Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Safe City - Камерите за казнување

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.503
3.106
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Се опаметуваат возачите полека полека. Сепак има 200 со измината сообраќајна дозвола. Фактички 90%+ од казните се за релативно мало прекршување на брзината, што е одлично. Ако остане вака процентот, многу лесно ќе се проверуваат и тие спорни ситуации кои ги теоретизиравме на форумот во стил што ако ми претрча еднорог додека сум сред раскрсница и закочам и после се упали црвено или што ако мојот хоби Кадилак наследство од дедо ми е со истечена регистрација а јас треба да одам до технички преглед.
Исто така со овие казни се прибираат околу 30-50,000 евра неделно, што значи максимум 200,000 месечно. И замислете, луѓево да не возеле побрзо од пропишаното, ќе имало казни во вредност од само неколку илјади евра неделава.
Сите теории на заговор во врска со Безбеден Град од она дека ова се е смислено за да се полни ненормално буџетот до оние дека некој некого следи со кого се швалерисува или дека целта е намалување на машкоста на македонските граѓани се рушат.
САМО 16 ВОЗАЧИ ФАТЕНИ НА ЦРВЕНО ВО ПОСЛЕДНАТА СЕДМИЦА На автопатите се вози и со над 170 на час - plusinfo.mk
 
Boldozer

user
2 ноември 2012
1.182
605
Скопје
Дечки, ми стигна казна за брзо возење 63км на час, 15 евра, многу се зачудив пошто не возев толку брзо, го разгледав извештајот на сликата до мене има мотор што ме поминува со поголема брзина. Дали е можно да е измерена брзината на моторот, а казната на мене?
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.763
4.480
Неготино
Дечки, ми стигна казна за брзо возење 63км на час, 15 евра, многу се зачудив пошто не возев толку брзо, го разгледав извештајот на сликата до мене има мотор што ме поминува со поголема брзина. Дали е можно да е измерена брзината на моторот, а казната на мене?
Да, имаше фејсбук пост за ова. Иста случка со друг човек, па неколку дена се докажувал во станици за на крај да испадне дека е во право тој.

Ако имаш живци, трк до најблиската станица и објасни ја ситуацијата.
 
pdb123

read-only
13 ноември 2019
6
3
Во склоп на муабетот на застанување на раскрсница, се согласувам дека не е во ред кога се блокира раскрсницата. Ама еве сабајлево ситуација - возам од Рампа кон центар, пред мене има автобус, не гледам ништо пред него. Десната лента е за право, левата е само за лево, кон Рамстор. Поминуваме на зелено, автобусот застанува на крајот од улицата, јас останав на раскрсница. Како требаше да изреагирам, да се престројам веднаш во леватата лента, па после да се „борам“ да се вратам пак во десната? Сериозно прашувам...

Инаку, надвор ова, многу ме нервира кога си во една лента, и другите ја користат левата лента за да извозат понапред и потоа се пикаат десно, па испаѓа 2 ленти коли поминуваме во една лента, тој што си се престроил како што треба од старт најмногу ќе се изначека... Вака се прави затка и кај семафорите после Рекорд, кога одиш до Католичка. Исто две ленти, едната само за лево, возат напред, се престројуваат десно, и после се блокира наназад цела улица и раскрсница од што нема проток на колите во десната лента.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.032
7.701
Цик цак возење е 50 евра Според Закон за безбедност на Сообраќајот … А zip merge го пишав погоре.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.465
SK
Се слагам и јас. Не треба да се казнува за заглавување на крстосница.
Овој тип на настани треба да иде на човечки увид, и да се решава случај за случај. Не е за автоматски ова.

Еве пример како може ни крив ни дужен да заглавиш: Сообраќајот иде, нема гужви ама наеднаш пред тебе се удираат други двајца и сите заглавени на семафорот јадат аутоматска казна. Или на тој пред тебе му се дешава дефект па застанува. Итн.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.465
SK
Замисли прашање од тестовите од линкот што го споделивте и пишувате дека треба да сте видовити за да знаете дали има гужва.
Погледнете го атачментот 159023
А ако беше позади тој автобусот на фотографијата, што ќе гледаше?
Или вметнитукакомбекамионСУВ_итн.
 
Rilind

professional curtain replacer
26 февруари 2019
577
896
Скоро секоја развиена држава во свет има "Do not block intersection/Do not block box" и си работи супер така, но кај нас тоа било нешто измислено и требало да си Баба Ванѓа да предвидиш нешто што го стекнуваш со месец возење во Скопје? Дајте не заебавајта молим Вам. Едноставно ако гледаш дека на десната линија автобусот само што застана а тебе ти трепка зеленото не влегуваш бидејќи не знаеш колку луѓе ќе излезат и се качуваат во автобусот. Сакајќи за тебе да штедиш 15 секунду бидејќи "ќе тргне автобусот каде и да е", ќе ме заглавиш мене и 50 коли зади мене.

Проблемот кај нас е на тоа дека секој мисли на себе а не на другите. Значи пак едноставно, ако не си 100% сигурен дека ќе поминеш на другата страна без да блокираш некој друг, не поминуваш. Така работи секаде на свет, така треба и овде. Измислувате све и свашта само да сте во право да го исполнувате вашето его во ИТ форум (пази, темата беше за дискутирање на техничките можности на камерите, а не дискутирање закони од луѓе кои верувам 95% немат никаква врска со инжинерство на сообраќај на возила.)

Прочитајте малце дека секаде постојат вакви крстосници и олабавете.

Повелете и Explained like im 5, трудете се да го гледате минимум 3 пати да сфатите колку е едноставно:
View: https://youtu.be/Sl8P3J5_6F0?si=c0ge7KoRE5p959dq
 
И ваков беспотребен излив на нервоза може и ќе беше во ред, ако ја сфати ситуацијата како што треба. Автобусот НЕ застана затоа што слегуваа луѓе; впрочем, нема станици точно само што ќе поминеш раскрсница, секогаш се малку понапред, таму конкретно и малку повеќе понапред, кај УЈП. But go off, king.

Нејсе, го видов муабетот, сакав културно да си прашам/кажам мислење, а немам ни никаков проблем со постоењето на Safe City и воведување ред во сообраќајот. Ама изгледа најдобро е никогаш никој да нема никакво мислење/недоумица за работи кои не му се професија, т.е. за 99.99999999% од сите работи што се имплементираат во општеството.

Небитно, нека не забегува дополнително дискусијата во рамките на темата (технички можности на камерите) :).
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.465
SK
Проблемот кај нас е на тоа дека секој мисли на себе а не на другите. Значи пак едноставно, ако не си 100% сигурен дека ќе поминеш на другата страна без да блокираш некој друг, не поминуваш. Така работи секаде на свет, така треба и овде. Измислувате све и свашта само да сте во право да го исполнувате вашето его во ИТ форум (пази, темата беше за дискутирање на техничките можности на камерите, а не дискутирање закони од луѓе кои верувам 95% немат никаква врска со инжинерство на сообраќај на возила.)
Сметаш дека е добро да живееш во свет на комфоризам, каде нема критики на очигледни проблеми и каде истите факинг очигледни проблеми не треба да се решаваат?

Што се случи со концептот на „конструктивна критика“?

Што е „измислено“ во ситуацијата дека не можеш секогаш да бидеш свесен дека ќе заглавиш на раскрсница? Прашав општо поназад ама еве конкретно до тебе: Што проблем имаш таквите случаи човек да ги прегледа пред системот автоматски да ги проследи понатаму како казни? Или сите проблеми се заради „глупите себични плебси кои гледаат само како го изиграат совршениот систем“?

Утре ти самиот ќе се најдеш во таква ситуација да изедеш казна ни крив ни должен, и ќе треба или да платиш или да губиш време и нерви по правните лавиринти на нефункционалното МВР. Ако ти се чуствуваш мазохистички кон самиот себе, мнозинството други извесно нема да се согласат (ако некој ги праша, што најчесто и не го прават а помеѓу другото и заради апологетите како тебе).

И еднаш засекогаш (или барем додека админите не кажат поинаку): Дај бре не изигравајте интернет/форумска полиција! Па има на форумов и модератори и администратори. Зарем да имаше проблем досега немаше да реагираат?Или вие неколкумина сте непоходни тоа да го посочувате секои неколку денови?
Па имате таму под секој пост копче „пријави“, пријавете ако сметате дека има проблем.

П.С. Дискусијава и тоа како е за на форумов, овој случај е типичен пример кон каква дистописка иднина забрзано се движиме. Додека да трепнеш утре прости алгоритми ќе решаваат како ќе го живееш животот и дали истиот ќе ти биде сjeбан во миг заради некоја банална случка. Денес се работи за оправдана причина заради ставање ред во сообраќајот. Утре истото ќе се направи за Х други работи а некои од вас веќе сте испрограмирани само да климате со главите и да не размислувате критички (освен кога треба да се критикуваат неистомислениците).
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.694
12.537
Skopje
www.wemaxa.com

1771862442800.png
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.465
SK

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.694
12.537
Skopje
www.wemaxa.com
Темата е неверојатно поларизирачка и бидејќи не се разговара за ИТ аспектот воопшто најдобро е да оди во офтопик. Фацки што не возат ликуваат тука и ништо друго.
 
15 септември 2012
1.157
1.299
и јас сабајле слична ситуација
семафорот зелено,овој се влече пред мене,а можеше да помине и на зелено и јас ќе поминев...ама се влече и на прво трепкање на 3/4 метри се закопа....му свирам,му викам што не помина,што се влечеш-ми вика трепна зелено.
па му викам можеше комотно да поминеш---абе стока од возачи,сами си правиме гужви и нервози.
Ти знаеш колку му е исправно возилото, колку се чувствува здраво за да управува како ти што сакаш?
Дечко малку си се преценил...
и овие што возат на Партизанска со 30 во трета лента...па тргни се во средна,може некој сака да претица,јас влагам во прва лента кај автобусите да претицам бидејќи возам 55км.
Булевар Партизански одреди е градска сообраќајница и сите ленти имаат иста важност (освен оние за вртење лево и десно на раскрсница). ГРАДСКА СООБРАЌАЈНИЦА Е - МОЖЕШ ДА ПРЕТЕКНУВАШ ВО СЕКОЈА ЛЕНТА, НЕ Е АВТОПАТ КАДЕ ЛЕВАТА ЛЕНТА Е ЗА ПРЕТЕКНУВАЊЕ.
Назад во авто школа и додека не ги научиш правилата и прописите, да не си тресел зелени овде и да се срамотиш од незнаење.
Немора да блокираш цела лента со 30км на саат,тргни се во лента за автобус.
Ги избришаа ознаките за лентите со кои беа резервирани за возила на јавен сообраќај. ОДАМНА ГИ ИЗБРИШАА!!!!

Дечко, покажуваш достоинствено непознавање на правилата за учество во сообраќајот. Колку пари ја купи возачката дозвола?
Мислењето е автоматски споено:

Замисли прашање од тестовите од линкот што го споделивте и пишувате дека треба да сте видовити за да знаете дали има гужва.
Погледнете го атачментот 159023
Не приметуваш дека просторот на раскрсницата (асфалтот) е обележан од крај до крај со дијагонални црвени линии?
Знаеш што значат дијагоналните црвени линии, нели???
Сега логичен ти е одговорот на прашањето што го поставуваш (селектираниот одговор)?
 
Последна промена:

boriseto

lurker
7 јули 2013
524
493
boriseto's setup  
Processor & Cooler
AMD 5900X
Storage
1TB
RAM
96GB
Video card
6700XT
OS
Windows 11
А ако беше позади тој автобусот на фотографијата, што ќе гледаше?
Или вметнитукакомбекамионСУВ_итн.
Ако гледаш само до автобусот, поарно качи се со него се вози. ;)
Не приметуваш дека просторот на раскрсницата (асфалтот) е обележан од крај до крај со дијагонални црвени линии?
Знаеш што значат дијагоналните црвени линии, нели???
Сега логичен ти е одговорот на прашањето што го поставуваш (селектираниот одговор)?
Да.
 
Titanium

hello world
1 март 2024
349
192
Дека ќе има казнување ќе има. А дека ќе има и некој што ќе отиде јабана, и тоа ќе има. Релативно лесно е да се процени дали ќе заглавиш во раскрсница или не со перцепирање ма моменталната ситуација, но секогаш постојат непредвидливи работи.
  • Влегуваш во раскрница со намера да свртиш лево. Тој пред тебе почнува да врти полукружно лево и застанува да пропушти пешак што поминува. Во меѓувреме се пали црвено.
  • Неколку коли поминуваат семафор во две ленти. Десна лента паркирани возила после раскрсница (Нова Македонија), тие од десната кои веќе поминале се престројуваат во левата лента, се создава гужва, твојата лента застанува и остануваш во раскрсница. Ти шибаат казна.
Има многу вакви ситуации, не може да се гледаат работиве црно-бело.
 
Which is why не треба за ова казнувањето да биде аутоматско туку прво да го види човек. Не е дека е невоможно да се процени, туку има многу простор да се деси нешто да ја заeбe проценката (и нервите/џебот). И не е дека ако ова треба прво да го види човек пред да се казнува, дека наеднаш сите ќе почнат да глават на раскрсници. Ако направат срање пак ќе бидат казнети, само малку покасно.

Интересно е како се палат луѓево на секоја критика за системов, буквално не се ни размислува дали критиката држи вода. Прво се пука а ни после не се прашува. :)
 
Системот си е добар, само ние долго време сме се курчеле на асфалтов., па сега не ни одговара. Море ожежи и дуплирај ја цената на казните, има доволно тротоари и патеки за велосипедисти... ем кардиолозите ќе се радуваат...
Мислењето е автоматски споено:

Милиметар? Метри, не метри... Десетици метри растојание треба за безбедно кочење во услови на делење пат со падавичари и PTSD пациенти од новиот систем.
Полека ама сигурно доаѓа времето на описменување на пешаците.
Тоа се оние двоножните што зјаат во играчките во раката и QR ги боли кој ќе ги згази на раскрсница, на пешачки премин, надвор од пешачки премин, мислејќи дека друг некој треба да мисли за нив, оти се они мамини и татини принцеви и принцези, а мама и тато не им кажале дека нема доктори во Македонија што ќе ги скрпат како Линдзи Вон и дека во блиска средба со некое лимено возило, ако и преживеат, ќе имаат трајни имплантанти во телото.

Јас имам два шрафа во левото колено, кои секогаш ме потсетуваат на внимание на пешачки премин, оддалеку да ги следам навиките на возачите кои ми се приближуваат, промена на временски услови, доаѓање на дожд и снег, како и фактот да не брзам при спуштање низ скали надоле, од планина надоле, оти потоа коленото е отечено и бааѓи неупотребливо. А немав блиска средба со возило, туку со Terra e Stella со мала кинетичка енергија. Да ги потсетам и дека таа докторката што ја гледаше ренген сликата во Делчево рече дека е контузија иако неможев да застанам на левата нога, ме прати без имобилизација во Скопје а во Скопје првиот еким што се разбираше од гледање во ренген слики рече дека треба операција и се крстеше на писанијата што ги прочита напишани во Делчево. Друг механичар ми ги шрафеше шрафовите и ги погоди на право место, ама цимерот од соба, ене го носи пополнки во чевлите оти му ја утнаа должината на ногата...
 
Последна промена:

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.694
12.537
Skopje
www.wemaxa.com
50%+ од мажоретките за Безбеден град не се од Ск, а после астрономските цени на квадрат и грозјето е кисело, темава им дојде како добар вентил :)
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.503
3.106
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Друже @xenon како ги ловиш сите, подобар surveillance си од Сејф Сити. Во овие 2-3 месеци не разоткри сите - "фацки што не возат", "куцкарала во Офис", "мажоретки од провинција", "љубители на парфеми", "луѓе што не придонесуваат ништо" итн.
Сега ми е јасно од каде ти е стравот дека некој ќе го злоупотреби Сејф Сити за недозволен надзор на луѓе - самиот имаш такви предиспозиции.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346

Стар скопјанец. Род во исчезнување.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно