Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Payoneer картичка

CokeZone

hello world
27 декември 2015
115
82
Curve, компанија која е во иста ситуација како Payoneer (т.е. картичките им одеа преку Wirecard) најавуваат дека уште од утре ќе бидат овозможени трансакции со нивните картички, што значи дека веројатно нашле нов провајдер.

Wirecard: Updates
А чек, ова може да се користи за МК државјани?

Enable payments with your Curve Card

ова ми звучи малце нелогички, како е можно да ти дозволат трансакции кога сите средства на wirecard се моментално блокирани, unless направија нови виртуелни картички кои може да се користат додека ги пуштаат новите картички по пошта од некој нов провајдер.
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.702
3.344
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
бидејки имам работено марекетиг 12 години точно знам што сака да се покаже
1. она е директорка, а сите во позадина ко демек работат
2. смирува дека ситуацијата не е страшна, а страшна е се работи за милјонски клиенти
3. секогаш друг е крив за све само они не и бизнисот мора да продложи
4. не уверува - верува, а не гарантира
5. таму кај нив се случува хаос, сите се растрчани особено со секторот за комуникација за јавност, од понеделни сите ќе ги расчеречат ( новинари, клиенти ) а на видеото се глуми како смирено, се е под контрола
навидум океј е видеото, ама, за мене како човек кој го работел ова, убаво можа, да го прочитам во што хаос се
значи не сакам да паничам, никој не би го претпоставил ова сценарио ни под разно, ама мора да бидеме спремни на се, чекам официјално соопштение од ревизорите оти чешлање ќе си има и payoneer

Ок ти ја сваќам поентата, можеби можела да влезе во некоја канцеларија и од таму истото да го каже, не е битно од каде е кажано битно е тоа што го збори да влезе во ушите на тие што поставуваат дебилни прашања, односно да ја објасни ситуацијата.

2. Ситуацијата не е страшна, односно да парите се на еден начин замрзнати, ама јас имам доверба во FCA тоа значи дека ќе најдат решение пошто ова е TEMPORARY (овој збор слабо го читаат некои) и ќе ги ослободи сметките во најбрз можен рок.

3. Тие зависат од друг бизнис, во случајов Wirecard, така да не се засегнати само пејонир, ги има и повеќе други платежни средства.

4. Што повеќе да каже кога истрагата само што започна, т.е треба од нареднава недела да има повеќе информации. Мои предвидувања се максимум 14 дена да имаме веќе решение, така да не знам што друго би кажал да сум на нејзино место.

5. А што можат тие да прават сега? да трчаат низ канцеларија со запалена глава? Да кубат коси да плачат ко да им е од мајка им бизнисот. Тоа е тоа, ќе се чека амин од FCA и нема што да се прави друго.

Видеото е топ според мене, одговори на неколку прашања што луѓето повторно ќе ги поставуаат.

Прво и многу битно е што замрзнувањето FCA не го најавува! Значи ти се замрзнуваат средствата и крај, ќе чекаш додека не помине истрагата. Не е ова затворање на некоја продавница па ќе најавиме 7 дена унапред луѓето да видат....

Луѓе дај малце олабавете, дозволете барем да помине 1 недела. Верувам дека FCA се успешни во тоа што го работат и ќе дојдат до најбрзо решение да ги ослободат сметките и со тоа повторно да функционира пејонир, или ако ништо друго ќе дадат зелено светло на пејонир да почне миграција на друг издавач на картички, но барем дајте време да видиме ситуацијата како ќе се одвива..
 
aleksnako

hello world
10 октомври 2012
189
106
Скопје

Секако дека време треба и нема да биде 2 недели туку повеќе, а за парите дали ќе ни ги вратат и колку и тоа ќе видиме, него друго мене ми се мота во главата, зошто е сменет директорот на wirecard 7 дена пред да избие скандалот

Испратено од SM-G955F преку IT.mk форум апликација
 
Gojov

read-only
30 август 2019
5
2

Скандалот започна уште во 2019 кога Financial Times почна да ја истражва фирмата, ова сега е само завршеток. Инаку CEO си даде отказ на 19 јуни, а како interim CEO беше поставен Chief Compliance Officer на неговиот втор ден во фирмата.
 
aleksnako

hello world
10 октомври 2012
189
106
Скопје
Скандалот започна уште во 2019 кога Financial Times почна да ја истражва фирмата, ова сега е само завршеток. Инаку CEO си даде отказ на 19 јуни, а како interim CEO беше поставен Chief Compliance Officer на неговиот втор ден во фирмата.
Пејнер за ова сигурно знаеле и ништо не преземале за да ги заштити своите клиенти

Испратено од SM-G955F преку IT.mk форум апликација
 
M.Pix

48 65 6c 69 6f 73 0a
27 јануари 2014
1.022
3.618
Прага
Пејнер за ова сигурно знаеле и ништо не преземале за да ги заштити своите клиенти

Испратено од SM-G955F преку IT.mk форум апликација
Апсолутно, тоа им е целта на пејонир. Да пропаднат заедно со трети фирми и да ги заебат клиентите што им носат пари. Каде бе со вакви размислувања...
 
goranzoran

poweruser
21 јануари 2011
3.316
2.808
скопје
Малку веројатно дека знаеле. Иако се е можно ако се договориле, можда пресметале дека го губат профитот во иднина.
Тој што го затвориле ако знае нешто да каже, ама гледам го пуштиле со 5 милиони кауција, сега е слободен. o_O :eek:ffended:
Дефинитивно FCA е најголем пријател и заштитник на корисниците во моментов, ако не ги замрзнат може и други да отидат. Кога се работи за таква превара не се знае кој земал, дали уопште земал или пак уште планирал да зима. Комплицирана ситуација.
 
Последна промена:

SonjaB

read-only
1 март 2018
24
16
Stvarno toa videoto so piar e najsmesno kako demek site vo pozadina najnormalno rabotat koga site znaeme deka kaj niv e totalen haos :D
 
goranzoran

poweruser
21 јануари 2011
3.316
2.808
скопје
Stvarno toa videoto so piar e najsmesno kako demek site vo pozadina najnormalno rabotat koga site znaeme deka kaj niv e totalen haos :D
Некогаш мора смирено да работиш во хаосот. :)
 
Овие се прилично ажурни и детални, со чести апдејти.
Ако стварно проверуваат за сите корисници, временски незнам колку би траело? Прашање е и колку англиската wirecard е спремна да одговори на сите нивни барања, од кои можда некои не се есенцијални во оваа ситуација.
 
aleksnako

hello world
10 октомври 2012
189
106
Скопје
Апсолутно, тоа им е целта на пејонир. Да пропаднат заедно со трети фирми и да ги заебат клиентите што им носат пари. Каде бе со вакви размислувања...
Сепак моето живитно искустви кажува друго, а воедно бев сведок на "пропаѓање" ( читај осиромашување ) на една Македонака фирма, така да како што кажа горан-зоран сите опции се во игра, ФСА секако во овој случај ни е најголем пријател, а воедно гледам и акциите на wircard постепено се зголемуваат, значи има прогрес, дај боже да испадне најнеболната теорија да намерно го билдале финансискиот извештај за да ги дигнат акциите, а парите наши да бидат тука

Испратено од SM-G955F преку IT.mk форум апликација
 
Последна промена:

goranzoran

poweruser
21 јануари 2011
3.316
2.808
скопје
Ако е таква ситуацијата тогаш брзо ќе бидат пуштени парите али некој ќе го јаде за манипулација со пазарот.
 
Krasotkin

read-only
8 ноември 2019
22
11
Овие се прилично ажурни и детални, со чести апдејти.
Ако стварно проверуваат за сите корисници, временски незнам колку би траело? Прашање е и колку англиската wirecard е спремна да одговори на сите нивни барања, од кои можда некои не се есенцијални во оваа ситуација.[/QUOTE]

Па лично мене подобра опција ми е да потрае ова неколку недели ама да знам дека ќе ги добијам парите, отколку да заврши проверката утре и да испадне дека парите ги нема :)

Скапа лекција за нас што не ги извадивме
 
Gojov

read-only
30 август 2019
5
2
По мое сфаќање засега така изгледа дека е ситуацијата. Во сите матни зделки кои ги праеше Wirecard се вклучени фирми од Дубаи, Филипините и Индонезија. Wirecard Card Solutions досега не ја видов нигде спомната дека е вмешана директно во скандалите. Единствено ни останва да се надеваме дека работеа според регулативите и дека за секоја картичка постои посебна банкарска сметка, а и сите пари дека се на неа.
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.759
2.770
Темава станала како "Коронавирус во Македонија" на фемина. Дај бе луѓе, IT Forum сме, читајте информации од сигурни места, а не секој си пишува што ќе му текне (посебн новите членови што се зачлениле само за темава). Сите сме засегнати од ситуацијата, некој од нас имаат замрзнато $10, други $10000, тоа е што е. Џабе се полемизира, додека FCA не излезе со официјално соопштение.

И најневкусно е настапување со сарказам и трол мислења во една ваква ситуација. Подржувам тролање, подржувам сарказам, но во тема каде што се зборува за замрзнати пари на луѓе што треба да плаќаат сметки, да купат храна, да купат пелнени за бебиња, да платат рати и слично - не е убаво да јадете трици. Знам огромен број на луѓе што имаат приходи само од фриленс и користат исклучиво Payoneer Card. Ставете се во нивна кожа.
 
Candice

hello world
23 јули 2019
82
28
Ова е поука за сите дека пари на сметка никогаш не се чуваат.
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.759
2.770
Ова е поука за сите дека пари на сметка никогаш не се чуваат.

TAKAE , parite se cufaaat pod pernik ili tepih i xlucivo vo nasite domoviiii !!!!!!!!

Дај не тресете зелени, истово може да се случи да речеме и на НЛБ или било која друга банка или payment processor, тоа не значи дека парите не треба да ги чуваме на сметка. Напротив, посигирно е да ти бидат на сметка него дома да ги чуваш.
 
cppffs

hello world
7 април 2019
106
112
И јас како што следам информации од тоа што прочитав до сега работата е во тоа што Wirecard AG прикажувале лажен профит од фирми од по 4-5ца ( во дубаи ) со големи суми со тоа што ја манипулирале берзата, муабетов е дека моментално овие од FCA прават само check up на Wirecard Card Solutions Limited да се осигураат дека таму е се воред... тој последниот statement што е објавен погоре ако е вистина изгледа promising so far.
Останува до последно да следиме само од официјални извори FCA јас следам и тука на официјалната страна од WDCS: Wirecard Card Solutions: Your First Choice Prepaid Card Issuer

Доколку се излези воред? Што ќе биде со WDCS дали сето ова што се случи со Wirecard AG ќе има влијание врз WDCS или ќе остани да си фукнционира добро?
 
aleksnako

hello world
10 октомври 2012
189
106
Скопје
По мое сфаќање засега така изгледа дека е ситуацијата. Во сите матни зделки кои ги праеше Wirecard се вклучени фирми од Дубаи, Филипините и Индонезија. Wirecard Card Solutions досега не ја видов нигде спомната дека е вмешана директно во скандалите. Единствено ни останва да се надеваме дека работеа според регулативите и дека за секоја картичка постои посебна банкарска сметка, а и сите пари дека се на неа.
да се надеваме, нека потрае и 6 месеци ако сака, но после ова условите и правилата на пајонер сигурно ќе бидат други и ќе лупнат плус давачи и провизии, како ли да е да се надеваме на добро оти ние ( од Македонија ) малкумина сме засегнати, читам по странски форуми некој имаат и по 5-10к долари заглавено и немаат друга алтернатива
инаку ако акциите на Wirecard AG се зголемат ситуацијата се нормализира
 
goranzoran

poweruser
21 јануари 2011
3.316
2.808
скопје
Незнам како ме поврза со паникава, изгледа од тепка. А што се тиче НЛБ, не ме интересира за години наназад. Прашањето на човекот беше за сега, т.е. за 2 месеци наназад, и тука нема филозофии. Работат по упатство на НБРМ кое е многу јасно, и сите други банки, или вработени во банки што немаат појма, е нивна работа.

Sent from my TELEFON using Tapatalk
Не те поврзав со паниката иако така гледам се чини од постот. Прашањето на човекот беше за охридска банка јас само посочив дека отсекогаш биле најстроги во почитување на законите и најконзервативни за разлика од НЛБ која има прекршувано многу закони, деценија уназад, вклучувајќи го и тој за уплата од странска сметка на исто име на физичко лице, улата на туѓа сметка без лична карта што значи дека сам на себе си уплатил итн. да не ги набројувам, сега гледам се многу построги и они. Дали се опоменети или казнети незнам но не е така лабаво како што беше.
Без разлика нај јузер френдли беа НЛБ затоа и најмногу сметки мислам имаат македонските граѓани кај нив.
 
spanska

hello world
18 јули 2019
72
92
Ресен
Работава дојде како epayments таму средствата се замрзнати од 11 фебруари годинава и тешко дека ќе ни ги одмрзнат
 
M.Pix

48 65 6c 69 6f 73 0a
27 јануари 2014
1.022
3.618
Прага
Ова е поука за сите дека пари на сметка никогаш не се чуваат.
Не, ова е поука дека треба да се едуцира народот пред да користи одредени сервиси. Ова е поука дека треба да имаш повеќе извори на пари, а не само еден. Баш ради вакви сценарија. Луѓево со години се фриленсери, а ниту знаат што е Пејонир, ниту неговите можности ги знаат, картичките не знаат од кого се издадени и се прави само паника.

Тоа е исто ко детето да го оставиш у рандом непроверена градинка. Бива? Логично дека не. Срамота е да водите бизнис, а не знаете како функционира бизнис светот. Парите дома да сме ги чувале wtf, 20ти век ли сме или ИТ форум.

Без навреда кон никого или омаложување, ама стварно многу едукација фали за менаџирање пари.
 
nashio

lurker
14 јануари 2011
768
1.052
Radobor
www.zdravkovski.com
nashio's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900X
Motherboard
X570 Pro4 ASROCK
Storage
Samsung PRO 980 NVMe, Samsung EVO Plus NVMe, Seagate Ironwolf
PSU
BE QUIET! STRAIGHT POWER 80 PLUS PLATINUM
RAM
64GB 3200MHz G.SKILL Ripjaws - V F4
Video card
NVIDIA GTX 1070ti Cerberus
Case
BeQuiet Pure Base 500
Mouse
MX Master 3
Keyboard
MX Keys
Audio
Wharfedale Diamond 8.1 Pro Active
Monitor
Benq PD3220U
OS
Windows 10
Работава дојде како epayments таму средствата се замрзнати од 11 фебруари годинава и тешко дека ќе ни ги одмрзнат

А шо беше со epayments? Знај некој да направи паралела на двата случаи?
 
goranzoran

poweruser
21 јануари 2011
3.316
2.808
скопје
Ова е поука за сите дека пари на сметка никогаш не се чуваат.
Не, тоа мислам не е поука од темава туку дека сите пари не се чуваат на една сметка и секако сите пари на сметки и во пари не се чуваат(колку и да без врска звучи реченицава)
Мислам @DonFrozex имаше коментар од типот сите јајца не во иста кошница.
Овие се прилично ажурни и детални, со чести апдејти.
Ако стварно проверуваат за сите корисници, временски незнам колку би траело? Прашање е и колку англиската wirecard е спремна да одговори на сите нивни барања, од кои можда некои не се есенцијални во оваа ситуација.

Па лично мене подобра опција ми е да потрае ова неколку недели ама да знам дека ќе ги добијам парите, отколку да заврши проверката утре и да испадне дека парите ги нема :)

Скапа лекција за нас што не ги извадивме[/QUOTE]
Јас кажав директно дека не се уверливи пејонир во објаснувањето и индиректно потоа со слика имплицирав на темава да се извадат. Некој членови знам послушаа и ги извадија, други не ги извадија.
И други членови истото го кажаа. Тоа е што е.
 
Krasotkin

read-only
8 ноември 2019
22
11
А шо беше со epayments? Знај некој да направи паралела на двата случаи?
Јас ко што сфатив таму најдоа проблем па ги замрзнаа.

А во овој случај ги замрзнаа па бараат проблем.

Ако е некој е поинформоран, нека пише.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно