gokica
Модератор
- 13 јуни 2009
- 10.076
- 14.171
Завчера донесен бојлер од Сетек со нивна достава.
Подигнат запакуван и потпишана применица.
Вчера отпакуван за да се монтира. Се утврдува ова:
Шавовите испукани а пластичниот капак со обрач е недирнат. Од авион се гледа дека е фабричко оштетување.
Јавено веднаш на Сетек Рузвелтова каде беше платен. Одговор: Штом сте потпишале прием сликајте се.
Одам и го носам во дуќан. Ја гледаат штетата и викаат ништо, сте потпишале прием и ај со здравје.
Викам да, прием е извршен но ова оштетување може да се види откако ќе се отвори да се монтира. Ако доставата била спремна да чека мајстори да дојдат, да го отпакуваат и да го монтираат па да потпишеме ќе беше друга приказна.
Не сакаа да го примат во продавница назад. Инсистиравме и конечно по натегање потпишан е некаков документ за прием кај нив.
Ми бараа упатство и елементи за монтирање (штрафови и држачи) кои не беа од старт вклучени во пакетот. Тие следуваат но со овој ги немаше. А наводно ова бил прв излез на уредот од магацин.
Требаше да ми јават денес што одлучила дирекција. Ми се јавуваат пред малку дека замена не е одобрена.
Јадна наша Македонска бизнис атмосфера со прелажување и без ронка одговорност. Па кој е будала да се буни и да губи време за без везе. Купувам ганѕ ново а ми даваат оштетено. Ако проџе проџе.
Сакав да го споделам искуството до сега. Ќе информирам како понатаму.