1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Payoneer картичка

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од MarkoHF, 22 Јули 2013.

  1. mac_mk

    mac_mk
    Intern

    37
    24
    30 Јуни 2017
    Машко
    Значи вака, провизијата на НЛБ од 300 денари која беше воведена неодамна е за сите странски картички, и таа провизија е плус на она што ќе ви го земе пајонир. Значи избегнувајте НЛБ за да ги спасите тие 300 денари. Иначе провизија за вадење пари од пајонир у МК е 3.15$ од трансакција и плус 3.5% провизија за конверзија. Доколку се плаќа на терминал ви зима само 3.5% за конверзија. Ако ја користите за онлајн нарачки исто ќе ви земе 3.5% за конверзија освен ако не нарачувате у долари, у тој случај не ви зима провизија. Симнете си пајонир мобилна апликација и може да видите точно колку може да извадите во денари во МК.

    Sent from my SM-G950F using Tapatalk
     
    Vasko007, artweb и на krashot им се допаѓа ова.
  2. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,869
    1,409
    10 Август 2010
    Машко
    Само 3% за конвертација на валута. Затоа дали 100 пати ја искористиш за купување или 1 извадиш се наеднаш не ти менува нешто силно. (само да не е обратно :))
     
    На BadGirl007 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,183
    519
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Калкулаторот на пејонир не покажува точно.
    Повеќе пати има пробано, секогаш погрешно.
    Покажува дека можам да извадам повеќе од колку што реално можам.
     
  4. FiC DoGG

    FiC DoGG
    On your way to fame

    828
    773
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    Јас вадам од халк последниве неколку пати.
    На веб страната на халк гледам колку е курсната листа, ја зимам најмалата вредност(куповен) одземам 3.5% од таа, множам со колку пари имам на пејонир - $3.5 за провизија, и добивам реална бројка која би можел да ја извадам, и обично заокружам на првата 500ка под тоа. Вака до сега сум немал промашај и на халк и на стопанска, на нлб не сум вадел одкога ги воведоа 300 денара по трансакција.
    Плус вака останува некој долар ситно за на алиекспрес :D
     
    На krashot му/ѝ се допаѓа ова.
  5. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,183
    519
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Не е баш реална затоа што на тој начин ти остануваат пари на кратичката кои би можел да ги извадиш на банкомат.
    Груб пример, имаш 21 000 денари за вадење, вадиш 20 000, а си можел да извадиш 21 000 ден.

    И мене ме интересира истово.
    Има некој искуство да сподели дали може да се префрлаат пари од Payoneer на сметка на правно лице?
     
    Изменето од модератор: 3 ноември 2019
  6. CokeZone

    CokeZone
    Intern

    73
    42
    27 Декември 2015
    Исто ти е дали од банкомат или за шопинг, провизија сепак има.
     
    На artweb и BadGirl007 им се допаѓа ова.
  7. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,358
    3,049
    4 Септември 2008
    Вие не разбирате ништо, ако може 0% давачки било каде за било што.
     
    На causevd, Fatal1ty_, netgod и уште 2 други им се допаѓа ова.
  8. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,183
    519
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Здраво,
    Регистирав фирма и ќе треба да ги повлекувам парите на сметка на фирмата за да можам да плаќам придонеси и даноци.
    Ако ги повлекувам парите од Payoneer во банка на сметка на фирма, дали би имало некаков проблем околу пијавувањето данок?
     
    На CokeZone му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CokeZone

    CokeZone
    Intern

    73
    42
    27 Декември 2015
    Ајде доколку некој има информации за ова нека пиши подетално, убаво си направил. Колку те кошташе да ја отвориш фирмата и шо давачки има?
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,009
    536
    12 Април 2017
    Машко
    ХАЛК и ЦКБ
     
  11. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,183
    519
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    6000 денари проценител.
    1700 печатите
    2*150=300ден нотар
    Мене ме фати вкупно 8000 ден.
    Се плаќа и адвокат 6000 ден. но јас не платив бидејќи адвокатот ми е ептен блиска роднина.
    Со адвокат ќе ти чини 14 000 ден.

    Давачи за тековно работење на фирмата има за сметководител (најдов за 1500 денари месечно)
    Годшна фирмарина и другите давачки не месечно ниво како пензиско, здравствено и персонален данок.
     
    На CokeZone и Melisandre им се допаѓа ова.
  12. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,411
    2,016
    12 Август 2009
    Машко
    Парите не од payoneer, туку директно од upwork на фирма. (или каде и да работиш),.. за секоја трансакција, фактури обавезно.
    Ако идеш на payoneer, на твоја лична сметка (треба данок) па од таму на фирма пак треба данок...
    Да избегнеш многу фактури, еднаш месечно префрлај од upwork.
    Знаеш дека освен плата, да извадиш пари од сметка на фирмата ќе плаќаш данок, мислам 10%, со авторски договор.
    Ако е твоја фирмата, парите се на фирмата, не се твои.
    Голема плата значи и големи придонеси.. ќе си го полниш пензискиот фонд.
    Можеш да извадиш картичка од сметката на фирмата, ама неможеш да трошиш за што ќе ти текне. Мора да се оправдани трошоци и за се да имаш сметка.
    Најдобро е книговодителот да ти каже... ако најдеш некој што знае.
    и обавезно пиши овде...
     
    На DonFrozex, Krkac, CokeZone и уште 3 други им се допаѓа ова.
  13. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,183
    519
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Попладнево разговарав со кинговодителот, рече дека не е никаков проблем да се префрлат пари од Payoneer во банка на сметка на фирмата.
    УЈП немале да прават проблем.
    Кажа дека најчесто УЈП не ги интересира од кај ти се парите ако редовно ги подмируваш обврските кон државата.
    Може само да побараат потекло ако детектираат сомнителни транскации, но кажа дека тоа не е проблем да се докаже. Вадам фактури од UpWork, извештај од Payoneer тоа е тоа.
    Парите од Payoneer ќе ги повлекувам на сметка на фирмата, не на моја лична сметка.
    Да, го знам тоа дека не можам да повлекувам пари од сметката на фирмите кога ќе ми текне, освен за трошоци за работење.
     
    Последна промена: 4 ноември 2019
  14. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,411
    2,016
    12 Август 2009
    Машко
    Нема да прават проблем, додека не те прашаат а таа сметка на payoneer чива е? платен ли е данок за тоа? Ако сам себе си даваш пари во фирма, тоа се води како позајмица која после фирмата мора да ја врати во рок од 1год мислам. И како ќе ги вратиш? пак на Payoneer?
    Комплицирано е... подобро е директно од страната кај сто заработуваш.
    Заборави на момент дека е твоја фирмата... и размисли... како ке си фактурураш сам себе, па уште на payoneer сметка? која е таа фирма и за што е наплатена услуга? како ќе гласи фактурата?...
    смени си го книговодителот.
     
  15. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,183
    519
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Oд извештајот на Payoneer ќе може да се види од кај се стигнати парите, во случајот од UpWork, од UpWork факура за секоја уплата поединечно.
    Не би требало УЈП да ги боли уво дали UpWork платиле данок во САД.
    Инаку сметковидителот нема да го сменам затоа што има 20 годишно искуство, и има доста клиенти што работат на UpWork, не му е непознато за Payoneer и како тоа иде.

    Му верувам на сметководителот и после некое време ќе пишам што и како ќе биде.
    Некој мора да проба прв. ;)
     
    На causevd и CokeZone им се допаѓа ова.
  16. causevd

    causevd
    Gaining Experience

    384
    300
    4 oктомври 2011
    Машко
    Повеќе ти се исплаќа да платиш со неа директно во продавница него ли да вадиш пари од банкомат па да ги трошиш во маркет. Одма ќе те репнат на банкомат.

    Ако те интересира подетално еве ти некои провизии од моја страна за купување во маркет и слично:

    Маркет
    Total: 24.53 USD
    Fee: 0.83 USD
    Маркет
    Total: 9.78 USD
    Fee 0.33 USD
    Онлајн шопинг
    Total: 376.82 USD
    Fee: 12.74 USD
    Бензинска
    Total: 11.31 USD
    Fee: 0.38 USD

    Не е страшно :)
     
    На BadGirl007 и artweb им се допаѓа ова.
  17. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,351
    2,144
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима
    Веќе не може да се извади payoneer без приложување на локална банкарска сметка или се лажам?
     
  18. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,183
    519
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Не може, но можеш да приложиш.
     
  19. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,411
    2,016
    12 Август 2009
    Машко
    Одлично е ако е така.. но сепак провери...
    не е битно дали upwork платил данок, туку дали ти како физичко лице си платил данок на тие пари кои ти легнале од upwork на payoneer, за после да ги префлиш на фирма, која пак би требало да плати данок... мое мислење... не е проверено.
    Што се случува ако не ги префрлиш сите пари од payoneer на фирма... како ќе платиш данок на тие? како физичко лице..
    Сите книговодители имаат големо искуство.. само на крај ти го јадеш стапот.... проверено.. 100 пати до сега.
    И ја се спремам да го направам истото.... ама уште не сум на чисто за процедурата.
     
  20. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,183
    519
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    УЈП ги интересира дали си платил данок ако парите се влезени во джавава, се додека се на Payoneer не се во државата.
    Откако ќе ги повлечам од Payoneer во бнка на сметка на фирмата тогаш парите се влезени во државата и потоа секако дека ќе ги платам сите давачки кон државата.
    Ако Pаyoneer акаунтот ти е individual (физичко лице) и ти е шубе со индивидуал акаунт да повлекуваш пари во банка можеш да отвориш Payoneer бизинс акаунт на име на фирмата и така да ги повлекуваш.
     
    На CokeZone и imperial им се допаѓа ова.
  21. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,009
    536
    12 Април 2017
    Машко
    Прв пат слушам за ова
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  22. CokeZone

    CokeZone
    Intern

    73
    42
    27 Декември 2015
    Дечки ми излезе нова порака на дашот дека треба да додадам дополнителна информација до центарот за верификација. Кога ќе кликнам таму излегва да верифицирам наводно моја страна со мое име презиме итн.. дека јас ја користам. Дали некој го имал истово? Дали е задолжително или само така го ставаат да досаѓаат по лугево.
     
  23. krashot

    krashot
    Gaining Experience

    119
    59
    21 Април 2013
    Машко
    Video Editor
    И мене истото ми излезе пред 2-3 недели, само им потврдив дека сум фриленсер и им пратив линк од профилот и немаше никаков проблем
     
    На CokeZone му/ѝ се допаѓа ова.
  24. dino

    dino
    Gaining Experience

    409
    101
    5 Јули 2009
    На секои 12 месеци ќе треба да го правиш истото, т.е. барем кај мене е на секои 12 месеци, ништо страшно.

    Sent from my SM-G973F using Tapatalk
     

Сподели

Вчитување...