TheMarshal
user
- 3 јануари 2019
- 1.759
- 2.770
Не споредувај други држави со Македонија, ќе те молам.. И бугарите имаат 10% па се у ЕУ! Ако почнуваме со споредби нема да завршиме до утре.. најбезбедно е кеш трансакции, ни картичка, ни бутур.
Макар и да сакаш да плаќаш данок после одредена сума треба следна година сам и здравствено да плаќаш е сеа мани есап ти дали се исплаќа или не, и башка сигурно и некои други работи губиш пошто веќе имаш приход во твоето конто, али сепак се водиш како невработен..
Во Македонија најидеално би било 5% данок за сите ФРИЛАНСЕРИ (нема врска која професија се) и плус да си плаќаат сами здравствено и осигурување и да им течи стаЖ (со попуст се разбира), но ние сме ЗАБОРАВЕНИ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ затоа нема логика да збораме тука бабини и деветини.. Аfter all ние сме тие кои ШТО носиме странски пари во државата!
Како може да не споредуваш, даночната политика може директно да се споредува со таа на други држави. Ако си од Чаир најбезбедно ти е кеш трансакции, па наместо пенкалото и договор, да се користат пиштол и тупаница за наплаќање дологви.
За данок не се прави математика дали ти се исплаќа или не, данокот е законска обврска. Дали ти нешто добиваш за возврат од државата за тој данок, е друга работа, а бидјќи овде данок не плаќаат сите, државата не може да ти дозволи многу да дава. И да, сите (вклучувајќи ме и мене) колку и да го негирааме фактот, државата вложила во некакво си образование да добиеме, добиваш улично осветлување, добиваме учебници, стипендии, субвенционираат летови, субвенции за земјоделци. Ама не, ние сакаме Скандинавски систем, се да е идеално, епа знаеш кај нив колку се плаќа данок? И кај нас ако се плаќа толку висок данок, ќе имаме такви системи.
И пак ќе кажам, македончето сака промена, ама не сака да се почне самиот од себе па ја криви државата дека ништо не се мења. За да настане промена треба соработка помеѓу народот и државата. Кај нас го нема тоа.
Тезата ти е на место и да, тоа ни одговара на нас фриленсерите. Факт е дека треба да се донесе законска регулатива со која ќе биде регулирано фриленсерството. Стажот не мора да ни биде бенефициран или со попуст, само треба да има рамка по која ние може да фунцкионираме. И секако дека треба да бидеме мотивирани со нешто пониски даноци и помалце бирократија. Ако е за тоа и Алкалоид внесува странски пари, па тоа не значи дека тие не треба да платат ништо не државата.