1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од Sylvester, 17 Јули 2010.

  1. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    917
    965
    2 Март 2011
    Машко
    Ниската модулација од 100W ја гледам како целосно непотребна, затоа што се што е греење под 250W се осеќа како ладен воздух, на 100W, делтаТ=1 степен. ЗНачи 250 W e сосема доволно ниска модулација. Она што јас сметам дека потребно е eco mode кој ја ограничува максималната потрошувачка на пример 600W. Затоа што во зима често се случува на ладен старт во ладна просторија климата да замине на 2500W и за брзо време да замрзне, па дефрост 10 минути, па пак 2500W греење, pa за 30 минути пак дефрост. Многу бучна некомфорна неефикасна (цоп 1.5) работа и не сакаш да си во таа просторија. Некои клими имаат ваков 600W еко мод на работа, со кој се спречуваат овие екстреми. Затоа се препорачува да не се гаси климата, затоа што претерано многу се мачи да постигне температура, затоа и многу им троши на повеќето.

    Инаку на тиња форумот беше објаснето зошто Грее климите немаат Еуровент, правеле повеќе од дозволениот број дефрости. Не се сеќавам точно, но нешто како не смее повеќе од 3 дефрости на 2 часа, автоматски паѓа на тест. Грее Амбер знае во екстремни ситуации и на 15 минути да прави дефрости, Хансол на 40 итн..
     
    Последна промена: 2 Декември 2019
    На CBB_6 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,504
    3,439
    12 Јануари 2016
    Машко
    Ти повеќе би избрал инфериорна клима, пошто попаметно има решено дефрост?
    Па можеби, во одредени ситуации... Само тоа е мач со две острици, што со другата екстрема каде од премногу „памет“ климата е направена да избегава дефрости и во специфични ситуации се дешава да стана опкована/забетонирана во мраз?
    Мидеите се познати по ова, ама еј, важно еуровент поминуваат. Како да завртиш, кога купуваш евтина класа на уред секогаш правиш некој компромис. Само треба свесно да одбереш каков компромис.

    На крај што е полошо, непотребен дефрост на ~40мин, или часови зае*авање со фен на -15с за да ја одмрзнеш замрзнатата надворешна единица? Патем автоматски дефрост на 40мин е одлика на многу клими, чинам и Мицибуши беа спомнати?



    едит:
    Дап, многу точно.
    И не само заради екстремите кои ги опиша, туку и заради проблемите со детекција на реална температура во просторијата во кој случај климата бутка повеќе моќност одошто реално е потребно. Ако може да се постави „еко мод“, тогаш мануелно ќе можеш да ја ограничиш.

    Паметно согледано.
     
    Последна промена: 2 Декември 2019
    На Royston и Tomislav96 им се допаѓа ова.
  3. doktore

    doktore
    Intern

    28
    2
    18 Септември 2019
    Машко
    Мојата клима периодов работеше од 250-350w, исто во помала соба од 16м2. Daikin sensira 3.5

    Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    917
    965
    2 Март 2011
    Машко
    Климата е компромисно решение за греење. Но каде виде дека Мидеите замрзнуваат? Сум во план да земам една Мидеа -30.
     
    На FLEGMA му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,504
    3,439
    12 Јануари 2016
    Машко
    Се во животот е компромис. Идејата е да одбереш каде и во кој поглед правиш компромис.
    Инаку немам зачувано линкови и не ми се пребарува - муабети се уште од времето тоа за Мидеа. Не дека брендот е толку лош за парите, посебно кога си го купуваш евтино како Мидеа и не доплаќаш на препродавачите како Вивакс и други. Плус напредуваат Кинезите во производство како поминува времето.

    Не сум слушнал за тој „-30 Мидеа“ модел, нешто наменето за балтички пазар?
    Многу е поевтин од Хансол, и/или сметаш дека е подобар?
     
  6. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    917
    965
    2 Март 2011
    Машко
    Го има во сетек, нов модел, 28к за 3.5ка.
     
  7. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,504
    3,439
    12 Јануари 2016
    Машко
    Солидна цена, ако ја бива климата... Само тоа „-30“ јасно ти е дека е тешко забегување, за клима од 28К денари?

    Вака според цената личи како на директен конкурент на Гри Фаери ЛЦЛХ. Ајде, треба конкуренција во тој сегмент. Нека паѓаат цените.
     
  8. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    917
    965
    2 Март 2011
    Машко
    Знам. -25 Излегува на некои страни.
     
  9. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,504
    3,439
    12 Јануари 2016
    Машко
    И -20с е смешно тврдење, небаре станува збор за „арктик“ модел дизајниран да работи во Скандинавија. Почни од надворешната единица, дали е голема како за 7-ца или барем 5.5-ка клима?

    Повеќето до климиве што ги имаме ќе работат и на многу ниски температури, но со колкава ефикасност и моќност - тоа е друга работа. Климите за северните региони се дизајнирани за ефикасност и моќност на ниски температури, и се многу поскапи од 28 илјади денари.


    [​IMG]
     
  10. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,181
    3,521
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    @Lokvan, мислам дека енергетската класа (климатскиот регион) на таа карта не е точна.

    Нашиот регион не спаѓа во медитеранска клима. Примети во заокруженото, дека ние баш таму се наоѓаме географски и климатски. Кај нас медитеранската клима осетно е доминантна во јужниот дел од државава, додека другиот дел е под континентална клима и планинска во поголемите планински масиви.

    Енергетска Класа ЕУ.jpg

    Мислам дека ова означување на енергетска класа и климатски региони е посоодветно за нас.

    Извадок од википедија:

    Според климатските и вегетативните специфики, Македонија е поделена на осум физичко-географски региони:
    • Субмедитеранско подрачје со 50-150 м надморска висина.
    • Умерено континентално-субмедитеранско подрачје со 600 м надморска висина.
    • Топло континентално подрачје од 600 до 900 м надморска висина.
    • Ладно континентално подрачје на висина од 900 до 1100 м.
    • Подгорско континентално-планинско подрачје на висина од 1.100 до 1.300 метри.
    • Горско континентално-планинско, кое се јавува од 1.300 до 1.650 метри висина.
    • Субалпско планинско подрачје од 1.650 до 2.250 метри висина.
    • Алпско подрачје на висина од 2.250 метри.
     
  11. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,504
    3,439
    12 Јануари 2016
    Машко
    Општо климатска е мапата што ја покажав, за географско покажување на климатските услови. Муабетот беше за тие нордик/арктик моделите клими што се преферираат во северните региони како Скандинавија, и за смешниве „спецификации“ што ги вадат продавниците овде.
     
  12. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    917
    965
    2 Март 2011
    Машко
    Kaј нас почнаа бесрамно да лажат за спецификации. Пример техномаркет продава Tadiran и ги рекламира како -25. Тоа е голема лага, станува збор за обична клима до -15, прашав и кај изралциве. Треба да им се случи некоја воспитна и да престанат да лажат.
     
    На Necromancer му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,364
    3,071
    24 Септември 2012
    По тоа се лета народ кој појма нема, и тоа е тоа. Наместо еуровент да бараат на пример, они бркаат -30 или -42 да пишувало.

    Ќе испадне дека Daikin Ururu Sarara 50 -15, дека е послаба од Gree Lomo 12 LCLH -20.
     
  14. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,504
    3,439
    12 Јануари 2016
    Машко
    ...a најјака е Мидеа -30 (додека не сетиле препродавачите да стават и -40).

    Можеби треба да се направи некоја листа од препорачани клими, во одделни буџетски сегменти. Постојано се прашуваат препораки/совети.
     
    Маша, Gvrgv и на cipiripi им се допаѓа ова.
  15. doktore

    doktore
    Intern

    28
    2
    18 Септември 2019
    Машко
    Како знаете кога климата прави дефрост ?
    Пример мојава ftxf нема дисплеј и незнам кога прави дефрост, а надв.единица не можам да ја видам затоа што е на тешко пристапно место.
    И како изгледа еден дефрост, колку трае, затоа што незнам ништо за него прв пат годинава користам инвертер ?

    Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
     
  16. Royston

    Royston
    Intern

    25
    23
    10 oктомври 2016
    Машко
    Тешко дека ке добиеш оговор ОВДЕ, оваа телма тука служи за ФАЛАЊЕ МЕРЕЊЕ и што имам ЈАС што имаш ТИ, од искуство ти кажувам две прашања поставив до сега... а се иначитав послем тоа дигитални мерачи како УПМ колку да заштедил а дома 20,3 степени, климата и секој уред за греење е да се загрееш како треба и да бидиш стоплен а не дека си извадил модулација од 633W а дома сите по ЈОРГАН!!

    И нормално..да му помогнеш на другите
     
  17. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,364
    3,071
    24 Септември 2012
    Прекинува да дува, прави звуци околу 5 минути, и продолжува да дува потоа.
     
    На Academic и doktore им се допаѓа ова.
  18. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,504
    3,439
    12 Јануари 2016
    Машко
    Некои овде само на оваа тема имаат повеќе стотици пати постови со совети отколку што ти целосно имаш, тоа се совети до таквите како тебе. Кога ТИ ќе вложиш барем малку труд да научиш нешто и да им помагаш на другите што им треба помош, тогаш повели врати се овде и критикувај некој што во моментот никој немал време (или воља) да напише одговор на истото прашање што веќе е прашувано, и одговарано- барем стотина пати досега.

    Ваква нељубезност, дрскост и неблагодарност е веројатната причина зошто луѓето не ти одговараат (тебе, и на другите падобранци кои после ги нема ни два збора да споделат за искуствата и климите што ги купиле).
     
    mdeni, Necromancer, Royston и на уште 1 им се допаѓа ова.
  19. doktore

    doktore
    Intern

    28
    2
    18 Септември 2019
    Машко
    На колку време е нормално да има дефрости? Јас мојата вечерва ја приметив на саат време да прави...

    Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
     
  20. GGTT1

    GGTT1
    Gaining Experience

    351
    278
    1 Февруари 2017
    Машко
    Defrostot trae 7do 15 min zavisi od klimata. Kaj tebe se ima sluceno drugo- ima odmarano kompresorot.
    Lomoto 18 lclh e mnogu pogodeno klimice
     
  21. Royston

    Royston
    Intern

    25
    23
    10 oктомври 2016
    Машко
    Ајде одговори на прашањата поставени од мене неколку страни на назад, јас немам познавање колку многумина во темава и како тебе, ама кога си имал време за одгвор одговори барем во целост на моите прашања а помалку мудрења кој колку знаел..А искуството мое ке го приложам кога ке го имам.
     
  22. GGTT1

    GGTT1
    Gaining Experience

    351
    278
    1 Февруари 2017
    Машко
    3 defrosti na 2 casa ? Defrostot zavisi od vlaznosta na vozduhot I kolku e optovarena klimata
    Eve ova e od Daikin ururu sarara. Min ima100w . 2500evra kosta
    Screenshot_2019-12-03-22-10-52_1.jpg
     
    Последна промена: 3 Декември 2019
    На Royston му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Academic

    Academic
    Intern

    10
    1
    13 oктомври 2019
    Вчера монтирав две клими (Gree Fairy i U-Crown 3,5ки), пред некое време прочитав дека некој се жалеше оти Краунот му стварал миризба на пластика и атмосфера како да си во дуќан за Се за 1 евро. Епа тој некој не е сам и кај мене мириса на пластика, додека пак Ферито е ОДЛИЧНО.

    Едит: Се јавив во клими.мк, ми велат Ако нормално е тоа, поработи ја недела дена па ако мириса, ќе се јавиш да видиме што можиме да сториме...
     

    Прикачени датотеки:

  24. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,952
    2,191
    19 Јули 2013
    Вчера времето беше идеално за дефрости. Многу висока влажност, ниски температури.
    Во такви околности ок е честотата, особено ако е климата пооптеретена.
    Во обратни временски услови, може и со денови да не направи дефрост.
     
    На doktore му/ѝ се допаѓа ова.
  25. Aleksandar10

    Aleksandar10
    Intern

    9
    0
    3 Декември 2019
    Машко
    Лани купив инвертер Toshiba Suzumi Plus RAS-16pkvsg-e и после една недела почнаа проблемите. Пред да ја купам, му кажав дека се работи за куќа втор спрат, ПВЦ дограма, неизолирани надворешни ѕидови, изолација на таван, висина на таван 2.5м и површина на простор 40-45м2. Одговорот беше оваа клима ќе биди супер за тие карактеристики на просторот. После монтажата и самиот монтер рече, многу ќе топли, супер е климата. Квлитетот на климата како фирма не е воопшто спорен, меѓутоа конкретно со оваа клима сум сигурен дека има проблем, а никој не превзема одговорност, ни ЕуроКлима од Битола од каде ја купив ни Енергија од Скопје, сега проблемот според нив е во тоа дека климата само не задоволува за тој простор. Како дојде до проблемите - при самата монтажа дојде до ситуација да монтерот поради грешно мерење ги сечи цевките покуси, па мораше да ги заварува. После недела дена заврна снег и надворешната единица беше целосно замрзната со 2-3см мраз, пријавено, иди монтерот ја одмрзнува со топла вода, вели сега ќе работи, работеше неколку саати се додека повторно не замрзна, причините кои ми ги наведуваа беше премногу влажно време, а за споредба кај мојте на долниот спрат имаат ON-OFF клима НЕО која е купена пред 15 години, никаков проблем не пројави, и двете надворешни единици се под покриено, директно на нив не можи да врни, во друга куќа во истиот двор има инвертер Mitsubishi (незнам точно кој модел) 3.5kW и се греј простор од 38м2, надворешна единица на отворено, исто никаков проблем. Цела зима помина а температурата дома кај мене не надмина 16 степени, често паѓање и на 11 степени при надворешни температури под -15. Дојде пролет се издејстува некако да се напрај премонтажа, оти нели тешко оди да се замени со нова иако под гаранција е климата. Летото ја пуштив на ладење, едно утро се разбудив кај 6 часот, случнав некој звук како кршење, дробење на мраз, појдов во дневната и под климата имаше зрна од мраз по подот, повторно пријавено и покажано видео од тоа, тука Битола беше само “Ова е чудно, до сега не се има ова случено“, а во Скопје не ни веруваа дека таков проблем можело да има. Му кажав во ЕуроКлима дека сакам да се смени климата, дури и му реков дека ќе одам во пазарна да пријавам, газдата ми вели ти немаш друга работа изгледа и идиш тука да ти врви времето, беа дојдени монтери и ти кажаа дека е се во ред. Ете зима пак дојде, два дена еве климата на секои 40 мин во период после 17:00 часот прави дефрости, и ај си велам можи е од голема влажност надвор. Ама ќе дојдат за брзо и денови ко ќе има сув студ, па ако повторно работи на начин како ланска година (ова заборавив да го спомнам, на 11 степени во дневната климата пуштена на 24-25 измерив температура на издув 29 степени), ќе одам директно во пазарна инспекција да пријавам, си велам тие ќе излезат во пресрет. Ова го пишувам за да споделам едно не баш пријатно искуство, за ко ќе се реши да купува некој да размисли 2 пати од каде ќе купи, кој ќе монтира и најважно шо ќе купи. Секое мислење во врска со постов е добредојдено, само да не е дека климата не задоволува за просторот, оти таа не ги дава ни потребните излезни перформанси (како на пример темп на издув од 29 степени)
     

    Прикачени датотеки:

Сподели

Вчитување...