Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Рецензија Vauron Прочистувач за Воздух

krale

poweruser
6 февруари 2009
2.300
1.396
Неколку апликации за iPhone и iPad за овој прочистувач се достапни овде:

LifeSmart, Inc Apps on the App Store


Напротив. Од 200 за 5 секунди може да спушти на 190. Да си во ќелија од 2 квадрати нема да е така брз. Измери реално време на прочистување и пиши.

Пази - не е реално дека цела соба со кратко отворање на прозор веднаш примила 200 пм2.5 честички. Најверојатно почнал да влегува воздух со 200 пм2.5, но штом одма затворил воздухот по распоредување низ собата се стабилизирал на некое многу пониско ниво, а прочистувачот се вратил на некое нормално ниво на работа.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.120
14.256
Кога отворам прозор кај мене оди до 40-50 пм и му треба околу 5 минути да се симне до под 20 на највисок режим на работа. Мислам дека сензорот прави некаква апроксимативна проценка за нивото на загаденост и најверојатно не е најпрецизен. Но сепак детектира промени. На пример кога во спална се дипли постелнина или некој се пресоблекува прикажаниот број на ПМ честички се зголемува. Штом се престане со активноста почнува да се намалува.

Апликацијата (-Т) на андроид не успеав да ја разработам зашто не можеше да го регистрира уредот. Денес ќе пробам со ајфон.
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.612
8.257
Мелмак
Пази - не е реално дека цела соба со кратко отворање на прозор веднаш примила 200 пм2.5 честички. Најверојатно почнал да влегува воздух со 200 пм2.5, но штом одма затворил воздухот по распоредување низ собата се стабилизирал на некое многу пониско ниво, а прочистувачот се вратил на некое нормално ниво на работа.

^ ова. Видов 200 и одма затворив прозор. Немаше ни 10 секунди. Поентата ми беше дека топ е уредов за детекција и дека ептен е добро пошо ќе знаеш да не проветруваш коа е загадено надвор.

Од тогаш прво за проветрување кај уредов отварам, и ако е безбедно ги отварам и другите прозори.

Комшии ако не те зезнат со греење на свашта кој?

Кога отворам прозор кај мене оди до 40-50 пм и му треба околу 5 минути да се симне до под 20 на највисок режим на работа. Мислам дека сензорот прави некаква апроксимативна проценка за нивото на загаденост и најверојатно не е најпрецизен. Но сепак детектира промени. На пример кога во спална се дипли постелнина или некој се пресоблекува прикажаниот број на ПМ честички се зголемува. Штом се престане со активноста почнува да се намалува.

Апликацијата (-Т) на андроид не успеав да ја разработам зашто не можеше да го регистрира уредот. Денес ќе пробам со ајфон.

И јас приметив коа има мрдање дека има варијации ама тоа дека рачунај ко вода да има насекаде е воздухот, и коа движиш ги мрдаш честичките.

ПМ 2.5 од тоа шо читав се тешки и се позиционираат поблиску до земја, дури и надвор, но возила и луѓе и ветер ги движат насекаде. Е сеа дома ти си едини двигател на честичките, затоа тие мали варијации.

Прозор коа ќе отвориш истото се дешава валјда, ама ова што јас го зборев беше од 0 до 200 и се качуваше и повеќе. И после го приметив чадот надвор.

Прецизен е сензоров. Варијации сите оптички сензори имаат пошо пример земи коа гледаш прав на јака сончева светлина како имаш низ воздух у соба летно време, не седи у место, туку движи и не е стално идеално рамномерно распределен.

Бар вака ми оди мене логиката според некоја физика хахах. Може и само тресам.
 
Изменето од модератор:

Ron0n

hello world
18 ноември 2010
117
238
Ron0n's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 3700X + Noctua NH-D15
Storage
256GB NVME + 2TB SSD + 4TB HDD + 2TB HDD
PSU
LC Power 1000W Platinum
RAM
32GB DDR4 (4 x 16)
Video card
RTX3070Ti Founders Edition
Mouse
Razer Deathadder
Keyboard
CMStorm TriggerZ - MX Brown
Audio
Razer Nari Wireless Headphones, Altec Lansing 2.1
Monitor
ROG STRIX XG43VQ
Дали има некој што го користи прочистувачот во просторија во која се пуши? Како се понаша со филтрирање на чад од цигари и миризба? Најмногу би го купил за таква работа...
 
15 септември 2012
1.165
1.300
Дали има некој што го користи прочистувачот во просторија во која се пуши? Како се понаша со филтрирање на чад од цигари и миризба? Најмногу би го купил за таква работа...

Имаш бесплатен метод за просторијата: истерај ги пушачите надвор да чадат и си заштедил пари за прочистувач, молерисување, почесто перење на гардеробата и текстилот во собата... За здравјето да не зборам...
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.120
14.256
Не сум го проверил за ваква ситуација. Иако сум пушач никогаш не сум запалил цигарче во домот. Можеби некој друг ќе има повеќе информации.

Од пријатели сум чул дека слични уреди не се ефикасни за таква намена во простории каде се пуши интензивно. Можеби цигара-две во денот ќе ги решат побрзо од вообичаено. За поинтензивен чад (читај турла) не верувам дека ќе помогнат максимално.
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.612
8.257
Мелмак
Уште си се топ уредите. Нарачав уште еден од лани за роднини, а и другар купи еден. До сега не сум чул поплаки.

Гледам има и Xiaomi Air Purifier 2 конечно (наводно) од некоја фирма на залиха кај нас. Цената е тука некаде, со таа разлика шо не е PRO моделот и нема дисплеј, и има помал филтер шо значи почесто ќе менувате филтер.

Сепак освен овие два модели (Vauron и Xiaomi) јас се уште не би препорачал никој од другиве играчи на пазарот во тој ценовен ранг.
 

Psycore

Модератор
12 ноември 2013
1.152
1.577
Скопје
Колку се СИТЕ годишни трошоци за овој уред?
Прочитав погоре дека HEPA филтерот се мења на 1 година. Колку често се мења филтерот за активен јаглен и другите филтри? Колку коштаат истите и дали се наоѓаат лесно кај нас? Дали се универзални за сите прочистувачи на воздух или Vauron си имаат свои?


Одлична рецензија во секој случај. Браво за трудот!
За тие што го имате од лани, како сте задоволни годинава?
 

Molec

user
18 мај 2011
1.434
2.246
Дали стандарден клима уред би имал слично дејство на прочистување на воздухот, нормално без детекцијата на чад/пм честички и автоматски вклучување?
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.120
14.256
Ваурон е без јонизатор. Добро што ме потсетивте за промена на филтер. АКо не се лажам беше некои 4500 денари. Но сега можда е и поефтин.

Стандарден клима уред не може да има ваков филтер колку што јас знам заради пропусливоста на воздух која кај него треба да е повисока. Филтеров сепак е бабачко. Но не ме држете за збор.
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.612
8.257
Мелмак
Филтерот е еден, нема предфилтери и послефилтери, сите филтери се во еден голем цилиндер и тоа е у глобала комбиниран филтер (хепа + јаглен + шо знам шо).

Коа зборев последно рекоа дека ќе нудат наскоро повеќе варијанти на филтри (само со хепа пример, шо знам).

Еден филтер е околу 4500 денари ако памтам добро, уште не сум менел иако го користам веќе втора година - значи зависно користење (ако не го користите летно време пример уредот) еден филтер ќе ви трае најмалку 1 година, а у реално сценарио околу 2 години.
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.433
5.590
За сите кои што сакаат да го нарачаат производот, склучивме партнерство со Vauron, повеќе инфо на линкот > Vauron ⋆ IT.mk
Oва значи дека ако го нарачаме преку ИТ добиваме некој попуст, вие добивате провизија или нешто трето се дешава?
 
  • ми се допаѓа
Реакции: D

D

Администратор
31 март 2007
4.134
4.338
www.aqtos.com
Oва значи дека ако го нарачаме преку ИТ добиваме некој попуст, вие добивате провизија или нешто трето се дешава?

Добиваме провизија од нарачката. А за попуст во моментов компанијата се држи до заштитната цена.
 

Bravo

hello world
12 декември 2015
221
319
Дефинитивно го препорачувате Ваурон? Се мислам да го порачам утре.
 

kjosmofon

Баниран/a
7 октомври 2011
3.740
5.916
skopje
k2laptop.mk
и јас се мислам, досега овај фаворит, на жаомије и тој делува доста добро скоро исти се со овај, а најголем и најмасивен филтер има блуер, исто има и предфилтер кој се пере на 10 дена и го продолжува векот на филтерот, ама, нема сензор и нема дисплеј и електроники.
 

ekonomist

user
17 јуни 2008
1.245
675
Во колкави простории го користите уредов? Конкретно ме итнтересира дали може да покрие 62м2.
 

D

Администратор
31 март 2007
4.134
4.338
www.aqtos.com
Дефинитивно го препорачувате Ваурон? Се мислам да го порачам утре.

Од наша страна го препорачуваме, само да се разбереме збориме препорака за цена/перформанси согласно потребите, а не дека е најдобриот производ на цел свет. :)

Субјективни сме бидејќи влеговме во affiliate партнерство со нив преку линков it.mk/vauron (за да го поддржите IT.mk порачајте преку оваа форма), но го користиме производот веќе 2 години и сме задоволни.
 

D

Администратор
31 март 2007
4.134
4.338
www.aqtos.com
Во колкави простории го користите уредов? Конкретно ме итнтересира дали може да покрие 62м2.

Официјално еден прочистувач покрива до 58 м2, што значи во ред си со таа површина.

Користено во една просторија од 60 квадрати и без проблем си ја сработува работата. Додека на работа во поголема просторија од 100+ квадрати имаме 2 и ја покриваат површината.

Ласерскиот мерач на pm 2.5 честички е добар показател и доста корисен за да знаеш каква е ситуацијата.
 

dzikso

read-only
20 ноември 2008
21
8
Јас имам Vauron филтер од пред некој ден. Приметив дека во или околу прва брзина се појавува мало треперење т.е вибрирање на филтерот. Нема некој звук, тивок си е но треперењето на уредот е видливо, на допир дефинитиво се чувствува. На повисоките брзини нема никакво треперење и мирно си работи. Сакам да прашам: @toshex дали и кај тебе вака работи уредот?
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно