Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Купување на странски акции\хартии

budba

read-only
22 септември 2023
2
2
Не најдов оваква тема овдека во скоро време па се решив та прашам пак.

Кој е наједноставниот начин за купување, главно сакам да инвестирам во ETFs како SMP500 и да ми стојат подолг период со надеж дека ќе пораснат ,досега единствен начин што го најдов е преки Wise да ставам и да извадам пари на InteractiveBrokers.

Дали има нешто подобро од ова какви се провизиите и условите ме интересира.

Фала фи однапред.
 
Solution
Како што пишав во Wise темата. Ова е најдобар начин за купување акции, поготово ако се работи за помали инвестиции, затоа што Interactive Brokers дозволуваат да купуваш фракции од акции и од ETFs.

Од неколку обиди и варијанти што ги направив преку Wise. Најисплатливо е да купиш долари со ЕВРА преку Gpay (Си бираш ова на deposit делот).
За да добиеш $100.00 на Wise треба да депонираш 94.44EUR ($101.04)
Провизијата e 1.04%.

Потоа се поврзува Wise акаунтот директно преку Interactive Brokers и ги префрлаш парите таму. Се плаќа уште $0.39 провизии за овој трансфер што тоталот доаѓа $1.43. Oва трае 1 до 2 дена. :)

Првичната идеја ми беше преку SEPA или Wiretransfer да префрлам пари директно на Interactive Brokers, но таков трансфер кошта...

Tommy P

hello world
4 април 2011
105
108
Ќе вратат ли на мејл :D

Oд претходни искуства со плаќање на персонален данок од работа, не од акции, прво идев во УЈП, зборував со одредена личност, па и кажував дур бев кај неа во канцеларија, дека ке и пратам мејл со се што дискутиравме, да ми потврди дека добро сме се разбрале.

Ако не ми врати во рок од 2-3 дена, пак кај неа во канцеларија.

Праисториски начин, ама не гледам друга опција.
 

Aowek

user
14 април 2012
1.219
1.176
Oд претходни искуства со плаќање на персонален данок од работа, не од акции, прво идев во УЈП, зборував со одредена личност, па и кажував дур бев кај неа во канцеларија, дека ке и пратам мејл со се што дискутиравме, да ми потврди дека добро сме се разбрале.

Ако не ми врати во рок од 2-3 дена, пак кај неа во канцеларија.

Праисториски начин, ама не гледам друга опција.
Мене никад не ми вратиле на маил, ниту сум ги добил на телефон иако има броеви за секој сектор. Еднаш ми крена една жена која била во пензија 1 година и ми рече. Дечко џабе звониш нема никој да ти крене и ств беше така :D
 

pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.728
3.399
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Ќе вратат ли на мејл :D
Должни се сите институции да вратат на мејл, може нема да биде дента ама во рок од 14 дена враќаат. Еве ви мејл пробајте среќата:

Почитувани,

Се обраќам до Вас со барање за писмено појаснување во врска со даночниот третман на капиталната добивка остварена од продажба на странски хартии од вредност (акции), купени преку странска брокерска платформа.

Со цел правилно да ги исполнам своите даночни обврски, би сакал да ме упатите во однос на следната конкретна ситуација:

  • Од сметка во домашна банка префрлив средства во износ од 50.000 УСД на брокерска сметка кај странски брокер (Interactive Brokers – IBKR).
  • По период од подолг од две години, вредноста на акциите се зголеми, ги продадов сите позиции и остварив вкупен приход од 100.000 УСД, односно капитална добивка од 50.000 УСД.
Во таа насока, љубезно молам да ми одговорите на следниве прашања:

  1. Каква е точната процедура за пријавување на ваквата капитална добивка пред Управата за јавни приходи и во кој рок сум должен да ја пријавам?
  2. Дали за капитална добивка остварена од хартии од вредност чувани подолго од две години постои даночно ослободување, и врз основа на кој член од Законот за данокот на личен доход се уредува ова?
  3. Кој образец е потребно да го поднесам и на кој начин (електронски преку системот е-Даноци или во хартиена форма)?
  4. Каква документација е потребно да приложам како доказ за периодот на чување и за остварената добивка (изводи од брокерската сметка, банкарски изводи и слично)?
  5. По кој девизен курс се пресметува добивката изразена во странска валута при пријавувањето?
Однапред Ви благодарам на одговорот и на укажаната помош.

Со почит,
Ваше Име и Презиме
 
Последна промена:
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно