Морам да споделам искуство со тоа колку лоши испаднаа телеком. На 25. 5 направив миграција на новите магента (Конкретно со ХЛ интернет) и ми кажаа во салон дека ми следува промо брзината од гига/гига. Конечно вчера (10.07) дојдоа и наместија опрема но брзината си остана иста. Се јавив во контакт центар и ми кажаа да исклучам гејмин пакет и ке си ја имам промоцијата, но ништо. Се јавив повторно и најноншаланто ме известија дека не ми следувала зошто завршила, иако јас склучив договор за време на промоцијата, најверојатно и јас сум крив што после месец и пол они одлучија да ја извршат промената. Лудост!