Бидејќи сум презадоволен од сатов и дури двајца ме прашаа дали е добар, морав да направам едно ревју. Немам користено други паметни часовници (Mi Fit 2 не се рачуна) и не би можел да споредам, ќе гледам што пообјективно да ги прикажам сите негови предности и мани.
Најважно кај една ваква направа ми беше батерија, примање нотификации од било која програма, видливост на сонце и да не кошта колку mid-range мобилен телефон. За 66 долари се добива сатот, полнач, мини упатство и едно ремче муфте, зависи како ќе ја начекате понудата, овој е од Алиекспрес.
За поврзување на старт треба Mi Fit да е инсталирана и нормално блутут и почнува апдејт на софтверот едно 10тина минути, батеријата беше барем 80% полна од мајка.
Лесен, едноставен, силиконските ремчињата се удобни и се супер лесни за менување, после 2 дена буквално не се осеќа дека го носиш, тежина 30 грама и една споредба колку да имате подобра претстава.
Резолуцијата му е 176х176 пиксели али си ја брка работата, екран во боја кој колку повеќе сонце има, толку подобро се гледа, позадинско светло кое изгледа... лошо ама свети, има неколку нивоа и е без ауто брајтнес. Тачот си е ок, јас имам прсти ко Бугарски кебапи, знае напати да стегнам нешто што не треба али воглавно немам никаква забелешка. Екранот е запален цело време и нема опција да се изгаси.
Мениата се прости и едноставни, стоперица, тајмер, компас, време и разни тракатанци, 90% не ги користам ама некогаш кога ми требаат чисто да се знае, не работат во позадина. Сакаш да знаеш колку време ќе ти трае “сесијата“ под туш? Не можиш, водата ќе ти ја прекинува нон стоп стоперицата. Има 10 дефаулт како се викаат... скинови а од овде колку ти душа сака.
GPSот е малку спор во наоѓањето, му треба 30-60 секунди а после тоа си работи прецизно, споредено со телефон и компјутер за точак. Чекорите и километрите поминати би требало да се ок, не сум проверил и нив ги куца без разлика дали сакаш или не.
Мерачот на пулс е ок, треба да е добро стегнато ремчето, може да се намести да мери на минута, 10 минути, само на спиење а кога е во активност пример трчање, тогаш работи нон стоп или комплетно да се исклучи. Водоотпорен не е (за да не се фатат буквалистите на то) туку исто ко телефониве IP68, до сега не го имам извадено за туширање (3-4месеци) и нема траги на вода/пареа.
Нотификациите, вибрира кога добиваш било што (тоа што ќе се одбери) и имам 2 замерки, едната што не вибрира кога ми ѕвони вибер, (со обични повици си е ок и можеш да го направиш или нечујно или да одбиеш) а другата што кога имаш нотификации од повеќе апликации, може да вибрира до бескрај
пример добиваш маил, вибрира еднаш, добиваш порака вибрира за мејлот и уште еднаш за пораката, добиваш трета неотворена нотификација, 3 пати итн. Можеш да читаш пораки но не и да враќаш.
Батеријата споредно со останатите уреди е прекрасна, мене ми трае 20 дена без ГПС и пулс ама затоа примам 100тина мејлови, уште толку нотификации и 50тина повици, изненаден сум што ми трае и толку. Ако се користи без ништо само како сат, тогаш не би требало да е под 30 дена (демек држел макс 45).
Блутутот кога ќе се поврзи еднаш не дасудува да мораш на секое да го поврзуваш или кога ќе излезе надвор од домет, има опција да ти вибрира кога ќе се дисконектира со телефонот шо е супер досадно. Стандард си фаќа 10тина метра и преку 1 до 2 зида.
TL/DR
Ова е сат за тој што сака повеќе батерија и практичност од лиџбина.

Последна промена: