Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

talee

read-only
23 јули 2019
20
12
прочитав дискутиравте за должина на инсталација на климите... да ја раскажам мојата сага со монтеров... ми дојде првин на монтажа со стари и оксидирани бакарни цевки... ме убедуваше дека се ок и се одкажа од убедувањето кога му реков дека ако нешто и се случи на климата на клоци ке го мавам до местото од кај што ја купив... потоа дојде со котор нов неотпакуван и запна да монтира само 2.5м инсталација и пак ме убедуваше дека тоа било правило... сега за моја срека или несреќа со климата има installation manual која што предходно ја прочитав и во неа убаво си пишува:minimum allowable pipe legngth 3m distance... му реков или монтирај 3 метра или пак монтирај 2.5 метра али ако пак и се случи нешто на климава знаеш на клоци... и сега кој е постручен монтеров јас или тој што ја напишал книгава "installation manual"?зошто не си ја завршуваат монтерите работата како што треба?мене секако ме следуваше монтажа до 5 метра... требаше да му барам монтажа до 5 метра или?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.241
зошто не си ја завршуваат монтерите работата како што треба?
Затоа што добрите мајстори одамна си заминаа во Германија или Америка а овдека се останати полу писмени накај неписмени шалабајзери кои мислат дека можат да уштедат на пола метар цевка, со ставање на 3x1,5 mm2 кабел, со невакумирање пошто штедат додатни 30 минути до час итн.

Ако е ова вистина што си му рекол тогаш ти изјавувам почит. Иначе, не. Нема потреба од 5 метри ако се доволни 3.

Дали ти вршеше вакумирање? Ако не тогаш знаеш. Kлоците :)
 
изврши вакумирање"ако може да се каже така" со мотор од фрижидер :(
 
talee

read-only
23 јули 2019
20
12
Затоа што добрите мајстори одамна си заминаа во Германија или Америка а овдека се останати полу писмени накај неписмени шалабајзери кои мислат дека можат да уштедат на пола метар цевка, со ставање на 3x1,5 mm2 кабел, со невакумирање пошто штедат додатни 30 минути до час итн.

Ако е ова вистина што си му рекол тогаш ти изјавувам почит. Иначе, не. Нема потреба од 5 метри ако се доволни 3.

Дали ти вршеше вакумирање? Ако не тогаш знаеш. Kлоците :)
платена клима 1000 евра и сака да ми монтира стари оксидирани цевки? што монтер може да очекува? да молчам?3 месеци истражував за клими што како работат, марки на клими, искуства... изборот не е лесен кога немаш пари за фрлање,истражување за монтажа изгубив 2 недели, исто така барав искустваза монтажа, и кувуваш клима доаѓа монтерот и си работи по негово.нему му е битно што појке пари да му останат у негов џеб му е гајле дали утре ќе ти цркне климата.потоа народот ке се враќа на дрва.епа ќе се враќа
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
прочитав дискутиравте за должина на инсталација на климите... да ја раскажам мојата сага со монтеров... ми дојде првин на монтажа со стари и оксидирани бакарни цевки... ме убедуваше дека се ок и се одкажа од убедувањето кога му реков дека ако нешто и се случи на климата на клоци ке го мавам до местото од кај што ја купив... потоа дојде со котор нов неотпакуван и запна да монтира само 2.5м инсталација и пак ме убедуваше дека тоа било правило... сега за моја срека или несреќа со климата има installation manual која што предходно ја прочитав и во неа убаво си пишува:minimum allowable pipe legngth 3m distance... му реков или монтирај 3 метра или пак монтирај 2.5 метра али ако пак и се случи нешто на климава знаеш на клоци... и сега кој е постручен монтеров јас или тој што ја напишал книгава "installation manual"?зошто не си ја завршуваат монтерите работата како што треба?мене секако ме следуваше монтажа до 5 метра... требаше да му барам монтажа до 5 метра или?

Требало да му го удриш ќотекот, ако си по мавањето, оти на следниот муштерија ќе му го направи истото. Ретко кој знае за должина на цевки, оддалеченост од зид и таван, вакумирање, монтерите тоа го злоупотребуваат.
 
antikmkd

read-only
3 јули 2016
40
6
Дечки, Ве молам за совет или помош. Се работи за Вивакс АЕМИ 5.5ка, дефрост прави на 30-40мин, дали може да биде од поставеноста на надворешната едниница, односно пред неа на 1.8м има друга куќа скоро лепенка, дали тоа нешто смета во циркулацијата на воздухот за нон стоп дефрост да прави. Овој модел мислам дека нема греачи на кондензатор и компресор.
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.385
972
да споделам индиректни искуства со клима Електра,(мотор Мидеа) 2,5кв,р32...минимална потрошувачка или на одржавање е 280-290 вати што позитивно ме изненади....
ме интересира дали грее еко,вивакс,тесла... или ТЦТ или друга клима во ефтиниот ранг дали ќе модулира со оваа ватажа.ако имате инфо споделете.
 
aronmacedon

read-only
19 февруари 2019
16
11
То дека нема изолација на ѕидовите стој и можи да се смета како недостаток, ама не е толку сериозно, ѕидано е со легнат блок, дебелина на ѕид 33см, надвор малтарено и грубо и фино, внатре грубо малтарено, лепак за мрежа и абрип. Вчера цел ден ја чував на 25 4та брзина, мерачот под 1100W не падна во ниеден момент.
Пробав со обична греалка (2 грејачи од по 750W) инаку, исклучена клима, температурата беше за 1-2 степени пониска отколку со клима.
Дефинитивно во подобра ситуација си од мене а сепак не загреан. Со оглед дека имаш мало бебе ми се чини дека не треба да губиш време чекајќи, рекламација до монтер/сервисер со рок или веднаш ДПИ.
 
Aleksandar10

read-only
3 декември 2019
9
0
Пред 2 дена пуштив маил на официјалната страна од Тошиба, кои се задолжени за регионот од југоисточна Европа, мислам дека страната беше австриска, со делумно објаснување за проблемот, после еден ден, вчера добив одговор директно од Енергија (мислам дека е директор личноста од која го добив одговорот) дека го добиле маилот, знаеле за кој случај се работи и почна да ми објаснува како на нивни трошок била изведена премонтажата. Па на тоа му објаснив целосно проблемот, од почеток до па сѐ до денес, и го прашав дали тој можи да ми гарантира за исправноста на климата после работа под тие услови, дека од заварувањето на цевките, од појавата на гареж нема дојдено до некое оштетување на компресорот итн. Чекам повратен маил, ако не како шо му кажав и него, истиот тој маил го препуштам повторно на официјалната страна и одам во ДПИ.
Еве линк до видео кое го имав снимано лани
View: https://www.youtube.com/watch?v=jUrhsmmGzoo
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.241
Дечки, Ве молам за совет или помош. Се работи за Вивакс АЕМИ 5.5ка, дефрост прави на 30-40мин, дали може да биде од поставеноста на надворешната едниница, односно пред неа на 1.8м има друга куќа скоро лепенка, дали тоа нешто смета во циркулацијата на воздухот за нон стоп дефрост да прави. Овој модел мислам дека нема греачи на кондензатор и компресор.
Можеби смета поставеноста но во обзир треба да земеш неколку работи :
На колку степени е поставена
Килку дилго време работи
Дали ја гасниш во текот на денот
Дали често ја мениваш температурата?

Во меѓувреме направи вака:
Забележи го точно време кога влегла во дефрост и потоа измери го времето потребно за дефрост.
Кога ќе заврши дефростот повторно забележи го времето и чекај 30 до 40 минути да видиш дали ќе има на точно тој интервал.

И да ти кажит Флегма нешто. Подобро е да ти прави дефрост отколу да те малтретира со млак воздух со саати.
 
doktore

read-only
18 септември 2019
32
5

Која е поврзаноста на тоа колку долго работи климата и дали се гаси вечер со дефростите ?

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Која е поврзаноста на тоа колку долго работи климата и дали се гаси вечер со дефростите ?
Поврзано е, ако не работи нема ни дефрости да прави :)
Дефростите најмногу зависат од надворешните климатски услови. При голема влага и ниски температури се нафаќа мраз на изменувачот, а со дефростите истиот се топи.
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Лани купив инвертер Toshiba Suzumi Plus RAS-16pkvsg-e и после една недела почнаа проблемите. Пред да ја купам, му кажав дека се работи за куќа втор спрат, ПВЦ дограма, неизолирани надворешни ѕидови, изолација на таван, висина на таван 2.5м и површина на простор 40-45м2. Одговорот беше оваа клима ќе биди супер за тие карактеристики на просторот. После монтажата и самиот монтер рече, многу ќе топли, супер е климата. Квлитетот на климата како фирма не е воопшто спорен, меѓутоа конкретно со оваа клима сум сигурен дека има проблем, а никој не превзема одговорност, ни ЕуроКлима од Битола од каде ја купив ни Енергија од Скопје, сега проблемот според нив е во тоа дека климата само не задоволува за тој простор. Како дојде до проблемите - при самата монтажа дојде до ситуација да монтерот поради грешно мерење ги сечи цевките покуси, па мораше да ги заварува. После недела дена заврна снег и надворешната единица беше целосно замрзната со 2-3см мраз, пријавено, иди монтерот ја одмрзнува со топла вода, вели сега ќе работи, работеше неколку саати се додека повторно не замрзна, причините кои ми ги наведуваа беше премногу влажно време, а за споредба кај мојте на долниот спрат имаат ON-OFF клима НЕО која е купена пред 15 години, никаков проблем не пројави, и двете надворешни единици се под покриено, директно на нив не можи да врни, во друга куќа во истиот двор има инвертер Mitsubishi (незнам точно кој модел) 3.5kW и се греј простор од 38м2, надворешна единица на отворено, исто никаков проблем. Цела зима помина а температурата дома кај мене не надмина 16 степени, често паѓање и на 11 степени при надворешни температури под -15. Дојде пролет се издејстува некако да се напрај премонтажа, оти нели тешко оди да се замени со нова иако под гаранција е климата. Летото ја пуштив на ладење, едно утро се разбудив кај 6 часот, случнав некој звук како кршење, дробење на мраз, појдов во дневната и под климата имаше зрна од мраз по подот, повторно пријавено и покажано видео од тоа, тука Битола беше само “Ова е чудно, до сега не се има ова случено“, а во Скопје не ни веруваа дека таков проблем можело да има. Му кажав во ЕуроКлима дека сакам да се смени климата, дури и му реков дека ќе одам во пазарна да пријавам, газдата ми вели ти немаш друга работа изгледа и идиш тука да ти врви времето, беа дојдени монтери и ти кажаа дека е се во ред. Ете зима пак дојде, два дена еве климата на секои 40 мин во период после 17:00 часот прави дефрости, и ај си велам можи е од голема влажност надвор. Ама ќе дојдат за брзо и денови ко ќе има сув студ, па ако повторно работи на начин како ланска година (ова заборавив да го спомнам, на 11 степени во дневната климата пуштена на 24-25 измерив температура на издув 29 степени), ќе одам директно во пазарна инспекција да пријавам, си велам тие ќе излезат во пресрет. Ова го пишувам за да споделам едно не баш пријатно искуство, за ко ќе се реши да купува некој да размисли 2 пати од каде ќе купи, кој ќе монтира и најважно шо ќе купи. Секое мислење во врска со постов е добредојдено, само да не е дека климата не задоволува за просторот, оти таа не ги дава ни потребните излезни перформанси (како на пример темп на издув од 29 степени)
Noviot model 16ka suzumi na r32 e poslab od stariot na r410.
R32 34kg nadvoresna 10.8 single kompresor
R410 .39kg . 13 ka twin kompresor
 
alexandar11

hello world
11 јануари 2010
463
210
Дечки, Ве молам за совет или помош. Се работи за Вивакс АЕМИ 5.5ка, дефрост прави на 30-40мин, дали може да биде од поставеноста на надворешната едниница, односно пред неа на 1.8м има друга куќа скоро лепенка, дали тоа нешто смета во циркулацијата на воздухот за нон стоп дефрост да прави. Овој модел мислам дека нема греачи на кондензатор и компресор.
Можно е. Јас имам Аеми ама 3.5 и не прави дефрости на овие температури.
 
The_Stranger

read-only
29 јуни 2012
2
0
Здраво,

Би сакал да побарам совет за клима за две простории поврзани со голема (трокрилна врата) која што планирам да ја чувам отворена, па воздухот ќе може да циркулира низ двете простории. Вкупната квадратура е 43м2. Живеам во Тетово (за некој степен е поладно од Скопје) и станот е на приземје од куќа без изолација, но има добри ПВЦ прозори. Под него има подрум. Во потесен избор ми се Vivax aeri (5.5kW), Daikin Sensira (5kW), како и Gree Fairy (5.5kW) и Toshiba Mirai Ras (5.2kW), додека од Енергија ми ја препорачаа CARRIER Ventus Supreme (5.5). Во однос на досега собраните информации и достапниот буџет најблиску сум да се одлучам за Gree-то иако сум свесен дека со плаќањето на гаранција од 800 ден. годишно цената и е иста како Sensira-та.

Фала :)

Daikin FTXF50 се разбира од понуденото. Воопшто не ги ни гледај другите.

Почнувајќи од декември повеќе нема 10% попуст на Daikin и со тоа FTXF50 веќе е надвор од буџетот. Која од другите би ми ја препорачале?
 
KiLian

read-only
9 ноември 2008
19
7
Forumdzii sto mislite za montazava na vnatrrsnata edinica? Za estetika vaka beshe naj dobro ama dali e dovolno prostor pomegu klimata i plafonot?
2e0295ab787a9f75e1d48e0ef712c542.jpg
0d545e68588334718d700f9a1f5d7985.jpg

Sent from my motorola one using Tapatalk
 
KiLian

read-only
9 ноември 2008
19
7
Nekako mi oslabe so duvanje, utre ke cistam filtri da vidam kako ke bidi, inaku do sega pozadovolen sum od taa vo 48m2 sto mi duva otkolku od ovaa vo 35m2. Ne znam mozebi oti vo pomalava otvoram vrati za da se dogreva uste eden hodnik i spalna pa mi gubi toplina pa treba vreme da se nadoknadi izgubenoto.
Klimite se odlicni potrosuvackata e neverojatna i me bendisuva toa sto nikogash ne isklucuva tuku namaluva so kolicinata na izduv avtomatski.
Ne znam kolku se gleda na slikata ama na 1 stepen nadvor potrosuvacka 288w na 25.
4d4572c145ba57d96cf7a830c9512907.jpg

Sent from my motorola one using Tapatalk
 
Последна промена:

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Добро е монтирана. Тоа што троши 288W во еден момент не значи асполутно ништо. KО да си ја пуштил туражата на колата и ти покажува 0.5 потрошувачка.
 
Aowek

user
14 април 2012
1.212
1.169
Совет за 50м2 поткровје таванот има стаклена волна ставено горе и има каратаван (не се разбирам што е каратаван :D ) солидни прозори само внатрешна изолација има моментално во план е термо фасада 5 cm.
Буџет 70.000 без монтажа.
Фала однапред.

78759233_453643052226838_7696502766465712128_n.jpg
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.065
5.999
Даикинот побарај го ФТХФ50, ако одиш со една клима. Не се мисли.

А ако е за две просторот ќе треба помали веројатно 35ка со 25ка.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Мислиш дека две 3.5ки толку ќе сатурираат 50м2 поткровје?
Плус моментално без изолација. Плус ако некогаш се отвораат врати кон друг додатен простор...

Во цените нема многу разлика од 2.5 до 3.5 кв.
 
Aowek

user
14 април 2012
1.212
1.169
Даикинот побарај го ФТХФ50, ако одиш со една клима. Не се мисли.

А ако е за две просторот ќе треба помали веројатно 35ка со 25ка.
Гледам пишува до 60м2 дека е даикинот тоа ми беше прв избор и мене нема сигурно да се отвараат врати
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно