техничка можност за поголема брзина.
 
Aowek

user
14 април 2012
1.233
1.203
Само на оптика е овозможено да не зима брзина иптв од интернетот на бакар и вдсл си троши 3-4 мпб/с сд и 7-8 хд .
 
Enquito

poweruser
8 август 2017
2.672
1.834
Само на оптика е овозможено да не зима брзина иптв од интернетот на бакар и вдсл си троши 3-4 мпб/с сд и 7-8 хд .
Тогаш треба да си пуштете 40/5 линија па нека си влече телевизијата од таму, кога плаќам веќе 30/5 очекувам тоа и да го имам а не 18 со два ресивера еден ХД, еден СД, ти пишав и во приватна порака исто.
 
olikomerc

poweruser
11 декември 2008
4.886
3.819

Исто е и кај мене другар, има кај мене можност исто до 100/30 на вдсл, ама наместиле од таму 30/5 заедно и за телевизијата и интернетот. Тешки пе*ери се.
 
Dejan007

hello world
15 март 2019
53
88
Дали кога има вклучени МаксТв уреди се троши од бандвитот што е вклучен во Интернет пакетот или си зима дополнително од линијата? Пример во М пакетот, 30/5 приметувам дека брзината паѓа од 30 на 25-24 со падови до 18 после 10на секунди. Додека со исклучен МаксТв уред е константно 30. Јас бев под импресии дека си троши од линијата на пример ако линијата подржува 50/20 ќе зима од тие што се дополнителни и дека ќе се намалува брзината само ако е максимумот 30.
Троши од линијата секако ресиверот, поготово ако гледаш во HD канал.. до 8кбс ти влече
 
Enquito

poweruser
8 август 2017
2.672
1.834
Исто е и кај мене другар, има кај мене можност исто до 100/30 на вдсл, ама наместиле од таму 30/5 заедно и за телевизијата и интернетот. Тешки пе*ери се.
Инаку имаат опција за 30/10 за исти пари на оптика ама одбиваат да пуштат на бакар. Не го очекував ова од нив.
 
olikomerc

poweruser
11 декември 2008
4.886
3.819
Инаку имаат опција за 30/10 за исти пари на оптика ама одбиваат да пуштат на бакар. Не го очекував ова од нив.
Гадни се. Ама со ова "ако нема техничка можност..." може и да пуштам една пријава до АЕК, па може ќе средат.
Иако не верувам во ова време на хаос, дека ќе преземе некој нешто.
125979716_1047479039101452_8657242778781752557_n.jpg 125811239_1232114037147670_2783221200926694936_n.jpg
 
ARMac

senior
2 октомври 2010
9.396
12.336
Скопје
androgaming.com

А имаат причина наведено или бакарот е лош кај тебе? Инаку имаш во договорот што си го потпишал до 30 Mbps / 5 Mbps (Ако нема техничка можностза поголема брзина, Tелеком ќе обезбеди до 15Mbps/ 1 Mbps.)

Ако направиле пропуст можеш да го раскинеш. Поднеси приговор во салон. Одговоров ми личи на бот. Зошто е пола твој одговор плав пола лилав. Мислев мониторов ми откачил.
 
olikomerc

poweruser
11 декември 2008
4.886
3.819
А имаат причина наведено или бакарот е лош кај тебе? Инаку имаш во договорот што си го потпишал до 30 Mbps / 5 Mbps (Ако нема техничка можностза поголема брзина, Tелеком ќе обезбеди до 15Mbps/ 1 Mbps.)

Ако направиле пропуст можеш да го раскинеш. Поднеси приговор во салон. Одговоров ми личи на бот. Зошто е пола твој одговор плав пола лилав. Мислев мониторов ми откачил.
Супер е бакарот кај мене, 200 метри до централа, линиска можност до 90/30. Неможе да се вадат на тоа во заградата. Техничка можност има, ама тераат инат.

Хаха, за бојата месинџерот е таков, појма немам, од пред месец дена со некој апдејт стана таков. Не се плаши, добар ти е мониторот :geek:
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно