Рецензија Vauron Прочистувач за Воздух

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од toshex, 7 Февруари 2017.

  1. toshex

    toshex Ентузијаст

    2,273
    1,999
    18 Септември 2013
    Машко
    Ова ќе биде Рецензија во изработка. Денес, за 4-5 часа откако го нарачав го донесоа до врата уредот. За почеток ќе ставам само слики и искуство со отпакување и иницијално подесување на уредот, како и првични воздржани импресии. За детално искуство треба да го користам барем недела/две и тоа во позагадени услови. Моментот кога го вклучив надвор според апликацијата „Мој Воздух“ загаденоста беше на импресивно ниско ниво (AQI & PM2.5 = 17). Волку ниско не е било со месеци, и иронично е ама не е баш идеално за тестирање на AP (air purifier).

    Доставувач: www.vauron.com
    Видео:

    View: https://www.youtube.com/watch?v=zZThI2oLKKM


    Цена: 21500 (уред + филтер комплет)
    Цена на резервен филтер: 4500

    Базирано на: Mfresh M8188A filter air purifier oxygen generator, View Active carbon filter air purifier, MFresh Product Details from Beijing M Fresh High Tech Co., Ltd. on Alibaba.com

    Ребрендирано во Vauron и може да има други измени/подобрувања. Во темата:
    Филтер за воздух
    имав линкувано до многу рецензии од сингапурски и кинески страници за претходната верзија 8088А од овие AP.

    UNBOXING:

    Уредот е уредно спакуван, доаѓа со инструкции примарно на македонски и на неколку други јазици. Има огромен warning стикер како заштита на дисплејот кој предупредува да се извади пластичната ќеса околу новиот филтер.

    Сензорите се претпоставувам во решетката позади над приклучокот за струја, има плава метална кутија со отвор од двете страни колку шо можам да забележам (пробав да ја фатам на една од сликите).

    20170207_141631.jpg 20170207_142317.jpg 20170207_142432.jpg 20170207_142437.jpg 20170207_142504.jpg 20170207_142511.jpg 20170207_142647.jpg 20170207_142704.jpg 20170207_142714.jpg 20170207_142758.jpg

    (ПРОДОЛЖУВА)
     
    Последна промена: 7 Февруари 2017
    На uwemi, psyside, Teget и уште 10 други им се допаѓа ова.
  2. toshex

    toshex Ентузијаст

    2,273
    1,999
    18 Септември 2013
    Машко
    Филтерот е доста голем и субстенцијално дебел - се гледа дека има неколку значителни слоеви. Инсталацијата е едноставна, отвараш - вадиш филтер - отпакуваш - ставаш филтер - ставаш кабелот - у штекер - кликаш на дисплејот на симболот за вклучување.

    20170207_142930.jpg 20170207_142940.jpg 20170207_142837.jpg 20170207_142906.jpg

    Ова е сликата на која се обидов да го доловам сензорот:

    20170207_142859.jpg

    Како што напоменав загадувањето денес е особено ниско, и дисплејот покажуваше од ПМ 20-23 во момент на вклучување. Во момент на пишување на постов со употреба од 30тина минути на medium ова падна на ПМ 6.

    20170207_143557.jpg 20170207_143359.jpg

    Ги пробав сите модови на работа за да видам дали е бучен, и во средно ниво бучавата е како шуштење на воздух, нешто потивко од клима. Но еве подетално:

    Режими на работа/Бучност (субјективно):

    Auto - автоматски одбира брзина - се прилагодува на условите на загадување
    Sleep - најтивко, едвај се слуша и на 10 сантими од уредот, а се осеќа солиден проток на воздух
    | - ниско ниво, малку подобар проток и скоро незначително побучен
    || - средно ниво, ко што кажав, бела бучава ко да имаш вклучено компјутер или тивка клима ама ептен благ звук и не пречи воопшто
    ||| - високо ниво, доста побучен од претходното ниво, но повторно - бучавата е со блага нота, не е high pitched и реално мислам дека доколку сакам брзо да исчисти би толерирал пола саат со таа бучава - но не е за нормална употреба.
    Turbo - ко коа ќе пуштиш 4-5 кулери за компјутер на 12 волти нерегулирано, ептен е audible и не би сакал да го користам модов дури сум у просторија. Би го користел ако треба да се вратам дома и го пуштам преку интернет, или со пуштена музика.
     
    На psyside, Teget, Taurus и уште 7 други им се допаѓа ова.
  3. toshex

    toshex Ентузијаст

    2,273
    1,999
    18 Септември 2013
    Машко
    За детекцијата/сензорот: откако работеше 30 минути на медиум и се спушти бројката на ПМ 6, отворив прозор веднаш над уредот и почна да се покачува ПМ веднаш. Во рок од 1 минута се искачи на 18-20 (бројките варираат бидејќи е оптички сензор - real time monitoring на некој sample што успеал да влезе во процепот на сензорот валјда?).

    Од ова ми изгледа дека барем добро детектира. Загаденоста надвор според Мој Воздух се движи од 13 до 20.

    Повеќе инфо откако ќе го користам и во полоши услови, а секако ќе се потрудам да најдам време и за споредба на точноста на сензорот со некој/некои од мерачите на членовите.

    Кинеската мобилна апликација не знам како да ја најдам и инсталирам. Не знам дали има англиска верзија. Дечкиве рекоа дека наскоро ќе има македонска мобилна апликација.

    Но уредов за разлика од некои други AP на пазарот кај нас (на прсти се бројат) може да мери и прикажува загадување и без апликација, и според првични импресии добро работи во Ауто режим.

    (резервирано за понатака)
     
    Последна промена: 7 Февруари 2017
    На StalkeR, Misko6000, moongose и уште 3 други им се допаѓа ова.
  4. krale

    krale Ентузијаст

    2,277
    1,328
    6 Февруари 2009
    чекаме уште инфо...
     
  5. gokica

    gokica Модератор

    7,090
    7,470
    13 Јуни 2009
    Благодарам за информациите. Дали овој уред помага при алергија од прашина? Кој е најдобар за таа намена кај нас?
     
    На Psycore и drown им се допаѓа ова.
  6. toshex

    toshex Ентузијаст

    2,273
    1,999
    18 Септември 2013
    Машко
    Деновиве е стварно малку загадено и уредов си работи на тивко цело време. Неговиот дисплеј покажува ПМ 5-8 цело време освен коа ќе отворам прозор (тогаш знае да оди до 20-30).

    Буквално го неам исклучено и дури ми е скоро и криво што не е позагадено надвор за да би направил повалидни тестови.

    Веројатно помага но не би знаел, има предфилтер и хепа филтер и во спецификациите пишува дека ги фаќа сите честички и dust mites, а и пишува дека е добар за одори и за формалдехиди.

    Е сеа колку од тоа стварно подобрува би требало или да се измери со соодветни мерни инструменти или да се проба од некој кој би осетил таква разлика (некој што пати од алергии).

    Она што јас можам субјективно да го забележам е дека филтерот е стварно голем и делува квалитетно. Од аспект на површина на филтер е еден (ако не и) најголемите на пазарот, а исто така и моќноста на уредот е значителна.
     
  7. Misko6000

    Misko6000 Гик

    473
    501
    5 Април 2015
    Машко
    Без разлика што покажува толку, пробај да го пуштиш на поголема брзина некои 5 минути да го повлече воздухот и од другиот дел на просторијата и види дали ќе се зголеми вредноста. Ме интересира дали на ауто го прочистува /врти целиот воздух или само неговаѕа најблиска околина.
     
  8. ivsss

    ivsss V.I.P

    303
    575
    16 Февруари 2012
    Машко
    Гокица, јас го имам Zepter TherapyAir Ion и можам да потврдам дека помага при алергии, би требало сите да помагаат, но за овој филтер можам да кажам со сигурност пошто го користам и има подобрување кај здравјето на децата од кога го користиме дома.

    Поздрав,
    Ивс.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. krale

    krale Ентузијаст

    2,277
    1,328
    6 Февруари 2009
    Сите со True Hepa филтер се добри за оваа работа.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gokica

    gokica Модератор

    7,090
    7,470
    13 Јуни 2009
    Another one bites the dust. Нарачано Ваурон и чекам да ми го донесат.

    Едит: брзопотезно го донесоа дома. Ај нека се угоде.

    Чудово е големо а филтерот е како на камион. Функционира беспрекорно. Две години гаранција. Филтер се менува на година дена. Лесен за управување и бесшумен во тивок режим. Читачот полудува само штом ќе отворам прозор.
     
    На toshex и Taurus им се допаѓа ова.
  11. krale

    krale Ентузијаст

    2,277
    1,328
    6 Февруари 2009
    Искрено од сите понуди некако и мене најмногу око ми фаќа ова чудо!

    Но некои нејасни работи: Хепа вика дека е 99.9%, што е доста помалце од 99.97%, бар во тој проспект што е онлајн. Дали некој може да провери на самиот уред што вика или на филтерот?

    Некој пресмета дека тоа е разлика од 33 пати.

    Друго = дали некој успеа да ја поврзи вифи апликацијата?

    И трето - дали и другите филтри се менуваат - пред се активниот јаглен и на колку време? Ако не се менува тоа не ќе да е добро.
     
  12. gokica

    gokica Модератор

    7,090
    7,470
    13 Јуни 2009
    Не се рабирам а и немам време да истражувам. Купив зашто го видов на форумов и нема јонизатор.

    Филтерот според спецификација е HEPA H11 што според стандардите ако добро разбирам има ефикасност од 95% (според европски стандарди). На кратко сите вакви уреди имаат HEPA 10 или 11. На пример IQ Air, Xiaomi и сл. Zepter мислам дека има H10 ама не ме држи за збор.

    Друго е тоа кој ќе ти гарантира каков е навистина филтерот. На самиот филтер нема никакви ознаки.

    Вифи апликација во моментов нема зашто уредот кој се продава кај нас има кастом сетизни на вентилаторот изработени според барање на Ваурон. Ќе биде готова наскоро прво за ИОС а потоа и за андроид.

    Филтерот е еден и во него се сите слоеви. Значи се менува се комплет на година дена.
     
    На krale и toshex им се допаѓа ова.
  13. toshex

    toshex Ентузијаст

    2,273
    1,999
    18 Септември 2013
    Машко
    Воздухот движи, несомнено. Коа ќе отворам влезна врата за 10 секунди после тоа одма покачува вредност на ПМ. Шо значи детектира од цела околина, ама пошо го работам на ауто дури не оди над 35 работи на најбавно и можно е ко шо викаш да го филтрира само тој у помал радиус околу него.

    Но пошо е рангуван за 70 квадрати мислам дека доволно добро го врти воздухот и на најбавно. Го иам пуштено и на ТУРБО дури се туширав и реално не направи разлика.

    Ко шо кажав не е голем стан, а загадувањето и онака е ниско деновиве. Си држи на 5-8 цело време пуштен 24/7 на ауто уредов - освен коа ќе отвориш врата/прозор.

    Еднаш отиде над 35 со отворен прозор и одма покачи брзина. Толку.

    Прочитај и се шо има @gokica споделено, и јас го потврдувам истото искуство.
     
    На gokica и Misko6000 им се допаѓа ова.
  14. toshex

    toshex Ентузијаст

    2,273
    1,999
    18 Септември 2013
    Машко
    Надвор е момтентално ПМ 60 според МОЈ ВОЗДУХ апликацијата.

    Отворив прозор веднаш до Вауронот и одма се качи до 60. Значи сензорот за прв пат со сигурност можам да кажам дека е убер осетлив.

    Одма самиот уред покачи брзина.

    Ова мислам сумаризира се шо треба да прави ваков уред - детекција и контрола на брзина според таа детекција.

    Филтерот ко шо спомнавме е огромен, за детали дали е 99.97 или 99.9 не знам, ама знам дека го фалеа кинезиве ко еден од најдобрите.

    "High-performance HEPA filter, with a diameter of 0.25 micron particulate matter removal efficiency of 99.9%."

    Штом е 0.25 микрони значи си ги фаќа сите потребни честички.

    Сиве уреди на пазарот тука рекламираат 0.3 микрони, ова е сигурно исто. Делува погломазно и подебело од другите така шо валјда е подобро.

    Големината игра улога кај уредиве затоа шо има поголема површина и подолго ќе трае.

    За остатокот едино ако се стават на форумот дечкиве од Ваурон да одговорат на прашањата шо само тие може да ги одговорат. Јас им спомнав дека треба да направат акаунти и да фреквентираат затоа шо има доста заинтересирани членови, ама останатото е нивно.

    И за сајтот им кажав дека треба да го потсредат, и рекоа дека работат и на тоа.
     
    На krale му/ѝ се допаѓа ова.
  15. krale

    krale Ентузијаст

    2,277
    1,328
    6 Февруари 2009
    Ова е многу битно. Пошто има доста „прочистувачи“ што пишува само дека чистат 99% или 99.97% од честичките - а не пишува од КОИ честички. Штом е 99.9 од 0.25 микрони тоа е одлично!

    Дали има некој „пред-филтер“ на самиов уред? Ако нема, тоа не е баш паметно, бидејќи се ќе се лепи на ХЕПА филтерот, и го скратува многу векот. Онлајн препорачуваат на 6 месеци менување.
     
  16. gokica

    gokica Модератор

    7,090
    7,470
    13 Јуни 2009
    Решетките на пластиката го собираат најголемото. А за самиот филтер го има ова како напис:

    Filter Components
    First layer: initial filter
    Using acupuncture cotton material, effectively blocking> 0.18mm fiber particles, blocking rate> 99.00%, easy to
    disassemble, clean.Can block the air larger particles, such as hair, dandruff, coarse particles and fine dust.
    Second layer: efficient HEPA filter
    High-performance HEPA filter: professional removal of dust and inhalable particulate matter, far more than on ambient air quality testing
    requirements for PM2.5. Excellent dust effect,
    Remove 99.99% of airborne allergens and bacteria, such as dust, smoke, pollen, pet hair, bacteria and fungi leopards…
    The third layer: activated carbon filter
    Activated by the crystal through the cremation process
    Remove the air of odors and harmful gases, also for formaldehyde, benzene, etc.
    The fourth layer: Efficient in addition to formaldehyde module
    cold catalyst remove formaldehyde filter, also known as natural catalysts, causing catalytic reaction under normal temperature conditions. At room temperature and atmospheric pressure to make a variety of harmful gases into harmless, odorless odorous substances.

    [Hot Item] M8088A Apollo HEPA Filter Ionic Air Cleaner

    Скоро сум сигурен дека филтерот е тој.
     
    На krale му/ѝ се допаѓа ова.
  17. toshex

    toshex Ентузијаст

    2,273
    1,999
    18 Септември 2013
    Машко
    Филтерот е верзија 2 од овој, со плава надворешна боја.

    [Pre-sale] MFRESH / net Mishi M8188A air purifier PM2.5 formaldehyde filter supplies accessories - ChinaglobalMall

    Спрема 8088A е за некои 20 долари поскап на сајтов:

    [Pre-sale] net Mashi M8088A air purifier mist haze activated carbon HEPA filter supplies accessories - ChinaglobalMall

    Шо значи валјда е и подобар хахахах. Али во најмала рака е со исти способности треба да е.

    Има „пред филтер“ ако видиш на една од сликите кои ги ставив има ситна црна мрежа околу целиот филтер. На сликата се гледа и врвот од мојот прст а иам доста големи прсти. Така што можеш да видиш колку ситна мрежа е. Таман ко филтер за кулер за компјутер, таман за да собира прав. Верувам треба да се чисти повремено.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Zarko R

    Zarko R n00b

    3
    2
    9 Февруари 2017
    Машко
    Здраво,
    Добив поклон денес ваков прочистувач на воздух и искрено можам да кажам дека е одличен во секој домен, дизајн, нормална бучава, цена...
    Единствено сакам да напоменам дека и покрај тоа што апликацијата не е готова од производителот на ВАУРОН, успеав да инсталирам апликација од друг производител и работи 100%.
     
  19. toshex

    toshex Ентузијаст

    2,273
    1,999
    18 Септември 2013
    Машко
    Сподели која апликација, од кај ја симна и како ја конектираше.
     
  20. Zarko R

    Zarko R n00b

    3
    2
    9 Февруари 2017
    Машко
    на google play store апликацијата се вика "Air Purifier-T"
    понатаму, апликацијата ќе ви каже како се поврзува со уредот.
    Го тестирав, работи и додека си излезен надвор од дома, преку 3g мобилната интернет мрежа.
    Само при инсталирање и првично сетирање со уредот мора да сте конектирани преку WiFi на рутерот дома.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  21. psyside

    psyside Модератор

    22,954
    22,126
    4 Септември 2008
    Браво за трудот, важна!
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Zarko R

    Zarko R n00b

    3
    2
    9 Февруари 2017
    Машко
    мило ми е :) само нека се дише почист воздух
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  23. toshex

    toshex Ентузијаст

    2,273
    1,999
    18 Септември 2013
    Машко
    Ајде администраторите нека го сместат ова во некој од првите постови:

    МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА (англиска)

    Членот @Zarko R пронајде дека следнава апликација е компатибилна со уредот:

    Air Purifier-T - Android Apps on Google Play

    Апликацијата ја прави:
    http://global.ilifesmart.com/

    Кои веројатно имаат rebrending од истиот уред. Друго објаснување немам. Користи нивни акаунт и нивните сервери (претпоставувам).

    Серверот им е малку бавен, еднаш не успеа да го регистрира уредот, вториот пат падна на connecting (последен чекор). Но без да направам бришење на податоците и да пробам повторно, уредот се појави на home-screen од апликацијата.

    Во секој случај апликацијата работи одлично ко remote-control за уредот. Можете да го вклучите и исклучите и да менувате брзина на работа.

    Истоа така ви го покажува моменталното отчитување за PM 2.5 дома, а и статусот за температура, влажност на воздухот и состојбата на филтерот во проценти.

    20170210_211746.png Screenshot_20170210-211611.png Screenshot_20170210-211902.png

    Исто така можете да подесите Schedule со апликацијата (опција која јас нема да ја користам).

    Најголема предност е можноста да го вклучите уредот дури сте излезени надвор, пола до час пред да се вратите, на голема брзина на работа и да се вратите дома на чист воздух.

    МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА (локална, македонска)

    Дечките во Ваурон најавуваат дека изработуваат и локална апликација за уредот.
     
  24. toshex

    toshex Ентузијаст

    2,273
    1,999
    18 Септември 2013
    Машко
    ДЕЧКИ! Само шо отворив прозор и надвор имаше некој чад од маало, некој се грее на дрва или којзнае што.

    Сензоров прв пат крена над 200, у рок од 3 секунди!!! Одма се вклучи на турбо апаратот, али заврши за 5 секунди дека затворив прозор одма штом видов.

    Ако имав било какви сомненија дали е прецизен сензоров - веќе немам!
     
  25. JasSum

    JasSum Ентузијаст

    1,236
    1,101
    8 Мај 2007
    Машко
    Напротив. Од 200 за 5 секунди може да спушти на 190. Да си во ќелија од 2 квадрати нема да е така брз. Измери реално време на прочистување и пиши.
     
    На gokica и Misko6000 им се допаѓа ова.

Сподели